(EKСКЛУЗИВНО ВИДЕО) Најубавиот гол со ножички на “НЕСТОРГОЛ” кој неоправдано синоќа беше поништен

Во шестото коло од италијанската Сериа Б, Палермо стигна до третата победа благодарение на погодокот од Илија Несторовски во 86-та минута од натпреварот против Кротоне.

Тимот на Несторовски и Трајковски со овој триумф се искачи на 5-то место на табелата и со утакмица помалку се наоѓа на 4 бода заостаток зад првопласираната Пескара.

Несторовски го постигна својот трет погодок сезонава, а неговиот учинок можеше да биде уште подобар доколку помошникот судија, поради само него познати причини, не го поништеше голот на “Несторгол” со ножички.

После неколку пати прегледување, ние не успеавме да видиме офсајд, погледнете дали судијата го заслужува целиот гнев за поништувањето на овој фудбалски убавец:

Во продолжение и погодокот на Несторовски за победа од 1:0 во 86-та минута: