дома блог страница 5378

Србите ќе исчезнат, доколку немаат трето дете

Во Србија до 2050 година ќе живеат милион ипол жители помалку од сега! Ова го покажа истражувањето на Обединетите нации, кое Србите ги вбројува на листа на земји со катастрофална демографска проекција. Народот забрзано ни старее, умираат градови и села, деца се раѓаат се помалку и помалку.

deca

Дека бројот на постарите лица од 65 години го надмина вкупниот број на деца помлади од 14 години, за прв пат покажа пописот од 2002 година. Резултатите од пописот од 2011 година се уште по поразителни, бидејќи покажуваат дека децата се само 14 отсто од популацијата во Србија, пишува Сител.

А, пред само половина век во Србија, без Косово и Метохија, деца имало речиси три до четири пати повеќе од стари лица. Според пописот од 1950 година, ние сме биле 5,9 милиони, а се проценува дека исто толку ќе бидеме и до 2050. Како цел век без раѓања!

– Недоволното раѓање, за проста репродукција, во Србија почна од средината на 20 век – вели мр. Иван Маринковиќ од Центарот за демографски истражувања при Институтот за општествени науки во Белград.

– Тоа практично значи, дека ниту една генерација на жени родени по Првата светска војна не родиле доволен број на деца за проста репродукција. Во општеството тоа помалку се гледало бидејќи била млада старосната структура на населението.

Опстанок

Шанса за нешто да се поправи и демографската слика на Србија денес да не биде ваква, според зборовите на нашиот соговорник, постоела во втората половина на 50-тите години. И во тие години, вели, недоволно се раѓало, а последиците се покажале во 1992 година, кога во Србија за прв пат е забележан негативен природен прираст, пишува Сител.

– Од тогаш негативниот природен прираст во нашата земја е константен, а единствено што се менува е тоа што од година во година е се по изразен – потенцира Маринковиќ.

– Прво бројот на умрените бил 30.000 поголем од бројот на новородените. Сега е околу 35.000, а се очекува и разлика од 40.000. Значи за една деценија ќе бидеме околу 400.000 помалку. Ако на тоа го додадеме и неспорниот факт дека од Србија секоја година се иселуваат над 5.000 млади, тогаш не е чудно што според истражувањето на ОН се најдовме на листа на земји со катастрофална демографска проекција.

Како што вели нашиот соговорник, ни иднината не ни изгледа светла, а шансите да се подмладиме се минимални.

– Поради нераѓање во Србија секоја година исчезнува место со големина на Ќуприја – вели Маринковиќ. – За прост опстанок на една нација потребни се барем две деца во секое семејство, а кај нас во домаќинствата се раѓаат 1,4 деца. Ако раѓањето ни остане на ова ниво, дури и кога годишно околу 30.000 би имигрирале во Србија, повторно односот на старите и младите до 2050 година дупло ќе се влоши. Дури ако до 2020 година се зголеми нивото на раѓање и годишни ни стигнуваат околу 50.000 странци, кон средината на овој век би имале околу 15 отсто шанси да го спречиме стареењето на нацијата.

Партнери

Демографите потенцираат дека сега сме невитална стара нација, која според процентот на пензионерите е прва во Европа. Додаваат и дека на одлуката за раѓање не влијае многу ни (не)сугурната работа, што често служи како оправдание на многу парови. Во Србија, како и во целиот медитерански појас, според зборовите на демографите, виновници за падот на наталитетот треба да се бараат во многубројните културолошки и психолошки фактори, оттуѓеноста, проблемите околу наоѓање на соодветен партнер, нестабилните емотивни врски.

Може да се направи идеален модел на раѓање и имиграциите кои сигурно би го спречиле процесот на стареење во Србија, но тоа не е реално – вели Маринковиќ.

– Според тој модел, во текот на наредните децении, секој пар би требало да има четири или пет деца. Освен тоа, моделот подразбира и многу странци кои би дошле да живеат во Србија. Меѓутоа, во тоа тешко може да се верува додека не станеме побогата и стопански силна земја.

Критично и во регионот

Според податоците на ОН, во Србија од Суботица до Шар планина живеат 8,8 милиони жители. Негативниот демографски тренд, според оваа проекција на ОН, ќе доведе до драстично намалување на популацијата. За 35 години, Србија ќе има 17,2 отсто помалку граѓани.

Меѓу 10 земји во кои бројот на жителите исто така драстично ќе се намали, освен Србија се наоѓаат уште и Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Романија, Украина, Јапонија, Летонија и Литванија.

ФОТО: Големиот Икер Касиљас објасни каде е Македонија

Икер Касилјас е вистинска икона на шпанскиот фудбал и на десеткратниот европски првак Реал Мадрид, а при пристигнувањето во Македонија со фотографија на Инстаграм убаво објасни во која земја се наоѓа.

ikerot

Сегашниот голман на Порто напиша дека е во Македонија и утре ќе биде последниот бедем во одбраната на актуелниот европски шампион Шпанија во квалификацискиот дуел со нашата репрезентација.

Шпанија е апсолутен фаворит, а постот и сликата на Инстаграм на популарниот Свети Икер предизвика многубројни позитивни реакции на Македонците.

„Откријте ја Пелагонија“ во месецот на авантура

Во текот на септември и октомври во општините низ Пелагонискиот регион ќе се организира месецот на авантура “Откријте ја Пелагонија”. Негова цел е промоција на Пелагонија пред домашните туристи како дестинација за авантуристички туризам односно дестинација за уживање во физичка активноста, природа, локална традиција и култура.

333

 

Во рамките на месецот на авантура во Пелагонија ќе бидат организирани 10 настани со повеќе од 20 спортско-рекреативни и културни активностикаковелосипедизам, планинарење, ултра маратони, болдеринг и параглајдинг, наменети за сите категории на туристи.

Официјалното отворање на “Откријте ја Пелагонија”ќе се случи на 12 септемвриво Стење каде за време на два викенд деновиќе бидаторганизиранитрки во планинско трчање, планинарски марш на Галичица и велосипедски тури до село Коњско и Галичица.

Вечерта на 12 септември на новатаплажа во Стење ќе се организира музички хепенинг со рок бенд и диџеј. Камперите кои ќе бидат сместени на самата плажа ќе уживаат во гравче подготвено на логорски оган и други специјалитети од преспанската кујна.

Месецот на авантура во Пелагонија е организиран од широкаплатформа на јавен, приватен, невладин и донаторски сектор. Партнери во организацијата на настаните се општините во Пелагонија, Проектот за експанзија на мали бизниси кофинансиран од УСАИД и Швајцарската развојна агенција, спортски клубови, здруженија на граѓани и локалното население од регионот.

Повеќе детали за програмата на “Откријте ја Пелагонија” можат да се најдат на фејсбук страната www.facebook.com/discoverpelagonija или на веб страната www.pelagonijaregion.mk.

Презентирани нови мерки за вработување

222

 

Градоначалникот Марјан Ристески и директорката на АВРМ – Прилеп Силвана Пашоска, денеска ги презентираа новите мерки за вработување. Станува збор за проектот „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места“, „Проект за самовработување со кредитирање“ и „Самовработување со неповратни средства во грантови“.
Преку првиот проект, пријава може да достави правен субјект (микро и мало претпријатие) кој е регистриран најмалку 1 година, кој има најмалку 1 вработено лице минимум 3 месеци пред денот на објавување на јавниот оглас, и кој воедно не го намалил бројот на вработените во последните 6 месеци. Целта на вториот проект е на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа коишто сакаат да започнат сопствен бизнис да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн. И на третиот проект може да се пријават невработени лица активни баратели на работа евидентирани во Агенцијата за вработување кои ќе добијат обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистирање дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјал и менторство во тек на почнување на бизнисот.
Досега 625 лица на територијата на Прилеп, имаат добено работа преку проектот „Самовработување со неповратни средства во грантови“ и 52 преку проектот „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места“, посочи во својата изјава директорката Силвана Пашоска.
Сите баратели на работа и заинтересирани можат повеќе информации да добијат на следниот линк: http://www.avrm.gov.mk/

ПОКАНА

image description

image description

Повеќе информации на следниот линк: Пропозиции Трофеј Македонија

Издадени 2.165 нови потврди за барање азил

Во последните 24 часа се издадени потврди за право за барање азил на 2.165 странски државјани од кои, 1.309 се мажи, 303 жени и 446 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 107 деца кои патуваат без родител.

11

Според државјанството, најбројни се лицата од Сирија, 1.788, потоа од Иран 116, Ирак 98, Авганистан 66, Палестина 47, Пакистан 12, додека другите се во помал број.

За истиот период, не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Во периодот од 19 јуни до 6 септември годинава се издадени потврди на вкупно 62.586 странски државјанин, од кои 42.516 мажи, 8.574 жени, 9.994 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште 1.502деца кои патуваат без родител. Најмногу, 50.970, се од Сирија, потоа од Авганистан 3.477, Ирак 2.849, Пакистан 1.741 Палестина 777, Сомалија 571, Бангладеш 428, Конго 323, Нигерија 205, Камерун 160, Еритреја 142 и Етиопија 109, додека останатите се во помал број.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до 06.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

ФОТО: Неодоливиот Запа – двојник на Сид од „Ice Age“

Кучето Запа има 15 години, а неговиот изглед навистина потсетува на мрзливецот Сид од генијалниот цртан „Ice Age“.

5

Запа е кученце кое нема заби, а јазикот му виси од страната на устата.

Неговите сопственици велат дека пред неколку години Запа ги изгубил сите заби и оттогаш јазикот му виси од устата.

Погледнете го Запа кој е вистински двојник на Сид.

6

7

8

Ова се најплатените тренери во Серие А

Серие А одамна не е на врвот на европскиот фудбал, па поради тоа тренерите во оваа лига имаат помали примања од оние во шпанската Примера, англиската Премиер лига па и германскта Бундеслига.

6

Според истражувањата на угледниот весник „Газета дело Спорт“ најплатен тренер во италијанската Серие А е Роберто Манчини (Интер) со годишна плата од 4 милиони евра. Следува Масимилијано Алегри (Јувентус) со 3,5 милиони, а трет е Руди Гарсија (Рома) со 2,8 милиони евра годишна плата.

Тренерот на Милан Синиша Михајловиќ е четврти на листата со годишна плата од 2 милиони евра, а интересно е тоа што „Росонерите“ се уште ги исплаќаат поранешните тренери Филипо Инзаги (1,5) и Кларенс Седорф (2,4) поради едностран раскин на договорот.

Во иста ситуација е и нивниот градски ривал Интер кој има обврски кон Валтер Мацари од 3,5 милиони евра годишно.

Над 1 милиони евра годишна плата имаат уште поранешниот тренер на Фиорентина Виченцо Монтела (1,4) и неговиот наследник Пауло Соуса.

Најмала плата во Серие А има тренерот на Емполи Марко Џампаоло и тоа 200.000 евра годишно.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 8-ми СЕПТЕМВРИ

5

Програма на одбележувањето

Понеделник, 7-ми Септември

09.00 – Работен дел на Советот на Општина Крушево (кабинет на Градоначалникот)

10.00 – Полагање на свежо цвеќе на спомен обележјата на народните херои и првоборците во крушево

10.30 – Полагање севежо цвеќе на Партизанските гробишта

12.00 – Свечена седница на Советот на Општина Крушево (хотел Монтана, конгресна сала)

– рецитал на учениците од СОУ ,, Наум Наумовски – Борче,, Крушево

– Коктел

Вторник, 8-ми Септември

20.30 – Концерт ,, Пицикато,, – настап на Пламенка Трајковска – Гудачко трио (Градски плоштат ,,Никола Мартиноски

Само за носталгичари: НОКИА 3310 се враќа на пазарот за 6 евра

Легендарната Нокиа 3310 се враќа. Страницата „Али Експрес“ најави дека во следните неколку дена во својата понуда ќе има целосно нови Нокиа 3310 по цена од шест евра.

4

Популарниот телефон што своевремено предизвика револуција на пазарот, може да се нарача со посредство на компанија во Сингапур.
На испорака се чека три до четири недели, а купувачот е ослободен од поштарина.

Овој класичен мобилен телефон од 90-тите години, за кој се веруваше дека може да преживее и апокалипса, освои милиони корисници низ целиот свет со својата издржливост, едноставнсот за користење и големина.

Освен екран осветлен во зелена боја, Нокиа 3310 има и именик со 250 контакти, 35 мелодии, часовник, стоперка, аларм и дигитрон, а батеријата за разлика од денешните смартфони трае цела недела.