дома блог страница 5502

Прашањата за екстерно ќе бидат објавени утре

Државниот испитен центар информира дека на 25 ти декември ќе бидат објавени прашањата за екстерното тестирање за учениците од завршните години на средното образование.

eksterno-testiranje

Објавениот базен со прашања ќе содржи повеќе од 85 000 прашања. Базата е освежена со 20% нови прашања.

Во следните две недели поточно до 08.01.2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно корегирани.

Со цел прочистување на базата и зголемување на квалитетот на прашањата ги повикувам сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата и заеднички да ги подобриме, се вели во соопштението.

Веб страницата на која може да ги видите прашањата и да оставате коментари е www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

Зошто украсуваме елка?

Во наредните векови, овој обичај се проширил низ цела Европа, а во Англија за прв пат во 1841-та година се појавила елката украсена со бомбони, хартиени цвеќиња, панделки и мали подароци. Најпрво украсувањето на дрвото било поврзано за највисоките слоеви во општеството, но многу брзо сите го прифатиле овој обичај. Доселениците од Германија овој обичај го претставиле на тлото на Америка, а Азија за новогодишната елка дознала од мисионерите.

ukrasuvanje-elka-1

Дури и во нехристијанските култури убаво декорираното дрво симболизира почеток на новата година. Но, се поставува прашањето зоште луѓето почнале да украсуваат елка за Божик и Нова Година?

Украсувањето на елката на оној начин  како што тоа го правиме денес за прв пат се појавило на територијата на Германија, каде во средниот век за Божик се украсувала елка со јаболки, а во западниот дел на денешна Германија дрвото се украсувало и со колачиња во различни облици и свеќи кои го симболизирале Исус Христос како вечна светлина.

Во наредните векови, овој обичај се проширил низ цела Европа, а во Англија за прв пат во 1841-та година се појавила елката украсена со бомбони, хартиени цвеќиња, панделки и мали подароци. Најпрво украсувањето на дрвото било поврзано за највисоките слоеви во општеството, но многу брзо сите го прифатиле овој обичај. Доселениците од Германија овој обичај го претставиле на тлото на Америка, а Азија за новогодишната елка дознала од мисионерите.

Сепак, постојат голем број теории за тоа од кој обичај потекнува украсувањето на елката. Најчесто се врзува за симболизмот на дрвото во обредите пред појавата на христијанството, посебно за приказната за Дабот на Јов, што било свето стебло според древното германско племе Хата. Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифициј, кој подоцна е прогласен за свеетец, во 723 или 724 година исекол едно од овие стебла за на паганите да им ја покаже супериорноста на христијанството над нивната религија – недостатокот на реакција од паганските богови би требало да им покаже дека треба да ја отфрлат својата религија и да го прифатат христијанството. Тој успеал во тоа и моментот што е опишан со оваа легенда обично се смета за клучен за покрстувањето на Германите.

Обожавањето на дрва било мошне често меѓу европските пагани и воглавно тоа го преживеало нивното прифаќање на новата религија.

Повторно тешка сообраќајна несреќа на Плетвар!

 

pletvar

Поради неприлагодена брзина или непочитување на сообраќајните знаци повторно во прашање е доведена безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Во јануари оглас за доделување на владини неповратни грантови за отворање на бизнис

И следната година продолжува владиниот проект за самовработување преку кој државата доделува неповратни средства во висина од 3.500 евра за отворање на бизниси и самовработување

aleksandar-gjorgjiev2-640x362

Целта на овој проект е да се ​​поддржат невработените лица во основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања. Проектот вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис-план и регистрирање на дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјали, и менторство во време на започнување на бизнисот.

-Во текот на 2016 за оваа мерка веројатно ќе бидат распишани два огласи од кој првиот ќе биде распишан веќе во текот на јануари, што претставува еден соодветен период во кој сите лица кои имаат идеја и интенција да ја искористат оваа извонредна можност за отворање на бизнис преку добивање на неповратни средтсва од страна на владата, да може да ги проучат можностите и да почнат да изготвуваат бизнис планови во кои ќе аплицират во рамки на огласот. Ова е соодветен период во кој сите лица кои не се на евиденцијата на АВРМ да се пријават и на тој начин да се стекнат со можност да ги користат можностите при аплицирањето на самиот оглас, истакнува владиниот портарол Александар Ѓорѓиев.

Во текот на 2016 година ќе бидат доделни неповратни грантови за отворање на 920 фирми, во кои ќе се обезбедат вработувања на 970 лица, од причина што во околу 50 од отворените фирми Владата ќе подржи со финансиски средства вработувања на по две лица. Најмалку 300 од овие фирми кои ќе бидат подржани со владини средства ќе бидат фирми кои ќе бидат основани од млади лица до 29 години кои се невработени и се наоѓаат на евиденцијата на АВРМ.

Она што е значајно е дека за лицата кои ќе отворат сопствен бизнис и ќе се самовработата(или во вториот случај ќе се самовработат и ќе вработат уште едно лице покрај нив) важат условите од проектот Македонија вработува со кој се ослободуваат од плаќање на социјални придонеси и персонален данок.

По објавата на огласот и аплицирањето на заинтересираните невработени лица, 1.500 од лицата кои аплицирале ќе стекнат право да добијат обука за претприемништво. Од нив 1.050 ќе бидат избрани за поддршка за изработка на бизнис план. 920 невработени лица кои доставиле најдобри бизнис планови ќе добијат помош при регистрација на сопствен бизнис и ќе добијат грант во форма на опрема и/или материјали за започнување на бизнисот.

За реализација на секое самовработување се предвидува поддршка со неповратни средства во висина на 201.600 денари, од кои 185.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали, додека останатите 16.600 денари служат за поддршка во вид на основна обука за претприемништво и водење бизнис во времетраење од најмалку 30 часа, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.

За лицата за коишто во процесот на аплицирање ќе се утврди дека преку оваа програма ќе формализираат постојан бизнис, ќе се организира 30 часовна обука за унапредување на претприемачките и менаџерски вештини. И за оваа група учесници, се предвидува поддршка со неповратни средства во висина на 201.600,00 денари од кои 185.000,00 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали, додека останатите 16.600,00 денари служат за обезбедување на горенаведената обука, ваучер за изработка на бизнис план и помош при регистрација на сопствениот бизнис.

Најуспешните 15 кандидати (од 900 селектирани за поддршка) кои ќе презентираат одржливи и иновативни бизнис-планови и согласно критериумите за евалуација се оценети за бизниси кои имаат најголем потенцијал за раст ќе добијат грант во вкупен износ од 257.000,00 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали.

Кандидатите кои ќе презентираат одржлив бизнис план, кој јасно укажува на потреба од вработување на најмалку две лица за успешно функционирање на бизнисот но и преку економски и финансиски параметри ја потврдува одржливоста на дополнителното вработување, имаат можност да аплицираат за грант кој ќе поддржи самовработување на основачот на фирмата и дополнително вработување за најмногу 1 лице. Во тој случај, средствата на вкупниот грант ќе изнесуваат 293.600,00 денари од што 201.600,00 денари за реализација на самовработувањето и отворање на бизнисот и 92.000,00 денари за дополнително вработено лице. Основачот на правниот субјект ќе има обврска да го задржи дополнително вработеното лице најмалку 12 месеци. Вкупниот број на бизниси што ќе бидат поддржани со грант за самовработување и дополнително вработувања ќе биде 50..

Доколку некој од најуспешните 15 кандидати со иновативни бизнис планови предвидуваат дополнителни вработување и при тоа од комисијата нивниот бизнис план е селектиран меѓу најуспешните 50 бизнис планови, на овие кориснци ќе им се одобри и дополнителен грант од 92.000,00 денари. Во тој случај, вкупната поддршка за набавка на опрема и/или материјали ќе изнесува 349.000 денари.

Програмата самовработување нема да поддржува основање на бизнис во земјоделска дејност – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани за нив, Трговија на големо и дистрибуција, Производство и дистрибуција на оружје, Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, Бизниси од областа на транспортот (такси превоз); Активности поврзани со недвижнини, Консултантски услуги, Приоритет за вклучување во Програмата ќе имаат невработените лица кои првпат аплицираат за користење на грант.

Кој го одржува калифатот, колкава е платата на џихадистите?

Познато дека Исламска држава мошне добро заработува од своите активности, но малку е познато колкава е платата на борците, кои се наоѓаат на нејзиниот платен список, пишува „Фајненшл тајмс“.

isis-droga-ubijci

Иако коалицијата, која е под водство на САД минатата недела го ликвидираше книговодителот на ИД, Абу Салах, најновите детали од истрагата за економската ситуација во ИД објавени во весникот покажуваат дека без копнени интервенции никој нема да може да ги спречи нејзините деловни комбинации од кои се финансираат илјадници екстремисти, кои се наоѓаат на нејзиниот платен список, пренесува МИА.

Еден разузнавач на коалицијата изјави дека ИД има доволно девизни резерви и постојани приходи за да продолжи со воените операции со исто темпо уште најмалку три години.

Врз основа на документите и интервјуата, објавени со неколку поранешни команданти на ИД и ирачки и сириски функционери, „Фајненшл тајмс“ направи проценка на финансиската ситуација во ИД.

Исламистите изминатата година најмногу заработија од грабежи и препродажба на нафта, која претставува главен извор за финансирање.

ИД заработува речиси 900 милиони долари годишно, а две третини од тие пари одат на воените активности. На странците, кои се приклучуваат кон калифатот годишно одат меѓу 200 до 250 милиони долари.

Околу 20 милиони долари секој месец се трошат на борци во првите редови на фронтот, за кои се претпоставува дека ги има околу 30 илјади, додека на локалните борци и различни други помошници се трошат меѓу 15 и 20 милиони. Сите тие заедно ја сочинуваат групата од 70 илјади борци, кои се наоѓаат на платниот список на ИД.

Според овој извештај ИД неделно само на муниција троши околу еден милион долари, додека на различни други воени активности оди најмалку уште еден милион. Од друга страна нафта имаат во неограничени количини целосно бесплатно.

Борците имаат фиксен дел од 150 долари месечно, на кои се додаваат бројни додатоци и бенефиции, како што се 200 долари за воен плен и бонус за жени и робинки. Во просек оваа сума достигнува до 800 долари.

Финансискиот систем на ИД е мошне централизиран со седиште во Мосул. Не постои електронски банкарски систем, така што не може да се има целосен и прецизен увид во финансиските активности.

Поранешни милитанти, кои побегнале од ова исламистичка творба, тврдат дека платите знаат да доцнат и по неколку месеци, а дека голем дел од бонусите никогаш не се исплаќаат.

Moто клубот “Sons of Thunder MC” организира настан, дружење со граѓаните

1212121

Sons of Thunder MC, моторџискиот клуб од Прилеп, во сабота 26.12.2015г., на плоштадот Александрија во центарот на градот, ќе одржат настан во форма на дружење со граѓаните и презентирање на мото културата пред нив.

Ќе има поставено штанд на кој ќе има топол чај за секој кој ќе присуствува и ќе се дружи со членовите на клубот, а на  најмладите посетители, членовите на клубот ќе им поделат подароци.

Ова е одлична можност за дружење со овие култни личности, луѓе кои уживаат во возењето и на кои виорот по асфалтот им е опсесија. Секако посетителите ќе имаат можност и да се фотографираат и да однесат вреден спомен со себе.

Инаку за оние кои не се запознати, клубот е формиран во октомври 2012 година, одделувајќи се од друг веќе постоечки клуб МC, во кој членуваа како огранок.

Бидете таму !

ВИДЕО: Како изгледа Дамаск по четири години војна?

damask-1-650x396

Населбата Џобар во Дамаск е еспицентар на најсилните воени дејствија во Сирија, а исламските бунтовници одбиваат да се откажат од контролата врз областа. Областа што некогаш била мошне густо населена сега е напуштена во целост, јавува „Раша Тудеј“.

Најголемиот дел од населението избегало од населбата што е под контрола на бунтовниците во источното предградие Гоута во Дамаск, а бробените дејствија речиси во целост ја разрушија населбата.

Пред конфликтот во Сирија што започна во 2011-тата, населбата имала околу 300.000 жители, а најголем дел од нив биле Сунити. Во предградието имало голем број културни одбележја, меѓу кои и Зелената Синагога, најстарата еврејска синагога во светот. Исто така, тука се наоѓа и Големата Џамија во Џобар, заедно со гробот на пророкот Елија. Во Џобар исто така има и повеќе стари бањи изградени во времето на Отоманите.

Сега ова предградие е само уште еден од спомениците за моменталните разорувања и страдањето на цивилното население за време на војната. Погледнете ја видео снимката.

ТWO OF A KIND, со прв музички сингл

12366367_531714990327561_8103031238282352644_n

Младата музичка група Two of a Kind, се наши дечки од Прилеп, кои функционираат од 2013 година заедно. Интересниот состав кој го имаат создадено Марио Ангелески (вокал) и Давид Јакимов (пијано), до сега изработуваше и изведуваше преработки на песни. Веќе излезе нивниот прв сингл насловен како Going crazy, чиј текст и музика се нивен личен производ, а продукцијата е на RickBeatZ од раперското дуо Tha Titanium. Се работи за интересна композиција која веруваме дека ќе ви се допадне и ќе ги привлече вашите симпатии за оваа музичка група. Ни кажаа уште, дека имаат напишано уште неколку песни, кои со нетрпение ќе ги очекуваме во блиска иднина.

2

Од нашиот веб портал ја имаат целосната поддршка во иднина, веруваме дека ќе прераснат во врвни музичари и дека ќе претставуваат одлично освежување на музичката сцена.

Сончево и релативно топло време

На повисоките места и во јужните делови од земјава сончево и релативно топло за овој период. По одделни котлини ќе биде магливо и претежно тивко со променлива видливост и посвежо. Кон крајот на денот ќе има појава на локална облачност и слаб ветер од северен правец.

soncevo-10-17068

Температурата ќе се движи од пет до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Кон крајот на денот ќе има појава на локална облачност и слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до шест степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла по котлините, особено во утринските и ноќните часови. Во петок ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер.

На Игор Џамбазов му се слошило, заврши во болница

222222222

Поради влошена здравствена состојба одложен е концертот на Игор Џамбазов, соопшти на социјалните мрежи неговата пријателка и колешка Весна Петрушевска. Џамбазов, ккао што пишува Петрушевска, утрово повторно бил хоспитализран во клиниката „Филип Втори“.

Концертот кој требаше да се одржи на 26 декември е презакажан за 14 февруари.

„Тој инсистираше да ја тера приказната до крај, но ние како негови другари и семејство (Тони Михајловски,Тамара Тодевска, Александра Јоревска, Аце Трендафил, Ботиљка, маестро тато Александар Џамбазов , сестра мила од Америка Тања Џамбазова, едвај го убедивме да се одложи концертот упорно повторувајќи дека младите бендови многу вежбале и ќе се разочарале …..за оние кои купиле карти ќе важат за наредниот датум (14.02.2016),како и тоа дека сите купени билети може да се вратат онлајн или во Југотон со фискална сметка во следните 10 дена .

ЏАМБО ФЕСТИВАЛ ќе се одржи ,битката против турбофолкот продолжува .Само Игор да ни е жив и здрав. Ве поздравува, живее за аплаузот кој вие му го давате безрезервно. Ви благодарам на разбирањето. Од името на Игор и неговото семејство, пријателите“ напиша Петрушевска.