Нови проекти за нов подем, Општина Прилеп лидер на секое поле

12107735_960896670648784_6366045089751871048_n

Нови булеверски улици, нови кружни текови, спортски сали, црковни објекти, и што уште не, најави градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, на традиционалните средби со граѓаните на урбаните заедници, кои се одржуваат секоја година пред новогодишните празници.

На овие средби присуствуваат директорите на јавните претпријатија, луѓе од општината и раководители. Целта на средбите е населението да се запознае со она што е сработено во општината за изминатата година, да се најави она што ќе се работи во наредната година, како и да им се овозможи на граѓаните да дадат свои сугестии, предлози, идеи кои би влегле во буџетот на општината и би им го олесниле секојдневниот живот. Изминатата година беше значително активна за општинските власти, донесе многу новини, се започнаја и реализираа проекти од витално значење за граѓаните.

Градоначалникот започна со она што е инвестирано до сега во индустриските зони во Прилеп, и тоа двете локални индустриски зони, Прилеп 1 и Прилеп 2, како и во технолошко индустриската зона Алинци.

Во индустриската зона Прилеп 1 продадени се сите парцели, и веќе никнуваат погони на локални компании, кои исто така ќе акумулираат повеќе стотини работни места. Таму е поствена водоводна мрежа, стујно поврзување и се гради асфалтна поврзаност. Општина Прилеп доби донација од 130 000 евра за уредување на оваа зона од Светска Банка.

Индустриската зона Прилеп 2 исто така е во распродажба и ќе започне да се гради инфраструктурно.

5898-novi-2.000-vrabotuvanja-so-otvoranjeto-na-genterm-vo-prilep-960x600-15

Сведоци бевме на влегувањето на една мултинационална компанија во името на американскиот Гентерм, која гради своја фабрика во технолошко индустриската зона Алинци и ќе вработи 2000 луѓе.

Исто така беше потенцирано дека во иднина ќе се гради и индустриска зона Прилеп 3, после средувањето на претходните две.

Она што е очигледно променето, на кое што и најголемите скептици и критичари молчат, е уредувањето на централното градско подрачје. Конечно Прилеп е современ, урбан град, место што вреди да се посети, да се прошета и ужива.

5486-ploshtadot-okolu-gradskiot-casovnik-960x600-2

3497-art-ploshtad-pred-centarot-za-kultura-marko-cepenkov-960x600-4

3497-art-ploshtad-pred-centarot-za-kultura-marko-cepenkov-960x600-8

Во наредната година ќе се поплочи и современо ќе се уреди патеката од споменикот на Пеце Атанасоски до училиштето Кочо Рацин. Ќе се уредуваат улиците околу новиот трговски центар Прилеп Сити, кој исто така е во финална фаза на досредување.

Нови булеварски улици ќе никнат на два потези. Улицата 11 Октомври веќе го добива својот нов лик. Оваа улица ќе прерасне во авенија од потегот на кружниот тек кај Прилепско поле, до мостот Табана, каде исто така ќе биде извршено проширување на мостот и ќе се изгради голем кружен тек што ќе ги замени збунувачките семафори и ќе овозможи далеку полесен проток на сообраќајот.
Кружни текови ќе никнат и на раскрсницата кај студентскиот дом, како и на раскрсницата кај новата автобуска станица.

Вториот булевар ќе никне на улицата Димо Наредникот.

Во изминатиот период, Прилеп доби нов современ влез со четири ленти, од бензиската Лук Оил кон градот. Ист таков влез ќе се гради и кај клучката на влезот кај Хотел Салида.

3779-vlez-na-gradot-prilep-h.-salida-960x600-1

3779-vlez-na-gradot-prilep-h.-salida-960x600-2

Она на што Прилепчани се горди е секако изградбата на црквата Св. Петка во населбата Точила, храм на за кој несебично со организирање на донаторски средби и секаков вид на координација се вклучи и оштината. Храмот беше осветен оваа година и предаден на граѓаните.

5489-hram-sv.petka-vo-naselbata-tocila-960x600-2

Градоначалникот вети дека општината ќе помага и понатаму за уредување на дворното место. Тука треба да се спомне дека градот доби и 3 нови маалски цркви, од кои 2 се осветени, едната во населбата со типски куќи, Св. Константин и Елена, а другата во дворот на болницата, Св. Пантелејмон. Наскоро ќе се освети и црквата Св. Климент Охридски кај Паркот на Револуцијата. Вакви цркви ќе се градат уште во 2 населби во иднина, и тоа едната во Марино Маало, а другата во Жабино Маало, со што ќе им се овозможи на граѓаните кои се поодалечени од централните храмови, да имаат место каде ќе ги обавуваат своите религиозни потреби.

4820-paraklisi-960x600-6

DSC01808

1212121

Со поддршка на министерството за култура се градат нови конаци во манастирот Св. Архангел Михаил во населбата Варош, изграден е патот до манастирот Трескавец, изграден е патот до манастирот во Зрзе, со сето ова Прилеп се издигнува високо на мапата за културен туризам. Идната година исто така започнува обновата на конаците во манастирот Трескавец, изработен е проектот, а денеска беше избран и изведувачот.

Градоначалникот Ристески е особено горд како што кажа на инвестициите во образованието. Основните и средните училишта во градот како никогаш до сега процветуваат, благодарение на 12 милиони евра, како што кажа, инвестиции во претходните години, соработката со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Изградени се веќе 3 спортски сали од страна на Владата, најавени се уште 4. Општината успева да изнајде инвеститори за изградба на балон сали во другите училишта, па така пред извесно време една таква сала беше подигната во основното училиште Блаже Конески, а веќе во завршна фаза е и таква сала во училиштето Гоце Делчев. Наскоро е најавена изградба на спортска сала и во основното училиште Кире Гаврилоски-Јане. Ваквите инвестиции ќе продолжат и во идната година, ќе се обновуваат фасади, столарија, подови, ентериер, дворни уредувања.

images

220

5897-otvorena-nova-sportska-sala-i-montazno-ucilishte-vo-berovci-960x600-15

gimnaziskoto-novo-igraliste

Коритото на Градска Река полека се средува, се собира отпадната вода во канализационен систем, благодарение на изградбата на пречистителната станица. Градоначалникот објави дека ќе се реновираат сите мостови на реката, и дека ќе се градат неколку пешачки мостови.

3993-renoviranjeto-na-ogradata-na-mostot-kaj-avtobuskata-stanica-960x600-1

Општината Прилеп е лидер во проектот со легализација на дивоградбите, примени се околу 15 000 барања, од кои до сега се решени повеќе од 8 000 предмети и се издадени исто толку решенија за легализација.

Масовно се распродаваат и парцелите во новата населба Градина, која ќе претставува најурбанизирана населба во иднина. Веќе е започнато инфраструктурното уредување и поврзување на населбата, каде парцелите се продаваат во просек по 1,5 евра по метар квадратен.

Она што е исто така од револуционерно значење е и изготвувањето на новиот детален урбанистички план, кој е во завршна изработка, и со кој еднаш за секогаш ќе се знае што каде ќе се гради во наредните 20-30 години. Пракса во минатото било планот да се копира на неколку години и да поминува без никаква проверка. Оваа општинска администрација ќе го реши овој проблем, и со тоа ќе има испланирано места за згради, трговски центри, паркови површини, и што уште не.

5607-postaveni-kamen-temelite-za-noviot-siti-centar-vo-prilep-960x600-33

3573-izgradba-na-trgovski-centar-so-katna-garaza-vo-centarot-na-prilep-960x600-2

Кај млечниот пазар исто така се гради нов трговски објект, мол, инвестиција на компанијата Тинекс, а се најавува уште еден трговски центар за кој интензивно се разговарало со потенцијалните инвеститори.

Најавени се и нови детски градинки. Една таква за брзо време ќе профункционира во Работничкиот Универзитет Пере Тошев, а ќе се реконструира и градинката во Тутунскиот комбинат. Детска градинка беше изградена и во населеното место Тополчани.

3777-proekt_slika-rekonstrukcija-na-gradinka-vo-tutunski-kombinat-300x225

Градоначалникот Ристески најави и нови паркови во градот, партерни уредувања, тротоари, хортикултурни уредувања.

В година  исто така ќе се изврши и целосно допокривање на пазарот.

Сето ова говори за одговорноста на локалната власт и висината на транспарентност кон граѓаните, за осовременувањето на еден град кој се движи по европските текови, да стане урбано, пријантно, топло, средено место за живеење.

Граѓаните на сите овие средби со аплаузи ги поздравуваја идните потези на општината, а на крајот се вклучувања со свои дискусии, со барања за решавање на проблеми, кои ги засегаат и кои ги имаат во нивните маалски средини.

Посакуваме ваквите состојби да се пресликаат и во другите општини низ државата, државата да се модернизира како што тоа се случува во нашиот град во изминатите 10 години.

Подготви : Александар Георгиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.