дома блог страница 5422

Изложбата на дела од 16 издание на меѓународната ликовна колонија НИЖОПОЛЕ

5

Во петок 4 март 2016 во 19.00 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата на дела од 16 издание на меѓународната ликовна колонија НИЖОПОЛЕ.
На увид пред ликовната јавност ќе бидат 20 дела од 20 автори уметници учесници од земјата и од Бугарија, Канада ….
Прилепските љубители на ликовната ументост ќе можат да ги проследат сликите создавани од реномирани уметници како што се Данчо Ордев, Павле Кузманоски, Илија Кочоски, Тома Мишев, Тони Чатлески, Бојана А. Трпческа, Драган Најденоски, Мајкл Клос (Канада) Цвета Петрова(Бугарија), Касиопеа Наумоска и др.
Почетоците на колонијата НИЖОПОЛЕ датират од 2000 година и се во убавата природа на Нижополе, за потоа неколку години да биде патувачка и да се одржува во Крушево, Берово, а од 2012 творците продолжуваат секој јули да се дружат и творат на Молика.

1 3 4 6 8

По 17 пат Виенски бал во Скопје

На 19 март во хотелот Александар Палас, традиционално по 17. пат ќе се одржи Виенскиот бал во Скопје, во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус”, а под покровителство на  амбасадата на Република Австрија во Македонија.

 

vienski-bal-640x453

Седумнаесет години Скопје е една од привилегираните метрополи во светот што имаат свој Виенски бал, што ја потврдува македонско-австриската соработка на полето на културата и уметноста. Врвни уметнички имиња од нашата земја и музиката на легендарната династија Штраус, прават оригинален спој на културите на двете држави. Гостите на балот ќе танцуваат виенски валцер, ќе уживаат во екстравагантноста на Штраус музиката и уметноста кaрактеристична за легендарниот музички дух на Виена.

Вечертаќе се пеат и евергрини и хит рефрени, а сите присутни ќе уживаат во настапите на оркестарот „Јохан Штраус“ – професионални музичари и инструменталисти под диригенство на маестро Саша Николовски – Ѓумар, танчерите на танцовиот клуб „Прима данца“, „Тумбао салса бенд“, Нина Јанева, Горан Папас и „2Еxit“.

Ќе настапат и првенците на Балетот при МОБ – Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски.

Водител на Виенскиот Бал во Скопје ќе биде Јована Стојменовиќ.

Минувачите во шок, учениците вриштеле: Детали за хоророт во средното училиште

sredno (1)

Тинејџерка била итно одведена на Ургентен откако вчера паднала од прозорец за време на часовите во Средното техничко училиште во Србија. Таа има сериозни повреди на главата и телото поради што е на Интензивна нега, каде лекарите се борат за нејзиниот живот.

Се работи за 16-годишната Д.М. која околу 17 часот и 30 минути паднала од третиот спрат, од училна во средното каде учи. Полицијата сеуште испитува дали сама паднала или може би некој ја бутнал несреќната ученичка.

Учениците велат дека таа скокнала од спратот, поради што настанот се смета за обид за самоубиство. Испитани се сите кои биле сведоци на настанот.

– Додека паѓала, се закачила за дрво, па паднала меѓу два автомобили. Случајните минувачи во шок гледале што се случило, а децата вриштеле. Професорите брзо реагирале, па дтето било итно однесено во болница каде лекарите се борат за нејзиниот живот, вели извор за српскиот Курир.

Засега не се знае зошто ученичката скокнала.

Орландо Блум и Кејти Пери нова ѕвездена двојка

blum

Гласините за љубовната врска меѓу Кејти Пери и Орландо Блум, по се изгледа не е само плод на фантазијата или озборување на таблоидите.

Имено, како што јави магазинот „Епл“, Пери и Блум деновиве одмараат на Хаваите, каде се видени заедно на вечера и на други забавни активности.

Тие не се одделуваат еден од друг и посотјано се држат за рака, тврди „Елл“.

Кејт и Орландо неодамна се појавија заедно на забавата по доделувањето на наградите Златен глобус, каде си разменуваа нежности, што и ги поттикна овие гласини.

ВИДЕО – Со смеа на лицето вели – “Алах ми нареди на малата Настја да ѝ ја отсечам главата“

mosntrum

Ѓулчера Бобокулова (38) во судница ја прифатила вината за бруталното убиство на 4-годишната Настја, која ја чувала.

Бобокулова, и самата мајка на три деца, доаѓајќи во судот на новинарите им кажала дека “Алах ѝ наредил” прво да го убие беспомошното дете кое го чувала, а потоа да му ја отсече главата.

Запрашана дали ќе ја прифати вината, таа на новинарите им одговорила потврдно.

Руските власти тврдат дека Бобокулова пати од психички проблеми. Инспекторите пак соопштиле дека беби-ситерката не делувала сама и дека оние кои ја поттикнале на злосторството треба да бидат идентификувани.

monstrum

-Соучесниците и оние кои ја поттикнале на злосторството сè уште не се идентификувани, рекол еден од инспекторите.

Чупе на денот – Kate Upton

ck1

kate-upton-hot-kate-upton-sports-illustrated-photoshoot-june-2014-14

 

 

ВИДЕО – Руски Патриот против Американски Хамер

121212121

Два супер моќни џипови, едниот од руско производство, другиот од американско. Ставени на тест во супер тешки услови, да поминат низ кал и тиња. Самите одлучете кој е посилен и го заслужува приматот на супериздржлив.

А.Г.

КРИВОГАШТАНИ ЌЕ ДОБИЕ ДВЕ НОВИ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ, А ЌЕ ЈА ПРОШИРУВА И ПОСТОЕЧКАТА

cvbcv-702x336

Поради огромниот интерес на бизнисмените за инвестирање во општина Кривогаштани, локалната самоуправа подготвува урбанистичко планска-документација за изградба на уште две нови индустриски зони, покрај веќе постоечката зона во близина на селото Славеј. Едната зона ќе биде во атарот на селото Боротино, а другата ќе биде исто така во близина на селото Славеј. Со ова општина Кривогаштани станува една од ретките рурални општини во Македонија кои ќе имаат дури 3 индустриски зони.

„Поради интересот на бизнисмените кој рапидно расте за инвестирање во нашата општина, одлучивме да го зголемиме бројот на индустриски зони и да им излеземе во пресрет на компаните. Едната зона ќе се гради во близина на село Боротино и таа ќе се простира на површина од 4 хектари, а другата ќе биде исто како и првата во близина на селото Славеј, и таа ќе се простира на површина од 5 хектари. Освен тоа одлучивме и веќе постоечката зона кај Славеј од посточеките 6 хектари да се прошири на уште дополнителни 7 хектари“, вели Тони Заткоски, градоначалник на општина Кривогаштани.

Инаку 11-те парцели во првата зона кај Славеј, беа експресно распродадени. На првите 3 парцели кои ги купи фирмата „Кривогаштани промет“ таа веќе отвори погон за производство и преработка на зеленчук, а другите 8 парцели ги купи фирмата „Дооел Стефан“ која наскоро треба да започне со градба на својот погон исто така за преработка на зеленчук. Во двете нови зони, плус проширувањето на првата ќе има на располагање вкупно 15 градеќни парцели, кои ќе бидат наменети за изградба на фабрики и погони за лесна и незагадувачка индустрија.

Со овој проект за 2 нови индустриски зони како и со локацијата за изградба на 100 нови индивидуални стамбени објекти наменети за проектот на Владата „Купи куќа за млади“ општина Кривогаштани учествуваше и на саемот за градежништво во Скопје.

„За проектот на Владата „Купи куќа за млади“ општина Кривогаштани експресно обезбеди локации за изградба на 100 нови индивидулани стамбени објекти во месноста наречена „Крајни рид“ која се наоѓа покрај самиот регионален пат на излезот од Кривогаштани кон Крушево. Кривогаштани беше една од 14-те општини од Македонија кои учествуваа на овој саем.

Ново улично осветлување на улиците: „Архимедова“ и „Тетовска“

IMG_0705

Изградба на јавно осветлување на две нови локации и тоа на ул. ,,Архимедова“ со должина од 150 метри при што се поставуваат 6 столба со модерни енергетски ефикасни светилки и инвестиција од 200.000 денари, како и на ул. „Тетовска“ со должина од 270 метри при што се поставуваат 5 столба со модерни енергетски ефикасни светилки и инвестиција од 180.000 денари. Исто така е обновен и крстот на Марковите кули со ново светлечко црево кое редовно се заменува и одржува. Со отпочнување на изградба на комуналната и патната инфраструктура за уредување на типизинарана населба „Градина“ во близина на типските куќи потпишан е договор за изведба на кабловска инсталација за јавно осветллување во износ од 900.000 денари кој ќе се реализира за скоро време. Изградбата е согласно програмата за комунално уредување на општина Прилеп, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.

IMG_0702

IMG_0678

IMG_0681

IMG_0684

IMG_0688

IMG_0697

МАРКУКУЛЕ НА ТIМЕ.МК

11900084_1634584636798799_591845990736059166_n

Oд денес нашиот сајт можете да го следите и преку генераторот WWW.TIME.MK. Напорната работа се исплаќа, а за тоа се доказ повеќе 5000 дневни посети на сајтот, која што бројка се искачува и до 15 000 дневни посети. Благодариме за довербата.

http://www.time.mk/s/markukule