дома блог страница 5432

Проект „Климата се менува, од нас зависи“ во училиштата во Прилеп

20160224_103303

Во рамки на проектот „Климата се менува, од нас зависи“ кој го реализира Милеуконтакт Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а истиот е финансиран од УСАИД, денес во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп пристигна подвижната еколошка лабораторија.

20160224_102550

20160224_101432

20160224_102530

Учениците имаа можност во оваа модерна и софистицирана лабораторија да се едуцираат за климатските промени и глобалното затоплување кое ја има зафатено земјината топка, а исто така практично се запознаа како се врши мерење на влажност на почва, мерење на температура на тела и почва, спроводливост на течности, ph вредности, мерење на брзина на ветар итн..

20160224_102659

20160224_102619

20160224_102639

Подвижната лабораторија беше целосно опремена со сите инструменти кои се потребни за горенаведените вежби, а воедна истата има и свој сончев колектор преку кој се напојува со енергија.

Целта на овој проект е да ја подигне свеста прво на најмладите-учениците за климатските промени кои ни се случуваат, а за кои во голем дел сме одговорни ние луѓето.

20160224_103641

20160224_102854

20160224_103303

20160224_103535

Најава за карневалот ПРОЧКА 2016

6010-procka-2016-960x600-1

Меѓународниот карневал Прочка годинава по 15 пат ќе се одржи во градот под Марковите Кули. 12 и 13 март оваа година се резервирани за маските, добрата забава, а Прилеп е единствена дестинација за посетување во овие два дена.

Дали убавата Словенка ќе стане првата дама на САД?

MELANIJA-640x396

Доколку Меланија Трамп ја наследи Мишел Обама како прва дама на САД за својот пат до Белата куќа ќе може да биде благодарна на случајната средба во 1987. година во главниот град на нејзината родна Словенија.

-Заминував од модната ревија во Љубљана и ја видов пред зградата. Веројатно ја чекаше пријателката, раскажал за Ројтерс словенечкиот фотограф Стане Јерко.

-Ја забележав бидејќи беше висока и слаба. И пријдов и и предложив фотографирање, навел тој.

Резултатот бил црно-бели фотографии на седумнаесетгодишната Меланија Клавс, кои ја покренале нејзината манекенска кариера и кои ја одвеле до Милано и Њујорк, каде на една забава во 1998. го сретнала Доналд Трамп.

Животот кој го има сопругата на американскиот мултимилијардер е далеку од нејзините скромни корени во Словенија..

Жителите на градот каде Меланија израснала велат дека нејзиниот татко продавал делови за автомобили, а нејзината мајка работела како кројачка на детска облека.

Некои медиуми наведуваат и дека нејзиниот татко бил член на Комунистичката партија, како и многумина други во социјалистичка Југославија, но потврда за тоа нема.

Од компанијата на Трамп нудл малу поразличен поглед на детството на Меланија и тврдат дека таа започнала да се занимава со манекенство уште од нејзината петта година, како и дека нејзиниот татко бил менаџер во автомобилска компанија, а нејзината мајка модна дизајнерка.

-Татко и никогаш не бил комунис, рекол портпаролот на компанијата на Трамп за Ројтерс.

Родителите на Меланија и понатаму живеат во семејната куќа со мал двор и неколку овошки, иако голем дел од слободното време го поминуваат во САД, каде им живее и другата ќерка Инес.

Во Љубљана Меланија започнала да се занимава со манекенство бидејќи ја освоила титулата прва придружничка на Мис на Словенија во 1992. година.

MELANIJA1

-Прво беше срамежлива, но брзо учеше и искажуваше интерес за секој детал на фотографирањето, рекол Јерко кој додал дека брзо се претворила во гламурозна пеперутка.

Јерко, кој денес има 78 години сеуште ги чува фотографиите на Меланија.

-Сигурен сум дека ќе биде среќна ако нејзиниот сопруг стане претседател. Мислам дека е многу горда на неговите достигнувања, а верувам и дека до некаде сум и јас заслужен за нејзиниот успех, додал Јерко.

Дали детелината со 4 листа навистина носи среќа, еве што значи секој лист

Detelina-4-lista-640x388

Детелината со четири листа претставува симбол на среќа, но малку луѓе знаат како настанло ова верување. Всушност, постојат неколку легенди за ова растение.

Една од легендите е од Библијата и вели дека Ева со себе носела детелина со четири листа кога го напуштила рајот.

Свештениците Друиди верувале дека детелината со четири листа има магични својства. Едно од верувањата било и тоа дека секој кој ќе пронајде ваква детелина добива способност да гледа вештерки и ѓаволи кои може да ги избегне.

Меѓутоа за детелината се верувало дека носи среќа затоа што таа претставува крст, но не како религиски симбол, туку како Соларен или Сончев крст. Некогаш луѓето го користеле овој крст за ориентација, едната линија го покажувала местот каде Сонцето изгрева и заоѓа, а другата ги покажувала другите правци (север-југ).

Секој лист на детелината има свое значење, љубов, надеж, вера и среќа.

ВО ЖИВО: Се очекува обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Наскоро во седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се очекува обраќање на претседателот на партијата Никола Груевски.

Прес-конференцијата на Груевски доаѓа откако претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за во 23 часот ја закажа 95-тата седница на Собранието на чиј дневен ред е одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Оваа одлука е предложена од пратениците од ДУИ и ДПА, а за иницијативата свој потпис ставила и пратеничката Лилјана Поповска.

Со одлуката се предвидува менување на членот 2 од веќе донесената одлука Парламентот да се распушти на 24 февруари и се бара тој датум да биде 7 април оваа година.

Доколку се земе предвид дека Парламентот се распушта 60 дена пред одржување на изборите, предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 5 јуни.

Собраниските служби информираат дека вечерва министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ лично ги повлекле условените оставки што денеска ги поднесоа до Владата.

ФОТО: Роберт Де Ниро и Дени Де Вито снимаат филм во Њујорк

Легендите на Холивуд пристигнаа расположени на снимањето на новиот филм „The Comedian“.

 

robert-deni6

Роберт (71) и Дени (72) изгледаа задоволни што ќе снимаат заедно.

1robert-deniro

Нивните имиња се сигурен доказ дека комедијата ќе биде успешна. Роберт Дениро игра комичар кој во своите настапи се служи со навреди. Една млада девојка ќе ги искомплицира работите во неговиот живот. Која е улогата на Дени Девито не се открива, што го прави исчекувањето на филмот повозбудливо.

deni-devito

Премиерата се очекува во февруари, во 2017. Режисер на филмот е Тејлор Хекфорд.

Градите на Карлеуша заслепуваат(фото)

1111111

Јелена Карлеуша секогаш знае како да предизвика внимание. Овојпат во прв план дојдоа нејзините големи гради  кои просто заслепуваат. Уште еднаш потврди дека е Дива!

untitled

 

Ако имате вакви болки, веднаш посетете лекар!

bolka-glava-1-640x396

Ако почуствувате некоја од овие шест видови болка, веднаш појдете на лекар.

Имено, чекањето само може да го продлабочи проблемот, а со несовесното однесување може да предизвикате дополнителни последици.

Изненадна и силна главоболка

Ако не страдате од мигрена и ретко се соочувате со главоболка, ненадејната и неподнослива болка во главата би можела да биде последица на пукање на вени во мозокот и затоа веднаш јавете се на доктор за да го отстраните сомнежот за опасен здравствен проблем.

Болка во градите која се шири

Ако силната бола во градите се шири кон вашите рамена левата рака или вилицата, тоа може да биде еден од знаците за срцев удар.

Болка која почнува во долниот дел на грбот и преминува кон нозете

Кога е проследена со чувство на слабост во нозете и губиток на контролата над мокрењето, тогаш се упатува на таканаречениот синдром на коњски реп, сериозно вклештување на нерви.

Константно „боцкање“ во стопалата

Ова трнење спаѓа во групата на тивки знаци на дијабетесот. Всушност се работи за оштетување на нервите настанато поради високото ниво на шеќер во крвта.

Болка во стомакот која почнува во пределот на папокот

Ако болката се шири кон долниот десен дел од стомакот можно е да станува збор за слепо црево, кое мора да се реши со итен оперативен зафат.

Грчевити болки во нозете

Не сте се овредиле, но чувствувате силна болка во нозете, особено во пределот на бутовите или потколениците? Доколку овие болки се проследени со оток, црвенило или пак болни места кои на допри се топли постои можност да имате длабока венска тромбоза и оштетување на венската циркулација.

ВИДЕО – Погледнете како овој јапонски облакодер реагира при силен земјотрес !

untitled

Јапонска технологија и се е можно. Овој огромен јанопнски облакодер е отпорен на силни земјотреси. За време на потресот се ниша, но не се руши. Погледнете колку импресивно изгледа тоа.

ВИДЕО: Децата ќе се одушеват – испукајте пуканки директно на кочан пченка!

pukanki-na-kocan

Вашите деца ќе се одушеват доколку им направите нешто вакво!

Се што ви треба е еден кочан пченка, кој ќе го премачкате со путер или маргарин и ќе го посолите.

Потоа ставете го во микробранова на 3 минути и погледнете го резултатот.