дома блог страница 5527

ПРИЛЕПСКИ СТУДЕНТ СЕ САМОУБИЛ ВО СКОПЈЕ?!

Studentski

Момче загина во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“. Според првичните информации најверојатно станува збор за самоубиство.

Д. Р. од Прилеп според привичните неофицијални информации се фрлил од четвртиот спрат од студентскиот дом.

Момчето е родено во 1995-та година.

На лице место веднаш пристигнала медицинска екипа. Д.Р. бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде за жал им подлегнал на повредите.

Нова објава за продажба на парцели во „Индустриската зона – Прилеп 2“ и населбата „Градина“

2

Со најновата објава која е во тек се информираат сите заинтересирани физички и правни лица дека се понудени на продажба пет нови градежни парцели со намена (Г3 и Г4 – сервиси и мало стопанство и стоваришта) во Индустриската зона „Прилеп 2“ која се наоѓа во населбата „Сточен пазар“ и три нови парцели за домување (A1) во новата населба „Градина“.
Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk за секое наддавање со посебен рок :
– за електронското јавно наддаваање закажано за 06.11.2015 година рокот за поднесување на пријави е до 02.11.2015 година ;
– Јавното наддавање ќе се одржи на ден 06.11.2015г. по електронски пат на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk.
Почетна цена се градежна парцела е 61 денар од м2, со 10 денари чекор за наддавање за намена домување и 100 денари чекор знаредно наддавање за градежни парцели со намена стовариште и мало стопанство. Би можеле да учествуваат сите физички и правни лица жители на Република Македонија и странски лица, согласно Закон за градежно земјиште кои со комплетна и правилно пополнета електронска пријава со прилози треба да уплатат депозит кој изнесува 30% од вкупната почетна цена.
Градоначалникот Марјан Ристески ги повика сите заинтересирани домашни и странски инвенститори и заинтересирани граѓани, да се пријават по електронски пат и да земат учество во елкетронското надавање кое ќе се одвива на 06.11.2015 година.
Општина Прилеп е обврзана и ќе да ја уреди населбата со изградба на патната инфаструктура и асфалтирање на улиците, изградба на водовод, канализаиција, осветлување и изградба на тротоари.

1

Куќата на Жеревци, лоцирана на улицата Моша Пијаде 130, доби нов лик

1

Заврши реализацијата на проектот за конзервацијата на куќата на Жеревци, која е во рамки на проектот за обнова на објекти со автентична староградска архитектура. Куќата на Жеревци која е изградена околу 1900-тата претставува одличен пример за влијанијата од европската градителска естетика на овие простори. На неа е зачувана оригиналната фасада, како и богатата архитектонска декорација, карактеристична за периодот на изградбата.

2

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска посочи дека целосно е заменета подпокривната конструкција и покривот на куќата чие пропаѓање и протекување влијаело и на фасадните ѕидови. Од особено значење е и што со реставрацијата на објектот, автентично се обновени сите елементи, вратен е целиот сјај и раскош на градбата, со што силно се потенцира градскиот дух на Прилеп во тоа време, посочи Министерката Канческа во изјавата за новинарите.

3

Според Градоначалникот Ристески, Прилеп доби уште еден нов лик со конзервацијата на куќата на Жеревци. Во градот има околу десетина вакви куќи кои треба да се реставрираат, од кои реконструирани се три.

4

Министерката Канческа ги најави и скорешната реализација на уште еден значаен проект во Прилеп на кој интензивно работи Заводот за заштита на спомениците на културата во Прилеп. Станува збор за темелна реконструкција на источниот конак на манастирскиот комплекс Св. Архангел Михаил во Варош чија промоција се очекува до крајот на месецов. Исто така продолжуваме и со конзервацијата на манастирот Св. Никола во Мариово, на проектите за обнова на опожарените конаци на манастирот Трескавец, како и на проектот за непосредна заштита на административната зграда на Заводот и музеј Прилеп.

5

Големи промени на Фејсбук: Профилна фотографија може да биде и видео

facebookpromeni

Профилната фотографија на Фејсбук повеќе нема да биде иста. Во низата промени кои ги воведе оваа социјална мрежа, профилната фотографија ќе може во иднина да биде кратко видео кое се повторува, а ќе се активира штом некој го отвори вашиот профил, односно ГИФ.

Од Фејсбук објавија дека мобилните прикази на таа социјална мрежа ќе доживеат големи промени, вклучувајќи профилни видеа, привремени фотографии и нови можности со кои корисниците ќе може да контролираат што другите може да видат на нивниот профил.

Профилното видео, како што го нарекуваат од Фејсбук, ќе им овозможи на луѓето профилните фотографии да ги сменат со кратко видео кое се повторува. Тоа ќе биде видливо само на мобилниот Фејсбук, како и останатите нови промени.

Корисниците освен тоа ќе може да креираат и “привремена верзија“ на профилна фотографија која ќе се смени во фотографија која била порано во време кое вие ќе го наведете.

Корисниците ќе може да ги сменат и информациите кои се појавуваат на нивните профили. Новата команда овозможува да одберете кои лични податоци сакаат да се појавуваат на врвот на страната, а ќе се додаде и рубрика “био“ во која ќе може да напишете кратка порака за себе.

Направени се и некои помали промени врзани за изгледот на профилот па така куќичката со фотографии и пријателите ќе се најде малку повисоко. Профилната фотографија, односно ГИФ, ќе се најде на средина на страницата, а не од страна. Повторуваме, така ќе изгледа само во мобилен приказ.

ПРЕМИЕРНО:Ексклузивни фотографии од КРАЛ МАРКО и неговото пристигнување во Прилеп

Скулптор е Војдан Запров, споменикот е од бронза, постаментот е висок 3.7 метри, споменикот е висок 5 метри и 6 метри широк. Вкупна висина 8.7 метри.

Се планира да се постави на 3 Ноември Денот на ослободувањето на Прилеп.

1

2

3

4

5

6

7

8

 

Населеното место Беровци наскоро ќе добие градинка

1

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Градоначалникот Марјан Ристески при вчерашната посета на министерот Спасов го посетија објектот во кој во населеното место Беровци со реновирање и адаптирање треба да прерасне во детска градинка.
– Министерството за труд и социјална политика ќе инвестира во опремувањето на просторот. Исто така, државата во Прилеп ќе инвестира за нова детска градинка со капацитет за 250 деца, посочи министерот Спасов во вчерашната изјава.

2

Градинката ќе поседува канцеларии за персоналот, санитарии за децата и персоналот и влезна партија. Дворното место ќе биде уредено со спортски терени, училници на отворено и простор за одмор. Со ваков инфраструктурен зафат ќе им се олесни работата и децата и на родителите од населеното место Беровци. Градинката во Беровци ќе може да згрижи околу 15-тина деца

3

4

Медарите го поканија Градоначалникот Ристески на свечено отварање на Фестивал на медот

3

Пчеларското здружение „Братство“ од  Прилеп, го поканија градоначалникот Марјан Ристески да биде гостин на традиционалниот Фестивал на медот кој ќе се оддржи од 8 до 10 октомври на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.

Овој фестивал претставува своевидна промоција на здравата еколошка храна која за жал е се помалку присутна на трпезите и преставува одлична  можност за  избор и дегустација на пчелните производи кои се лек и исхрана.

Градоначалникот Марјан Ристески ја истакна важноста од здравата исхрана како основен предуслов за правилен психофизички развој и ги покани граѓаните во следните три дена да го искористат присуството на многуте излагачи на пчелни производи,  да дегустираат и изберат од широката понуда на мед.

2

ВИДЕО: Кога судијата го возвраќа ударот, ама буквално!

sudija-tepa-500

Латиноамериканците често пати покажале дека не знаат да го исконтролираат својот бес, а видеото кое ни доаѓа од Венецуела е уште еден доказ за тоа.

Имено, на мечот помеѓу Сентро Домингито и Виктори Бојс линискиот судија буквално претепа фудбалер, кој се обиде физички да го нападне.

Засега не се познати причините поради кои фудбалерот го нападнал судијата, а колку беше гневен и сакаше да возврати со иста мерка, доволно говори видеото во кое се гледа дека за да ги разделат мораше да интервенира и полицијата.

Вашингтон информира дека Русија започна со воздушни напади во Сирија

vozdusni-napadi

САД имаат информација дека Русија почнала да извршува воздушни напади врз цели на цихадистичката група Исламска држава во Сирија, соопштија американски официјални претставници.

Истите извори информираа дека ударите на руските сили најверојатно се извршени во реонот на градот Хомс, додавајќи дека Русија ги информирала САД за нападите еден час пред тие да бидат извршени, пишува МИА.

Коментирајќи ги информациите од Москва за формалната согласноста што Кремљ ја доби од Советот на Руската Федерација за воздушни напади во Сирија, Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на неименуван американски функционер, кави дека руските сили веќе извесен период се подготвувале за вклучувањето во сирискиот конфликт, префрлајќи борбени авиони, хеликоптери и разузнавачки дронови.

– Русите во базата во Латакија имаат триесетина авиони од типот СУ-34, како и повеќе од 600 војници, а со помош на дроновите веќе ги имаат определено и позициите на џихадистите од Исмаламска држава, ијзавил неименуваниот функционер.

Според телевизијата, американскиот Пентагон им наредил на своите воени сили во регионот „да воспостават и да одржуваат отворени линии за комуникација“.

Администрацијата во Вашингтон се согласува со вклучувањето на Русија во борбата за уништување на џихадистите и елиминирање на заканата за создавање на т.н. „Исламски Калифат“ на територијата на Сирија и Ирак, но стравува дека воздушните напади на руските авиони ќе бидат во функција на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото останување на власт.

САД неволно прифатија Асад да остане претседател во еден „кус транзициски период“, но се против политичкиот статус кво во Сирија и останувањето на актуелниот шеф на државата на власт на неопределено време.

Западните медиуми шпекулираат дека руските авиони покрај позициите на ИД, би можеле да ги напаѓаат и позициите на разните групи на вооружената сириска опозиција кои ја имаат поддршката на САД и земјите на Западот.

Москва претходно денеска соопшти дека Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерација, со мнозинство гласови одобри употреба на авиони на Военото воздухопловство на Русија за напади на цели на територијата на Сирија.

Шефот на Кабинетот во Кремљ, Сергеј Иванов информира дека одлуката на Советот на Федерацијата е донесена врз основа на барањето на Асад за „воена помош во борбата против Исламската држава“.

ЗАЧЕСТЕНА КРИЗА И СТРАШНА ХАЛУСЦИНАЦИЈА МЕ ТРЕСИ…

11855407_10206407447959440_1161391277_n

ЗАЧЕСТЕНА КРИЗА И СТРАШНА ХАЛУСЦИНАЦИЈА МЕ ТРЕСИ… НИШТО НЕ ГЛЕДАМ, НИШТО НЕ СЛУШАМ… ПИШУВАМ СО МОРЗЕОВА АЗБУКА… МОРАМ, СИ ИМАМ МАКА ОД МАЛ, КОГА ПОУБАВО СИ ЖИВЕЕВМЕ, КОГА НИ РАСКАЖУВАА ЗА СЕЛСКА ИДИЛА И ПОРОЦИТЕ ВО УРБАНИТЕ СРЕДИНИ. ИИИИИ БИДНА… КОНЕЧНО И ГРАДОТ ВО КОЈ ШТО ЖИВЕЕМЕ СТАНА ГРАД!!! НЕ Е ПОВЕЌЕ НА НИВОТО ОД ВРБЈАНИ, КРАПА ИЛИ ЛАГОВО, ДЕНЕС ПРИЛЕП Е ГРАД!!! ДЕНЕС НЕ ВЕЛАТ ПОВЕЌЕ ДЕКА ПРИЛЕП Е НАЈГОЛЕМОТО СЕЛО… АМА МОИВЕ ОЧИ СЕ НАСОЛЗЕНИ, СЕКОГАШ!!! ПАТАМ ЗА ПРИЛЕП ОД МИНАТОТО, ПРИЛЕП БЕЗ ВОДА, СТРУЈА, БЕЗ АСФАЛТ И СО ЛЕПЕШКИ ПО КАЛДРМИТЕ!! ГО САКАМ ПРИЛЕП ВО ТЕМНИЦА, ПРИЛЕП БЕЗ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ, ГО САКАМ ПАРКОТ НА МОГИЛАТА И ЕРГЕЛИТЕ СО КОЊИ И МАГАРИЊА ВО НЕГО!!! ПЛАЧАМ ЗА ТРИЗЛА, ТАА СТАРА НАСЕЛБА БЕЗ ВОДА И СТРУЈА СО ЗАТНАТО РЕЧНО КОРИТО, СОЛЗАМ ЗА ПРАСТАРИОТ ВАРОШ И МАЛКУТЕ ДЕНОВИ СО ВОДА ВО СЛАВИНИТЕ!!! МНОГУ МИ НЕДОСТАСУВА СТАРИОТ ВЛЕЗ ЗА ПРИЛЕП, ТОЈ ШИРОК И ОСВЕТЛЕН ВЛЕЗ, КАКО ШТО БЕШЕ ПРЕД ЕДНА ДЕЦЕНИЈА. ГИ САКАМ НАЗАД РУИНИРАНИТЕ УЧИЛИШТА И МУВЛОСАНИТЕ СПОРТСКИ САЛИ ВО УЧИЛНИЦИТЕ!! ХАЛУСЦИНИРАМ ЗА СТАРИТЕ ГРАДИНКИ И ТОПОЛИТЕ НАД ПЛАСТИЧНИТЕ БУТКИ ВО ЦЕНТАРОТ. КРИЗИРАМ, А НЕМА ЛЕК НИ ШАНСА ПАК ДА ГИ ВИДАМ ПРИЛЕПСКИТЕ ГИГАНТИ ВО ЕКОНОМИЈАТА… ГИ НЕМА НИ АВТОБУСКИТЕ ПОСТОЈКИ СО АВТОБУСИ ОД “ЦРН БОР”, “БИЛЈАНА”, “СОЛИДНОСТ”, ,ДИМЧЕ БАЊАРОТ”, РИДТЕКС”, ПОЛИТЕКС”… А, ЗОШТО ГИ НЕМА??? НЕ МОЖАМ ДА ОДГОВОРАМ… НЕМА НИ КОГО ДА ПРАШАМ. ОПКРУЖЕН СУМ СО ДЕСТРУКТИВЦИ, НЕМАМ ИДЕЈА ШТО ПОНАТАМУ, КРИЗАТА МЕ УБИВА! ЕХ ДА МОЖЕВ И ЈАС ДА БИДАМ… ТОА ШТО САКАМ. АМА НЕ МОЖАМ, ИМАМ КОД, ЛОШ КОД! СЕПАК, ИМА НАДЕЖ, СЕВЕРНА КОРЕЈА ОТКРИЛА ЛЕК ЗА СЕ!! ЌЕ ГО НАЈДАМ И ВЕНСКИ ЌЕ ГО ПРИМАМ … ЗА ДА СЕ ВРАТАМ ВО РЕАЛНОСТА… ВО ПРИЛЕП ВО МОЈОТ УБАВ И УРБАН ПРИЛЕП… ПРИЛЕП СЕГА ДОСТОЕН ЗА КОМПАРАЦИЈА СО ДРУГИ ГРАДОВИ.. ПРИЛЕП СО НОВИ УЛИЦИ, УЧИЛИШТА, ПРИЛЕП СО ИНВЕСТИЦИИ! ПРИЛЕП СО НАСМЕАНИ ЛИЦА, А НЕ НЕКРОФИЛИ УДАВЕНИ ВО КОМПЛЕКС.

Автор: ГОРД ПРИЛЕПЧАНЕЦ