Определени интернет портали и политички партии ги искористуваат врнежите за ситни дневно политички цели и како секогаш ја напаѓаат локалната самоуправа.
Само да Ве информираме дека сите канали за кои обвинувате дека не се исчистени, СЕ исчистени и сите скинати насипи се затворени и Ве молиме веќе еднаш направете разлика од поплава и пороен дожд.
А вашето обвинување (невистинито како и секогаш) дека нема екипи на терен да ве информираме дека:
Регионалниот кризен штаб ја следи состојбата во врска со обилните врнежи кои го зафатија Пелагонискиот регион и цела Македонија . Рано изутрина беше оддржан координативен состанок на Кризниот штаб на кој беа изнесени најновите информации за состојбата и превенциите кои се превземаат, од обилните врнежи кои го зафатија градот Прилеп и населените места.
Дежурните екипи на Јавните претпријатија, Центарот за управување со кризи и сите останати релевантни институции, се на терен од синоќа и постојано ја следат ситуацијата, а нивото на Црна Река е под контрола, но сепак состојбата постојано се следи.
Ги повикуваме политичките партии и одредени интернет портали пред да обвинуваат за невистини да се консултираат со нивните стручни кадри (ако воопшто ги имаат) за тоа како се превенира во ситуации кога има поројни дождови , а НЕ поплави.
А истовременео за информации на располагање е и Кризниот штаб да ги даде потребните информации.
РЕАКЦИЈА И СООПШТЕНИЕ НА РЕГИОНАЛЕН КРИЗЕН ШТАБ
Честит 11-ти Октомври
По повод 74 годишнината од почетокот на народното востание, изутрината делегации на Собранието на Република Македонија, АРМ, Владата, Сојузот на борците, локалната самоуправа, поллитички партии, здруженија и граѓани ги посетија Паркот на Револуцијата, Могилата на непобедените, Алејата на народните херои, споменикот на жената-борец, положија цвеќиња и се поколнија пред моштите на жртвите што ги дал Прилеп во Народната револуција и антифашистичката борба.
Со почит за борците, хероите и жртвите, прилепскиот градоначалник Марјан Ристески нагласи дека на овој светол ден од македонската национална историја гордост е да се биде пилепчанец, зашто од Прилеп почна ослободителното востание, а заветот на борците од НОБ е наш аманет.
– Гордост е да се биде прилепчанец и Македонец на овој светол ден, зашто токму на 11 октомври пред 74 години пукна првата пушка, почна антифашистичката борба. Прилеп беше прогласен за град херој со најмногу народни херои и загинати во оваа антифашистичка револуција. Борбата на сегашните и идни генерации продолжува да ги претвориме Македонија и Прилеп во попросперитетни со нови инвестиции со подобар живот за сите граѓани. Македонија да биде дел од европското семејство, изјави Ристески.
Илија Велкоски од Сојузот на борците потсети дека Прилеп дал 650 жртви и 15 народни херои како ниеден град и беше срцето на народната револуција.
– За време на револуцијата 1941- 1945 година, Македонија даде преку 25.000 жртви, што значи скапо ја плати сопствената слобода. Прилеп е носител на Револуцијата со над 8.000 директни учесници, што значи од секоја куќа имаше по еден учесник во НОБ, градот даде 650 жртви, 141 носител на партизанска споменица од 1941 година и 15 народни херои што ниеден град од екс Југославија го нема тоа. Прилеп го даде срцето на револуцијата, рече Велкоски.
За министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, кој ја предводеше владината делегација, Македонија по вековни борби, по народното востание од 1941-та стигна до своја држава.
– Ми претставува голема чест што денес ја предводев владината делегација за оддавање почит на паднатите борци кои ги удрија темелите на денешна Македонија. Драго ми е што по вековни борби успеавме да направиме држава, треба да продолжиме да се бориме да ја зачуваме оваа држава, да ја направиме просперитетна и да биде дел од Европа и НАТО, изјави Цветков.
Делегациите им оддадоа почит и положија цвеќе и пред спомениците на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и на идеологот на народната револуција Кузман Јосифоски – Питу во центарот на градот.
Со програма на плоштадот „Александрија“, со импровизиран напад на градот и богат огномет, синоќа Прилеп потсети на историските настани 41- та кога со нападот на тогашниот Участак, денес меморијален музеј „11 Октомври“ почна народното востание и четиригодишната народноослободителна војна.
По повод празникот денеска ќе се одиграат и повеќе спортски натпревари, а вечер во Домот на културата завршува и интернационалниот детски фестивал „Ѕвездички“.
Градот херој по 74-ти пат свечено го одбележа државниот празникот „11 Октомври“
Во центарот на Прилеп вечерва се одржа централната прослава по повод 74-годишнината од почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор. Покрај традиционално импровизираниот напад и огнометот, како потсетување на историските настани од 41-та кога со нападот на тогашната бугарска полициска станица Участакот, денес Меморијален музеј „11 Октомври“ започнало востанието.
Прилеп се гордее со улогата што ја има во историските настани за почетокот на антифашистичката борба. Го чува заветот на предците кои ги извојуваа битките за слободна и независна држава. Денешните генерации имаат нови битки–за подобар живот, за економски просперитет. Градот се издигнува во современо и модерно место, се обидуваме да ја подобриме економската слика и да ги решаваме проблемите, рече градоначалникот Марјан Ристески кој им го честиташе празникот на прилепчани.
Пратеничката Ане Лашкоска го честита празникот со желби за мир и единство и стремеж кон Европски Прилеп.
Вечерта беше заокружена со посета на настапот на „Ѕвездичките“ во ЦК „Марко Цепенков“.
АИРЛИЈА НОВ МАМОГРАФ ВО ПРИЛЕП
Мамографот кој пристигна е од најновата генерација на дигитални мамографи, дијагностички апарат кој во целост ќе ги задоволи потребите на жените од Прилеп и регионот, а раната и навремена дијагностика на бенигните и малигните заболувања на дојка ќе допринесе за навремено и поуспешно лекување на истите.
Art Caffe Aporea – The Hounds 10.10.2015
[Best_Wordpress_Gallery id=”54″ gal_title=”Art Caffe Aporea – The Hounds 10.10.2015″]
Колку дожд наврна во изминатото деноноќие?
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Пожаране и Крушево.
Според мерењата на УХРМ, во Пожаране се наврнати 100 литри на метар квадратен, во Крушево 99, следат Охрид со 90, Претор со 87, Тополчани и Тетово со 82, Ѓуришпте и Прилеп 78, Гевгелија со 77, Скопје 71, Маврово и Берово со 70, Куманово и Лазарополе со 69, Крива Паланка со 68, Виница со 63, Штип и Струмица 60, Дојран 58, Битола 52, Пожар 44 и Демир Капија 34 литри на метар квадратен.
Времето денеска ќе биде облачно со повремен слаб до умерен дожд почест во западните делови од земјава. Ќе дува умерен југоисточен ветер кој на југот и вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 16 до 21 степен.
Во Скопје слично време, облачно со повремен слаб до умерен дожд и со умерен југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Посета од најмладите на нашето училиште
По повод „Неделата на детето“,во СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп, на задоволство на сите, имавме посета на дечиња од градинката „Гоце Делчев“- Прилеп
Нивната замисла беше да заедно со своите воспитувачки и мајки, чии вредни раце учествувале во подготвувањето домашни колачи, пецива и други производи, ги понудат на нашите вработени.
Целта е со средствата собрани како доброволен прилог, да подобрат дел од условите во нивната установа.
Нашите вработени се согласни дека настаните од ваков карактер се секогаш добредојдени и ние секогаш ќе ги подржуваме и истакнаа дека креативноста и иновативноста на учениците влијаат позитивно во правилниот раст и развиток на децата.
Изразот на задоволство на најмладите беше само потврда за успешноста на овој настан.
Саботно врнежливо кафе – 10.10.2015
[Best_Wordpress_Gallery id=”53″ gal_title=”Саботно врнежливо кафе 10.10.2015″]
11 Oктомври 1941год, почетокот и текот на акцијата за Прилеп
Имајќи во предвид дека одбележувањето на 11 Октомври има оставено посебен белег на историјата на Прилеп и Македонија, имаме обврска да направиме една ретроспектива на настаните од тој период и да ви пренесеме изворни и точни податоци за отпочнувањето на четири годишната војна против нацистичките окупатори.
Неподносливата агресија која ја вршел бугарскиот окупатор била причината за кревање на македонскиот народ и организирање во вооружени чети, како и подготовка на вооружени акции против ваквиот терор.
Прилепчани секогаш биле обдарени со посебен револуционерен дух и затоа биле првите кои се спротивставиле на новоформираната власт во нивниот град и започнале со подготовка на планови и стратегија за нивна реализација.
Во наредниот текст ви ја пренесуваме целата акција на прилепските партизани поврзана за 11 Октомври 1941 година, начинот на кој е реализирана акцијата, како и инволвираните актери во истата.
На месноста Црвени Стени, на 11 Октомври вечерта, на зборното место се собрал партизанскиот одред. Првата чета, поради задоцнетото известување, задоцнила на зборното место на партизанскиот одред, поради што не била вклучена во акцијата за Прилеп. Од присутниот состав на одредот се извршил избор меѓу доброволно пријавените партизани за учевство во напрадот на Прилеп. Одредот во кој биле славните прилепски херои Трајко Тарцан, Мице Козар, Ордан Чопела, Димо Димоски-Нередникот, Оцка Михајлоски и многу други, потоа заминал кон Маркови Кули. Притоа била извршена поделба на задачите и бил формиран конечниот состав на ударните групи.
– Нападот на полициската станица за своја задача го имале: Аспарух Јосифоски, командир, Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.
– За затворот биле задолжени: Никола Попоски, командир, Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душан Ристески.
– За оштетување на телефонската мрежа акцијата им припаднала на : Мице Димески, командир, Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле, Киро Ќосески и Киро Базеркоски.
Секоја од групите имала своја стратегија на дејствување. Во онаа задолжена за участакот акцијата требало да ја започни Душко Наумоски, кој требало да стрела во стражарот пред участакот со што би дал знак на другите групи да се вклучат во нападот. Душко најпрвин се доближил до стражарот кој го запрел и го прашал за врмето на часовникот.
Останатите се посомневале дека Душко се поколебал, но тој се вратил и го застрелал. Потоа Аспарух Јосифофски активирал бомба и ја фрлил пред вратата на участакот, а останатите Блаже, Диме и Миле со пушки стрелале кон прозорците, не давајќи им да се појават полицајците.
Групата за затворот го чекала истрелот од револверот на Душко. Штом градскиот саат отчукал 10 часот, тие веднаш јурнале на затворот. Меѓутоа, стражата од кај участакот од пукотниците веќе била на готовс. Групата била пречекана со оган. Пецо Крстески и Никола Попоски фрлиле по една бомба, па се повлекле заедно со целата група без жртви.
Групата одредена за оштетување на телефонската мрежа на градот слегла кон Варошко маало, но не по ист пат каде што поминале и другите. Уепеале да ги спојат електричните со телефонските жици и со тоа да ги онеспособат, па се повлекле без престрелка.
Сите три групи се повлекле без загуби. Овој подвиг на првите борци од Прилеп можеби не е некој триумфален подвиг, но со сигурност претставува успех кој го означил продолжувањето на револуционерните борби на македонскиот народ, почетокот на организираното востание сега против нов окупатор како и доследноста на граѓаните на Прилеп кон борбата за македонска кауза и слобода.
markukule.mk
Ексклузивно! Убави вести од спортски центар „Јане Сандански“
Голема победа на ракометарите на Прилеп над Вардар 2 24-32 (13-13)
Сите играчи пожртвувано се бореаво текот на сите 60 минути. беа силно мотивирани и се покажа дека повеќе ја сакаат победата.
Со овие големи 3 бода од гостински терен РК Прилеп се задржа високо на врвот и останува еден од главните фаворитиза млеј оф.