дома блог страница 5420

ВИДЕО – Еве како најлесно да ги транспортираме мигрантите низ Македонија

1111

Не ни требаат огради, па и дупли огради, војска и полиција на границата. Зошто да не го одбереме можеби најефтиното решение за транспорт на мигрантите од Блискиот Исток? Ова е веројатно тоа најповолно решение, кое е испробано во другите земји во Европа. Погледнете колку лесно и едноставно би било сето тоа ако се спроведе на ваков начин.

А.Г.

Страшна железничка несреќа кај Прилеп

Вчера во 16 часот и 55 минути на дел од пругата меѓу Железничката станица Гостиражни и железничка станица Прилеп, воз кој сообраќа на релацијата Скопје-Битола наишол и удрил во поставени камења маскирани со гранки, најверојатно поставени од непознати лица. 

ambulanta

При настанот била оштетена инсталацијата на машината, а кај патниците настанала паника. За среќа, нема повредени патници ниту лица од персоналот.

Полицијата го истражува случајот.

Многу карактер, желба и планови, Џудо Клуб Бушидо со светла иднина пред себе

10400157_1679620235621291_5056130500747177813_n

Џудо Клубот Бушидо од Прилеп учествуваше на 12тиот меѓународен турнир во Војводина, на покана на ЏК Турија, како единствен претставник од Македонија. Пристутни беа џудисти од 7 држави, или вкупно 650 млади натпреварувачи. Прилепскиот клуб настапи со 13 свои натпреварувачи. Црна дамка на турнирот фрли судењето, што беше причината 7 натпреварувачи од ЏК Бушидо да останат без медаљи. Од клубот се преземени мерки, па снимките од овие спорни натпревари се испратени до Српската судиска Џудо федерација. Сепак младите џудисти покажаја огромен талент и подем, и иако се работи за млад клуб кој допрва ќе расте, докажаа дека во нив има огромна иднина на татамите.

11659403_1680611258855522_1758150075519558710_n

12794530_1680611192188862_285882083038196082_n

За вистинска хероина на овој турнир е прогласена Теодора Ристеска, која иако во двете борби ги декласира своите противници, и беа одземени 3 ипони и 2 вазари или 10 бодови од судиите. Сепак клубот реши да и додели жолт појас. Благодарници им беа доделени на Мартина Јанкоска и Филип Талески.

Охрабрени од одличните резултати на своите членови, од клубот најавија дека веќе на 20 март ќе земат учество со 10 натпреварувачи на Државното првенство за помлади пионери и јуниори во Битола. Исто така планираат и посета на неколку училишта во градот, каде членовите на клубот ќе работат со децата на запознавање со техниките на џудото, бидејќи по препорака на УНЕСКО – Џудото како олимписки спорт, најмногу е потребно за деца од 4 до 21 година, ја јакне самодовербата, контролата во просторот, држењето и ресоцијализацијата на младите.

ВИДЕО – Ова е можеби машината на векот, неверојатна музичка кутија !

1111

Martin Molin од Шведска ја конструира музичката машина на векот. Oва неверојатно откритие создава прекрасна музика, а начинот на кој функционира ќе ве запрепасти. Човекот е гениј и најверојатно има страшни математички познавања за да направи нешто вакво. Уживајте во прекрасниот звук на видеото.

А.Г.

Секојдневен терор: Погледнете што прават бандите сред бел ден во Рио де Жанеиро (ВИДЕО)

bandi (1)

Рио де Жанеиро е дефинитивно еден од градовите кои вреди да се посетат, па ако ве однесе некогаш патот во градот кој новинарите на Базфид го прогласија за вториот најубав град во светот и кој ќе биде домаќин на летните олимписки игри, имајте на ум дека во него постојат правила кон кои морате да се придржувате ако ви е мил животот.

Вредните работи не ги носете со себе, па макар и во самиот центар на градот и преку ден.

Зашто е тоа така одлично ќе ви долови следното видео во кое е прикажано како оперираат малолетничките банди.

САД: Албанија е главен извор за производство на марихуана

Според последниот извештај на Стејт департментот за борба против наркотични средства се наведува дека Албанија и понатаму останува главен извор за производство на марихуана и транзитно место.

 

stejt-department

Во извештајот уште пишува дека Албанија е транзит земја за шверц со кокаин и хероин, кои понатаму се шверцуваат за европскиот нарко пазар.

– Според статистиката на албанската полиција, во првите десет месеци од минатата година реализирани се серија апсења, запленето е големо количество на дрога – 6,87 тони марихуана, а целосно уништија 689.815 садници марихуана засадена на 44 хектари во неколку делови на Албанија. Во наведениот период запленети се 55,3 килограми хероин и 26,4 килограми кокаин, се наведува во извештајот.

Ваквиот успех, се додава во документот, главно се должи на континуираната соработката со италијанските власти, помошта од САД и зајакнатите активности на раководството на албанската политика и полиција.

МАРКУКУЛЕ АНКЕТА : На која пелагониска туристичка атракција и треба дополнителна промоција?

Изминатиот месец дена спроведовме анкета која гласеше: Дали овогодинешните цени за откуп на тутунот се рамноправни и со нив се почитува трудот на земјоделците? Имајќи во предвид дека откупот на тутунот заврши предвреме и тоа дека просечната цена за откуп на килограм тутун беше над 180 денари, плус 60 денари субвенции за  предаден килограм тутун, одговорите на анкетата одат повеќе во прилог на тоа дека тутунарите имаа добра година и реколта.

Резултатите се следни:

Anketa

Наредниот месец нашата анкета гласи: На која пелагониска туристичка атракција и треба дополнителна промоција?

1.Маркови Кули

2.Локалитет Хераклеа

3.Локалитет Стибера – с.Чепигово

4. Манастир „Св. Преображение“ во с.Зрзе

[democracy id=”9″]

Вардар јуниор, екипата на Пепи Манасков, угостена во Прилеп

12524286_10206896280184016_3468949264156634987_n

Во четвртиот пријателски меч пред почетокот на втората полусезона, РК Прилеп го порази Вардар јуниор во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Eкипата предводена од легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков го имаше водството на полувремето со 13 – 16, но на крајот замина поразена од Прилеп.

ПРИЛЕП
Рајчиќ, Трајковски, Илиески, Шокоски, Тодороски, Талевск, Ѓорѓиески, Петкоски, Спасески, Петрески, Бозароски, Стефаноски
Секулиќ, Ангеловски,  Турченко, Јанески
Тренер: Томче Петрески

ВАРДАР ЈУНИОР
Чаневски, Филиповски, Спасовски Василевски, Недановски, Тренчевски Чурлевски, Ангелов, Јовчевски, Андовски, Симиќ Ристов, Манасков, Поповски, Вујачиќ, Давитковски
Тренер Пепи Манасков

ПРЕТХОДНИ РЕЗУЛТАТИ
Прилеп – Пелистер 24-27
Борец – Прилеп 32-29
Прилеп – Борец 32-28

НАРЕДЕН МЕЧ
Пелистер – Прилеп

12718046_10206896280584026_6075675091941247540_n

12803041_10206896280424022_5778098191591290577_n

Љубовно писмо до сите мажи: Јас сум жена, не сум предмет

Една девојка сакала да им се обрати на сите мажи ширум светот и да им објасни дека жените не се предмети и не треба да се доживуваат како сопствеништво.

nakit-cveke

Таа исто така сакала да им каже и дека тие имаат потреба од љубов, внимание, разбирање, како и внимателно пристапување.

Погледнете го моќното писмо од девојката позната под псевдонимот „Повеќе од убаво лице“.

 

Драги мажи,

Јас сум жена

Не сум предмет.

Не сум ни број на скала.

 

Јас сум кожа,

Јас сум срце со нерви и емоции.

Ако ме удрите, ќе ме боли…

 

Јас не сум само предмет за некој да ме посакува.

Не сум само привлечна и невина…

Јас сум чиста, и промискуитетна.

 

Низ животот носам етикета: лесно кршлива, пристапи со внимание.

Јас сум како книга напишана со зборови

Кои не можете секогаш да ги разберете.

 

Мојот ум е како речник на храброста и добротата

Иако вие го некогаш тоа го читате како слабост.

 

Моето срце е како поезија,

Тежнее за сладок мед

И сè уште чекам некој кој ќе умее да ме чита меѓу редови.

 

Јас сум само нежна жена сфатена на погрешен начин

Жена, борец на кој мажите некогаш ѝ беа сè,

а сега ништо.

 

Со почит,

Повеќе од убаво лице

Чупе на денот – Corissa Furr

corissa-furr-40

31cd0bd6893080ce63920036169f37ff

5296377626_627c291a77_b

d7eb38b006a7371176f7e98c88449517

45f915bf01ed0b51bbd37d1bd896ac2f

Corissa_Furr_2