Денес во 19.00 часот во галеријата од ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата на слики ,,Емоционални записи,, од уметницата Силвана Атанасовска, со што Центарот ќе ја заокружи програмата на ликовен план за 2015 година.
Самотојната изложба на сликаркта Силвна Атанасовка насловена „Емоционални Записи“ нуди десет слики раборени масло на платно (85×85), а се создадени последнава година. Инспирација за создвање на делата авторката ги наоѓа во внатрешниот космос на човкот, најмногу во емоциите кои луѓето ги доживуваат и искажуваат во денешново, модерно време.
Нашите Прилепчанки не престануваат да не радуваат. На изборот за најдобри спортисти за 2015 година, Маријана, Мишела и Киријана, беа одбрани за најдобра женска екипа во македонскиот спорт за 2015 година. Девојките зад себе оваа година го имаат второто место на Светското првенство во Џакарта Индонезија и првото место на Балканскиот шампионат во Дубровник Хрватска. Повеќе од заслужено, девојките се закитија со овој оскар, кој им беше доделен од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.
Очекуваме уште многу и со сигурност веруваме во нив. Честитки !
Вчеравечер целиот регион беше во шок откако беше објавена лажна вест дека е убиена Цеца Ражнатовиќ но некој таквата гнасна лага не му беше доволна. Веднаш по оваа вест беше објавена и следната „спин информација“ на еден интернет портал кој има за цел да добива „кликови“ од читателите со шокантни наслови со кои ветува и видео снимка.
Меѓутоа, кога ќе се отвори веста веднаш е јасно дека станува за имама. Ситуацијата дополнително ја влоши лагата за извесен бизнисмен од Хрватска кој се нашол во центарот на лажната афера.
Исто така, порталот ургира да ја погледнете неговата Фејсбук страната на која може да го видите видеото што е уште еден очигледен доказ дека оние кој стојат зад целата работа немаат добри намери.
Значи, без грижа, Северина и Игор се добро и нивната љубов цути. А се додека постојат вакви портали кои се борат за што побројни „кликови“ сосема е веројатно дека константно ќе биде сведоци на бесрамното привлекување на вниманието.
Вчера започна чистењето на Крушевска река на делот кој поминува низ територијата на општина Кривогаштани. Општината ја реализира оваа активност со помош од Министерството за животна средина која на општината и додели 4000 литри нафта со што се започна чистењето на речното корито на Крушевска река согласно акциониот план за чистење на речни корита. Со ова значително ќе се намали ризикот од појава на поплава и излевање на водите од речното корито при обилни врнежи на дожд и снег, што беше случај оваа година при крајот на месец Јануари кога жителите на општина Кривогаштани претрпеа огромни штети.
Само две недели од почетокот на откупот, преземени се вкупно 5.168 тони тутун од годинашната реколта, а просечна цена е 185 денари по килограм или 65 денари повеќе од ланската за истиот период, соопшти денеска Министрството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 54,21 отсто или за родот од 2015 година, досега се исплатени 518.498.348 денари.
Откупот се врши на 186 ваги на 152 откупни места од страна на деветте откупувачи, без проблем и согласно договорите меѓу производителите и откупувачите.
Според првичните проценки, се очекува да бидат откупени околу 25.000 тони тутун.
Министерството за земјоделство, како што информира, пред откупот достави писмено известување до откупните компании за преземање одредени мерки кои ќе помогнат за поуспешен откуп на тутунот од родот во оваа година.
Популарната фолк-пејачка Сузана Гавазова деновиве се врати од Шведска во родната Македонија.
По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Гавазова ја активира својата кариера откако во месец јули стана мајка по вторпат и се посвети на мајчинството и семејниот живот во Шведска.
Деновиве таа е постојано во весело друштво со колегите од фолк-естрадата, кои ги снимаат настапите за телевизиските новогодишни емисии.
Сузе е препознатлива по својот провокативен изглед со нагласен сексапил, а пред само неколку дена таа објави новогодишна фотосесија покрај елка заедно со децата, повод за кој не заобиколи да носи жешки бели жартиери.
Она што не изненади е дека Гавазова за снимањето на една од празничните емисии, се појави облечена во едноставен црн колтел фустан кој не нагласи ниту еден дел од нејзиното тело.
Додека останатите нејзини колешки истакнаа се` на мегдан, Сузе направи невиден стилски куриозитет.
Мигрант од Сенегал освои добивка од 400.000 евра на шпанската божикна лотарија во Андалузија, каде повремено работел во стаклените градини, соопштија денеска локалните медиуми.
– Не можам да верувам, немав ни пет евра во џеб, вели возбудено 35-годишниот добитник Нгаме, кој живее во туристичкиот град Рокетас де Мар, а во моментов е без работа.
Тој објасни дека пред осум години дошол со сопругата на шпанскиот остров Тенерифе во импровизиран чамец, по што преминал во покраината Алмерија.
– Бевме 65 во тој чамец и овде сме благодарејќи на Шпанците кои не спасија откако бевме во вода по претрпениот бродолом, објаснува сречниот добитник.
Тој повремено работел во стаклените градини во Рокетас де Мар, но сега е без работа.
-Како што ветивме, така исполнуваме. Од 1 јануари се зголемува минималата плата. Ова е ветување кое го дадовме пред граѓаните, истакна премиерот Никола Груевски во гостувањето во вестите на Сител.
-Од 1.1.2016 ќе има зголемување од 9.590 на 10.080 денари на минималната плата во сите индустриски дејности како што е ветено, освен во текстилната и кожарската индустрија каде зголемувањето ќе биде од 8.050 на 9.000, одноносно речиси за 1.000 денари, посочи премиерот.
Нови булеверски улици, нови кружни текови, спортски сали, црковни објекти, и што уште не, најави градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, на традиционалните средби со граѓаните на урбаните заедници, кои се одржуваат секоја година пред новогодишните празници.
На овие средби присуствуваат директорите на јавните претпријатија, луѓе од општината и раководители. Целта на средбите е населението да се запознае со она што е сработено во општината за изминатата година, да се најави она што ќе се работи во наредната година, како и да им се овозможи на граѓаните да дадат свои сугестии, предлози, идеи кои би влегле во буџетот на општината и би им го олесниле секојдневниот живот. Изминатата година беше значително активна за општинските власти, донесе многу новини, се започнаја и реализираа проекти од витално значење за граѓаните.
Градоначалникот започна со она што е инвестирано до сега во индустриските зони во Прилеп, и тоа двете локални индустриски зони, Прилеп 1 и Прилеп 2, како и во технолошко индустриската зона Алинци.
Во индустриската зона Прилеп 1 продадени се сите парцели, и веќе никнуваат погони на локални компании, кои исто така ќе акумулираат повеќе стотини работни места. Таму е поствена водоводна мрежа, стујно поврзување и се гради асфалтна поврзаност. Општина Прилеп доби донација од 130 000 евра за уредување на оваа зона од Светска Банка.
Индустриската зона Прилеп 2 исто така е во распродажба и ќе започне да се гради инфраструктурно.
Сведоци бевме на влегувањето на една мултинационална компанија во името на американскиот Гентерм, која гради своја фабрика во технолошко индустриската зона Алинци и ќе вработи 2000 луѓе.
Исто така беше потенцирано дека во иднина ќе се гради и индустриска зона Прилеп 3, после средувањето на претходните две.
Она што е очигледно променето, на кое што и најголемите скептици и критичари молчат, е уредувањето на централното градско подрачје. Конечно Прилеп е современ, урбан град, место што вреди да се посети, да се прошета и ужива.
Во наредната година ќе се поплочи и современо ќе се уреди патеката од споменикот на Пеце Атанасоски до училиштето Кочо Рацин. Ќе се уредуваат улиците околу новиот трговски центар Прилеп Сити, кој исто така е во финална фаза на досредување.
Нови булеварски улици ќе никнат на два потези. Улицата 11 Октомври веќе го добива својот нов лик. Оваа улица ќе прерасне во авенија од потегот на кружниот тек кај Прилепско поле, до мостот Табана, каде исто така ќе биде извршено проширување на мостот и ќе се изгради голем кружен тек што ќе ги замени збунувачките семафори и ќе овозможи далеку полесен проток на сообраќајот.
Кружни текови ќе никнат и на раскрсницата кај студентскиот дом, како и на раскрсницата кај новата автобуска станица.
Вториот булевар ќе никне на улицата Димо Наредникот.
Во изминатиот период, Прилеп доби нов современ влез со четири ленти, од бензиската Лук Оил кон градот. Ист таков влез ќе се гради и кај клучката на влезот кај Хотел Салида.
Она на што Прилепчани се горди е секако изградбата на црквата Св. Петка во населбата Точила, храм на за кој несебично со организирање на донаторски средби и секаков вид на координација се вклучи и оштината. Храмот беше осветен оваа година и предаден на граѓаните.
Градоначалникот вети дека општината ќе помага и понатаму за уредување на дворното место. Тука треба да се спомне дека градот доби и 3 нови маалски цркви, од кои 2 се осветени, едната во населбата со типски куќи, Св. Константин и Елена, а другата во дворот на болницата, Св. Пантелејмон. Наскоро ќе се освети и црквата Св. Климент Охридски кај Паркот на Револуцијата. Вакви цркви ќе се градат уште во 2 населби во иднина, и тоа едната во Марино Маало, а другата во Жабино Маало, со што ќе им се овозможи на граѓаните кои се поодалечени од централните храмови, да имаат место каде ќе ги обавуваат своите религиозни потреби.
Со поддршка на министерството за култура се градат нови конаци во манастирот Св. Архангел Михаил во населбата Варош, изграден е патот до манастирот Трескавец, изграден е патот до манастирот во Зрзе, со сето ова Прилеп се издигнува високо на мапата за културен туризам. Идната година исто така започнува обновата на конаците во манастирот Трескавец, изработен е проектот, а денеска беше избран и изведувачот.
Градоначалникот Ристески е особено горд како што кажа на инвестициите во образованието. Основните и средните училишта во градот како никогаш до сега процветуваат, благодарение на 12 милиони евра, како што кажа, инвестиции во претходните години, соработката со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Изградени се веќе 3 спортски сали од страна на Владата, најавени се уште 4. Општината успева да изнајде инвеститори за изградба на балон сали во другите училишта, па така пред извесно време една таква сала беше подигната во основното училиште Блаже Конески, а веќе во завршна фаза е и таква сала во училиштето Гоце Делчев. Наскоро е најавена изградба на спортска сала и во основното училиште Кире Гаврилоски-Јане. Ваквите инвестиции ќе продолжат и во идната година, ќе се обновуваат фасади, столарија, подови, ентериер, дворни уредувања.
Коритото на Градска Река полека се средува, се собира отпадната вода во канализационен систем, благодарение на изградбата на пречистителната станица. Градоначалникот објави дека ќе се реновираат сите мостови на реката, и дека ќе се градат неколку пешачки мостови.
Општината Прилеп е лидер во проектот со легализација на дивоградбите, примени се околу 15 000 барања, од кои до сега се решени повеќе од 8 000 предмети и се издадени исто толку решенија за легализација.
Масовно се распродаваат и парцелите во новата населба Градина, која ќе претставува најурбанизирана населба во иднина. Веќе е започнато инфраструктурното уредување и поврзување на населбата, каде парцелите се продаваат во просек по 1,5 евра по метар квадратен.
Она што е исто така од револуционерно значење е и изготвувањето на новиот детален урбанистички план, кој е во завршна изработка, и со кој еднаш за секогаш ќе се знае што каде ќе се гради во наредните 20-30 години. Пракса во минатото било планот да се копира на неколку години и да поминува без никаква проверка. Оваа општинска администрација ќе го реши овој проблем, и со тоа ќе има испланирано места за згради, трговски центри, паркови површини, и што уште не.
Кај млечниот пазар исто така се гради нов трговски објект, мол, инвестиција на компанијата Тинекс, а се најавува уште еден трговски центар за кој интензивно се разговарало со потенцијалните инвеститори.
Најавени се и нови детски градинки. Една таква за брзо време ќе профункционира во Работничкиот Универзитет Пере Тошев, а ќе се реконструира и градинката во Тутунскиот комбинат. Детска градинка беше изградена и во населеното место Тополчани.
Градоначалникот Ристески најави и нови паркови во градот, партерни уредувања, тротоари, хортикултурни уредувања.
В година исто така ќе се изврши и целосно допокривање на пазарот.
Сето ова говори за одговорноста на локалната власт и висината на транспарентност кон граѓаните, за осовременувањето на еден град кој се движи по европските текови, да стане урбано, пријантно, топло, средено место за живеење.
Граѓаните на сите овие средби со аплаузи ги поздравуваја идните потези на општината, а на крајот се вклучувања со свои дискусии, со барања за решавање на проблеми, кои ги засегаат и кои ги имаат во нивните маалски средини.
Посакуваме ваквите состојби да се пресликаат и во другите општини низ државата, државата да се модернизира како што тоа се случува во нашиот град во изминатите 10 години.