Hoви седум огласи за вработување во општина Прилеп: Плата до 30.000 денари, аплицирајте

Општина Прилеп вработува 7 државни службеници. Се бараат кандидати за соработници, раководители, советници. Платата во зависност од позицијата изнесува до 30.000 денари.

Виш соработник за угостителство, туризам, занаетчиство и мало стопанство, Одделение за локален економски развој и прекугранична соработка, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности, со плата од 24.413 денари;

Советник за подготвување на буџет, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања, со плата од 26.329 денари;

Раководител на одделение за јавни набавки и администрирање со движниот имот во сопственост на Општината, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности, со плата од 29.887 денари;

Виш соработник за материјално управување и контрола, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања, со плата од 24.413 денари;

Виш соработник за сметководствено-книговодствени работи, Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања, со плата од 24.413 денари;

Самостоен референт за административни работи, прибирање и обработка на податоци, Одделение за урбанизам и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина, со плата од 16.203 денари;

Раководител на одделение за управување, располагање, администрирање, евиденција на недвижниот имот во сопственост на општината, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина, со плата од 29.887 денари.

Повеќе за условите на конкурсот на следниот линк.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.