Според една руска бајка, кога се родил Христос, една ѕвезда на небото ги водела мудреците од исток, покажувајќи им го патот до пештерата во која се наоѓала Богородица со Христос. Над пештерата во која е роден Христос растеле три дрвја – бор, кедар и елка.
Над нив се послала светлината кога се родил Христос, па посакале и тие нешто да подарат. Кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале иглички преполни со преубав мирис. Борот ги подарил најубавите шишарки. А елката почнала да плаче, бидејќи немала ниту шишарки, ниту мирслива арома. Солзите на елката ги видела ѕвездата и се сожалила.
Поради нејзината голема желба и таа да го дарува раѓањето на Христос, не дозволила таа да остане тажна во ноќта. И пратила една мала ѕвезда која се нашла на врвот од елката. Тогаш ѕвездата силно засветила и поклонувајќи се длабоко, ја спуштила ѕвездата пред пештерата каде што лежел Христос. Затоа денес на врвот на новогодишната елка се става ѕвезда, како знак на љубов кон Христос.
Започнаја како млад локален бенд, со желба и планови да направат многу. Денес после 6 години тие се нашите локални рок херои. Златко Карчески, Илија Мирчески, Јане Петкоски и Крсте Карчески или ТHE HOUNDS, се одличниот спој кој ја крева публиката на нозе, каде и да настапуваат. Препознатилива енергија и неуморност се главните карактеристики на нивниот бенд, широка листа на композиции што ги изведуваат, како и свои дела кои не заостануваат. Чекавме на нивното интервју, не затоа што не сакаат соработки, туку затоа што не можат да се добијат. Дечките се презафатени, настапуваат низ целата држава и секаде оставаат голем жар на сцената.
Здраво дечки и добредојдовте на страниците на маркукуле.мк !
Се сеќавам на вашите први настапи пред 6 години, беше тоа во ноќниот клуб The End. Коментарите уште во тоа време беа позитивни од сите кои ве следеа. Уште тогаш се знаеше дека ќе прерасните во врвен бенд и ќе имате богата агенда во иднина. За почеток кажете им на нашите читатели како дојде до ова име на бендот и што значи, kако се формира бендот, чија беше иницијативата и кои беа првичните планови на бендот?
Пред 6 ипол години сите членувавме во 3 различни бендови кои функционираа на локално ниво. Музиката ни е професионална определба на сите. Почувствувавме дека е време за бенд со поинаква идеологија од тогашниот мејнстрим. Се погоди муабетот, се собра екипата, ја нарековме ‘TheHounds’.
Настапите на The Hounds се навистина бучни, полни со публика и многу скокање. Како успевате да предизвикате таква атмосвера и на што се должи тоа?
Чиста среќа. Обично ние дома лежиме по цел ден, си ги средуваме мислите, и доаѓа четврток, заминуваме на свирење и спонтано се случува магијата, народ скока, ние бучиме, знаете, има љубов.. Хаха.. Не, зафрканција на страна, успехот се случува само со работа, а и нормално мора да го сакаш тоа што го работиш. Мило ни е што имаме публика која не разбира и која ја сака нашата музика. Преблагодарни сме, ќе продолжиме да сме искрени со нив, никогаш нема да се штедиме, безрезервно ќе ја даваме целата енергија и љубов што ја поседуваме!
Имате настапувано во скоро сите прилепски локали, кога почнавте да настапувате надвор од градот и на кои се места можеме да уживаме во вашата музика низ Македонија?
Иако сме од Прилеп, тоа не е местото каде што свириме најчесто. Свириме секогаш и секаде. Имаме база на фанови и пријатели низ цела Македонија, горди сме на тоа.
Што до сега имаат The Hounds како свој производ и на што работат моментално?
До сега имаме издадено 8 синглови и 5 спота. Моментално се работи на последните 2 песни од албумот.
Дали можеме да очекуваме интернационална кариера oд Тhe Hounds, дали имате такви контакти за во блиска иднина?
Можете 😀
Соработката со Леа навистина претставува еден одличен спој, секоја чест. Како дојде до овој контакт и дали би се случиле и нови заеднички хитови во нареден период?
Благодариме. Имаме кажано и во претходна прилика, ‘Насмевка’ со Леа ни се случи исто како и ‘Да дишеме слободно’ – сосема спонтано и природно. Ги сакаме соработките со неа, дифинитивно ќе има уште многу заедничка музика.
Што би му порачале на читателите на маркукуле и на вашите секогаш присутни фанови, поддржувачи и хејтери?
На вашите читатели им порачуваме, а вам ви посакуваме да продолжат да ве читаат. На фановите поддржувачите и хејтерите им се заблагодаруваме, им посакуваме да размислуваат со своја глава и цврсто да стојат на својот став. Продолжуваме да ги слушаме сите, и позитивни и негативни коментари, подеднакво се важни и стимулативно делуваат на нас.
Редакцијата на маркукуле.мк ви е благодарна за одвоеното време и ви посакува преполни настапи, многу издадени песни и соработки во иднина и да остарите заедно на сцената.
Ви благодариме на вниманието, ви посакуваме успешна работа во иднина.
Тешко дека постои работа која се себе не носи одредена количина на стрес, со оглед на одговорноста.
Сепак, додека поголемиот дел од луѓето мака мачат со секојдневниот стрес ко го имаат на работа и крајните рокови им создаваат уште поголеми проблеми, има и такви кои на работа одат со насмеано лице.
Ова се некои од најмалку стресните професии:
1.Аудиолог – Аудиолог е субспецијалист оториноларинголог кој се бави со аудиологија. Аудиолог поставува дијагноза и решава здравствени проблеми врзано со слухот.
2.Фризер – Освен ако не се најде некој незадоволен или клиент кој многу пребарува, работата на фризерот не би требало да предизвикува премногу стрес.
3.Златар – Произведува и поправа прстени, алки, гердани и останат накит изграден од благодарен материјал. Ова е многу мирна професија.
4.Професор на факултет – Покрај тоа што ги учи студентите во различни академски и стручни предмети, работи и на истражување и објавување на научни трудови и книги.
5.Кројач – Оваа работа вклучува шиење и разни други ситни и крупни поправки на облека како и во многу слични професии не би требало да предизвикува премногу стрес.
6.Медицински техничар за податоци – Ја одржува медицинската документација за примена на докторите, наплатува трошоци и статистички истражувања-
7.Библиотекар – Води евиденција за позајмени книги, помага на читателите во пронаоѓање на бараната книга и слично.
8.Мултимедиски уметник – Креира анимации и визуелни ефекти за ТВ емисии, филмови, видео игри и други медии.
Ова е најстариот рецепт за топла чоколада, што просто ќе го обожавате.
Состојки:
30 грама црна чоколада
1 лажица какао
2 децилитри млеко
30 шеќер
Прстофат сол
Подготовка:
Подгответе го така што во мало тенџере ќе промешате чоколада, како, 1 децилитар млеко и мешајте на тивок оган додека чоколадата да се стопи. Додадете го остатокот од млекото и сол и продолжете да мешате.
Додадете шеќер, а кога чоколадата ќе стане густа ставете ја во филџан. По желба топлата чоколада можете да ја декорирате со шлаг.
На 06.12.2015 во Прилеп спортска сала на СОУ ”Ристе Ристески Ричко” – Прилеп, се одржа Турнир во џудо „Карпалак -2015“ во организација на Џудо Клубот Прилеп.
На Турнирот учество зедоа 7 клубови од Македонија со околу 70 натпреварувачи.
Џудо Клубот „СЕИШИН“- Прилеп настапи со 15 натпреварувачи-ки а освоени се исто толку медали (10 златни, 5 сребрени).
Резултати поединечно:
Помлади Пионери:
1. Даријан Мицкоски кат. -34 кг. 2 -ро место
2. Георгиј Магдески кат. -42 кг. 2-ро место
3. Димитри Џокоски кат. -46 кг. 2-ро место
4. Андреј Сотироски кат. -55 кг. 2-ро место
5. Давид Везенкоски кат. -66 кг. 1-во место
Пионери:
1. Марко Тодорчески кат. -38 кг. 1-во место
2. Кристијан Тошески кат. -66 кг. 2-ро место
3. Јован Најдоски кат. +73 кг. 1-во место
Кадети:
1. Мартин Тодорчески кат. -60 кг. 1-во место
2. Марио Тошески кат. -66 кг. 1-во место
3. Диме Ивчески кат. -73 кг. 1-во место
4. Михаил Конески кат. -90 кг. 1-во место
Кадетки:
1. Александра Најдовска кат. +70 кг 1-во место
Јуниори:
1. Александар Апостолоски кат. -66 кг 1-во место
2. Александар Петрески кат. -73 кг. 1-во место
Стручниот штаб на Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп е задоволен со постигнатитете резултати. До крајот на натпреварувачката сезона не очекува одржувањето на Екипното државно првенство на Македонија за сениори-ки кое исто така ќе се одржи во Прилеп во организација на Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп на 13.12.2015 недела во Спортската сала на СОУ” Ристе Ристески Ричко” со почеток во 10,30 часот.
Магловито време денес ја зафати Пелагонија. На фотографиите имате можност да уживате во одлични пејсажи доловени од месноста Тапанче или крстот на Маркови Кули. Глетката беше неверојатна.
Покрај милионите успеси и унапредувања на себеси, финансиската стабилност и индивидуалниот интегритет, вечната потрага по совршенство, кариера, врвни подеми, на крајот од денот сè се сведува на првата и последна, една и единствена вредност која човек може да ја постигне како човек.
Да има љубов, да има блискост, да има топлина. Да има семејство. Тогаш знае дека ја достигнал есенцијалната поента на постоењето…
Да се има семејство значи дека никогаш нема да бидеш осамен.
Колку и да изгледаат клише семејните вечери, запомни дека некој нема семејство, некој нема ни што да јаде.
Семејството е она што те прави среќен.
Домот е она што те прави спокоен. А, домот е целосен само кога семејството е цело.
Семејството се оние луѓе кои никогаш нема да ја изневерат твојата доверба.
Оние кои секогаш те поддржуваат.
Оние кои веруваат во тебе.
Оние кои прославуваат со тебе.
И плачат кога и ти плачеш.
Семејството е она нешто кое секогаш ти го стоплува срцето.
Ти предизвикува насмевка.
И никогаш не се жали дека си можел да добиеш подобро семејство.