дома блог страница 97

Денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во вторник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси. Од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

Сообраќајот ќе биде пренасочен низ Прилеп: До среда времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од утре, 4 август до 16 септември 2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.

Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица “Лукоил” до клучка кај бензинска станица “ Салида “), ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03 август (недела) од 07.00 часот до 06 август (среда). Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце и ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

“Триумфалната капија” во Старата прилепска чаршија (ВИДЕО)

Со години Прилеп и пазарџиите во градот, кои редовно закупуваат тезги во градскиот пазар, имаат мака од прематарите на земјоделски производи кои доаѓаат од другите градови, најчесто од струмичките села.

Паркирани капиони на секој дел од градот, непрегледност во сообраќајот, а често ќе ги забележите и во центарот на градот, во случајов на самиот влез во чаршијата.

И ај што стојат тука, ај што никој ништо не презема, ниту полиција, ниту инспекциите, згора на се’ овие прематари тука се перат, тука се капат, тука ги извршуваат сите секојдневни активности…

Една слика која не доликува на град во 21 век и треба час поскоро надлежните да си реагираат… Ова е срам и за Локалната самоуправа и за полицијата…

Полицијата си ја заврши работата! Наместо да настапи со Џејсон Деруло, српскиот хип-хоп артист уапсен во Охрид

Познатиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен синоќа, 2 август, во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло.

Српските медиуми пишуваат дека Раста е уапсен за поседување наркотици. Раперот бил врзан со лисици од страна на полицајците пред хотелот, пред да отиде на настап.

Патем, ова не е прв пат Стефан Ѓуриќ Раста да биде уапсен за поседување наркотици.

Херојот Михаилов на помош и на прилепчани (ВИДЕО)

Рано утрово околу 7 часот екипа од ЈП “Македонски Шуми” од подружница “ЦРН БОР” од Прилеп и Ловно Друштво од Стровија со хеликоптерот на МВР BELL 212 беа однесени на лице место затоа што пожарот беше доста високо и на недостапен терен – информира на социјалните мрежи Заменик директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.

-За два часа, оваа екипа од земја на која од воздух и помагаше истиот хеликоптер целосно го застана и го елиминираше овој пожар!
Нашите екипи остануваат на терен се до доцна попладне за да ја следат состојбата да не дојде до повторно разгорување на истиот! Благодарност за тимот на МВР, благодарам за нашите вработени и за ловџиите од Стровија! Вака се работи и се сака МАКЕДОНИЈА
– напиша Михаилов.

Македонскиот тим одличен за Олимпијадата по информатика во Боливија – меѓу нив и ученикот од Прилеп, Благој Рујаноски Стојановски (ФОТО)

На 37. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2025), која се одржа од 27.07 до 03.08 во Сукре, Боливија, македонскиот тим постигна историски најголем успех досега. Дамјан Давков од Штип и Леонид Цуклев од Гевгелија освоија сребрени медали, а Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп и Виктор Максимоски од Гостивар добија пофалници.

ИОИ е најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на алгоритамско програмирање, со учество на 330 ученици од 86 земји годинава. Македонија учествува на ИОИ од 1996 година и досега има освоено 6 сребрени, 24 бронзени медали и 4 пофалници. Ваквите резултати се особено значајни со оглед на високите критериуми за доделување медали на ИОИ.

Овој успех е и на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), кое го организира целогодишниот циклус натпревари за селекција на тимот, со поддршка од ФИНКИ и неколку компании. Тимот беше предводен од д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.

Важен придонес за учеството на олимпијадата имаше и Министерството за образование и наука (МОН), кое за прв пат целосно ги покри патните трошоци на тимот. Оваа поддршка од МОН се смета за силен сигнал дека државата го препознава потенцијалот и значењето на младите ИТ таленти.

Освојувањето на пофалница на натпревар од светско ниво е голем успех за нашиот ученик Благој Рујаноски Стојановски. Благој, на сите државни натпреварувања по информатика на кои учествувал изминативе три години секогаш е на врвот, а во 2023 на Балканската информатичка олимпијада освои бронзен медал.

Училишен ментор на Благој му е професорката по информатика Анета Стојческа.

Браво за Благој и за неговиот ментор!

За Илинден весело и во прилепско Витолиште, таму традиционално присутен и Ристески – бројните гости го пречекаа со прегратки (Фото галерија)

Големиот македонски и христијански празник Св. Илија – Илиден, традиционално се празнува во мариовско Витолиште, каде и оваа година беа дојдени голем број иселеници и прилепчани и масовно со песна и оро го одбележаа празникот.

Овие средби никогаш не ги заборава актуелниот заменик министер за економија и труд и омилен градоначалник во историјата на Македонија, Марјан Ристески, кој и оваа година ги удостои домаќините и присутните гости и верници со своето присуство.

Ристески беше пречекан со прегратки и поздрави од бројните присутни, а заигра и оро на убава македонска песна.

Нека е за многу години, до година уште побројни!

Aндреј и Лука се нашите пливачки маратонци – Како го прославија Илинден? Прилеп и Крушево имаат причина плус да се радуваат (ФОТО)

Еве како се слави Илинден, со срце и душа, со многу испливани километри и многу напор.

Денес традиционално се одржа 46- то издание на малиот Илинденски пливачки маратон во должина од 2.5 км, почнувајќи од плажата Горица до централното пристаниште во Охрид.

Андреј Котески од Прилеп и Лука Настески од Крушево, се нашите херои кои дадоа се’ од себе и достојно се претставија во категоријата до 15 години, пливајќи рамо до рамо со децата кои имаат пливачка традиција за разлика од нас.

Двајцата се дел од пливачката школа “Даниел”, која традиционално има свои претставници на престижниот детски пливачки маратон.

-Подготовките за маратон се специфични и бараат голема дисциплина и многубројни тренинзи, вели професорот по спорт и ментор od Прилеп, Даниел Василески.

Подготовките беа поделени во неколку фази и се работеше на подобрување на повеќе способности:

1. Психолошки подготовки: За едно дете да плива во длабоки води посебно од град кој нема пливачка традиција опкружен со флора и фауна не е едноставно и потребно е адекватен пристап;

2. Физички подготовки: Градскиот базен е од голема помош. Го користевме секојдневно затоа што е одлична можност и место за пливање. Низ годините тука се “родиле” плејада на добри пливачи;

3. Тактички подготовки: Го користевме нашето вештачко езеро повеќекратно и дел од подготовките течеа и во Охрид на Охридско езеро.

“Јас сум многу задоволен од моите пливачи и им посакувам уште многу радости и успеси. Се надевам дека еден ден ќе имаме внатрешен базен во Прилеп и многу деца ќе имаат благодет и бенефити во секој поглед – здравствен, рекреативен и натпреварувачки карактер”, вели проф. Василески

Фактот кој е интересен за целата јавност. Лука е дете кое живее во Крушево и ја посетува школата за пливање патувајќи секојдневно до Прилеп, а за потребите на подготовките за маратонот и по два пати дневно без да пропушти ни еден тренинг.

-Голема благодарност до родителите и нивната поддршка! Крушево треба да се радува затоа што го има можеби и првиот пливачки маратонец, истакнува проф. Василески.

Секоја чест за Андреј и Лука… Продолжете со успеси!!!

Нека е честит и вековит Илинден!

Ристески од Семакедонската илинденска средба во Трново: “Илинден е повеќе од датум за Македонија, тоа е вистината за нас”

Во потпелистерското село Трново, традиционално по повод Илинден, се одржа 54 Семакедонска средба. Настанот го организираа Матицата на
иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

На настанот покрај градоначалниците на Битола и Новаци, присутни беа и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и заменик министерот за економија труд, Марјан Ристески.

Ристески упати честитка до нацијата, посакувајќи да ја негуваме и чуваме државата, да одиме напред и да ја развиваме:

-Овој голем празник го прославувам заедно со голем број на Македонци од сите страни на светот кои денес дојдоа во прекрасното Трново да ја одбележат 54-та Семакедонска Илинденска средба Трново 2025.

За големината и важноста на оваа прекрасна манифестација говори самиот факт што тука, на ова прекрасно место во дворот на македонската црква “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, се собираме по 54-ти пат, македонци од сите краишта, од разни држави и континенти, со една заедничка работа која не поврзува, а тоа е нашата татковина Македонија.

И покрај овие турбулентни времиња, кога некои лица и држави упорно работат на наше тиштење и крадење на она што е наше, ваквите манифестации и заедничкото чествување на овие прекрасни празнични денови се само уште еден знак дека македонците како народ со своја историја, култура и традиции, не имало, не има и ќе не има!

Илинден за Македонија е повеќе од датум, тоа е вистината за нас, за нашата култура, историја, традиции, тоа е нашата приказна за борба, непокор и опстанување, за обединување на сите народи за подобро утре.

Наш аманет е да го продолжиме патот на Илинденците, да ја чуваме и негуваме Македонија, да одиме напред, да ја развиваме, таа да биде светлата точка и огниште на сите нас без разлика каде во светот живееме – порача Ристески.

Св Илија – Kлyчapoт на небото и заповедник на гpмотевиците: Честит именден Илија, Илко, Илинка, Илина, Илчо…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јули. Денеска е Св. пророк Илија-Илинден.

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и е Пророк кој пaли и гaси на небото и земјата.

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе yдpел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе yдрело ќе расипело и ќе yбиело. Ламјaта од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не биjат гpомови по полето, луѓето и стоката и сл.