дома блог страница 5504

Малиот голем херој: До смрт ја бранел сестрата од манијак

Храбро шестгодишно момче го даде својот живот за да ја спаси својата сестра од сексуален напаѓач кој провалил во нивниот дом.

9

 

Доминик Андујар слушнал дека неговата сестра Амбер бара помош, па истрчал да и помогне, но тогаш напаѓачот се фрлил на него и го убил. Двете деца имале пресечено грло, но само Амбер успеа да преживее. Таа истрчала на улица и побарала помош.

Полицијата го фатила напаѓачот Освалдо Ривера и е осуден на 110 години затвор.

Кога се случил нападот, мајката Деби била во болница поради операција, па децата биле кај нејзината сестра.

Амбер тој ден го славела 12 роденден. Спиела на каучот кога Ривера провалил во куќата. Тој зел нож и ја држел за грлото додека ја злоупотребувал. Тогаш дотрчал Доменик кој го турнал да ја спаси својата сестра, а додека се борел со напаѓачот, Амбер успеала да се ослободи. Меѓутоа, додека да дојде полицијата, детенцето веќе умрело.

ФОТО: Кошаркарите не се сами во Загреб, ја имаат поддршката од „Фалангата“

Кошаркарите на Македонија на мечот со Грција ја имаат поддршката од фановите.

„Црвено-жолтата“ боја на трибините на „Арена Загреб“ очекуано доминира. Македонските фанови се побројни и ги бодрат нашите кошаркари на мечот со Грција. Имаат солидна поддршка од трибините нашите кошаркари, а се надеваме дека така ќе биде и на следните мечеви.

Утре, со почеток во 15 часот Македонија го игра најважниот меч против Холандија, која денеска направи изненадување и ја совлада Грузија со 73:72.

1

2

3

4

 

ФОТО: Има јазик долг 10 сантиметри – може да си го лизне окото

5

Едриен Луис има 18 години и држи неверојатен светски рекорд – нејзиниот јазик е долг цели 10 сантиметри!

Неверојатно, но до некаде и грозно, но таа со својот јазик може да си го лизне и окото.

6

 

Моменталниот рекорд за најдолг јазик го држи Ник Стоберл, а неговиот јазик е долг 9,9 сантиметри.

Јазикот на Едриен е долг точно 10,16 сантиметри, па по потврда од тимот таа може да се најде во Гинисовата книга на рекорди.

ОН бара бегалците да бидат распределени во ЕУ преку задолжителни квоти

Високиот комесар за бегалци при ОН Антонио Гутериш денеска повика 200 илјади мигранти да бидат распределени меѓу земјите членки на Европската унија преку задолжителните квоти. Според него учеството на оваа програма треба да е задолжително за сите земји од заедницата, пренесе МИА.

3

 

Лицата кои бараат заштита треба да бидат вклучени во масовната програма за утврдување на новото место со задолжително учество на сите земји членки на ЕУ. Според првичните оценки станува збор за околу 200 илјади лица, посочи Гутериш.

– Европа денес се соочува со најголемиот притисок на бегалци во последната декада. Ситуација која бара масовни заеднички напори, невозможно да биде изведена со сегашниот фрагментиран пристап од страна на ЕУ, истакна Гутериш.

Според неговите податоци од почетокот на годината 300 илјади лица го минале Средоземното Море, а над 2.600 загинале за време на патувањето.

– Случајот е пред се, бегалска криза а не само миграциски феномен, затоа што повеќето кои пристигнуваат во Грција доаѓаат од земји каде се војува како што се Сирија, Ирак и Авганистан, рече тој.

Според Гутериш единствен начин да се реши проблемот е да се разработи заедничка стратегија врз основа на одговорност, солидарност и доверба која предвидува итни и храбри мерки за стабилизирање на ситуацијата.

– ЕУ треба да е подготвена, во согласност и поддршка на засегнатите влади, посебно на Грција, Унгарија и Италија да овозможи примање и итно регистрирање на оние кои пристигнуваат, рече Гутериш. Тој потенцираше дека мигрантите кои немаат основа да останат во Европа треба да бидат вратени во нивните земји.

Објавен конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2016

2

Министерството за култура ги објави Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2016 година, по одделни области и за одделни активности од културата.

Министерството за култура соопшти дека во конкурсите се содржани условите за учество, како и критериумите и мерилата по одделни дејности според кои стручните комисии ќе вршат евалуација на пристигнатите проекти. Годишните конкурси траат 45 дена од денот на објавувањето.

Согласно измените и дополнувањата на Законот за културата објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/14, Годишните конкурси од минатата година, наместо во мај, се објавуваат во септември.

Специјална едиција со копии од документи по повод Денот на независноста

По повод Денот на независноста на Република Македонија – „8 Септември“, Државниот архив публикува серија копии од репрезентативни документи од македонското културно наследство.

1

 

– Од богатата ризница на архивски материјал избрани се: фрагмент од Евангелието на Лука од 12. век, Решението за прогласување на Илинден – 2 август за народен празник на Македонија од 1944 г., Решението од АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во Македонија од 1944 г., Законот за името на Народната Република Македонија од 1946 г. и Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава од 1991 година, соопшти денеска Државиот архив на РМ.

Ексклузивната серија, изработена на „фабијано“ хартија, е прва едиција од овој вид наменета за промовирање на македонската историја во земјава и во странство. Сите заинтересирани ќе можат да ги набават овие ексклузивни копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија, се вели во соопштението.

Шефот на политичко-економската секција при амбасадата на САД во РМ во посета на општина Прилеп

1111

Шефот на политичко-економската секција при амбасадата на САД во Република Македонија, денеска ја посети Општина Прилеп и оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески. Ова е нивна прва посета на општината и градот. На денешната средба стана збор за тековните проекти, активности и настани, а гостите беа запознаени и со проектите кои треба да бидат реализирани во иднина.

За прв пат трите населени места Мало и Големо Коњари и Канатларци ќе добијат канализационен систем

3

Градоначалникот Ристески ги посети овие населени места каде во тек се активностите околу доизградбата на канализационите мрежи.
Во Мало Коњари комплетно е изградена примарната канализациона мрежа. Градоначалникот Ристески истакна дека со дополнителни 120 илјади евра средства од ИПА програмата ќе се работи на секундарната мрежа а ќе се направи и пречистителна и препумпна станица.
Исто така во фаза на изградба е канализациона мрежа и пречистителната станица во населеното места Големо Коњари за чија изведба обезбедени се 260 илјади евра од Министерството за транспорт и врски. Планирано е во ова населено место оваа година да биде асфалтирана и една од најфрекфентните улици „Албанија“, изградба на плоштад и отворање на нова градинка, истакна во својата изјава градоначалникот Ристески.
Во тек се градежните активности околу изградба на канализациона мрежа и во населеното место Канатларци каде еднаш засекогаш ќе се реши проблемот со одведување на фекалните води.
Градоначалникот Ристески истакна дека Општина Прилеп посветено работи на изработка на проекти за изградба на канализација со кои би аплицирала за добивање на средства од расположливите фондови и за останатите населени места.

[Best_Wordpress_Gallery id=”29″ gal_title=”Неколку населени места ќе добијат канализација”]

Евробаскет 2015 со најмногу НБА играчи во историјата

4

Евробаскетот во четири држави почнува овој викенд, а на ова натпреварување ќе бидат срушени многу рекорди.

Ова ќе биде 40-издание на најголемото натпреварување на стариот континент, а интересно е што на овој Евробаскет ќе играат најголем број на НБА играчи во историјата.

Во Хрватска, Германија, Франција и Летонија ќе има вкупно 28 играчи кои играат во најсилната кошаркарска лига во светот, односно еден повеќе од пред две години во Словенија.

Франција има најмногу, поточно седум, следуваат Германија, Хрватска, Грција и Италија со по тројца НБА играчи. Клубови кои имаат најмногу играчи на Евробаскет 2015 се Сакраменто и Денвер по три.

Македонија се наоѓа во Група Ц, заедно со селекциите на Хрватска, Грција, Холандија, Словенија и Грузија, а првиот меч нашите кошаркари го играат во сабота против нашиот јужен сосед со почеток во 18:00 часот.

Градоначалникот Марјан Ристески во посета на семејствата со социјален ризик

5599-gradonacalnikot-marjan-risteski-vo-poseta-na-semejstvata-so-socijalen-rizik-960x600-15

Градоначалникот Марјан Ристески денеска посети повеќе семејства во градот и населените места кои се со социјален ризик по повод почетокот на учебната година. Градоначалникот на децата им подари училишни ранци полни со училишен прибор, а воедно им посака и многу здравје и успеси во новата учебна година. Исто така посочи и дека Локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции во образованието и подобрување на образовната инфраструктура.

[Best_Wordpress_Gallery id=”26″ gal_title=”Градоначалникот Марјан Ристески во посета на семејствата со социјален ризик”]