дома блог страница 5421

ЗАПОЧНУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПЛОШТАДОТ ВО КРИВОГАШТАНИ

3-702x336

Деновиве започна подготовката на теренот за отпочнување на градежните активности за изградба на плоштад во центарот на Кривогаштани со вкупна површина од 1400 метри квадратни. Средствата за реализација на овај проект се обезбедени преку Центарот за развој на пелагониски плански регион со вкупна сума од 4.500.000 денари. Изведувач на проектот е Стентон градба од Битола со што за околу два месеци Кривогаштани ќе има нов модерен плоштад.

Според планот на општина Кривогаштани во центарот на општината за краток временски период ќе започне да се гради кружен тек со дел од улицата Македонски просветители која вклучува и тротоари, додека пред самата општинска зграда веќе започна подготовка на просторот каде што ќе биде поставен триесет метарски јарбол со македонско национално обележје.

За целата слика да биде комплетна за два до три месеци започнува изработката на нова фасада на општинската зграда за општина Кривогаштани да добие најсовремено уреден општински центар, додека до крајот на годинава се очекува општинската администрација да добие нови канцеларии во надградбата на општинската зграда над домот на култура во Кривогаштани со што значително ќе се подобри функционирањето и квалитетот на услугите кои ги извршува општина Кривгаштани.

ПЛОШТАД-300x212

4-300x200

11-300x200

21-300x200

општинсака-зграда-300x177

ПЛОШТАД-2-300x213

ФОТО: Бритни Спирс непрепознатлива и поубава од кога и да е

Пред повеќе од 17 години, светот се запозна со Бритни Спирс, која набрзо стана најголемата поп-ѕвездата во светот. Оттогаш, нејзиниот бурен живот и промени во изгледот беа во фокусот на јавноста, но најновата фотосесија покажува дека Бритни изгледа подобро од кога било.

britni-spirs

Имено, пејачката сними фотосесија за V magazine, чии фотографии ќе ја красат насловната страница на 100-то издание на ова списание.

1britni-spirs

Секси фотографиите се направени од реномираниот фотограф Марио Тестино.

2britni-spirs

Секоја од трите фотографии ќе се најде на насловната страница на магазинот, што ќе издаде три различни верзии на овој јубилеен 100-ти број.

Оваа девојка пие по две шишиња оцет неделно – но зошто?

19 годишната Ела Руби Џин од мала возраст пие по две шишиња оцет неделно.

devojka-pie-ocet-640x425

Тоа го прави откако знае за себе.

– Кога бев мала ако одевме во ретсоран крадев мали пакувања со оцет за да ги испијам. еднаш дадилката ме фати и рече дека ќе го изгорам стомакот, но не ми беше грижа, вкусот многу ми се допаѓаше и тогаш. Кисело е но најмногу ми се допаѓа кога ќе голтнам и ќе почувствувам како ми ги гори градите- вели младата мејк – ап стилистка.

Сега има нов „рецепт“ – оцетот го пие со чипс! Односно, чипсот го потопува во оцет пред да го изеде. Иако нутриционистите предупредуваат за опасностите особено по квалитетот на забите, а нејзиното семејство се грижи какво оштетување тоа може да и направи на стомакот, Ела нема намера да престане.

– Добивам чудни погледи и сите мислат дека со мене нешто не е во ред, но не ми е грижа. Го сакам вкусот на оцетот – вели младата Британка.

Покрај тоа што ги нагризува забите, оцетот, според нутриционистите, ако се внесува во големи количества, може да предизвика „горење“ – оштетување на устата и грлото.

Берлускони го сака трофејот од купот и пласман во ЛШ

Претседателот на Милан, Силвио Берлускони задоволен по пласманот во финалето на Копа Италија изјави дека неговиот тим има сили да го освои трофејот по пауза од 13 години.

 

berluskoni-milan-640x425

– Верувам дека можеме да стигнеме до трофејот кој го немаме освоено цели 13 години. Играчите направија добра работа со пласманот во финалето и сега треба да го направат уште последниот чекор. Но, да не заборавиме. Милан сезонава ја почна со амбиции за пласман во елитното натпреварување. За да учествуваме во Лигата на шампионите треба да сме најмалку трети. Ќе се обидеме да ја оствариме и таа цел, изјави првиот човек на „росонерите“.

Милан се наоѓа во добра резултатска серија во првенството и веќе фати приклучок со екипите кои се при врвот. На 11 рунди до крајот се наоѓа на 6.место со 47 бодови, односно шест помалку од трето и четврто пласираните Рома и Фиорентина, и само бод помалку од градскиот ривал Интер кој е петти.

Во купот, Милан го очекува финалето против Јувентус закажано за 21 мај во Рим.

Започнува проектот за млади “Здрави навики здрав живот”

DSC_0008

Советот на млади од општина Велес и Студентскиот парламент при Технолошко – Техничкиот факултет денеска потпишаа меморандум за соработка. На овој начин двете организации уште повеќе ги продлабочуваат односите помеѓу себе. Со меморандумот само се официјализира добрата соработка која и досега ја имаа.

„Ние како Совет на млади имаме потреба од Студенскиот парламнт на овој единствен факултет со седиште во Велес за да ја потпомагаат нашата работа. Во изминатиот период со идеите на студентите ја дополнивме нашата годишна програма, а ни дадоа и фокус во која област повеќе да се насочиме“, рече Филип Сприковски претседател на Советот на млади.

Потпишувањето на меморандумот практично значи и стартување на проектот „Здрави навики – здрав живот“. Ќе се реализира во наредните три месеци. Во првата фаза младите ќе одговараат на анкетни прашалници, а резултатите ќе ги прегледа стручен тим од факултетот.

„Потоа врз база на нив ќе бидат подготвени неколку дебати и трибини поврзани со здравата храна, но и другиот аспект квалитетната и безбедна храна. Се со цел да се подигне свеста кај младите за практикување на здрави животни навики“, рече Александар Савески претседател на Студентски парламент при Технолошко – Техничкиот факултет.

Во месец мај се очекува на завршна презентација да бидат прикажани конечните резултати од проектот. Надлежните се надеваат дека со него ќе влијаат врз младите да променат барем една навика која ќе води кон поздрав живот.

Страшна несреќа во Прилеп: Излетале од патот директно во бетонски столб

brzapomos2

Во три часот по полноќ во Прилеп на улицата Карпалак се случила страшна сообраќајка. Според податоците од полицијата, возило Лада, со прилепска регистрација, управувано од 47-годишниот З.В. од Прилеп загубило контрола и излетало од патот, по што удрило во бетонски столб. Во несреќата, и возачот и неговиот сопатник Р.И. се тешко повредени и итно пренесени во болница.

Ќе бидат задржани под лекарски надзор.

ВИДЕО – Јака финта како да земете две, а да платите за една Кока Кола од апарат

1111111

Дечково пронашол јака финта како да си поигра со апаратот и да добија еден бесплатен пијалок. Тој го блокира отворот, па апаратот смета дека не сте го добиле вашиот пијалок и ви испраќа уште еден. Сепак видеово ќе биде корисно доколку најдете ваков апарат кај нас. Не би ви препорачале истово да го направите на апаратите за кафе.

А.Г.

 

„Крал Марко“ – ММА мегдан во Прилеп

MMA-borba-za-Marko-open

Прилеп во недела ќе биде домаќин на натпреварот во мешани боречки вештини -под името „Крал Марко опен ММА челинџ“ симболот на градот.

„Натпреварот е аматерски. И, пред се, целта е промоција на боречките вештини, запознавање и афирмација со ММА спортот, кој станува се популарен. На турнирот ќе учествуваат 15 клубови од Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Кавадарци, Велес, Штип, Струмица, Куманово, Гостивар и Скопје. На почетокот ќе има неколку борби во граплинг, а потоа почнуваат борбите во ММА, кои ќе бидат поделни во две дела: воведни борби за натпреварувачи без искуство и главни борби за борци кои веќе имаат искуство во ММА борбите или во други боречки вештини. Борбите ќе бидат по аматерски правила со целосна заштитна опрема“, вели организаторот Пеце од ММА клубот Максам.

Тој истакнува дека ќе има интересни борби, награди и изненадувањеа од спонзорите за борци во неколку категории. Но, овој турнир ќе го оболежат борбите во женска конкуренција.

„Ова ќе биде едно искуство повеќе за сите. За натпреварувачите, за тренерите, за судиите и за нас организаторите. На сите учесници на натпреварот им посакуваме упсех и среќа во борбите“, истакнува Пеце.

plakat-za-marko-open-mma

На програмата се околу 20 борби во кои има и неколку исксуни и добри борци, кои веќе се имаат борено во ММА на турнири во Македонија, но и го почуствувале адреналинот и на меѓународни турнири во Бугарија, Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора…

„Тие борци се во главните борби и од нив очекуваме добар настап и добра презентација на мешаните боречки вештини“, тврди Пеце.

MMA-borba-prilep-Marko-open

ИЗВОР – www.ipon.mk

ВИДЕО-НАЈАВА – 15 години МЕЃУНАРОДЕН КАРНЕВАЛ ПРОЧКА

121212

Oваа година по 15ти пат, во градот под Марковите Кули ќе продефилираат илјадници маски. Градот се подготвува за карневалот ПРОЧКА 2016, на 12ти и 13ти март. Прилепчани знаат на најоригинален начин да ги исмејат општествените, политички и светски случувања преку своите маски. Организаторите од општина Прилеп како и секогаш ќе се погрижат сите гости да се чувствуваат пријатно и да поминат одлично време во Прилеп. Дојдете во Прилеп за Прочка и почувствувајте ја карневалската магија!

ВИДЕО: Невидена храброст – Се фрли пред кола за да го спаси детето

dete-spaseno-650x396

Ова 4- годишно момче најверојатно ќе настрадаше, ако не беше овој храбар човек што не се двоумеше и тргна веднаш да го спаси.

Човекот речиси успеа да се извлече, но автомобилот сепак удира во него со голема брзина. Инцидентот се случил на 19 – ти февруари во Украина.

Детето и неговиот спасител биле пренесени во болница, но за среќа поминале речиси со никакви повреди, освен што биле во голем шок.

Погледнете го видеото!