Градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески им подели пакетчиња на најмладите ученици во населените мста и тоа во : ОУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари, ОУ „Круме Волнароски“ и градинката во н.м Тополчани, ОУ „Кирил и Методиј“ во н.м Канатларци, а беа поделени и пакетчињата за децата во ОУ „Климент Охридски“.
„Денеска дојдовме да им ја честитаме Новата година на дечињата, да им посакаме многу здравје, среќа и успех во учењето, посочи градоначалникот.
Градоначалникот Ристески исто така им ја честита Новата Година и ги повика децата со своите родители да бидат присутни на градскиот плоштад и сите заедно да ја дочекаме Новата 2016-та.
Денеска во просториите на локалната самоуправа градоначалникот Марјан Ристески заедно со Дедо Мраз, поделија и новогодишни пакетчиња за децата на прилепските бранители.
Новогодишни пакетчиња за децата
Д-р ГОЦЕ ИНГИЛИЗОВ, НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФК ПОБЕДА
Денеска во клубските простории на фудбалскиот клуб Победа од Прилеп беше направена измена на претседателската функција. На местото на довчерашниот претседател Горан Хаџи- Ристески, беше именувам д-р Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје Прилеп.
Д-р Ингилизов беспрекорно ја застапува институцијата која ја раководи, располага со одлични менаџерски и раководителски способности. Познавајќи го сето тоа, како и неговиот начин на рационално одлучување, веруваме дека ова ќе значи нов подем на прилепска Победа, и ќе донесе брзо и ефикасно искачување на клубот.
Од клубот добиваме информации дека се разгледувале можностите за нови засилувања, како и за тоа дека се оценувале состојбите и играчкиот кадар со кој моментално се располага.
Комфи Ангел – Дени Мебел 1:2, распоред на натпревари среда 23.12.2015г.
Светиниколскиот турнир во мал фудбал е во полн ек. Во дербито во групата А, синоќа се сретнаја екипите на Комфи Ангел и Дени Мебел. Арената Сонце беше скоро исполнета, се уживаше и се гледаше одличен фудбал.
Двете екипи одиграја еден силен натпревар со малку постигнати голови, но со многу шанси и одлични проигрувања. Екипите кои се и фаворити за освојување на турнирот, имаа свои моменти на игра, но екипата на Дени Мебел беше таа која се израдува на крајните 2:1 во нивна корист.
Ова беше натпревар од второто коло во групата А. Екипата на Дени Мебел уште денес ќе одигра нов натпревар со Црна Река, а фудбалерите на Комфи Ангел ќе се сретнат со екипата на Теа Андреjа во четврток. Веруваме дека и Комфи Ангел и Дени Мебел ќе ги оправдаат фаворитските улоги и ќе ја поминат групата.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ЗА СРЕДА 23.12.2015
17.30 КАБЕЛНЕТ-ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ
18.20 РЕВИЈАЛНА ВЕТЕРАНИ ПРИЛЕП-ШТИП
19.00 ЦРНА РЕКА-ДЕНИ МЕБЕЛ
19.50 ПОРТАЛ БИТОЛА-ПИТУ ГУЛИ
20.40 МИТЕ ТРАНС-СТП,, АВТОКОНТРОЛ,,
Излезе најновата месечна прогноза: Снегот доаѓа многу брзо
Излезе најновата месечна прогноза од Американскиот институт за атмосфера и океани – NOAA која ги разгледува климатолошките изгледи за месец јануари. Од истата вкупните изгледи за првиот месец од 2016 не се баш сјајни во однос на очекувањата за вистинска зима, пренесува специјализираниот портал за временска прогноза, MeteoPro
Oд картата на температурна аномалија, може да се види дека очекувањата на овој климатолошко – прогностички модел се во насока на натпросечно топлол јануари, особено на северниот дел од Балкан, и тоа за околу 2 – 3°С над просекот. Јужниот регион исто така се очекува да биде над просечно топол, но за околу 1°С до 2°С.
Кај врнежите исто така се очекува дефицит во однос на просекот. Засега овој дефицит е прогнозиран да биде околу 0,5 литри на метар квадратен на ден.
Во однос пак на моделите кои обработуваат дневни прогнози, се очекува почеток на врнежите во јануари и тоа во првата половина. Засега има добри, прелиминарни, изгледи за снег на планините во периодот од 2ри до 5ти јануари, со можност снежната висинска граница да се спушти и под 400 метри.
Тајните на едена цела милениумска епоха, сместени во манастирот во село Слепче

Западните делови на Македонија се инспиративни во секој поглед. Овие живописни краишта кријат многу убавини, многу монументални зданија, многу историја и приказни.
Особено Демирхисарскиот регион има што да понуди во поглед на манастирскиот и црковниот туризам. Слепче се наоѓа западно од Демир Хисар, а десно од патот Кичево-Демир Хисар.
Манастирот во село Слепче „Свети Јован Претеча“, е 1000 годишна историја, сместена на едно место. Ова светилиште крие толку тајни, толку историја, што и една книга да се напише би била малку за да се раскажи за сите бурни настани поврзани со него.
Oвој манастир е едно од најстарите и најзначајните светилишта во Република Македонија, сместен на 3 километри од селото Слепче, стои, сведочи и повикува секој да го посети, да се оддалечи од градската гужва и да ужива за миг во недопрена природа, планинска вода и рај за очи.
Според старите легенди, манастирот го изградил Цар Самуил после битката кај Беласица во 1014 година. Се верува дека дел од ослепената самуилова војска на патот до Охрид, поминала низ Демирхисарско, а дел од нив се здомиле во манастирот, па поради тоа истиот е наречен Слепченски, додека пак ридот кој се издига во непосредна близина на манастирот го нарекле Самуилов рид.
Манастирот претрпел повеќе пустошења, палења, но и ден денес постои, плени со убавината на градба, прекрасните конаци, зеленилото. Овде било местото каде што често престојувале и војводите Никола Карев и Јордан Пиперката, овде говори секој камен, секоја ледина, секој ѕид, секој агол.
Во манастирските визби постојат мистични тунели кои воделе до таен излез директно во блиската шума. Но за несреќа тој излез е изгубен со невнимание при пробивањето на патот до манастирот.
Посетете го ова волшебно место, помолете се и пренесете ја бајката.
Подготви: Александар Георгиоски
ФОТО – Даниел Бошкоски
[Best_Wordpress_Gallery id=”104″ gal_title=”sSlepce_23122015″]
Меморандум за соработка помеѓу Комфи Ангел и Економски факултет
По повод 55 годишнината од економскиот факултет во Прилеп и после долгогодишната соработка со истиот, компанијата Д.О.О Комфи Ангел официјално ја потврди оваа соработка со потпишување на меморандум за соработка со факултетот.
Содржината на меморандумот е со цел факултетот и понатаму да произведува квалитетен кадар за потребите на Д.О.О Комфи Ангел, а нашата компанија несебично да им овозможи практична работа на студентите и стипендирање на постоечката структура на вработените од компанијата за нивно надоградување за магистарски или докторски науки.
Ја користиме оваа прилика да се заблагодариме на Економскиот факултет за произведувањето на кадри кои што се дел од нашата компанија, имено 30% од топ менаџментот и 30% од вкупната административна сила. Тоа се кадри кои што успешно ја трасираат визијата на компанијата.
„Ден на желби“ по повод патрониот празник на ООУ Кочо Рацин – Прилеп
Во склоп на повеќето активности кои ги имаше училиштето по повод патрониот празник, беше и нешто несекојдневно. Во склоп на проектот за Меѓуетничка интеграција на Министерството за образование и наука, повеќе од 500 балони со хелиум беа пуштени во атмосферата на кои беа испишани пораки на разни јазици (Македонски, Англиски, Германски, Француски, Албански, Српски, Турски, Ромски и тн) со надеж дека нашите желби за мир, љубов, благосостојба, дружење на сите деца и возрасни ќе стигнат далеку и ќе бидат исполнети…
ООУ Кочо Рацин – Прилеп оваа година навршува 61 година од своето постоење и по тој повод беа положени букети со свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто и Могилата на непобедените.

Исто така беше одржана Свечена академија на која беа доделени благодарници на учениците и нивните ментори – наставници кои во изминантата година освоија Прво, Второ и Трето место на Општинските, Регионалните и Државните натпревари.
[Best_Wordpress_Gallery id=”105″ gal_title=”Ден на желби”]
ИТНО СООПШТЕНИЕ!!!
Се известуваат сите корисници на Јавниот Градски Превоз, поради изведување на градежни активности на дел од улица 11-ти Октомври и тоа од кружниот тек кај Солидност до кружниот тек кај О.О.У. “Гоце Делчев”, во деновите:
Од четврток (24.12.2015) до недела (27.12.2015), автобусите на Јавниот Градски Превоз ќе сообрајќаат по следниот распоред:
Линија 1 во двата правци ќе поминува пред стадион наместо пред болница, со тоа што се прескокнува постојката пред микробиологија и пред болница.
Линија 2 од Рид кон Факултет ќе оди преку Болница, по Ул. 5та Прилепска, кај Бонита потоа по редовната релација до Факултет. Линија 2 од Факултет кон Рид ќе поминува пред стадион, по Мирче Ацев па продолжува по редовната релација, со тоа што се прескокнуваат постојките пред микробиологија и пред болница.
Линија 3 во двата правци ќе поминува по Александар Македонски, со што се прескокнуваат постојките пред микробиологија и постојките по 5та Прилепска Бригада.
Ви благодариме на разбирањето .
Со почит
Јавен Градски Превоз
Страшни снимки од напади на животни: Некои едвај извлекле жива глава, а некои ја немале таа среќа!
Животните се наши пријатели, но некогаш луѓето претеруваат во своите егзибиции, особено кога се работи за диви животни.
Кога луѓето ќе се најдат во средина во која има диви животни и не се однесуваат во склад со тоа, се случуваат страшни работи.
Нападите од мечки и ајкули се најчести, а последиците воглавно фатални.
Во видеото подолу можете да видите некои од најстрашните напади на животни врз луѓе.
Снимката е со вознемирувачка содржина, не е препорачлива за лица со слабо срце:
Овој рецепт вреди богатство – спасете се од кашлицата, грипот и настинката
Зимата е период во кој неизбежни се настинките, кашлицата и грипот, но со овој едноставен лек слободно ќе може да уживате во зимските убавини без здравствени проблеми.
За овој лек потребна ви е жалфија и шолја млеко.
Во мал сад ставете 250 мл млеко и лажица сува жалфија, па оставете да зоврие. Потоа тргнете го садот на страна и во млекото додајте лажица путер. Покријте го садот и оставете го да постои 15 минути.
Потоа процедете ја течноста, додајте 1 кафена лажичка мед и 1 кафена лажичка куркума во прав (за деца ½ лажичка) и промешајте.
Високата ефективност на билката се содржи во етеричните масла во нејзините листови кои имаат антибактериски дејства. Исто така во составот имаат фосфорна киселина, витамин В, Б1, П и танин.
Испијте го топлото млеко половина час пред спиење, за најголема ефикасност.




















































