дома блог страница 5429

Комплетно се уредува парковската површина во населба Точила 2

IMG_0749

На површина од 20 илјади метри квадратни комплетнo се уредува парковската површина во населбата Точила 2. Се уредуваат пешачките патеките, ивичнаците, се засадува тревна површина.

„На овој простор се планирани и детски игралишта, а ќе биде поставена и урбана опрема: клупи за одмор, корпи за отпад, како составен дел на сите паркови кои ги градиме, се со цел одржување на хигиената и зголемување на еко свеста кај граѓаните за одржување и чување на зелените порвршини кои се создаваат во градот, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

„Овој нов парк што ќе никне во населбата Точила 2, ќе се одржува со техничка вода. За таа цел во населбата се ископани подземни бунари и е изградена инфраструктура, односно инсталирана е мрежа за наводнување, со што би се одржувале овие парковски површини во иднина, посочи директорот на ЈКП „Комуналец“, Златко Ристески.
Парковската површина ќе преставува репрезентативно катче за одмор и рекреација на прилепчани.

Пред две години урбано беше уредена и Точила 1. Жителите од овој дел од Точила добија убава парковска површина, чија инвестиција изнесуваше 12 милиони денари,буџетски средства.

Борис Трајковски е инспирација и гордост: Оддадена почит пред најголемиот спортски центар во Македонија кој го носи неговото име

boris-trajkovski-640x427

Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја и по 12 години од трагичната смрт претставува инспирација и гордост за сите граѓани.

Во чест на неговиот живот и дело денеска пред споменикот кој се наоѓа на платото пред најголемиот спортски комплекс во нашата држава, кој воедно го носи неговото име, беше одадена почит и положено спомен цвеќе.

„Македонија се гордееше и се гордее со Борис Трајковски, кој беше човек со неверојатни морални, но и професионални вредности. Голема чест и обврска е да се носи името на овој наш претседател, па токми заради тоа СЦ Борис Трајковски постојано се труди да претставува симбол за институција која на македонскиот народ ќе донесе многу радост, и притоа ќе продолжи да биде место на големи спортски победи на македонски спортисти, тимови и репрезентации. Постојано ги промовираме и семејните вредности, кои ги имаше и притоа постојано ги нагласуваше како важни за Република Македонија нашиот поранешен претседател, Борис Трајковски“, изјави Директорот на СЦ Борис Трајковски, Златко Перински.

1boris-trajkovski

Пред споменикот на Претседателот Трајковски во името на сите граѓани на Република Македонија почит оддадоа Директорот Златко Перински, Директорот на Агенција за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески, Претседателот на Советот на Општина Карпош, г-дин Сашо Лазаревски, претставниците на Спортското радио, како и Претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, г-дин Борче Боев.

ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЌЕ ГРАДИ НОВА ФАСАДА И АДАПТАЦИЈА НА НАДГРАДБАТА НА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА, ЗЕЛЕН ПАЗАР И НОВО ЛЕД УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

општинсака-зграда-702x336

Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски потпиша договор со Министерството за финансии за реализација на проект за подобрување на општинските услуги преку ИПА во висина од 260 000 евра со кој општината ќе гради нов зелен пазар со пазар за млечни и месни производи, нова фасада на општинската административна зграда во Кривогаштани со адаптација на доградбата над домот на културата со уредување на нови канцелариски простории и нова кровна конструкција како и промена на постоечкото улично осветлување со нови ЛЕД светилки на сите регионални патни правци кои поминуваат низ територијата на општината.

опстинска-зграда2-300x144

Општината веќе започна со подготвување на тендерската документација за избор на изведувач кој ќе го реализира проектот чие отпочнување се очекува да биде за 2 до 3 месеци за до крајот на годината општина Кривогаштани да добие нова фасада, канцеларии, зелен пазар и ново лед осветлување.

Покрај овие три проекти, веќе во Понеделник започнуваат градежните активности за изградба на плоштадот во центарот на општината веднаш до општинската зграда како и изградба на модерен  кружен тек  на раскрсницата во центарот на Кривогаштани, додека во непосредна близина на општинската зграда ќе се постави 30 метарски јарбол кој е донација од Владата на РМ со што општина Кривогаштани ќе има современо уреден центар и целосно ќе го промени својот изглед со што ќе го има еден од најмодерните општински центри во државата и ќе добие изглед на модерно мало градче.

Општинска-зграда-4-300x145

ВИДЕО – Како да добиете најдобри стомачни мускули

12121

Девојкава ќе ви помогне со совети како да дојдете до најдобрите стомачни мускули со само 5 минути вежбање во денот. Следете ја Зузка на јутјуб, од нејзините видеа може многу да се научи.

Казни до 1000 евра за родителите кои нема да го исполнат ова

srbija (1)

Србија со нов закон, казна до 1000 евра за родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца. Законот за заштита од заразни болести вчера бил усвоен во Републичкиот парламент.

Министерот за здравтство Златибор Лончар изјави дека со закон се обезбедува високата заштита на животот и здравјето на луѓето, и спречување на ширење на заразни болести.

Имунизацијата е задолжителна за децата против туберкулоза, тетанус, кашлица, детска парализа, рубеола, вирусен хепатит Б и други. Имунизацијата е задолжителна и за луѓе кои се изложени на чести заразни болести. Вакцината ќе биде задолжителна и за луѓето со посебни потреби, исто така важи и за луѓето кои патуваат често патуваат во странство.

Два трупа пронајдени во Прилеп

Два трупа, машки и женски, се пронајдени вчера попладнето на две различни локации во Прилеп.

policija-7

Машкиот труп целосно распаднат е пронајден околу 16 часот покрај Градска река, до оградата од гаражите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, кон периферијата на Прилеп.

Јавниот обвинител Дамчо Кочоски вели дека го пронашле луѓе кои собираат пластика.

– Машкиот труп е целосно распаднат, останати се само коските. Ниту се знае идентитетот, ниту на која возарст е, а не се знае ни колку време е мртов. Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта, вели Кочоски.

Попладне на друга локација во градот, е пронајдена мртва жена во куќа на улицата „Алаксандар Македонски“ бр. 171.

Според јавниот обвинител Лидија Фалатоска Илиоска, станува збор за жена со иницијали Л.Ј на возраст од 64 години.

– Не се знае колку време жената е мртва, ниту причините за смртта. Таа живеела сама во куќата. Обдукцијата треба да ги открие причините за смртта, вели Фалатоска Илиоска.

ВИДЕО: Ова дефинитивно е најлошата женска фризура

frizura-650x396

Секоја жена има мигови кога едноставно го мрази она што фризерот ќе им го направи со косата, но верувајте дека вашњето лошо искуство најверојатно не е полошо од ова.

Видеото што страницата „Barbershapp“ го објави на Фејсбук за кратко време стана мошне популарно, а интернетот речиси никогаш не би толку многу сложен околу една работа – тоа е најлошата фризура што ја виделе.

Моделката Јулија Андрееве трпеливо седи додека фризерката Алеона Старзхинскаја го претставува новиот трент. Фризурата во најмала рака е необична, а дека никогаш нема да стане тренд станува јасно од големиот број негативни коментари.

Инаку, моделката славела роденден и сакала да го прослави со бричење на главата. Но пред да го направи тоа, тие ја искористиле приликата за да го претстават новиот тренд.

Погледнете сами за што се работи.

Не можете да ослабете? Редовно јадете бадеми

bademi-640x396

Многумина од нас не можат да ја одржат посакуваната телесна тежина. Новото истражување покаало дека во процесот на слабеење и одржување на витката линија би можеле да помогнат бадемите, кои би требало редовно да ги конзумирате.

Бадемите можете да ги јадете наместо нездравите грицки како чипсот и колачињата.

Една рака бадеми на ден ги заменува празните калории и штетните материи кои ги има во нездравите грицки. Воедно со бадемите ќе го зголемите внесот на здрави протеини.

Научниците од Флорида утврдиле дека вклучувањето на бадемите во секојдневната исхрана може да го подобри севкупното здравје на човекот, секако доколку се конзумираат во умерени количини.

 

Од утре поскапуваат неколку брендови на цигари

cigara-zdravje

Од утре цигарите низ Македонија со повисока цена. Малопродажните места веќе добиле информација дека од утре цигарите поскапуваат од 3 до 5 денари по кутија.

Нови цени ќе имаат сите цигари на Тутунскиот комбинат Прилеп меѓу кои и најпопуларните Бренд.

Поскапуваат и брендовите Европа, Сан како и новите варијации на Марлборо кои од 90 денари добиваат нова цена која ќе изнесува 95 денари за една кутија.

Дополнително од 1 јули годинава се зголемува и акцизата за цигарите што ќе повлече ново поскапување од 3 денари по кутија.

Пронајдено женско тело во распаѓање во Прилеп

DSCN8341

На улицата Александар Македонски отспротива на обложувалницата Вил Хил, во куќа е пронајдено женско тело во распаѓање. Неофицијално се работи за жена околу 60 години возраст, која била почината околу 10 дена.

Од очевидци и од гласини дознаваме дека постојат сомневања дека се работи за  насилна смрт.

Полицијата и форензика работат на истрагата и ги утврдуваат точните причини за настанатата смрт.

DSCN8340

DSCN8343

DSCN8345

DSCN8347