дома блог страница 93

ЈП за ПУП Прилеп има нов директор

Jaвното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање – ЈП за ПУП, има нов директор.

Местото на Бранко Нешкоски, кој пред новогодишните празници поднесе оставка, ќе го преземе Игор Неделкоски досега вработен во Станицата за технички преглед “Автоконтрол”.

Неделкоски е релативно непознат за јавноста и ќе биде пред голем предизвик да управува со ова исклучително важно јавно претпријатие во градот.

Ниту починатите не се “раат” – Пукната цевка поплави гробови во старите градски гробишта во Прилеп (ФОТО)

Пукната водоводна цевка предизвикала поплавување на гробови во старите градски гробишта во Прилеп. На социјалните мрежи граѓаните чии најблиски почиваат тука, бараат надлежните итно да го решат проблемот.

Известување од Општина Прилеп за квалитетот на водата

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место локален водоснабдителен систем Алинци – двор – не е здравствено исправна, заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Исто така водата од мерно место л.в.с. Старо Лагово – куќа до објект – на основа на извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба, но мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во границите од 0,2-0,5 мг./л. вода.

Денеска го славиме најголемиот бранител на Православието – честит именден Максим

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 јануари.

Преподобен Максим Исповедник

Цариграѓанин по род и најнапред висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева.

Имено: како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и на патријархот.

Но не се исплаши туку докрај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји соодветно на двете природи. На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим.

И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите. Страдањето на Свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затваран, а најпосле му ги отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па Му ја предаде својата света душа на Бога во 666 година.

Директорот на Комуналец поднел оставка! Врел костен во рацете на новиот кандидат

Директорот на ЈКП Комуналец Прилеп, Рубин Абрашоски, поднел оставка од функцијата директор на јавното претпријатие, дознава Маркукуле.

Абрашоски стана директор на ова важно јавно претпријатие со промената на локалната власт во 2021 година, кога функцијата градоначалник ја презеде Борче Јовчески.

Во изминатите 4 години, Абрашоски се обидуваше да ги оправда очекувањата од прилепчани околу чистотата на градот и испорачување услуги како во минатото, кога Прилеп важеше за најчист град во Македонија.

Дали ги оправда овие очекувања, останува јавноста да суди.

Засега не е познато кој ќе ја преземе оваа важна директорска позиција во Прилеп.

Зошто PANEFINO се број еден – бесплатна достава, најдобра храна и уникатни пакети на производи по одлична цена

На локација спроти сала „Македонија“ веднаш до “Тобако”, oдново се отвори млечниот ресторан „Панефино“ – место каде што традицијата и мајсторската пекарска уметност повторно оживуваат.

„Панефино“ постоеше и порано, а прилепчани добро знаат дека ова име значи само едно: врвен вкус, свежина и совршено подготвени бели пецива. Денес, тој стар препознатлив вкус се враќа – на нова локација, во ново уреден и беспрекорно чист простор.

На купувачите им се освежи меморијата, затоа што ПАНЕФИНО одново ги понуди своите совршени производи, а веќе првиот работен ден млечниот ресторан беше полн со муштерии и се чекаше ред на каса.

Сопствениците ги пречекаа сите генерации со меки и фини кроасани со најразлични полнења, слатки задоволства што се топат во уста, но и богата понуда од солени специјалитети – зелници, лиснати, пици, пецива и многу други свежо подготвени деликатеси.

А што е тоа што особено ги изненади сите? Па ниските цени на белите пецива, кои ги има само тука, а тимот на ПАНЕФИНО се погрижи да понуди и одлични пакети за учениците, кои сега ќе бидат сити, а ќе заштедат и на џепарлак.

Покрај тоа ПАНЕФИНО нуди и бесплатна достава за секоја нарачка над 500 ден. Имате работни обврски со колегите, не можете да ги посетите, јавете се на телефонскиот број: 076 240 310 и ќе ви донесат совршено меки и толи бели пецива до адреса.

Епа нема вака на друго место во Прилеп!

Панефино – топло, меко, фино… совршено!

Повелете и почувствувајте го вкусот што Прилеп го памети!

Внимавајте ако патувате! Намалена видливост до 50 метри на Плетвар поради магла

Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар, соопшти вечерва Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Оттаму информират дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловоз, а слаби врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир со задржување на коловоз.

Сите патни правци во државата се проодни, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Посочуваат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Најголемата музичка ѕвезда во петок во Прилеп – сега и којзнае кога, а петокот е само најава за тоа што следува

Пред нас е еден од најдобрите музички викенди оваа сезона во Ресторан Порта! Викенд исполнет со емоција, македонска песна, врвна атмосфера и дружба каква што само Порта знае да приреди. Кога традицијата, квалитетот и добрата музика се спојуваат – резултатот е викенд што не се пропушта.

Петок | 06.02. – ВЕЧЕР СО ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА, НАУМ ПЕТРЕСКИ

Еден глас, една душа и безброј песни што ги носиме во срцето. Наум Петрески е симбол на македонскиот мелос, човекот што со секој стих буди спомени, емоции и гордост. Вечер посветена на најубавите народни песни и безвременски хитови – музика што се слуша со срце. Настан што се случува сега… а кој знае кога повторно во Прилеп.

🎟️ Цена на влез: 250 денари
🍷 Промотивни цени на пијалоци
🍽️ Врвна храна, услуга и препознатливиот амбиент на Порта

Сабота | 07.02. – ДНЕВНА ЗАБАВА од 13:00 часот

Денот започнува како што доликува – со Тиана и Дани! Кој бил, знае. Кој не бил – не знае што пропушта. Совршена атмосфера за ручек, дружење и вистинска саботна енергија.

Сабота вечер – MODUS BAND

Прекрасен музички спој кој секогаш гарантира одлична забава и неповторлив помин до доцна во ноќта.

📞 Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 368 111, ова е викенд што ќе се памети!

Ресторан Порта – каде музиката, вкусот и емоцијата се среќаваат.

Прилепско семејство со автомобил излетале од патот – Повредени се две деца на 7 и 9-годишна возраст

На 01.02.2026 во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здобил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Витаминка на ISM Келн: јакнење на меѓународното присуство и развој на нови деловни соработки

Витаминка и оваа година е дел од ISM во Келн, каде што компанијата се претставува пред меѓународната стручна и деловна јавност со целокупниот асортиман, продолжувајќи ја традицијата на активно учество на овој престижен саем дванаесет години по ред.

Изложувањето на ISM се третира како стратешка платформа за јакнење на извозното присуство, со фокус на продлабочување на постојните партнерства и воспоставување нови контакти со потенцијални дистрибутери на глобално ниво.

„Настапот на саемот ISM е од големо значење за изложувачите, затоа што ова е најголем светски саем специјализиран за кондиторија и посебно одговара за нашиот сектор. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Секогаш настапуваме високо репрезентативно и со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда. На тој начин и со платформата на ISM често обезбедуваме успешно пробивање и до останатите светски пазари“, вели Илија Наумоски, помошник оперативен директор на Витаминка.

Во фокус на годинашното издание на саемот се актуелните технолошки иновации и трендови во кондиторската индустрија, со јасен акцент на потребите на потрошувачите и на развој на производи што одговараат на современите пазарни очекувања.

Со над 1600 изложувачи од 70 земји, ISM обезбедува релевантен деловен контекст и широк преглед на тековните случувања во секторот, што го прави особено значаен за компании со извозна ориентација и амбиција за раст на меѓународните пазари.