дома блог страница 5416

Илиевски на Фејсбук: Горд сум што играв за Македонија

Доскорешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски со настапот на Евробаскет 2015 ја заврши својата репрезентативна кариера.

vlado-500

Тој на емотивен начин го доживеа крајот на натпреварот со Словенија последен за него во националниот дрес и по тој повод до македонските навивачи се обрати преку Фејсбук каде напиша дека со гордост играше за Македонија.

– Голема благодарност до моите фанови, пријатели и сите вие кои што ме поддржувавте додека играв за националниот тим. Ми беше голема чест и горд сум што ја претставува мојата земја, на крајот и како нејзин капитен. Иако завршив со играњето за мојата држава, се надевам дека ќе бидам дел од македонската кошарката во иднина. Да живее Македонија, напиша Владо.

Илиевски ќе остане дел од историјата на македонската кошарка со тројката постигната на ЕП 2011 во Литванија кога Македонија го победи домаќинот на шампионатот и влезе во полуфиналето.

Нов оглас за професионални војници во АРМ

Министерството за одбрана на Република Македонија ги информира граѓаните дека е објавен јавен оглас за прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија.

mak-vojska

Идните потенцијални професионални војници за да станат дел од АРМ ќе биде потребно да ги исполнуваат општите и посебните услови наведени во јавниот оглас. Министерството за одбрана ќе продолжи со ангажирање на најдобрите кандидати за професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.

Министерството за одбрана упатува повик до сите граѓани не постари од 25 години до денот на завршување на огласот, кои сакаат да придонесат за безбедноста и заштитата на територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија да ја искористат можноста и да бидат дел од Армијата на Република Македонија.

Неодамна во редовите на Армијата беа примени 125 професионални војници. Со завршувањето на оваа фаза на прием која започна деновиве, ќе се заокружи и најавениот процес за прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.

Можноста за пријавување на Огласот е до 27.09.2015

Јавниот оглас е објавен на веб страната на Министерството за одбрана на следниов линк:

http://www.morm.gov.mk/?objavuvanje=јавен-оглас-за-прием-на-125-професионалн&lang=mk

ФК „Питу Гули“ Крушево се враќа на фудбалската карта

Благодарение на ентузијазмот на група луѓе, вљубеници во спортот но и на финансиската помош на локалната самоуправа и граѓани на Крушево, после 3 годишна пауза повторно стартуваше со натпревари ФК „Питу Гули“ Крушево.

Со цел сите заедно да се вклучиме во опстанокот на фудбалскиот клуб а воедно и да го помогнеме развојот на спортот во Крушево во продажба се пуштени годишни карти по цена од 100 денари.

Фото галерија од фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Питу Гули“ – ФК „Ново Црнилиште“.

1 (1)

ОТКРИЈТЕ ЈА ПЕЛАГОНИЈА

1

Во текот на септември и октомври во општините низ Пелагонискиот регион ќе се организира месецот на авантура “Откријте ја Пелагонија”. Негова цел е промоција на Пелагонија пред домашните туристи како дестинација за авантуристички туризам односно дестинација за уживање во физичка активноста, природа, локална традиција и култура.

letok-PRINT

poster B2--print

Фотографија која го обиколи светот – професор достоен за почит

Студентка од Израел немала на кого да го остави своето бебе, па решила да го понесе со себе на предавање на факултет.

fotoprofe

Но во еден момент бебето се вознемирило и почнало да плаче, а таа веднаш сакала да го напушти предавањето.

Но постапката на докторот е вредна за почит.

Тој го зеде бебето од студентката, го смири и заедно со него продолжи со предавањето.

Оваа фотографија за многу кратко време го обиколи светот.

 

 

Меси стана татко, му се роди втор син

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси по вторпат стана татко, откако неговата девојка роди син, соопшти семејството на напаќачот од редовите на Барселона.

mesitatkooo

Матео Меси е роден во петок во Барселона. Тој е прекрасен и уживаме во овие среќни моменти, напиша на Твитер братот на фудбалерот.

Меси (28) и неговата долгогодишна девојка Антонела Рукацо веќе го имаат синот Тијаго, кој наскоро ќе наполни три години.

Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето

Од денеска до средината на март 2016 година во 12 општини ќе се реализира вториот циклус од проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“ на Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ во соработка со претставници на културата од земјава и од Балканот.

sestosetiloo

Во настаните ќе бидат вклучени писатели, научници, актери, музичари, ликовни уметници, хуманитарни организации, а проектот е поддржан од голем број здруженија на граѓани и институции.

– Идејата е нашите настани да не се одржуваат во библиотеки и домови на културата, туку да го испочитуваме обичниот, простодушен, но мудар народ кој живее во селата. Не може да се опише чувството кога 80-годишни изработени и чесни селани седат заедно со нивните внуци и слушаат како некој со големо внимание за нив рецитира поезија, пее оперска арија, глуми и им подарува книга, соопшти Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“.

Проектот ќе почне денеска во општина Струга, а до март идната година ќе продолжи во општините: Дојран, Битола, Крива Паланка, Берово, Маврово, Македонски Брод, Свети Николе, Кочани, Велес и Чашка, Демир Капија, Куманово.

Следуваат два продолжени викенди

По Денот на независноста на Македонија, кога одморивме од работните обврски, доаѓаат уште празници како и продолжени викенди до крајот на годината.

prodolzenivikendiii

Ова се неработните денови:

• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден

• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски

Интернационална младинска конференција во Крушево

Околу 60 млади од 16 држави од Југоисточна Европа од денеска до вторник во Крушево ќе дебатираат за креирањето на новите перспективи на младите луѓе и нивното учество во општествениот живот.

zzzzzzzzzzz.jpg-500

Конференцијата насловена како „Европски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“ ја организира Младинскиот сојуз од Крушево под покровителство на германската фондација „Фридрих Еберт“ и со поддршка Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

Целта е младите заедно со академската средина и политичарите кои се занимаваат со оваа проблематика да ги искажат своите ставови, да разменат искуства и да донесат заеднички заклучоци во промовирањето на европските вредности како иднина на земјите од Југоисточна Европа и креирање на европски перспективи преку разбирањето на вредностите кај младите луѓе.

На конференцијата ќе бидат опфатени повеќе актуелни теми како употреба или злоупотреба на Европските фондови, миграцијата како европско право, креативноста како клуч за вработување од соништата, кој ја гради реалноста – ние или медиумите, дали радикалните идеологии претставуваат закана за демократијата.

Најавено е учество на повеќе експерти од неколку држави.

Со оваа една промена Инстаграм ги разгневи сите 300 милиони корисници во светот

До крајот на месецот ќе биде воведена секаде.

Бесплатна апликација за обработка и делење на фотографии на социјалните мрежи, денес претстави алатка која овозможува на сите огласувачи сами да ги креираат нивните рекламни кампањи и да ги емитуваат на група од повеќе од 300 милиони активни корисници на платформа. Во исто време, претставени се и нови рекламни формати, како што се фотографии во формат на портрет или пејзаж.

Видео рекламите сега се подолги (траат 30 секунди), а на е- трговците сега ќе им биде овозможено директно упатување на веб корисниците на купување. Огласувачите, исто така, ќе може да водат заеднички кампањи на Инстаграм и Фејсбук. Инстаграм најави лансирање на рекламирањето во уште околу 30 земји, помеѓу кои се Италија, Шпанија, Мексико и Индија.

Рекламирањето до крајот на месецот ќе биде воведено секаде во светот.

Instagram5

Тоа е значајна работа за Фејсбук, кој го купи Инстаграм пред три години за речиси милијарда долари, бидејќи на тој начин ќе ги прошири изворите на приходите и нема да биде зависен само од посетителите на оваа социјална мрежа.

Според истражувачката компанија еМаркетер, Инстаграм би можел со новиот сервис оваа година да оствари приход од 595 милиони долари, односно 2,81 милијарда долари во 2017 година, што е повеќе од 10 отсто од рекламните приходи на Фејсбук.