Eвpoпо далeкy cи ти од Пpилеп, а уште пoдaлeкy е Пpилеп од тебе (Фото)

По вчерашната објава за турнати два контејнери врека кои комуналните служби ги извадоја и поставија на местата во еколошките острови, денеска уште поголем вандализам од непознат сторител.

Ноќеска на истото место во Дабнички канал повторно се турнати три контејнери за селекција на отпад, додека пак во Градската река турнато е цело скеле за сушење на тутун.

“Заради континуирано вршење на штети на комуналната опрема и други ствари поставени на јавни површини за кои ,,Комуналец,, троши време и пари, а влијае и на угледот на комуналното претпријатие, случајот е пријавен до Инспекторатот и Полициските служби”, информираат од ЈКП Комуналец.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.