дома блог страница 5693

Зголемен интерес за студирање на Универзитетот за информатички науки „Св. Апостол Павле”- Охрид

Во пресрет на вториот уписен рок закажан за 3 септември, од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” информираат дека во првиот уписен рок е забележан пораст од 30 отсто на бројот на запишани студенти, во споредба со минатогодишните уписи.

Оваа година бруцошите покажале најголем интерес за студирање на факултетите за Компјутерски науки и инженерство и Информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника и Студиската програма по е-влада, е-бизнис е-култура при Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика.

Во претстојниот уписен рок на идните студенти на Универзитетот „Св. Апостол Павле” им стојат на располагање 345 слободни места на петте факултети, распоредени во 10 различни студиски програми.

Повеќе информации во врска со уписите можете да најдете на веб страната на Универзитетот http://www.uist.edu.mk или преку комуникација со посредство на е-пошта на адреса [email protected] или телефон на 046 511 000..

 

Нови 1.288 бегалци вчера ја минале границата на Македонија

На вкупно 1.288 странски државјани од вчера нсутро до изутрината до 8 часот им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Најбројни се бегалците од Сирија. Од јуни досега се издадени 47.994 потврди на странски државјани.

Како што соопшти МВР, од вкупно 1.288 странски државјани, 807 се од машки пол, 200 се од женски, 221 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 60 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.114, Авганистан – 60, Пакистан – 54, Палестина – 27, Ирак – 13 додека другите се во помал број, соопшти МВР.

Во периодот од 19 јуни до денеска до 8:00 часот, издадени се потврди на вкупно 47.994 странски државјани, од кои, 33.114 се од машки пол, 6.593 се од женски, 7.480 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 807 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.164, потоа Авганистан-2.258, Ирак-2.152, Пакистан-1.452, Палестина-603, Сомалија-564, Бангладеж-332, Конго-305, Нигерија-165, Камерун-154 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив десет за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил до вчера евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои девет мажи (од кои еден барател на азил е повреден), две барателки на азил се жени (од кои една барателка на азил е хоспитализирана поради бременост), тројца баратели на азил се малолетни лица и еден барател на азил е малолетен без придружба со повреда.

До вчера до 17 часот мобилните екипи на Црвениот крст укажаа прва помош на 205 лица, од кои 114 на Табановце и 91 на Гевгелија, меѓу кои и на 11 трудници.

Дистрибуирани се 1.854 шишиња вода, 43 пакети со храна, 27 индивидуални хигиенски пакети, шест ќебиња и 28 пакети за бебиња.

Мапа на освојување на ИД до 2020: Од Шпанија до Кина

Екстремистичката организација Исламска држава планира да ги заземе Блискиот Исток, северниот дел на Африка, делови од Европа, Балканот и делови од Кина во следните пет години, се наведува во книгата „Царство на стравот: Во Исламска држава“.

Книгата на новинарот од Би-Би-Си, Ендру Хоскин има и мапи на подрачја кои ИД планира да ги освои.

Калифатот, држава во која во сила е шеријатското право, на мапата зазема подрачје од Шпанија на запад до Кина на исток.

ИД претходно објави мапа на калифати, но сега прв пат се наоѓаат и делови на Кина.

Во средината на јули ИД објави видео-снимка на која како почетна мета на исламските терористи е означена Србија, а потоа следат и другите балкански држави.

На видео-снимката се наведува дека по освојувањето на Србија, ИД има план за освојување на Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Македонија.

ИД неодамна објави пропагандна снимка со која им се заканува на балканските земји и ги повикува муслиманите од Балканот да и се придружат или да почнат напади.

Кери: Кина и Русија ми ги читаат мејловите

Американскиот државен секретар Џон Кери ги обвинил Кина и Русија дека најверојатно ги читаат неговите електронски пораки.

Тој предупредил дека прашањето за кибер пиратството ќе биде отворено на средбата на претседателот Барак Обама со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Кери во интервју за Си-Би-Ес, посочил дека постои голема веројатност дека Русија и Кина му ги читаат мејловите, бидејќи изминатите денови станало познато дека тие нападнале одреден број американски интереси.

Кери додаде дека кога пишувал електронски пораки тоа го прави со сознание дека Русија и Кина можеби го читаат.

– За жал живееме во свет во кој одреден број земји, во таа смисла и Кинезите и Русите постојано се вмешани во напади против американските интереси, против американската Влада, додаде Кери.

ФОТО: Волк и мечка најдобри пријатели, нешто што ретко или никогаш не се гледа

Навистина е необично да се види како мечка и волк се најдобри пријатели.

Финскиот фотограф Ласи Раутиаинен ја имал неверојатната можност да биде сведок на ова ретко пријателство.

За среќа, преку неговите фотографии и ние можеме да ја видиме оваа неверојатна унија.

Ласи 10 дена, секоја вечер ги набљудувал овие пријатели: сивата волчица и кафеавиот мажјак кои по неколку часа биле неразделни, па дури и ја делеле храната.

-Не е јасно како овие диви предатори станале пријатели. Навистина е неверојатно да се види вакво пријателство, тврди фотографот.

[Best_Wordpress_Gallery id=”23″ gal_title=”ФОТО: Волк и мечка најдобри пријатели, нешто што ретко или никогаш не се гледа”]

За сто години никој нема да оди на плажа во Италија и Шпанија!

За сто години, никој повеќе нема да се капе во Италија и Шпанија, туку туристите масовно ќе одат на Балтичко Море, во Летонија и Естонија, тврдат двајца шпански истражувачи.
Како последица на климатските промени, ваквата судбина ќе ја снајдат не само овие две земји, туку и цел медитерански регион, предупредуваат тие, додавајќи дека туристите се повеќе за својот одмор ќе избираат летувалишта во земји од северна Европа.

Во студијата на Салвадор Бариос и Хуан Николас Ибањез за влијанието на климатските промни на европскиот туризам, се истакнува дека од 2100 година порастот на температурите во европските земји од Медитеранот, посебно во Италија и Шпанија, ќе ги избрка туристите од плажите за време на летото.

Сите убави места на северот на континентот, кои денес се сметаат премногу студени, како што се бреговите на балтичките земји, би можеле да доживеат силен развој на приморскиот летен туризам, наведуваат тие, пишува „Кориере дела сера“.

Шпанските истражувачи предвидуваат дека од почетокот на 22 век, приходите од туризмот во земјите од Медитеранот ќе почне да се намалува за 0,45 отсто годишно, додека во земјите од северна Европа ќе расте по стапка од 0,32 отсто годишно.

Страшно предупредување од метеоролозите: Најлошата зима во историјата е пред нас

zima

За неколку месеци Земјата ќе биде на удар на екстремни поплави, големи суши и пожари од невидени размери.

Оваа предупредување го пренесува Дејли Телеграф откако консултирале угледни светски метеоролози.

Метеоролозите предупредуваат дека не чека најлошата зима во историјата, а зад овие катастрофални појави стои климатското пореметување кое овие години ќе биде најекстремно.

Ел Нињо, климатското пореметување, оваа година има шанси да стане климатска Годзила.
Ел Нињо е метеоролошки феномен кој се појавува во период од две до седум години, а НАСА внимателно ги следи температурите на морето на истокот од Пацификот, кои се клучни индикатори за оваа појава.

ФОТО: Ќе успеете ли да ги пронајдете разликите?

Обидете се да ги пронајдете сите разлики на фотографијата во продолжение.

ВИДЕО: Шокантно – вбризгувал нафта и алкохол во мускулите за да личи на Хулк

Ромарио Алвес има 25 години, а неговите мускули изгледаат навистина шокантно и неверојатно.
Тој сакал да личи на Хулк, па затоа почнал да користи синтетички средства кои си ги вбризгувал во рацете.

Верувале или не, тој во рацете ставал нафта и алкохол, со цел да ги „надува“ мускулите.

Но не поминало долго време пред тој да почне да се кае за стореното, откако децата во неговиот роден град почнале да се плашат од него и да го нарекуваат монструм.

– Докторот ме предупреди дека можеби ќе дојде до момент кога ќе треба да ми бидат ампутирани рацете. Можев да умрам затоа што сакав поголеми мускули, а тоа не е вредно, вели Ромарио.

Ромарио повеќе од 2 години не ги користи штетните супстанци, но штетата е веќа направена.

Тој се надева дека ќе остане успешен бодибилдер и дека нема повторно да се врати на оваа бизарна зависност.

Ова се десетте „најскапи“ грешки во историјата

Многу луѓе низ историјата направиле огромни грешки кои биле со трагични последици по човештвото или, пак, ги чинеле невидено богатство.

Ви претставуваме некои од најлошите.

Одбивањето на Џ. К. Роулинг

Дваесет издавачки куќи го одбиле ракописот на Хари Потер, пред конечно да го прифати Блумсбери и тоа по препорака на осумгодишната ќерка на директорката.

Книгите подоцна биле преведени на 60 светски јазици и се проценува дека на Роулинг донеле богатство околу милијарда долари.

Фрлање на хард диск со биткоини

Џејмс Хаусел купил 7.500 биткоини во 2009 година кога нивната вредност била речиси непостоечка. Меѓутоа, до 2013 година еден биткоин вредел 613 фунти, што значи дека неговото богатство вредело 4,5 милиони. Единствен проблем е што тој хард дискот со биткоини го чувал во фиока со години, па потоа го фрлил без грижа на совест.

Кога сфатил што направил, отишол на локалната депонија надевајќи се дека ќе го најде дискот под наталожениот смет. Секако, тоа не му успеало.

Не го купиле Гугл за милион долари

Основачите на компанијата Гугл Лари Пејџ и Сергеј Брин на извршниот директор на Excite Џорџ Бел во 1999 година му рекле дека бараат купувач за интернет пребарувачот вреден милион долари. Тој пак не сакал да се пазари за нивниот производ. Денес нивната фирма вреди околу 355 милијарди долари.

Не го убил Хитлер

Британскиот војник Хенри Тенди кој бил еден од најодликуваните луѓе во Првата светска војна, во 1914 година наишол на повредениот и невооружениот командир Адолф Хитлер во еден ров, но наводно се одлучил да не го убие. Ова можеби не е најголема грешка во историјата, од едноставна причина бидејќи вистинитоста на приказната е многу сомнителна.

Продал 610.000 акции наместо една

Еден јапонски трговец ја чинел компанијата Мизухо Секјуритис 263 милиони евра, откако продал 610.000 нејзини акции за еден јен (0,0078 евра), наместо да продаде една акција за 610.000 јени како што требал да направи. Наспроти повеќекратните барања да ја откаже продажбата, Токиската берза ја одбила жалбата и компанијата морала да ги предаде акциите.

Рекол не на Џингис Кан

Џингис Кан, владетел на Монголоското царство сакал да отвори дипломатски и трговски врски преку Ала ад-Дин Мухамед, шах на соседното Хорезмијско царство (денешни Ирак и Иран), во текот на 13 век.

Меѓутоа, шахот ја одбил понудата и го обезглавил монголскиот емисар, поради што Кан се разгневил и испратил 200.000 војници во Хорезмија. Нивното царство било целосно уништено.

Ги одбиле Брајан Ектон и Јан Коума

Фејсбук ги одбил програмерите Брајан Ектон и Јан Коума на интервју за работа во 2009 година. Неколку години подоцна Фејсбук го купил WhatsApp, компанија која тие ја основале, за 19 милијарди долари.

Порачале прешироки возови

Француската државна железница СНФЦ потрошила 15 милијарди долари на нова флота на возови оваа година. За жал, тие биле прешироки за 1.300 станици во земјата. Таа грешка го оштети буџетот на државата за 50 милиони евра.

Потпишале договор со Брајан Пула и Тремелос

Продуцентската куќа Дека барала млади бендови во 1962 година на кои би им понудила снимање на албум. На аудицијата присуствувале две групи, од кои договорот бил понуден на Брајан Пула и Тремелос. Одбиена била групата од Ливерпул Битлси.

Погрешно напишано име на компанија

Поради само една буква, британската влада морала да плати 9 милиони фунти. Имено, над 250 милиони луѓе изгубиле работа, бидејќи во регистерот на компании, фирмата со традиција од 124 години Тејлор енд Сонс била погрешно напишана како Тејлор енд Сон, фирма која поднела барање за банкрот во 2009 година.