дома блог страница 5423

ПРОМОВИРАНИ ДВЕ МУЗИЧКИ ЦД-а ОД ФОЛКЛОРНАТА РИЗНИЦА НА ЕГЕЈОТ

IMG_6283

На 26-ти февруари во преполната сала на мултимедијалниот центар при УГД, беше одржан солистички концерт на Марија Димкова, познат интерпретатор на народни песни од фолкорното наследство на Егејска Македонија. На концертот беа промовирани два музички ЦД-а, првото под наслов „Од фолклорното богатство на  Егејска Македонија“ со осумнаесет вокални интерпретации на Марија Димкова и второто со ора од Егејска Македонија во инструментална изведби на оркестарот „Браќа Димкови’ и оркестарот „Бистри извори“ со Александар Димков, во чест на негово сеќавање.
На концертот, за Марија Димкова и нејзиниот придонес во афирмација на македонското народно творештво од Егејска Македонија зборуваа проф д-р Илчо Јованов од Факултетот за музичка уметност при УГД, Зоран Џорлев директор на националниот ансамб „Танец“ и Владимир Јаневски раководител на ансамбалот „Македонија“.
На оваа музичка вечер Македонија културно се обедини, во програмата зеде учество КУД од Негуш и Вртикоп и музичката група „Македонски мерак“ од Егејска Македонија, а гости на вечерта имаше и од Бугарија и од Албанија.

Oдбележан патрониот празник “Борка Талески” на градската болница и библиотека во Прилеп

12576079_10207290638998664_1197551127_n

Делегации од сојузот на борци, градската болница и градската библиотека, денес по повод патронот на овие две институции Борка Талески, положија свежо цвеќе на “Могилата на Непобедените”.

Борка Талески е роден на 19 јули 1921, а загинал на  2 март 1942 во близина на Плетвар, Прилепско.

12804297_10207290634478551_1331591882_n

12782039_10207290635918587_667467988_n

12782542_10207290635638580_981408092_n

12784652_10207290638278646_1714157853_n

Овие растенија ве штитат од чад од цигари, хемикалии и од зрачење

sobni-cvekjinja-650x396

Потрудете се во домот да имате растенија. Растенијата го апсорбираат штетното зрачење што го емитува телевизорот но и ги елиминираат штетните материи што испаруваат од бојата, разредувачите и сретставата за чистење.

Дали знаевте дека е добро да имате барем по едно растение на секои 7 квадратни метри простор?

Меѓу најдобрите елиминатори на негативното зрачење и штетните испарувања се фикусот, папратите, драцените и кактусите.

Драцена маргината

dracena-marginata

Драцената е преубаво украсно растение што е мошне лесно за одржување, а кое е прилично отпорно на големите температурни разлики. И одговара светлина, но не би смеела да биде на директно сонце, а ниту на провев.

Редовно мора да се прска со вода. Драцената ја намалува концентрацијата на фомалдехиди и на останатите испарливи компоненти на сретствата за чистење, бојата, разредувачите, различните спрејови и дезодоранси… Таа е вистински природен освежувач на воздухот.

Фикус

ficus_elastica_0

Верувале или не, Фикусот е најдобро решение за оние домови каде постојано има чад од цигари. Фикусот го неутрализира чадот од цигарите, ја намалува концентрацијата на јаглерод – диоксид и јаглерод – моноксид, но и хемикалиите од голем број фарби и лакови. Фикусот не сака провев и не треба да биде на директно сонце.

Папрат

Папратот ја намалува концентрацијата на формалдехидот што испарува од мебелот, од разлините лепила, бои, детергенти и други материјали. Потребна му е голема количина влага и не смее да биде на директно сонце.

paprat

Вучиќ: Нема референдум- Србија не сака во НАТО

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека во Србија нема да се одржи референдум за НАТО, бидејќи земјата ниту изразила желба да пристапи кон таа воена алијанса.

vucik-640x294

– Србија не сака во НАТО, туку сака да биде воено неутрална, рече Вучиќ за РТС.

За спогодбата, која неодамна беше ратификувана во Парламентот рече дека не е спорна, како и дека станува збор за техничка спогодба која во 2006 година ја потпишале „големите патриоти, кои сакале да ја фрлат Србија во минатото и кои денеска солат памет“.

– Ништо лошо не сторивме, го правевме најдоброто за нашата земја, нагласи Вучиќ и додаде дека почнала една хистерична кампања, чија цел е поделба на Србија, а на која тој планира да и се спротивстави.

– Нашата политика е да ја сакаме Србија, ги почитуваме САД и Русија, одиме во ЕУ, но ја сакаме Србија пред се, нагласи Вучиќ.

Погледнете што два филџани кафе му прават на вашиот црн дроб

Црниот дроб е веројатно еден од најважните органи во нашиот организам затоа што извршува повеќе од стотина функции, но модерното темпо на животот како што е конзумирањето на алкохол, шеќер може да доведе до смртни последици како што е цироза на црниот дроб.

 

kafe-i-crn-drob

Дури 35% од алкохоличарите ќе развијат постепено алкохолен хепатитис, почеток на развојот на цироза на црниотдроб.

Конзумирањето на алкохол секој ден ќе доведе до огромна потреба на црниот дроб за оксиген/кисиком а исто така предизвикува собирање на мастите на црниот дроб што му отежнува на црниот дроб да земе кислород. Така настанува воспалителен процес како одговор на имунолошкиот систем кој ги уништува сите можни клетки во вашиот црн дроб.

Луѓето кои пијат кафе секој ден имаат дури 84% помалку ризик од развој на цироза, со најсилен ефект за оние кои пијат 4 или повеќе филџани дневно. Така да помогнете му на вашиот црн дроб.

ФОТО: Полициско куче почина од жал по смртта на својот сопственик

Полицискиот службеник Ласло Модри по кратко боледување ја изгубил битката со болеста, а на денот на неговиот погреб починало и неговото службено куче.

policiski-sluzbenik-kuce

Ана Томашевиќ, претседателката на регионалниот центар на Синдикатот на српската полиција во Нови Сад објавила текст каде ја опишува нераскинливата врска помеѓу човекот и животните.

Таа за Блиц изјавила дека Модри работел во полицијата повеќе од 20 години. Бил вработен во Полициската управа во Нови Сад. Со оглед на тоа дека имал огромна љубов кон животните, тој последните 10 години од неговиот живот работел и во Одделението за водичи на службени кучиња.

Таму бил задолжен за службен лабрадор со кој работел на пронаоѓање опојни дроги се до 2010-та година. Тогаш, кучето било пензионирано, а Ласло побарал и добил согласност да го вдоми својот колега.

Потоа му бил доделен белгиски овчар Малино со кого работел до средината на 2015-та кога дознал дека е тешко болен. За жал, тој ја изгубил битката со болеста и починал на 22 февруари, а два дена подоцна бил погребан.

На денот на погребот, неговите колеги ја превземале грижата за службеното куче, но утредента го пронашле мртво во службениот бокс. Претходните денови кучето не било нерасположено и не одбивало храна па никој не претпоставувал дека има некаков здравствен проблем. Официјалната обдукција покажала дека кучето починало од торзија на желудникот.

Но и покрај тоа, колегите на Ласло се убедени дека ова е премногу за да биде случајно. Тие веруваат дека кучето умрело од жал.

Симеоне: Барса е најдобра во светот

Предводникот на Атлетико Мадрид Дијего Симеоне рече дека Барселона е најдобриот клуб на светот, како и да е, дека „јорганџиите“ ќе се натпреваруваат за насловот.

diego--640x463

На второто место во Примера е Атлетико со 61 освоен бод, Каталонците се без пораз во 34 натпревари, подобри за пет бодови.

Мадриѓаните со 3:0 славеа против Реал Сосиједад, додека „Блауграна“ утре е кај Рајо Валјекано.

„Атлетико Мадрид е со јасна цел да се надминеме себе“, вели предводникот на мадриѓаните.

„Потребно беше да понудиме добар меч против Реал Сосиједад и Барса да загуби, како и да е, ќе се потрудиме бидејќи се моментно најдобриот клуб на светот“, рече Симеоне.

Мадриѓаните ќе се обидат да го подобрат меѓусебниот ефект во дуелите со клубот на Луис Енрике, загубија два пати со по 2:1, за ја освојат наслов потребно е да победуваат.

Промоција на веб-портал за изборите во Македонија од 1990 до денес

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер денеска ќе го промовираат веб – порталот „Изборна архива на изборите во Македонија од 1990 година до денес“. (http://izbornaarhiva.mk).

izbori

Целта е на едно место да бидат собрани сите достапни документи за изборните процеси во земјата од првите повеќепартиски парламентарни избори до денес.

На промоцијата ќе се обратат Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС и Јоханес Д. Раи, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија.

Изборната архива ги опфаќа сите изборни циклуси од 1990 до 2014 година со достапни документи групирани во седум секции: документ за објавување избори, избирачки список, кандидатски листи, резултати од избори, извештај од избори, набљудувачки извештаи од меѓународни и домашни организации и изборен законик.

Навивајте за ракометарите на Македонија во Полска за 35 евра

navivachi (1)

Полјаците, кои ќе бидат први противници на Македонија на овој турнир, се решија за популарни цени, па така билетите ќе бидат во износ од 14 до 24 евра дневно. Организаторите нудат и пакет-билети, што би значело плаќање на вкупно 35 евра (најевтините), 50 евра (средна категорија) и 60 евра (најскапите билети).

Купувањето на билети може да се врши преку следната веб-страница. Натпреварите од предолимпискиот турнир ќе се играат во „Ерго Арена”, која за ова натпреварување ќе има капацитет од 10.500 места (вкупниот капацитет при изградбата изнесуваше 11.409 седишта).

Македонија на првиот натпревар на 7 април ќе се сретне со Полска, следниот ден ќе ги одмери силите со Тунис, а за 9 април е закажан мечот со селекцијата на Чиле.

ВИДЕО: Лео претера со алкохолот па го заборави Оскарот во ресторан!?

leo-1-1

Леонардо Ди Каприо долго сонуваше за мигот кога златната статуетка конечно ќе стаса до неговите раце, но за малку ќе останеше без неа.

Актерот по свечената церемонија за доделување на наградите, каде го доби признанието за најдобра машка улога во филмот „Повратник“ славеше цела ноќ. Тоа беше и очекувано со оглед на тоа што е познат како љубител на лудите забави. Но, малку недостасуваше поради тоа да остане без долго посакуваната награда.

Папараците успеале да го снимат Лео додека се забавувал со пријателите во еден рестоиран, но по се изгледа во таа прилика малку претерал со пијалокот. На снимката што ја објавија американските таблоиди се гледа како Лео седнува во автомобилот и тргнува дома, ља потоа некој трча од ресторанот и му го подава шишето шампањско и заборавениот Оскар.

Погледнете го видеото!