дома блог страница 5500

Трета светска почнува во четврток – Лазански прислушувал разговори на НАТО офицери

lazanski

Мирослав Лазански, најистакнатиот воен аналитичар на овие екс-ју простори, соопшти дека сосема случајно открил кога ќе започне Трета светска војна?!

– Третата светска војна ќе почне многу брзо, токму во четврток – рече Лазански за руските медиуми, кои за тоа ја информираа својата и светската јавност.
Имено Лазански, како што рече, во фоајето на престижниот хотел во Виена налетал на високи офицери на НАТО.

Тие биле свратени со грб и не биле свесни дека ги прислушува најпознатиот воен аналитичар во Србија и во регионот.
Тој така случајно, присуствувал на важен, на неформален состанок на генералите на НАТО, кои, меѓу другото, зборувале за планот за започнување на Трета светска војна.
За жал, тој не слушнал се, но само клучниот фрагмент кој беше откриен на светската јавност, пренсува Tabu.
– Третата светска војна ќе почне во четврток, а знаете кој четврток – рече неименуван НАТО генерал, кој не навел кој четврток тоа ќе биде.
Сепак, благодарение на доброто прислушување, на она што тие го велат дека се зборува на другата маса, досега е најмногу прецизно предвидувања за почеток на Трета светска војна.
– По мојата книга – рече Лазански, – трета светска војна ќе се одложи или ќе се пресели во некој друг ден.

Новогодишен донаторски концерт на ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“

Синоќа во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ музичкото училиште Ордан Михајлоски – Оцка го одржа својот новогодишен донаторски концерт. На концертот беа присутни многумина гости, подржувачи на концертот, родители и љубители на убавиот музички тон. На градоначалникот Марјан Ристески и советникот за образование Марјан Матракоски им беа доделени плакети во знак на благодарност за поддршката која Општина Прилеп несебично му ја дава на ова училиште. Токму на овој концерт присутните имаа можност да ги слушнат учениците со своите претставувавања. Средствата собрани за овој концерт ке бидат искористени за купување на клавир, кој е од голема важност за ова музичко училиште.
На една прекрасно украсена сцена, во одличен новогодишен амбиент, учениците изведоја 26 точки од класичната и модерната музика.
Многу емоции и љубов предизвикаја точките на учениците кај присутните гости. Директорот Игор Николоски беше презадоволен од посетеноста и постигнатиот ефект.

[Best_Wordpress_Gallery id=”106″ gal_title=”MuzickoUciliste_NovogodisenKoncert”]

ФОТО: Нашиот Кристијан Воденски избран за најдобар борец на годината во Германија

2

Нашиот Кристијан Воденски е избран за најдобар е избран за најдобар борец за 2015 година во детската категорија во Германија. Ова признание доаѓа од изборот на специјализираната веб-страница за боречки вештини „ГФН” (German fight news).

Токму German fight news го избра 10-годишното Македонче Кристијан Воденски за „борец на годината за деца”. Успесите на сестраниот спортист што живее со семејството во Германија, а одбра да настапува за Македонија и покрај понудите да добие германски пасош, го привлекоа вниманието на новинарите од овој портал.

Во текстот посветен на наградата се вели дека чудото од дете во боречки вештини, Кристијан Воденски, е добитник на овогодишната титула “борец на годината на GFN за деца” и дека припаѓа на светската елита во неговата конкуренција.

33

Кристијан претходно доби плакета за успешната сезона во борење (грчко-римски стил), во која нема пораз во целото првенство, бранејќи ги боите на Гризхајм. Покрај споменатите титули во граплинг (бразилско џу-џицу), малиот Кико иma титули национален првак и во други боречки вештини, како кикбокс, таеквондо, а есенва почна да настапува и во бокс.

Концерт на новоформираниот хор “Света Петка”

hor sveta petka

Новоформираниот црковен хор, “Света Петка” кој постои само три месеци, в понеделник на 28 декември во киното Мис Стон во Прилеп, од 19:00 часот, ќе одржи предновогодишен концерт – Вечер посветена на Атанас Бадев.
На програмата се фрагменти од Божествената литургија на Атанас Бадев, делото Богородице Прилечно од Архангелски и композицијата Ангел Вопијаше од диригентот м-р Гоце Секулоски
Ова е прв предпромотивен настап на новоформираниот црковен хор. Ќе следат уште неколку други концерти пред официјалната промоција на пролет во 2016 година. Во хорот членуваат 19 лица од кои поголемиот дел се музичко образовани.

Рокот за легализација на дивоградбите продолжен до крајот на 2016 година

21212121

Рокот за легализација е продолжен до 31 декември 2016 година, посочија денеска градоначалникот Марјан Ристески и Илија Карески, раководител на одделението за урбанизам. Новото продолжување на рокот за легализација на дивоградбите по едно евро за метар квадратен важи за сите граѓани кои пропуштиле да поднесат барање, сега имаат нова шанса да го направат тоа до 31 март 2016-та, а геодетскиот елаборат да го достават до крајот на 2017 година.
„Прилеп останува лидер во целиот процес на легализација со 65 проценти решени случаи, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Од досегашните 15.367 барања за легализација, досега имаме решени 7.800 случаи. Во геодетските куќи има околу 1.000 изработени елаборати кои граѓаните треба да ги подигнат. Заедно со тоа, Прилеп стигнува до бројката од околу 9.000 решени предмети што е на задоволително ниво и останува лидер во земјава со решените случаи за легализација.

22222

ТУРЦИЈА Е СЛЕДНАТА СИРИЈА: Во Турција се заканува отворена граѓанска војна!

kurdi_ogan-30jfc13ivhu53ahekptg5c

100 Курдски жени и деца се убиени во југоисточниот дел на Турција во последните шест месеци, стои во извештајот на Хјуман Рајтс Воч во кој се додава дека бројката не е прецизна и дека може да биде и поголема. Жртвите биле убиени за време на специјална операција на безбедносните служби на Турција.

Тензиите помеѓу Турските авторитети и Курдската опозиција ескалираа во Јули по прекршениот договор за прекин на огнот помеѓу Турција и Курдите, како и по обвинувањата дека Анкара ги поддржува терористите од ИСИС. Потоа, Хјуман Рајтс Воч ја повика Турската влада да ги суспендира воените дејствија и да започне со потполна истрага, за обелоденување на вината за убиството на жени и деца.

Кани Ксулам, Курдски активист и директор во Американско Курдската информациона мрежа за Спутник изјавува дека Анкара никогаш нема да започне со целосна истрага за убиствата.

Тој тврди дека Турската влада спроведува културен геноцид врз Курдите
“Полициски час беше спроведен во неколку градови, и на луѓето им беше забрането да излезат од своите домови. Градовите се бомбардирани и ако некој биде повреден нема можност да стигне до болница. Струјата и водата се отсечени. Тоа е недекларирана војна која Турција ја води со Курдското цивилно население во градовите на истокот и југот на земјата” рекол Ксулам за Спутник.

Тој додава дека “Има 20 милиони луѓе кои живеат во земјата без основни човекови права, без политички права и се притискани да се асимилираат во Турската култура, јазик и литература. Курдите велат дека веќе е доста и бараат локална автономија”

Активистот ова го нарекол културен геноцид и етничко чистење во смисла дека на луѓето не им е дозволено да се изразат. Тој вели дека ова е спротивно на меѓународното право и секоја останата нормa “Турција го негира постоењето на Курдите во Уставот и ги тера да бидат асимилирани”

“Злото кое се случува во Сирија лесно може да биде пресликано во Турција. Линиите преку кои се кршат проблемите се исти и во Турција каде што Сунитското мнозинство зака да ги асимилира Курдите и Алавитите. Турција многу лесно може да стане следната Сирија” додава Ксулам

Тој додал дека, “Турците никогаш нема потполно да ги обелоденат и истражат своите злосторства. Никогаш не го направиле тоа, и никогаш нема да го направат. Тоа ќе заврши во граѓанска војна”

Рецепт: Како да подготвите варено вино

kuvano-vino-1450989466-75890-650x396

Кога станува збор за варено вино, мора да признаеме дека многу поважна е атмосферата од самиот рецепт. Поради тоа, ако сте во можност прво запалете оган во шпоретот или каминот.

Потребно е: 500 мл црно вино, 200 мл вода, 3 лажици шеќер, половина лажичка цимет и половина лажичка каранфилче, добро расположение и многу пријатели.

Во тенгере ставете 200 мл вода, додадете 3 лажици шеќер, половина лажичка цимет и половина лажичка каранфилче и оставете да проврие.

Кога ќе зоврие додадете 500 мл суво црно вино (или какво што имате) и штом ќе се згрее тргнете го од огнот.

Поканете ги пријателите и почестете ги со варено вино.

Повик за набавка на дрва од ЈП „Македонски шуми“ за 2016

drva-1

ЈП „Македонски шуми“ објави јавен повик за пројавување интерес за набавка на техничко и огревно дрво за 2016 година од Јавното претпријатие. На повикот може да се пријават физички и правни лица, а повеќе податоци за условите и начинот на апликација може да се најдат на веб-страницата на Македонски шуми www.mkdsumi.com.mk.

Со цел да се избегнат проблемите што годинава се појавија во работата, за 2016 година предвидовме нов начин на продажба на огревно и техничко дрво. Тоа значи дека целокупната продажба на сите сегменти ќе оди по пат на јавниот повик што денеска го објавуваме и со склучување договори со сите корисници, информира директорот на ЈП „Македонски шуми“ на денешната прес-конференција.

Тој прецизира дека во јавниот повик се одредени крајните термини до кога може да се аплицира, а по нивното истекување, како што рече, нема да може да се склучуваат договори со ЈП Македонски шуми за набавка на техничко или огревно дрво. Во договорите, додаде, ќе биде прецизирано и до кога треба да се платат и достават дрвата во спротивно ќе има право за надомест на штета.

Цените на огревното дрво на склад и во наредната сезона остануваат исти како и годинава, односно 2,370 денари за бука и 2.450 денари за даб. За наредната година прланираме и зголемување за околу 20 отсто на производството на дрво, рече Караџоски.

Нагласи дека годинава имало поголема побарувачка на огревно дрво од лани и додаде дека ЈП „Македонски шуми“ произвела и продала 500.000 метри кубни или 80.000 метри кубни повеќе од лани. За 2016 година најави дека се планира производство на 600.000 метри кубни дрво. Таа, количина, како што посочи, би требало да ги задоволи потребите, имајќи во предвид дека според податоците на Државниот завод за статиситка Македонија троши околу 800.000 метри кубни.

Ако се има предвид дека планираме производство на 600.000 метри кубни дрво, 250.000 метри кубни има производство од приватните шуми, 60 до 70.000 метри кубни годинава беа увезени, а околу 50.000 метри кубни продадоа националните паркови излегува дека за следната година се предвидува речиси еден милион кубни метри дрва што е доволно за нашиот пазар, рече Караџоски.

Посочи дека јавното претпријатие од годинава располага со 312 сопствени секачи и дотурачи пради што, како што рече, може полесно да го планира производството.

Годинава само 63 отсто од производството е направено со надворешни секачи и доставувачи преку тендери, а остатокот е со сопствено учество. Во 2016 година очекуваме сопственото учество да биде од 35 до 40 отсто, а планираме и набавка на камиони за дистрибуција на дрва, бидејќи во 2015 година имавме доволно произведена маса но имавме проблем со транспортот, рече Караџоски.

Истакна дека Македонски шуми ги испорача сите количини што ги имаше договорено за годинава и за сите уплати, но потенцира дека се уште примаат уплати. Дрвата, како што рече, ги дистрибуираат по исплатата на сите рати или согласно објективните услови што ги имаат за плаќање во готово.

Производството на дрво трае преку целата година и не може да се очекува да биде испорачано до 15 октомври кога официјално почнува грејната сезона. Има луѓе што не набавиле доволно, па бараат повторно да го направат тоа или, пак, некои што навреме не уплатиле и слично. Годинава, пред се поради неповолните временски прилики во мај, имавме задоцнување од два до три месеца со дистрибуцијата на огревно дрво, но тоа беше до средината на ноември. Оттогаш продажбата и дистрибуцијата течат вообичаено, рече Караџоски, нагласувајќи дека мали проблеми направиле и измените на Законот за шуми поради кои морале да се менуваат чеканите за жигосување за што било неопходно објавување на тендери.

Токму заради избегнување на ситуацијата од годинава, потенцира, се одлучивме да го промениме начинот на продажба на дрво за 2016 година.

Појасни дека аа 2016 година се предвидува апликациите за набавка на техничко дрво за правните субјекти по основ на рамковен договор да се достават најдоцна до 15 февруари 2016 година, а за годишен договор до кјарот на февруари. По истекот на роковите нема да се примаат нови барање, освен за новоотворени дрвопреработувачки капацитети.

Апликациите за продажба на огревно дрво на здруженија на пензионери, синдикати и правни субјекти кои огревното дрво го користат во процесот на производство и затоплување треба да се поднесат најдоцна до 15 февруари 2016 година, а со тоа ќе треба да се достават и изјави заверени на нотар за која намена ќе се користи дрвото, како и список на пензионери со прилог чек од пензија. Плаќањето може да биде на рати, а почетокот на дистрибуција е отако ќе се исплатат најмалку 50 отсто од ратите.

За правните субјекти кои се регистриани за промет на дрво и дрвни сортименти плаќањето е авансно, а крајниот рок за поднесување апликација е 31 март 2016 година. Во прилог на апликацијата треба да достават и изјава заверена на нотар дека максималната цена на продажба нема да биде повисока од 2.900 денари за просторен метар бука и 3.000 денари за даб. Покрај тоа, треба да достават и писмена изјава заверена на нотар со која се согласуваат ЈП „Македонски шуми“ да им задржи 10 отсто од вкупно уплатената сума и да го раскине договорот доколку не ја почитуваат максималната цена на продажба.

За физички лица пензионери и инвалиди апликациите треба да се достават најдоцна до 15 март 2016 година, а огревното дрво може да го плаќаат на 8 рати. Испораката може да почне по исплатата на половината од ратите, а со апликацијата треба да се достави чек од пензија и доказ за инвалидност.

Апликацијата за физички лица од социјално ранливи категории треба да се достави најдоцна до 15 март 2016 година, а со неа треба да се достави и доказ за статусот. Огревното дрво им се продава на 8 рати од кои првата треба да се плати при склучувањето на договорот. Огревното дрво може да се купи и со попуст од 10 проценти за плаќање во готово.

За останатните физички лица апликацијата треба да се поднесе најдоцна до 15 март 2016 година. Огревното дрво ќе може да го плаќаат до 5 рати или во готово. Првата рата се плаќа при склучувањето на договорот, а дистрибуцијата на дрвата почнува по исплатата на последната рата. Предност при испорака ќе имаат оние кои дрвата ги платиле во готово.

Oбјавени прашањата за екстерното тестирање на матурантите

Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска веб-страницата www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од завршните години на средното образование.

ucenici

– Објавениот базен со прашања содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20 проценти нови прашања. Во следните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно коригирани, соопшти Државниот испитен центар.

ДИЦ ги повика сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата за да се прочисти и да се подобри квалитетот на базата на прашања.

Прилепчанецот Кирил Тодороски, жари на сцените во далечната Русија

Кирил Тодороски е наш Прилепчанец, кој живее и студира во градот Казан во Русија. Неговиот пат започнал едноставно како и на секој тинејџер, но желбата во него била сосем друга. Кирил мечтаел за нови предизвици, авантури, нови искуства, достигнување на нови светови. Веќе две години е во Русија и е првиот студент од Македонија на Казанската ветеринарна академија. Покрај љувовта кон животните што ја има, Кирил Тодороски умее и одлично да пее. Тој е нашиот амбасадор, кој настапува со државното знаме, и ја претставува Република Македонија, ширум сцените во Русија.


За маркукуле.мк, Кирил ја раскажа својата приказна и својот пат кон успехот.

Кирил Тодороски – Прилеп, Македонија. 11.02.1996

Кирил кажи ни нешто повеќе за тебе, твојот училишен пат, желби и за обврските кои ги имаше додека престојуваше во твојот роден град?

Основното образование го завршив во ОУ„Кочо Рацин“, а поради големата љубов кон животните моето образование го продолжив во СОУ„Орде Чопела“ на профилот ветеринарен техничар. Бев одличен и наградуван ученик. Претседател на училиштето и на младинската организација. Работата за моето училиште ме правеше среќен и исполнет. Последните две години работев во ветеринарна амбуланта. Секојдневно се среќавав со домашни животни на кои им беше потребна лекарска грижа и нега. Немав слободно време, работев и само работев.

Што те наведе да трагаш по нови предизвици?

Отсекогаш мечтаев за поинаков живот. Едноставно сакав да го променам местото на живеење. Како? Кога? Каде? Не знаев. Минуваа и последните месеци од средното образование. Секојдневно размислував за тоа како да излезам надвор од Македонија, и каде да го продолжам моето образование. Почнав да истражувам на интернет. Барав стипендии. Пронајдов многу конкурси, некои беа во тек, а некои завршени.
Таму беше и конкурсот за доделување на стипендии од страна на Владата на Руската Федерација. Никогаш не помислив дека моето образование можам да го продолжам во Русија. Ги подготвив потребните документи и аплицирав. Гласот во мене ми кажуваше дека тоа е најдоброто што можам да го направам. Бидејќи ги исполнував сите услови, бев сигурен во тоа дека ќе ја добијам таа стипендија.

Лесно беше ли да се донесе таква одлука, да се замине толку далеку од твоите најблиски, пријателите, и што најмногу те грижеше во тие моменти на неизвесност?

Времето минуваше, а неизвеснота секојдневно беше сè поголема и поголема. Во еден момент дојде и крајот на неизвесноста. Ја добив таа стипендија. На среќата и немаше крај. Откако ја добив визата, потребно беше само да резервирам билет и да заминам. Не беше и така лесно. Размислував што оставам зад себе, каде одам, што понатаму? Разделбата со семејството и не е баш лесна. Другарите и пријателите не се веќе тука. Едноставно си сам, и сам ги донесуваш сите одлуки. Знаеш дека не можеш кога ќе посакаш да се вратиш и да ги видиш твоите најблиски. Но ваквите одлуки се главни во нашиот живот. Дојде и денот кога требаше да заминам. Бев цврст и одлучен. Се качив во авионот и заминав. Во мене тлееше стравот од непознато. Кога пристигнав тука се чувствував подобро. Фала му на Бога сè беше во најдобар ред. Овде имам многу пријатели и другари. Сите од различни земји.


Колку долго престојуваш во Русија и што те прави среќен таму?

Веќе втора година како ја претставувам нашата татковина – Македонија пред руската и странската публика. Чест ми е кога настапувам под нашето знаме. Среќен ме прави тоа што многу од странските студенти се запознаа со нашата култура и традиција. Пеам песни од незаборавниот Тоше Проески со целото срце и душа.

Кажи ни повеќе за твоите успеси и за тоа како се снаоѓаш во средината во која престојуваш?

Минатата година живеев и студирав во Воронеж. Таму го научив рускиот јазик. Тоа беше мојата подготвителна година. На меѓународниот фестивал- песни и танци на народите во светот добив ЛАУРЕАТА. Учествував на градскиот фолклорен фестивал посветен на денот на славјанската писменост и култура „Славјански венок“ и бев награден со диплома. Оваа година живеам и студирам во Казан, третиот главен град во Русија. Прва година во Казанската ветеринарна академија. Тоа е најстарата академија во Русија. Јас сум првиот студент од Македонија во оваа академија. Добро ми оди. Претседател сум на странскиот сектор во академијата, член на студенскиот совет, и претседател на мојата група. Желбата да се биде прв и најдобар, никогаш не згаснува.
Учествував во академскиот конкурс „Ден на студентите“ и добив диплома за најдобра вокална изведба. На осмиот меѓу универзитетски фестивал „Дружба на народите-2015“ бев награден со диплома.

Една порака до твоите Македонци?

Секој ја сака и претставува својата татковина. Странската публика ја цени и почитува нашата култура и традиција, ја сакаат нашата Македонија. Македонци! Сакајте ја својата татковина, и претставувајте ја во најдоброто светло.