дома блог страница 5364

Мега популарната ѕвезда Миле Кузманоски за маркукуле.мк од Pub Connect, Битола

Изминатиот викенд бевме во Битола. Го посетивме најновиот и најсовремениот локал во градот на конзулите, Pub Connect, сместен во новиот дел на градот во трговскиот центар Кеопс. Пријатен амбиент, одлична услуга, широка понуда на професионално подготвена и сервирана храна, беше првиот впечаток кој го довивме и беше причина да уживаме во ваквиот шаренолик мозаик. Pub Connect исто така располага со свој паркинг простор, нуди организирање на свечености, има своја кетеринг служба, а секој викенд можете да уживате во звуците на нивните музички гости. Искрено го препорачуваме ова место и сметаме дека е репер за тоа како треба да изгледа еден елитен кафе-ресторан, што би ги исполнувал условите за идеален помин. Луѓето од локалот беа љубезни и ни овозможија дружење и интервју со нивниот гостин на вечерта, мега популарната ѕвезда на естрадата, Миле Кузманоски. Го запрашавме за почетоците на неговата кариера, за новините кои ги приготвува, за настапите и идните планови.
Миле Кузманоски, добре дојдовте на страниците на маркукуле.мк, благодарни сме на прифаќањето на поканата да бидите наш гостин и среќни сме што можеме да ги информираме нашите читатели за вас.

Благодарам на поканата и покажаниот интерес.

Знаеме сите кој е Миле Кузманоски и која големина ја имаат неговите настапи насекаде низ Македонија, но не знаеме нешто друго. Како започна вашата кариера и кои се вашите први контакти со музиката?

Официјален старт на кариерата ми беше на Македонската Радио Телевизија далечната 1990 година, додека пак прв фестивал на кој настапив е “Валандово” со композицијата “Песна која боли”

Што ве натера да ја негувате македонската песна, да започните професионално да се бавите со музиката и да бидите секогаш причината за добра забава и прекрасен помин?

Одсекогаш го сакав пеењето, можеби тоа е причината да започнам професионална кариера и да се бавам со музика на повисоко ниво. Причината за одличното расположение кај публиката на моите настапи ја наоѓам пред се во тоа што уживам во работата и истата ја работам со огромна љубов.

 

 

 

 

 

 

Kолку долго сте на македонската естрада и кои свои успеси ги сметате за најголеми достигнувања?

Веќе 25 години опстојувам, работам, творам на Македонската музичка сцена. Следната година планираме со мојот тим овој јубилеј да го крунисаме со голем концерт во Скопје, а се надевам и по другите градови.

На сите ваши настапи конкретно во Прилеп и Битола се бара маса и карта повеќе. Што значи тоа за еден естраден уметник како вас, колку влијае таквото расположение на публиката на вашата мотивација и желба да им го пружите она што го бараат од вас?

Па се разбира дека исполнува душа сето тоа. За мене најголемиот и единствен стимул за работа можам да кажам дека е публиката. Се додека имаме љубов јас ќе постојам и ќе работам само за нив.

Со колку награди за свои песни на фестивалите низ Македонија можете да се пофалите?

Навистина не можам да ги набројам сите награди, ги има премногу. Би ја издвоил онаа која ја имам како најмила и највредна, а тоа е наградата од фестивалот “Цветници” 2000та година со песната “Не кани ме” , песна која ми го смени животот и ме направи препознатлив кај народот. Се надевам дека песната ќе остане засекогаш да векува и да потсетува на мене.

Кои се идните планови на Миле Кузманоски, што подготвувате, со што ќе не изненадите во иднина и ќе ја збогатите македонската фолклорна сцена?

Најново со што можам да се пофалам е новиот албум “Шприцер”, што претставува нешто на што долго и напорно работев. На него се наоѓаат девет комплетно нови композиции, како и три бонус нумери со видеозаписи за истите.

Дали Миле Кузманоски има слободно време и како го поминува?

Секој слободен момент, секој слободен миг во мојот живот сакам и им го посветувам само на моите две ќерки.

12112535_10206628966354317_2016445505_o

 

 

 

 

 

 

Настапувате и надвор од границите на Македонија, колку често се дружите со македонската дијаспора ?

Со нашинците надвор од Македонија не сум се дружел веќе пет години, правам пауза од настапите настрана од нашата земја. Инаку имав бројни настапи во Австралија, Италија, Шведска, Швајцарија, Австрија и.т.н.

Имате ли омилена публика, омилено место за настапи, омилен град?

Ја сакам ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА !

Конкретно за вас кој е патот до успехот ?

Сметам дека упорноста и истрајноста се секогаш гарант за успехот. Во нашата професија исто така она што оди во прилог на секој естраден уметник е тоа да си свој, да бидеш уникатен, а со тоа и препознатлив.

Ви благодариме на одвоеното време, ви посакуваме пред се добро здравје, уште многу награди, нови песни и секогаш задоволна и расположена публика.

Ви благодарам и јас, поздрав до читателите на маркукуле.мк и се гледаме во наредна прилика.

Pub Connect

Подготви: Александар Георгиоски

11 издание на фестивалот на новиот германски филм

 

 

покана фестивал на новито германски филм

Од 8. 10 до 10.10 во Кино Мис Стон во Прилеп традиционалнао ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм. Отворањето на 11 издание на фестивалот е во четврток 8 октомври во 19.30 часот, а ќе присуствува и германската амбасадорка д-р Кристине Д. Алтхаузер.
Фестивалот на новиот германски филм годинава започнува во Прилеп. Има посебно место не само во прилепскиот, туку и во македонскиот културен живот и претставува доживување за сите љубители на германскиот јазик.
И годинава фестивалот понудува најнови германски продукции, со што ќе се прикаже разноликоста на германската кинематографија. На програмата се филмови од најразличен жанр. Тие го опфаќаат времето на Шилер и Гете, па се до денешницата, каде што се појаснуваат предизвиците на мултикултурното општество. Не е изоставен ниту начинот на справување со сопствената минливост. Се разбира оставен е простор и за најмладите.

Филмови што ќе се прикажуваат во кино Мис Стон
Четврток 8. октомври
19.30 часот – ,,Роден во болка,, режија Флориан Шварц ( криминален филм)
Петок 9. октомври
18.00 часот – ,,Феникс,, режија Кристиан Пецолд, (драма)
20.00 часот – ,, Хакери,, режија Баран бо Одар, (трилер)

Сабота 10 октомври
16.00 часот – ,, Лола на грашокот,, режија Томас Хајнеман, ( филм за деца)
18.00 часот – ,, Спасете го Рафи,, режија Аренд Агте, (филм за деца)
20.00 часот – ,, 300 збора германски,, режија Зили Аладаг (комедија)

vtor del pokana

 

 

 

 

Промeна на целокупната столарија во О.О.У Блаже Конески

11

Со средства од Локалната Самоуправа на општина Прилеп во висина од 5 милиони денари ќе се изврши промeна на целокупната столарија во О.О.У Блаже Конески – Прилеп со огромна поддршка и иницијатива на градоначалникот на општина Прилеп г-н Марјан Ристески.
Распишан е е-оглас, во тек е постапката, учениците и вработените ќе добијат многу подобри и потопли услови за работа, ќе се смени естетскиот и надворешниот изглед на училиштето, сите вработени и ученици ќе бидат многу постоплени со што ќе се подобри и енергетската ефикасност на самиот објект.
Доколку останат средства од е-аукцијата со согласност од Секторот за финансии при Локалната Самоуправа на општина Прилеп ќе се работи и фасадата на училиштето за што исто така се има изработено готов проект.
Во понатамошна фаза од капиталните проекти за 2016 год најавено е партерно уредување на училиштниот двор во училиштето во Варош за што е изработен проект од ЈП за ПУП во во висина од 1.200 000 денари.

12

Дождливо време и пад на температурите

5000000

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во западните делови, а попладне насекаде ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и ќе се проследени со ретки грмежи. Врнежи ќе има и преку ноќта. Максималните температури ќе бидат за 5 степени пониски од денешните.

Од денеска па се до крајот на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни, на југ проследени и со ретки грмежи.

Утре врнежите ќе продолжат и преку ноќта, така што на повеќе места ќе наврнат над 20л/м2, особено во јужните и источните делови, а за време на викендот повторно се очекува поголемо количесто на наврнат воден талог.

Ова долго се чекаше: Игор Џамбазов со голема радост ја соопшти оваа вест!

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов ги израдува сите свои фанови преку профилот на својата мачка на Фејсбук. Имено Игор скоро ја заврши својата нова книга, која го носи насловот „Умрен човек“, како последен дел од трилогијата на „Гол човек“ и „Облечен човек“. Книгата за која неговата мачка вели дека е полн погодок, ќе имаме можност да ја имаме во своите домови пред Нова Година.

7657yjn56u56uj56u56u5

КОШАРКАРСКИОТ „МОЦАРТ“ Дражен Петровиќ ЗЛАТНА 4ка на NETS

maxresdefault

Изминаја 22 години од згаснувањето на една од легендите на кошарката воопшто. Дражен Петровиќ или чудото од Шибеник беше кошаркарска иконка на која само небото и беше лимит. На 7 јуни 1993 згасна неговиот живот во сообраќајна незгода.
Од тогаш кошарката не е веќе иста. Дражен замина од паркетот и се пресели во височините, но она што ќе остане е неговиот спомен и вонсерискиот талент кој го поседуваше.
Денес се сеќаваме на неговиот славен рекорд од пред 30 години, кога на натпреварот со Олимпија од Љубљана за својата Цибона, Дражен го постави својот славен рекорд забивајќи дури 112 поени на еден натпревар и уривајќи го дотогашниот рекорд на Радивоје Корач од 74 поени.
Причина за овој славен подвиг на Дражен претставувала и административна грешка од тимот на Олимпија, поради што нивниот тим требало да настапи со јуниорската екипа. Натпреварот бил дел од првото коло на Југословенската лига, а на мечот тимот на Олимпија бил декласиран со резултат 158:77.

СЛУШНЕТЕ: Новата песна на Тоше Проески

Tose-Proeski-

Вчера беше промовирана досега необјавената песна на Тоше Проески.

Во рамки на одбележувањето на 8-то ѕвездено небо во чест на Тоше, беше промовирана новата песна „Ефта пуране иконе“ која е испеана на ромски јазик.

За истата има и видео запис кој може да го погледнете во продолжение.

Нови подови во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“

2

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ доби нови подови. Извршена е замена на стариот паркетен под со нов под од линолеум со висококвалитетни својства. Вредноста на оваа инвестиција чини два милиони денари средства обезбедени од Локалната самоуправа.

1

Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ и посочи дека Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи да инвестира во образованието. Според директорот на училиштето Никола Кузески проектот се одвивал во две фази и тоа во првата фаза бил опфатен вториот спрат од училиштето, а во втората фаза е приземјето. Во ова основно училиште досега е инвестирано во: реновирање на покривот, обновена е дограмата, поставена е громобранска заштита, санација на дел од санитариите, уреден е дворот, фасадата и единствено ова прилепско училиште има амфитеатрални училници за настава на отворено. Наскоро како нов и капитален проект градоначалникот Марјан Ристески најави дека со пари од Министерството за образование и преку владиниот проект ќе се гради спортска сала и ќе се воведе централно греење.

3

4

„Безбедни училишта за сите средни училишта од град Прилеп“

2

На 29 септември во СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, беше одржана централната манифестација со која се одбележа реализацијата на проектот Безбедни училишта за сите средни училишта од град Прилеп, финансирана од ОБСЕ. На манифестацијата беа присутни: претставникот од Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и координатор и обучувач на проектот за Безбедни училишта и Врсничка Медијација, директорите на средните училишта од Прилеп, претседателот на Советот на родители на нашето училиште, професори и ученици.
Претставникот на Мисијата на ОБСЕ во РМ истакна дека главната цел на проектот е да се подобри безбедноста на учениците во училиштата, да се намали степенот на насилно и асоцијално однесување на младите, преку подигање на свеста за намалување на насилството и вклучување во градење на безбедноста на сите ученици, нивните родители и образовниот персонал. Исто така, ја потенцираше и приликата за доискористување на грантот во наредниов период за секаков канцелариски материјал како и плазма телевизор и се што е потребно.

3

Директорот на СОУ„Ѓорче Петров“, г-н Дејан Димоски, истакна дека од имплементацијата на овој значаен проект има многу придобивки, меѓу кои ги истакна: намалувањето на степенот на насилството во училиштата; зголемувањето на толеранција и меѓуетничка комуникација; информираноста за препознавање на формите и причините за насилно и асоцијално однесување и отстранување на истите и подигање на свеста на наставниот кадар за поголемо внимание кон личноста на детето и евентуалните промени – симптоми; зголемување на довербата на младите во локалната самоуправа, полицијата и другите државни институции и запознавање на нивната работа;јакнење на свеста на учениците, родителите, наставниците за потребата од учество во создавањето на услови за безбедна средина и активно вклучување на сите во градење на безбедноста во училиштата особено учество во креирање на мерки и активности во училиштата и на проблематичните ученици.

4

За таа цел, беше отворена за употреба и просторијата на Клубот за медијација во нашето училиште, опремен со средства од ОБСЕ, но креативно осмислен и од училишниот тим за овој проект, како и од техничкиот персонал на училиштето.
Посебно внимание привлекоа камерите за видео надзор, коишто се поставија на “критичните ” места во училишниот двор за поголема безбедност во иднина како на учениците така и на наставниот кадар. За илустрација на значењето на нивната функција во училиштето, Драмската секција на нашето училиште, под менторство на проф. Билјана Тинтоска, подготви драмска претстава, по сценарио на Филип Стојаноски, со која и ја направи оваа манифестација симпатична и креативна.

5