дома блог страница 5471

Ноќен живот Прилеп : Art Caffe Aporea & Image Caffe – 23.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”129″ gal_title=”NokenZivot_23012016″]

Во Прилеп врачени нови решенија за легализација

marjan-ristevski-resenija-za-legalizacija-640x427

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, вчера додели нови решенија за легализација, заклучно со кои досега се легализирани околу 8.500 дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот.

Градоначалникот Ристески уште еднаш ги потсети на големиот бенефит што граѓаните го добиваат со Законот за легализација.

„До 31 март да се поднесат барањата за легализација на дивоградби и активно да се искористи продолжениот рок. Елаборатите, пак, можат да се достават и до крајот на 2017 година. Сепак, за граѓаните кои веќе поднеле барања, рокот за достава на елаборати е до крајот на годинава“, посочи градоначалникот Ристески во неговата изјава.

Официјалните информации говорат дека постапувањето по барањата за легализирање на дивоградбите продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика, по што Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на држава како по легализирани објекти, така и според изработката на деталните урбанистички планови.

ФОТО: Убиена е ќерка на градоначалник

gdgcfg (1)

Најголем масакар во Канада, убиена ќерката на градоначалникот.

Наоружен напаѓач е осомничен дека усмртил четири особи и ранил неколку. Во школо во провинција Ла Локу, Канада во последни 10 години. Најпрвин пукал во своите два браќа. Градоначалникот на Ла Лока, Кевин Жанвије изјави дека е усмртена и неговата 23-годишна ќерка Мари. Наоружаниот напаѓач прво пукал во своите браќа па потоа се упатил кон училиштето каде ги усмртил и наставникот и асистентката.

Полицијата соопштила дека на осомничениот му е одземено огненото оружје и дека е ставен во притвор.

Можна е тужба од Германија за измислената афера на Спасовски

Компанијата „Веридос“ е една од најсериозните светски фирми во овој бизнис. Истата е формирана со фузионирање на две реномирани фирми Giesecke & Devrient и Bundesdruckerei.

veridos

Во Управниот борд на германската компанија „Веридос“ размислуваат да му поднесат тужба на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски заради уривање на угледот на компанијата, дознава КУРИР.

Највисоките раководители биле фрапирани од несериозното однесување на министерот Спасовски и одлучиле во моментов да одат само со писменото појаснување, но како опција ја оставиле и тужбата доколку Спасовски уште еднаш се појави во јавност измислувајќи афери во кои нивната компанија би ја поврзувал со криминал.

Тужбата би била крајна мерка бидејќи станува збор за невиден преседан и за германската компанија, но и за Република Македонија. Германската компанија досега немала вакво искуство и некоректен однос, а од друга страна Република Македонија заради Оливер Спасовски би била вовлечена во срамен меѓународен скандал кој испраќа лоша порака за сите интернационални компании.

Токму поради ова, од германската компанија во моментов одблиску го следат однесувањето на Спасовски, а за неговото некоректно однесување била алармирана и германската амбасада во Скопје.

Компанијата „Веридос“ е една од најсериозните светски фирми во овој бизнис. Истата е формирана со фузионирање на две реномирани фирми Giesecke & Devrient и Bundesdruckerei.

giseke

Втората е во сопственост на државата, односно германската Влада, така што и во новоформираната „Веридос“, Германија практично поседува 40% од капиталот.

bundes

ХИТ ВИДЕО: Mлада докторка истепа таксист

Mлада девојка, докторка од Флорида, во пијана состојба нападнала таксист, а потоа влегла во неговиот автомобил и му фрлила сè од него дури и неговиот мобилен телефон.

tepacka-florida

И покрај тоа што возачот рекол дека нема да поднесе тужба против неа, затоа што се расплакала велејќи дека тоа би ѝ го уништило животот, еден од сведоците што се нашол таму го објавил видеото на Јутјуб и стигна дури и во вестите.

Од болницата во која работела младата докторка рекле дека ќе биде суспендирана додека трае истрагата, но истата судбина го снашла и возачот.

Саботнo Кафе – 23.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”128″ gal_title=”SabotnoKafe_23012016″]

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ПРИЛЕП

DSCN6563

Силна експлозија ги вознемири жителите на улица Бидимаш во Прилеп. Вечерва околу 20 часот, изби пожар во еден од становите, причината е неофицијално експлозија на плинска боца.

Брзата интервенција на противпожарната екипа го спречи проширувањето на пожарот и на другите станови. Неофицијално маркукуле дознава дека повредени се 5 до 6 лица, како последица на експлозијата.

Видлива беше материјална штета на зградата во која се случи немилиот настан и искршено стакло на сите страни.

Ова е втора несреќа во само 3 дена во градот. Претходно изби пожар во зграда во центарот на градот.

Истрагата е во тек, полицијата е на лице место и ги согледува причините за несреќата.

DSCN6564 DSCN6553 DSCN6554 DSCN6555 DSCN6556 DSCN6557 DSCN6561

Научно докажано – пивото помага при несоница!

pivo

Научниците уште еднаш го потврдија – хмељот и тоа како помага против несоницата. Тоа подразбира дека и пивото, но во умерени количини и само кога има потреба.

Клиничките испитувања покажale дека хмељот го скратува времето кое е потребно да се заспие и го поправа квалитетот на сонот.

Меѓутоа, експертите предупредуваат, дека со оглед на тоа што хмељот во теорија може да го зголеми нивото на естроген, жените со рак на дојките би требало да го одбегнуваат.

ВИДЕО: Ланците за автомобили одат во историјата – еве што ќе ги замени

lanci (1)

Ланците на нашите автомобили се вистински спас, но понекогаш претставуваат и проблем. Поради проблемите на кои сме наидувале со нив научниците мораа да бараат ново и посовремено решение.

Старите ланци одат во историјата, а сега имате можност да видите што ќе ги замени.

Еве за што се работи:

ГЛАВАТА ГОРЕ МОМЦИ, ЗНАЕМЕ ДЕКА ЌЕ НЕ ИЗРАДУВАТЕ СО ПОБЕДИ

kire-lazarov-768x529

Последните години се навикнавме да ги гледаме нашите ракометни репрезентативци редовно на големите натпреварувања, Европски и Светски првенства. Тоа се должи пред се на искуството со кое располага оваа генерација, како и на созревањето на повеќе млади играчи, кои одлично се вклопија во репрезентацијата. Европското првенство во Полска е можеби најтешката препрека која до сега ја имала пред себе оваа генерација, предводена од генералот Кире Лазаров. Имајќи во предвид дека во групната фаза ги имавме за противници моќната Франција, секогаш борбената и домаќин на првенството Полска, како и младата квалитетна репрезентација на Србија, можеме да кажеме дека нашите ракометари одиграја сјајно и заслужено продолжија во наредната фаза. Имавме можност да гледаме лавовска борба во сите три меча, видовме жилава борба во сите 60 минути со сите три противници, момците буквално го оставија срцето на терен и докажаја што значи за секој од нив да се бори за државното знаме и за државната чест.

Да можеби можевме да пренесиме 2 или 3 бода во наредната фаза, но тоа се само празни зборови на поединци кои сакаат да најдат дамка на перфектното издание во оваа прва фаза.

Она што посебно иритира и она што посебно ги боли, се секако лошите и нереални критики кои ги упатуваат поединци кон нив, луѓе кои не ја чувствуваат таа нивна желба и глад за победа и успех, луѓе кои само на неуспесите имаат што да кажат и на некој начин да се израдуваат.

k.lazar_77-34197

Не одигравме со Хрватска, можеби ги одмаравме главните адути, можеби не беше нивниот ден, можеби Хрватска е пресилна, како и да е има уште два меча, мотивацијата и моралот кој со сигурност постои во нашиот табор е на огромно ниво. Имаме противници кои со сигурност можеме да ги победиме. Ако некој сака да победи се сигурно прво тие : Лазаров, Мојсовски, Манасков, Ѓорѓиоски и сите останати, ако сака некој да ја израдува целата нација, тоа се тие. Наше е да ги поддржиме, да бидеме со нив и кога блескаат и кога не им е денот. Немаме друга репрезентација, тие се нашиот адут. Не заборавајте дека не кренале на нозе, дека ја воздигнувале и палеле целата држава, не заборавајте дека тие се нашите амбасадори, луѓето на кои треба да им се симне капа, луѓето на кои треба да се биде горд што си Македонец, тие се луѓето преку кои многумина дознале што е и која е Македонија.

Критиката е на место, но кога е добронамерна. Но не заборавајте такви критики можат да дадат стучни и компетентни личности, луѓе кои се занимаваат со спорт. Критиките од грлата на поединци, кои се резултат на испијани 5-6 пива во кафиќ за време на утакмицата, не значат ништо.

DSC01686

На крајот неколку збора за нашиот прилепски МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Даниел Дупјачанец. Дебитант во репрезентацијата, но исто така гладен за победа и докажување. Својот квалитет го докажа со тимот на Металург оваа сезона, каде со искуството и своето знаење и помага на младата екипа. Имавме прилика да го видиме на голот за време на натпреварот со Храватска, имаше неколку сјајни одбрани, веруваме дека ќе добива повеќе минутажа и дека фантастичните одбрани од Металург ќе ги преслика и на репрезентативниот гол.

Тој е производ на плодната ракометна почва Прилеп, каде со подемот на ракометот последните 2-3 години и брзото чекорење напред на Ракометниот Клуб Прилеп, се очекува повеќе играчи да стигнат до репрезентативниот дрес во иднина.

Даниел пред почетокот на првенството ги поздрави читателите на маркукуле.мк, а на разочарување на прилепската публика, блескаше на голот на Металург во дуелот со РК Прилеп.