[Best_Wordpress_Gallery id=”127″ gal_title=”NokenZivot_22012016″]
Целосно забрзување на изградбата на пречистителната станица во Прилеп
До крајот на оваа година се очекува доведување во финална фаза на градежните работи околу пречистителната станица во Прилеп. При вчерашната посета, министерот за животна средниа Нурхан Изаири, го потврди тоа.
Овој капитален и од огромно значење проект за Прилеп и граѓаните на Прилеп, е вреден 10 милиони евра, од кои 20% се обезбедени од страна на државата, а останатите пари се од ИПА-програмата.
Проектот ќе значи целосно обновување и рехабилитирање на канализационо-водоводната мрежа во Општина Прилеп, како и еколошка заштита на водите и земјоделското земјиште во иднина.
Пречистителната станица ќе биде ставена во функција во 2018 година.
Ексклузивно: REPLAY BEND – промоција на видео запис
REPLAY BEND- се момците кои изминатиот период стануваат препознатливи по голем број успешни настапи. За нив се бара резервација повеќе во сите градови во нашата држава, а во нивниот репертоар најмногу се застапени македонските евергрини. Во состав на бендот се двајца членови: Никола е задолжен за гитарата, вокал и фронтмен, а за саксофонот Столе Коцев. За свои потреби за настапите располагаат и со full bend кој се состои од: гитара, бас гитара, женски и машки вокал и тапани. Никола Велиновски- црни студент на приватниот Економски факултет за бизнис економија и Столе Коцев студент на Музичка академија, отсек: популарна музика, растуриаат и прават забава секаде каде ќе стигнат.
Момците од Replay bend викендов ги очекува снимање на нивната авторска песна. Наредниот месец продолжуваат со снимање на нивните песни, а нивната цел е подготвка на албумот и промоција во 2016 година.
Ексклузивно за читателите на маркукуле.мк Replay bеnd ви го претставува Coverot на хитот на Ефто Пупиновски Туѓа си бескрајно.
Екипата на маркукуле.мк на Replay bеnd им посакува успех во реализацијата на новиот албум.
Киселата зелка лекува дури девет различни болести
Познато е дека расолницата од кисела зелка е пијалак кој ги лекува сите можни тегоби.
Киселата зелка е богата со калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, како и со помали количества на натриум и со поволен однос помеѓу калциум и фосфор. Таа обезбедува максимално искористување на калциумот во организмот, поради што овој производ е мошне корисен за нашето здравје.
Зелката е една од ретките, ако не и единствен природен продукт каде човекот успал да ги подобри односно да ги зголеми нутритивните својства преку процесот на киселење. Имено, зелката низ процесите на киселење со ферментација создава исклучително активен кобаламин (Витамин Б12) што инаку може да се најде само во производите од животинско потекло. Од таа причина киселата зелка за вегетерјанците е задолжителен прехранбен производ.
Повеќегодишните истражувања потврдуваат дека киселата зелка по количеството на витамин Ц може слободно да се мери со лимонот и портокалот (во 100 грама кисела зелка има 50 грама витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка крие вистинско богатство на пиридиксин (витамин б6), без кој белковините воопшто нема да бидат искористени.
Исто така, киселата зелка е извор на ниацин (витамин Б3), потребен за енергија на ќелиите, за целокупниот метаболизам, како и за размена на материите во мозокот.
Расолница
Кај нас расолницата е познат пијалак кој се смета дека е лек за сите тегоби поврзани со дигестивниот тракт и како народен лек за намалување на отоците на зглобовите. Сепак, малку е познатио дека сокот од свежа зелка е богат не само со витамин Ц туку и е лековита напивка за широк спектар на болести.
Утрово поларни температури низ цела Македонија- Берово – 21!
Во Скопје времето ќе биде сончево и студено со слаб северен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 1 степен.
Утрово најниски температури се измерени во Берово -21, Лазарополе -17, Маврово -17, Крива Паланка -14, Крушево и Тетово -13, Прилеп и Скопје -12, Штип -11, Струмица, Куманово, Виница, Демир Капија -10, Кавадарци и Охрид -9, Дојран -6, Гевгелија -4…
И во наредните два дена времето ќе биде стабилно, суво и студено со ниски утрински температури.
Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник ќе има локален снег со слаб интензитет. Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури.
ВИДЕО+18: Во ова кафуле келнерките служат сосема голи!
Ниту еден маж не би одбил во кафуле да биде услужен од сексапилна и сосема гола девојка.
Ваквата идеа му текнала на еден сопственик на едно кафуле од едно градче во Франција, каде вработените гостите ги служат топлес.
-Кога одлучив кафулето да го направам посебно место, размислував да вработам и келнери кои би служеле топлес, се со цел да ги привлечам припадничките на понежниот пол. Треба да го прифатам и фактот дека заработувачката со топлес келнерки е поголема, рекол сопственикот на кафулето.
Новата песна на Тоше Проески ќе биде промовирана во недела во Спомен куќата во Крушево
Во недела на 24.01. во 12 часот во спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево ќе биде промовирана необјавената песна на Тоше Проески, информираат од неговиот Фан клуб, а информацијата е добиена од семејството Проески.
Песната е снимена во две верзии, латино верзија и балада. Спотот за песната ќе биде објавен на интернет во недела околу 20 часот.
Во чест на овој роденден ќе биде промовирана латино верзијата, а баладата е се уште на доработка во Лондон.
Песната го носи насловот „If you wanna leave me“.
НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: Ова е свекрвата на Карлеуша (ФОТО)
Еден српски магазин го посетил селото во кое живеат родителите на Душко Тошиќ, познатиот фудбалер од Србија и сопруг на Јелена Карлеуша.
И додека Јелена секојдневно се фали со нов пар штикли или скапо парче облека, иако Душко им изградил вила на своите родители, сепак тие живеат во старата куќа на село и водат скромен живот, далеку од камерите и луксузот кој го имаат Јелена и тој.
Според зборовите на соседите, дивата често ги носи децата кај баба и дедо на село.
БОМБА ВО ГРЧКИ КАТИМЕРИНИ: Повлечен текст во кој се пишувало за прислушувањето на ЦИА во Македонија!
Во периодот од 1992 до 1993 та, американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) навлезе во македонските министерства за одбрана и внатрешни работи, при што високи претставници од министерствата прифатија да работат согласно американските насоки. Ова се дел од информациите обелоденети во колумна, објавена во рамките на електронското, англиско издание на весникот „Катимерини“.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, текстот беше повлечен по само неколку часови, најверојатно поради фактот што колумнистот го користи нашето уставно име.
Во колумната се вели дека од првиот ден кога Република Македонија прогласи независност, претставниците на американскaта разузнавачка заедница почнаа активно да работат во земјата.
Овие операции се координираа од американската амбасада во Софија. Во периодот од 1992 ра до 1993 та, ЦИА навлезе во македонските министерства за одбрана и за внатрешни работи. Високи претставници се сретнаа со претставниците на ЦИА и прифатија да работат и оперираат согласно нивните насоки. Во најмалку една пригода, електронска разузнавачка опрема беше пратена во Софија во дипломатска торба, а потоа со комбе беше однесена во Македонија. Македонскиот министер за одбрана Владо Поповски беше лично инвловиран во процесот на избор на местата каде што оваа опрема беше поставувана, се велеше во колумната на Катимерини.
Во неа беше откриено и дека со оваа опрема за разузнавање, освен на територијата на Македонија, Американците прислушкувале и на Косово и дека добиените материјали биле автоматски праќани по сателит во централниот систем на податоци во САД.
Текстот откри и дека ЦИА во овој период успеала да воспостави контрола и врз криптосистемот што го користела ЈНА и да добие други осетливи безбедносни информации, документи и упатства.
Повлечената колумна сепак беше повторно објавена од страна на неколку грчки и руски изданија
Уредникот на грчкиот онлајн информативен портал на руски јазик “Руска Атина”, Павло Онојко, пишува дека колумната најверојатно е повлечена поради користењето на уставното име Република Македонија, што во Грција се третира како злочин.
И грчкиот портал „Пентапостагма“ ја објави колумната во целост, со коментар дека употребата на нашето уставно име била срамна и неприфатлива.
Почна новиот циклус инвестиции во руралните средини
– До 20 февруари годинава земјоделците можат да аплицираат за субвенции за набавка на механизација за житни и индустриски култури. Според Програмата за рурален развој, поддршката е 50 до 75 отсто од вредноста на тракторите и другите машини. Младите земјоделци ќе добиваат грант од 55 проценти, а за недостапни рурални средини, стапката е 75 отсто од инвестицијата или максимум 57.000 евра по корисник.
Како што рече денеска на прес-конференција заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, и годинава аплицирањето ќе биде по елетронски пат за што е неопходно земјоделците да се евидентирани во Фарм регистарот. Постапката е максимално поедноставена, потребните документи се сведени на минумум.
Секој апликант може да поднесе барање за поддршка на инвестиција вредна најмногу 3,5 милиони денари. Со условите се посебно стимулирани младите земјоделци и жените сопственици на земјоделски стопанства.
– Ги охрабруваме сите што сакаат да го модернизираат производството преку набавка на механизација, да аплицираат на повикот што Платежната агенција го објави вчера. Ако некои од земјоделците, особено повозрасните, не се во можност електронски да аплицираат, можат да се обратат во најблиската канцеларија на Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, како и до стручните тимови кои се веќе на терен и остваруваат директни средби со производителите, нагласи Костадиновски.
Според Кирил Тодоровски од Платежната агенција, апликантите на огласот треба да достават само три документи: деловен план за инвестицијата, изјава и оригинална понуда од добавувачот на механизацијата.
– За инвестиција до 600.000 денари се добиваат 70 бодови, за инвестиција од 600.000 до 800.000 денари се добиваат 60 бодови, додека за инвестиција од 800.000 до 1,2 милиони денари се добиваат 50 бодови. Младите земјоделци, пак, до 40 години и жените носители на земјоделски стопанства независно од старосната граница, добиваат 30 бодови, објасни Тодоровски.
Право на учество имаат земјоделците што во текот на годината ќе реализираат производство од 1,5 хектар житни и индустриски култури, како и најмалку 0,5 хектари тутун. Ова, предочи Тодоровски, беше најчестиот услов што на претходните огласи не беше исполнуван и барањата беа одбивани.
Според него, електронското аплицирање што почна лани, двојно го зголеми бројот на поднесени барања. Наспроти досегашните во просек доставувани 800 барања по вообичаен пат, лани електронски биле поднесени 1.600.
За максимално искористување на вкупно проектираните 33 милиони евра поддршка од Програмата за рурален развој, стручни тимови ќе посетат 400 населени места во Македонија и директно ќе разговараат со земјоделците, детално ќе им ги објаснат условите и начинот на поднесување барања. Тие, како што рече заменик-министерот Костадиновски, се веќе на терен.
Преку Програмата за рурален развој, од 2009 година досега се набавени преку 2.200 трактори и повеќе од 7.000 други парчиња земјоделска механизација. Лани беа одобрени 4,5 милиони евра на 930 корисници, а се набавени скоро 500 трактори и уште 1.500 други парчиња опрема.






































