дома блог страница 5365

Прилепски карате амбасадор

Тодор Рисетески е млад спортист кој несомнено треба да не прави горди што живее во нашиот град. Постојано со нови успеси чекори кон врвот на карате спортот. Посветен кон она што го работи, Тодор е секогаш спремен за нови предизвици, гладен за нови победи, а со тоа и за нови медали и одлукувања како за него така за Прилеп и Македонската Карате Репрезентација. Оддели малку од своето време и одговори на нашите прашања.

Koга започна твојата опсесија со каратето, на која годишна возраст и како се вљуби во овој спорт?

Многу добро се сеќавам на мојата шест годишна возраст, кога размислував дали да започнам со спортот кој во тоа време го следев на ТВ екраните, а тоа беше светското првенство во Фудбал 1998 и да се радувам на головите како онај третиот на Зидан со главата во финалето против Бразил или пак да бидам како човекот со најсилното оружје наречено кунг-фу кое припаѓа на јапонската вештина за самоодбрана наречена Карате. Односно да станам како човекот со психичка надмоќ над противникот, со силата и брзината на раката и ногата, Брус Ли. Тоа беше човекот кој повеќе ме инспирираше за она што сакам да бидам и така моја опсесија стана трошење на енергија по дома за да по кратко време започнам да тренирам Карате со голема љубов уште од тие денови.

Дали постои некој кој инсистираше да запловиш по спортските води или желбата се разви од твоја страна?

Секако дека желбата беше голема од моја страна, но мојот Татко инсистираше затоа што залудно ја трошев мојата енергија по дома и дека треба да започнам со редовени тренинзи со Карате и достоен партнер за спаринг.

Кој е клубот чии бои ги браниш?

Карате клубот “Спорт 94 ” – Прилеп е мојот моментален матичен клуб, заедно со мојот тренер Петар Белистојаноски кој го оформил овој клуб и чија најголема заслуга е спортист на Македонија во 1994 год.

Кога беше првиот повик за Македонскара карате репрезентација и како дојде до тоа да ја претставуваш нашата земја на меѓународни натпревари?

Тоа беше 2007 година кога изборив место на државното првенство да ја претставувам Македонија во мојата категорија во борби на балканскиот шампионат во Букурешт, Романија, каде бев рангиран во првите пет места и со тоа бев повеќе мотивиран да наредно дојдам до медал на такво поголемо натпреварување.

Што претставуваат за тебе настапите за Македонската репрезентација?

Верувајте дека посебно е чувството да бидеш привилигиран и декларинан како спортски промотор на сопствената земја, баш во она што го љубиш и сакаш да го работиш носејќи ги тие заштитни бои црвена и жолта и секое едно ново доживување на поголемо натпреварување, а воедно и секој нов настап е шанса за остварување на неоствареното и нели просто кажано да се искачиш скала погоре до врвот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Кои се најголемите успеси на Тодор Ристески?

Најголем успех на Тодор и највреднуван е петто место на Европски сениорски шампионат во Тенерифе – Шпанија, за кој пораз во борбата за Бронза жалам постојано, но ништо не е завршено јас верувам и тренирам да се надмине тоа. После овај успех добив титула Спортист од Меѓународна катерорија при Агенцијата за млади и спорт. Во 2013 година бев во првите седум на Европското сениорско првенство во Будимпешта- Унгарија, во 2014 година ставувам Балкански Сениорски шампион на домашен терен во Охрид. Потоа следат медали од сениорски турнири низ европа, трето место на Медитеранско Првенство во Бари – Италија 2011 за да со тој успех ја претставувам Македонија на светско првенство во Малезија, но за жал без позначаен успех се вратив. Повторно изгубена борба за финале, па и за бронза во 2010 во Измир – Турција, но тој пат како јуниор, Балкански јуниорски медали, Државен првак како кадет, јуниор и сениор.

Кој е најтешкиот натпревар кој си го имал, на какво првенство и дали ти донесе успех?

Сум имал тешки борби најмногу на светски натпреварувања и сум издвојувал победи, но недоволно за медал. Секој меч на едно такво натпреварување од таков каратер си има тежина, но ете како најтежок натпревар онај во Тенерифе со 5 борби и силни противници.

 

Кој е патот до успехот според тебе?

Голема желба, мотивација до она што сакаш да дојдеш, тренинг и напорна работа, луѓе позади себе и нивна подршка, и мислам кога тогаш успехот доаѓа.

Дали постои некој кој е инспирација за тебе на спортски план, кое спортско име те води низ твојата кариера?

Инспирација е тренерот Петар Белистојански кој е најзаслужен за мене, покрај моите родители, кој виси и вика над глава за подобар јас. Но има такви спортски имиња не само од мојот спорт и од други спортови на кои јас му се восхитувам, особено еве Новак Џоковиќ и неговата перфектна психа.

Какви планови има Тодор за во иднина и со какви подготовки се соочуваш за да ги реализираш тие планови?

Да се биди дел од елитата во својата категорија на европски и светски план, учества на Премиер лигата и повисоко бодување на WKF ранг листата. Подготовките се постојано со напорни тренинзи со помош на своите клубски и репрезентативни колеги.

Кое е твоето мислење за моменталната состојба на карате спортот во Прилеп и Македонија, дали постои можност за подобрување и со што според тебе би требало да се позанимаваат надлежните во каратето ?

Епа фактот што го имам највисокиот успех во борби во Карате спортот во нашиот град, покажува дека треба и се бара од идните каратисти да го подобрат овој успех за наш заеднички успех како град во овај спорт. Сепак и јас останувам да работам на тој план. За моменталната состојба на каратето во Македонија можам да кажам дека карате федерацијата добива највисоки успеси како федерација и има најголем број на оскари во борби и кати на последните неколку манифестации, благодарение на Европскиот првак Емил Павлов кој беше бронзен на Европските Олимписките Игри и секако останатите моќни успеси на колегите кои помагаат заслушено да добиваме една поголема афирмација, почит и внимание како Македонија. Но најголема заслуга за тоа има претседателот на федерацијата Драги Стојановски.

Тодор ти благодариме за одвоеното време и ти посакуваме да не радуваш со нови спортски успеси во иднина.

Ви благодарам и јас и ви посакувам се најдобро и вас во иднина.

Подготви: Александар Георгиоски

„Сите деца со исти права! За подобро утре!“

CAM00448

По повод Светската недела на детето, Коалицијата на младински организации СЕГА денеска, спроведе инфо ден во ОУ „ Климент Охридски“ со цел информирање и запознавање на децата со нивните права. Во периодот од 05 до 10 Октомври ќе се реализираат повеќе локални акции создадени од четириесет и две деца од различни националности од Прилеп, Тетово, Теарце, Струмица, Куманово и Кавадарци. Овие деца беа дел од вториот Летен камп 2015 во Струга. Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена кои беа дел од кампот имаа за цел да обезбедат квалитетно интеркултурно искуство на децата и исто така да ги научат начините и методи со кои можат да ги промовираат детските права и интеркултурната комуникација.

Локалните акции се организираат во состав на кампањата „Сите деца со исти права! За подобро утре!“ кој го имплементираат во партнерство, Коалицијата на младински организации СЕГА, Совет за превенција и против малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце, а со поддршка на Детската фондација „Песталоци“.

CAM00439

CAM00451

ТРАГЕДИЈА ВО ПРИЛЕП

policija-mk

Прилепчанецот Мендо Г. (1973) од прилепското село Воѓани утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Демир Хисар-Кичево.

Од СВР-Битола информираат дека сообраќајката се случила околу 7 часот при судир на комбе марка „Цитроен џамбо“ со прилепски таблици управувано од сега починатиот Мендо Г. и товарно моторно возило камион со приколка со битолски таблици кое било паркирано на патот.

– Сообраќајката се случила кај местото викано „Зли дол“ кај каменоломот. Возилото со кое управувал сега веќе починатиот Мендо Г. роден 1973 година од прилепското село Воѓани, е излетано од патот. Екипи на СВР-Битола, итна медицинска помош и пожарникарска служба сеуште се на терен, а поведовме и истрага за утврдување на причините за оваа сообраќајна несреќа, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Прилепските пингпонгари со рутинска победа на домашен терен

1

Во второто коло од првата пингпонгарска лига на Македонија, екипата на Младост 96 ја извојува првата победа сезонава и тоа со убедливи 5-2 против екипата на Пошта 2 од Скопје. После несреќниот пораз во првото коло од екипата на Мултитекс – Битола, младите играчи на ППК Младост 96 влегоја сериозно во овој дуел, и победата не беше доведена во прашање. Победите за победничката екипа ги извојуваа Антонио Стомнароски и Александар Рикалоски, а за екипата играше и Христијан Иваноски. Ова беше рутинска победа на младата екипа на Младост 96, која оваа сезона претендира за највисок пласман. Наредното коло Младост96 ќе гостува во Скопје на екипата на Студент која во првите две кола е со две победи.

2

Македонскиот женски МЕСИ!!!

Screenshot_1

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова е најсветлата точка на македонскиот женски фудбал. Во мај оваа година Наташа го реализира својот сон и потпиша за шведски Розенгард. Нејзината желба е освојување на женската Лига на шампиони, а оваа година блеска со своите игри за својот клуб.
Настапувајќи рамо до рамо со најдобата светска фудбалерка, Бразилката Марта, Наташа успева да го следи нејзиниот учинок и со седум постигнати гола оваа сезона е само еден гол зад Марта.
Со нејзиниот претходен клуб Турбине ја освои титулата во Германија, а сега е на чекор да стане шампион на Шведска. Изминатиот викенд Наташа одигра уште еден сјаен меч за својот тим постигнувајќи два гола и со тоа го однесе Розенгард на врвот на табелата, на само две кола до крајот.
Нејзината позната “левица” заблеска при постигнувањето на првиот гол, а вториот беше ремек дело во казнениот простор на противничкиот голман.
Од наредниот викенд стартува женската Лига на шампиони каде се надеваме Наташа и оваа година ќе не радува со многу постигнати голови и ќе успее да донесе успех како својот клуб така и за македонскиот спорт.
Наташа несомнено е женскиот фудбалски Меси. Затоа и посакуваме многу успеси и уште многу години да блеска на теренот.

Видеото можи да го изгледате тука

ВИДЕО: Терористите пукаа кон руските авиони и си ги издадоа позициите

isis-sirija-mitralez-640x396_thumb_medium500_309

Еден ден пред руската интервенција, терористите пукаа кон руските авиони и си ги издадоа позициите. Борците на Ал Нусра објавија видео снимка на која се гледа како од митралез пукаат врз руски авиони, а ден потоа е објавена снимката како Русите им ја рушат цела база.

На Фејсбук каналот на една фракција на Ал Нусра се појави снимка кој е закачен еден ден пред почетокот на воената акција на Русија во Сирија, а на оја се гледа како борците пукаат врз руски авиони за кои може да се претпостави дека се само извидувачки летала.

Терористите се обидоа да се пофалат, така што го објавија обидот за симнување на некој авион со митралез што се наоѓа на автомобилот а во потписот се виде дека се работи за градот Хама.

Ова веројатно би било само еден во низата маркентинчки обиди на терористите да ги возвишат своите борци, за еден подоцна да се појави видео снимка, а на која се гледа како рускиот бомбардер фрла ракети токму во близина на местото од каде џихадистите претходно пукале.

На двете снимки се гледа истиот борец на Ал Нусра, а по конфигурацијата може да се види дека се работи за истото место.

Интересно е тоа што видео снимката на успешната руска акција е избришан од Фејсбук од страна на Ал Нусра, затоа што на неа се гледа како нивните борци се кријат под налетот на руските бомбардери.

Погледнете ги снимките.

Хорор во Прилеп: Вработени во шумската полиција нападнати од група на граѓани

uukradenidrvaa

Вработени во шумската полиција во Прилеп, вчера околу 18 часот, биле пресретнати од поголема група на граѓани, кои ги нападнале и им го оштетиле возилото.

Лицата Р.М., М.К. и Г.С. вработени во шумска полиција во Прилеп при извршување работни задачи со ПМВ „Лада Нива“, свртуваќи од ул.„Тризла“ по ул.„Гостиварска“, биле пресретнати од поголема група граѓани, при што едно од лицата со метална шипка ја оштетило хаубата и го скршило предното ветробранско стакло. Друго лице со тврд предмет го искршило задното лево стакло од возилото, по што шумските полицајци излегле од возилото. Во нападот, двајца шумски полицајци биле турнати од толпата и биле погодени со шишиња во пределот на главата, а третиот бил нападнат од толпата, по што останал да лежи на тротоарот. Откако се разбегала толпата, тој бил префрлен во Градската болница Прилеп, каде му е констатирана повреда нагмечување на носот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

КРАЛОТ НА ЕСЕНТА

ajvar5

Почетокот на есента освен по бојосувањето на природниот колаж со жолто- портокалова боја, кај нас е популарен и по една вечна традиција за подготовка на зимници. Овој стар аманет се пренесувал од постарите на помладите домаќинки од порано, така и денес.
Се она што плодната македонска земја им го донела како благодет на земјоделците, се она што е краен резултат на нивниот труд и нивната пот, се спрема и подготвува за ладните месеци во зимата. Компоти, мармалади, сторена зелка, туршија, домата, се само дел од понудата на трпезата секоја година.
Македонскиот народ има обичај да во подготовката на зимниците бидат вклучени сите членови од семејството. Подготовките и спремањето се еден вид на ритуал, редослед кој мора да биде запазен, за да крајниот производ зрачи и повикува за дегустација.
Од целиот процес на подготовката на зимница, она што остава особено најголем впечаток и што во себе го носи целиот шмек на традицијата е подготовката на Ајварот, кој би го нарекле крал на есента во Македонија.
Тетки, стринки, братучетки се верни придружнички при подготовката, секоја со своја задача и свој придонес. Растрчани домаќинки, големи количества на пиперки, миење и бришење на секоја од нив, долго печење над оган, лупење, мелење, повторно на оган во голем казан, зачинето со сол и зејтин и можеби некој модар патлиџан, до крајниот резултат.
Можеби кај новите млади домаќинки оваа напорна рачна работа не е привлечна на прв поглед, но би ги замолиле да не им ја ускратуваат среќата на сите во семејството и домашно приготвениот ајвар го заменат со купечки, индустриски, кој ни од далеку не наликува на оригиналниот.
Овој неверојатно вкусен производ значи детска радост, носи насмеани лица на сите, од мало до големо. Популарно наречено лепче и ајварче, е првото нешто што ќе ви текни секој ден, се до последната залиха, до последната тегла.
Мирис кој освојува и исполнува душа, топлина која блешти од сите македонски дворови, го потиснува есенскиот дождец и ладните утра. Од секој сокак и од секое маало горат огнови, се подготвува големиот македонски специјалитет АЈВАРОТ.
Со овие зборови би сакале да го зголемиме вашиот апетит и да ви го пренесиме мирисот на свежо приготвен ајвар, што би ве натерало час поскоро да потрчате до соседниот двор со парче леб во рака доколку немате приготвено свој.

Прилепчани несовладливи на домашен терен

1

Р.К. Прилеп 33 – 21 Металург 2
Ракометарите на Прилеп поуспешни и во втората утакмица на домашен терен.

2 (2)

5

Исполнетата сала во СОУ Р.Р.Ричко беше мотив плус за подобра игра и огромна разлика во резултатот. Убедливата разлика е само најава за амбициите на прилепчани оваа година.

6

7

Уште првото полувреме се беше јасно кој ќе ги добие бодовите и со одлични осум голови разлика со резултат од 18:10  заврши првото полувреме.

11

9

И второто полувреме домаќините имаа добра игра со што ја зголемија разликата на 12 голови разлика.

13

14

17

19

22

26