Во дерби натпреварот од 9тото коло, во Супер лигата за жени, екипата на ЖРК Вардар јуниор си замина со бодови од Прилеп. Резултатот од натпреварот 17-22. Вардарки го контролираја натпреварот од почетокот до крајот. Највисоката предност беше 7 гола, но со притисок од публиката, екипата на ЖРК Прилеп беше охрабрена и стигна до помала разлика на неколку наврати.
Она што беше клучно во целиот натпревар беше одлично расположениот голман во екипата на Вардар јуниор, чии што одбрани на многу пати предизвикуваја нервоза кај Прилепчанките.
Сепак екипата на ЖРК Прилеп привлекува се повеќе внимание, што можи да се забележи по зголемувањето на присуството на трибините.
Постои голема желба за докажување кај сите ракометарки, постои жар, но недостасува можеби искуство за поголеми натпревари. Се надеваме дека тој напредок ќе оди во нагорна линија и дека победите ќе се редат.
Луѓето што не можат да престанат да пушат цигари имаат таканаречен „ген на задоволството“ што службено се нарекува “Taq1A”.
Најновите научни откритија покажуваат дека проблемите со откажувањето од цигари не можат секогаш да се објаснат со слабата волја, туку, можеби, повеќе зависта од генетската предодреденост.
„Генот на задоволството“ има улога во распределбата на допаминот, мозочната хемикалија што е поврзана со задоволството и чувството за награда, а што мозокот ја испушта кога пушиме цигари.
Научниците сметаат дека зголемените количини на допамин играат главна улога во развојот на зависноста од никотинот. Откриено е дека „генот на задоволството“ условува на луѓето да им биде полесно или потешко да престанат да пушат цигари.
Научниците наведуваат дека на луѓето што имаат „А2/А2“ тип на ген им е полесно да престанат да пушат цигари отколку на луѓето со ген „А1/А1“ или „А1/А2“.
Ова откритие се заснова на резултатите од 22 истражувања во кои учествувале повеќе од 10.000 лица.
Овие три хороскопски знаци како да имаат скенер за фаќање спонзори! Сакаат мажи кои ќе им пружат се што ќе посакаат. А еве кои се трите знаци кои сакаат да фаќаат спонзори!
Девица
Личностите родени во знакот на Девица се се само не невини. Девојките Девици како да имаат вграден скенер за спонзори или спонзорловец. Без грешка ќе му пријдат на фраерот со најмногу пари па дури и кога тој е во друштво со слични типови, исто така со полни џебови. Омилени „жртви“ и се татини синови кои сакаат да се фалат, па така нејзиниот плен уште на стартот настрадал бидејќи ќе го смота како змија жаба. Како вистинска змија, девојките во знакот Девица се мошне отровни за машкиот род, а штом ги потрошат паричките, веќе имаат подготвено нова жртва.
Вага
Вага… Опасен знак кога се спонзорушите во прашање. Вагата долго ќе мери кој маж ќе и пружи повеќе бидејќи е неодлучна и секогаш и се чини дека другите девојки добиваат повеќе. Мошне е љубоморна иако не се вљубува во своето момче со џип, јахта или куќа на море. Неа никогаш не и е доволно и секогаш глуми жртва со надеж дека ќе добие скапи нешта. Ако на Вагата и подарите скап накит барем еднаш месечно лесно паѓа во депресија и во тие моменти веднаш размислува за друг маж. Грубо, зарем не?
Водолија
Водолијата го сака морето и плажите, па така нејзиниот најдобар терен за лов на спонзори е токму летувањето. На море е неприкосновена, а на нејзиното вешто око еден фраер со скап кабриолет нема шанса да ми побегне. Има соколово око за такви нешта иако на плажа често носи двоглед во случај да има некоја јахта од неколку милиончиња во близина. Не се воздржува од влегување во врска и со постари личности под услов тие да се полни како брод. Кога Водолијата еднаш ќе се качи на јахта, не слегува. Освен во случај кога преминува на некоја поскапа.
Две џиновски подводни пирамиди направени од дебело стакло, се пронајдени во центарот на Бермудскиот триаголник. Океанографот нагласи дека технологијата е непозната за модерната наука и дека е дизајнирана на таков начин да пирамидите стојат под водата.
Овие чудни градежни објекти на длабочина од 2000 метри се идентификувани со помош на сонари и океанографот доктор Мејер Ферлаг. Војската ги сопре сите понатамошни истражувања.
Мејер верува дека со откривањето на тајните чудни пирамиди во центарот на триаголникот може да се расветлат сите случаи на мистериозни исчезнувања на бродовите и авионите поврзани со Бермудскиот триаголник.
Прашањето на кое никој нема одговор е како тие пирамиди биле направени и со кое орудие, на дури 2 километри под водата. Засега ниту испитувањата не можат да се извршат поради недостиг на техника и машини за истражување на таа длабочина.
Овие вести биле сензационални и продискутирани на конференцијата во Флорида. Новинарите тогаш имале огромни слики и компјутерски податоци од висока резолуција, кои покажуваат тридимензионални пирамиди како совршено се глатки, без никакви алги или пукнатини.
Имало повеќе извештаи за овие пирамиди. Американскиот океанографи во 1990-те години откриле подводни пирамиди кои биле лоцирани точно во центарот на Бермудскиот триаголник. Научниците ги анализирале сите податоци и заклучиле дека површината е совршено рамна, и дека не е можно да се од лед или стакло. Пирамидите биле три пати поголеми од Кеопсовата пирамида.
Се наметнува прашањето зошто целиот случај е затворен. Случајот го превземаа воените структури, а сите податоци биле блокирани, а понатамошните истражувања се под голема строга воена тајна.
Нејзината четириаголна база е долга 300, а широка 200 метри, а врвот достигнува околу 200 метри. На врвот се наоѓаат две огромни дупки, а низ една од нив водата минува со голема брзина и така се создава подводен бран, кој предизвикува голем вртлог.
Поради него на површината на водата се формира магла и бранови кои се повлекуваат на дното. Токму поради тоа истражувачите на Бермудскиот триаголник веруваат дека тоа може да биде една од причините на мистериозното исчезнување на се што таму ќе се најде.
На тивок оган ставете го млекото во сад и варете го. Полека додадете ја палентата додека не добиете хомогена смеса. Смалете го оганот и мешајте околу 5 минути. Додајте го сирењето и солта. Мешајте додека сите грутки не се растопат и смесата не се изедначи, па ставете ја во тава која претходно сте ја намачкале со зејтинот. Оставете ја да отстои 20 минути, па ставете ја во фрижидер еден час. Потоа извадете го тавчето, и почнете да сечете во форма на компирчиња. Ставете масло во тава и пржете ги од двете страни околу две минути.