Ce вpaќа coнчевото и топло време: Eве што не’ очекyва овaa недела

Стабилно време, преку ноќ студено, со ниски утрински и дневни температури во постепен пораст, најавува УХМР за следната недела.

Според УХМР, денеска попладне во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Tемпературата ќе биде до 19 степени.

Утре температурата ќе се движи од минус еден во Маврово и Берово до максимални 21 во Гевгелија.

Во Прилеп максималните температури ќе се движат во интервал од 14 степени утре, а ќе достигнат до 21 степен во петок и сабота.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.