дома блог страница 5357

Премногу тажна приказна: Овие деца знаат само за солзи и сиромаштија

Од пелени знаат само за тага и сиромаштија. Александар имал само две годинки, а неговата сестра неполни 13 кога останале сирачиња. Таткото се самоубил, а веднаш по неговата смрт си заминала и мајка им. Бабата Ковина и дедото Стојан се грижат за нив. И двајцата се без пензија. Децата добиваат по некој денар од социјалните служби, а преживуваат со татковата пензија која ја наследиле.

1

„Ја прашав баба ми дали може да ми купи нов фустан. Побарав од дедо ми телевизор за во соба. Ми рекоа дека тие работи се скапи и дека неможеме да си го дозволиме“, изјавила Катја за српски Блиц.

Впрочем и таа и нејзиниот помал брат Александар разбираат во колку лоша финансиска ситуација се наоѓаат. Сепак, она кое најмногу им недостига е родителската љубов.

Урнатина од куќа

-Колку бев среќен кога за почетокот на учебната година добив нови патики. Но со нив не можам да одам по нивите и игралиштата, па затоа низ селото се движам со гумени чевли. Што ќе правам во зима, кога снег ќе падне? Немам чизми, а немам ни кој да ми купи. До училиштето има цели три километри пешачење, а се уште немам решение за престојната зима, се жали Александар.

Во дворот на семејството има две куќи: онаа старата во која се родил дедото и новата која започнал да ја гради таткото на Александар и Катја, но не ја довршил.

-Пред некој ден, кога врнеше, ни распука ѕидот на стара куќа. Срцето ми се скрши кога ги видов баба ми и дедо ми како се молат на Бога да не ни се сруши домот, да издржи барем до пролет. Сонувам за денот кога ќе ја опремиме новата куќа, кога ќе купиме мебел, кога ќе имам полица со книги и свој шкаф за да ја ставам онаа малку гардероба која ја имам, признала Катја.

2

Таткото се обесил, мајката ги оставила

-Нашиот татко Зоран се обеси во шумата во близина на нашата куќа. Истата година, по неговата смрт мајка ни не остави. Не сакам никогаш да ја сретнам. Да ми дојде на врата нема да ја познаам. А доколку ме исконтактира телефонски веднаш ќе ја спуштам слушалката, вели Катја.

Александар пак вели дека на училиште нема со што да се пофали пред другарчињата.

-Само еднаш сум бил на море. Единствен сум во одделението што нема компјутер. Велат, на интернет има што да се прочита и научи. Немам велосипед за да одам се возам со другарчињата, вели Александар, кој додава дека сака да имаат пари за да си купат чевли, но и машина за перење за да не мора нивната баба да пере на рака.

3

Ќе им се оддолжиме на баба и дедо

-Ќе завршам факултет, ќе се оженам и ќе бидам добар човек. Така најдобро ќе им се оддолжам на баба и дедо за сите овие години внимание и грижа. Само Господ да им даде здравје додека јас и сестра ми го исполниме сонов, додава тој.

Бројни успеси за дечките од тениски клуб Винер Про од Прилеп

12170418_10201132721595990_1217852534_n

Тенискиот клуб Винер Про од Прилеп опстојува од 2009 година и е најсовремената школа за тенис во нашиот град. Доколку сте заинтересирани рекреативно или пак професионално да се бавите со овој спорт, клубот Винер Про е вистинското место. Нивната програма се состои од учење на нови тениски вештини како и забава и стекнување на нови пријателства.

12170491_10201132721395985_1206624944_n

Иако периодот на нивно постоење не е толку долг, луѓето од клубот можат да се пофалат со бројни успеси на своите членови, кои настапуваат на домашни и меѓународни турнири. Интересно е тоа што во клубот тренираат многу мали дечинња кои и на таа возраст успеваат да донесат медали и одликувања. Како најуспешни за оваа година од клубот ни ги кажаја имињата на Михаил Кусески, државен првак на Македонија до 16 години и Кристијан Селчанец кој се наоѓа во првите пет до 14 годишна возраст.

12064098_10201121997967906_1882223757_n 12165915_10201121997887904_1979086224_n

Михаил Кусески настапувал на турнири како на европско така и на светско ниво, додека пак Кристијан Селчанец покрај на турнири дома во Македонија, се натпреварува и се докажува и низ Европа. Михаил и Кристијан имаат освоено многу први места, тренираат напорно секој ден заедно со нивниот тренер Александар Јорданоски, се со цел за уште поуспешни резултати и освоени турнири.

12166410_10201132722196005_1522695726_n

Здружението за промовирање на културните вредности во Пелагонија, Маркукуле Прилеп, во делот на своите цели има зацртано афирмација на спорт кај младите во нашиот град и околијата, така да сметаме дека промоцијата на овие школи е навистина потребна за вистинскиот развој на децата и младите и поттикнувањето на здрави животни навики кај нив.

12006139_544538169030752_1297190236223572089_n 12019930_544204625730773_3092772187724877338_n

Маркукуле.мк го освои и ноќниот клуб ВИП 16.10.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”56″ gal_title=”Маркукуле.мк го освои и ноќниот клуб ВИП 16.10.2015″]

Мијалков е во Скопје: „Пиштолот е приватен и легален“

00000

Екс директорот на УБК Сашо Мијаков во изјава за Пресс24 ја потврди случката на белградскиот аеродром каде во неговата патничка торба како што објавија српските медиуми бил откриен пиштол.

Мијалков го потврдува настанот и вели дека при тргнување на пат земал торба која не ја проверил. Пиштолот во торбата бил откриен на ренген на белградскиот аеродром. За случајот Мијалков дал исказ и објаснување, по што пиштолот е задржан, а Мијалков го продолжил патувањето.

Во однос на останатите шпекулации Мијалков потврдува дека се работи за приватен пиштол, кој го поседува со дозвола и вели дека не поседува службено оружје од МВР, односно дека истото е раздолжено по завршувањето на функцијата.

Бо Мекејлеб и официјално ќе започне НБА кариера – потпиша со Њу Орлеанс Пеликанс

Детскиот сон на Лестер Бо Мекејлеб конечно се оствари, откако Њу Орлеанс потврди дека искусниот плејмејкер ќе ги брани боите на овој клуб.

BoMcCalebb

Натурализираниот Американец никогаш не криел дека негова најголема желба е да заигра во НБА лигата, а сега ќе има таква можност, бидејќи Њу Орлеанс во него виде идеално решение за плејмејкерската позиција.

Клубот потврди дека е потпишан договор со Мекејлеб, кој остави зад себе сезона за заборав, во која повеќе време беше повреден, а настапи само кусо време во дресот на Баерн Минхен.

Со ова Мекејлеб ќе биде вториот Македонец кој ќе биде дел од најквалитетното натпреварување во светот на кошарката, откако Перо Антиќ две сезони успешно го носеше дресот на Атланта Хоукс.

Лестер Бо Мекејлеб европската кариера ја почна во турски Мерсин, по што играше за Партизан, Монтепаски и за Фенербахче.

За Македонија прифати да игра во 2010 година, во квалификациите за ЕП 2011, каде што потоа брилјираше и беше избран во најдобрата петорка на турнирот, а настапи и на следниот континентален собир две години подоцна во Словенија.

Услови за аплицирање за социјални станови за ранливите категории

123123

Вкупно 101 новоизграден социјален стан во Прилеп и Демир Хисар ќе бидат распределени на граѓаните од најранливите категории, најави вчера премиерот Никола Груевски.

Официјално е објавен и огласот на Министерството за транспорт и врски, каде се објаснети сите детали.

Преку овој оглас ќе се распределат 25 социјални станови во општина Демир Хисар во станбенa зградa на ул. „Битолска“ број 6-Демир Хисар и 76 социјални станови во општина Прилеп во станбенa зградa на ул „Пере Тошев“ број 8 -Прилеп.

– Становите ќе се распределат на лица од различни социјални категории согласно Законот. Овие категории се утврдени во Законот, како што се приматели на социјална помош, деца без родители и повеќе други категории на лица кои ќе аплицираат. Распределбата ќе биде електронски, што значи со внесување на податоците за сите баратели ќе се одреди кому ќе му бидат доделени овие станови, истакна вчера премиерот Груевски.

Кој може да поднесе барање?

– државјанин на Република Македонија;

– со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и

– без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Македонија.

Корисници на социјални станови може да бидат следниве категории на граѓани кои се станбено необезбедени:

-Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.

-Корисници на социјална или постојана парична помош.

-Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.

-Инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица.

-Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за ромите на Република Македонија“)

-Самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош.

Потребната документација треба да се достави до Центарот за социјална работа во општината каде е изграден социјалниот стан.

За лицата кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Меѓуопштинските центри за социјални работи во Демир Хисар и Прилеп ќе ја обезбедат потребната помош за обезбедување на целокупната потребна документација согласно објавениот оглас.

НИХИЛИЗАМ ИЛИ ЗДРАВ РАЗУМ

ZORAN

Инспириран од една чаршиска дискусија којашто во последно време се турка од некои креатори на нихилизам во градот (читај ништо не е вредно што е направено т.е. ништо не чини, односно целосно негирање на сите достигнати општествени вредности, норми и сл.) ја повикав сопствената способност за анализа и го прифатив предизвикот да дадам „придонес“ на таквите дискусии.
Имено, најмодерните нихилистички дискусии што се сеат во градот се фокусирани на негирање на функционалноста на капиталниот објект на подземната инфраструктура на град Прилеп, а тоа е реконструкцијата на градската канализациона мрежа и изградба на пречистителна инфраструктура за еколошка преработка на отпадните води. Цитирам: „ги лапнаја парите и еве сега само го ископаја градот и не функциоира канализацијата; ова што го прават никогаш нема да проработи; џабе ги трошат парите само го ископаја градот и ништо од тоа не функционира….). Луѓето си муабетат, ама ретко кој верува на овие нихилистички креации на колективната градска мисла, бидејќи кога ќе ја повикаат сопствената свест и способност за расудување веднаш препознаваат од каде доаѓа „гушењето“ на здравиот разум.
Во контекст на здравиот разум и препознавање на „угнетувачите“ на здравата општествена или/и колективна мисла, притоа, без да навлегувам во територијата на политиката, ќе актуелизирам само некои препознатливи слики од динамиката на падот и развојот на Прилеп во блиското минато, а на читателите ќе им препорачам со аналитичка дистанца, секој да си носи свој заклучок, а не да носат суд по инерција на моите гледишта или од аспект на креаторите на болниот нихилизам од кој треба да се заштитиме.
Слика прва: го паметам градот кога имаше Парк на Револуцијата на којшто сите прилепчани беа горди… но, го паметам кога истиот тој Парк на Револуцијата беше избербатен…. па сега веќе, подолго време не само што е пристојно место за прошетка и рекреација, туку е и психо-духовно поилиште и катче кое што не енергизира и обединува по сите категории и возрасти нас, прилепчаните.
Слика втора: го паметам градот кога ја имаше модерната спортска сала „Македонија“ со капацитети и содржини за професионален и рекреативен спорт од повеќе области и со можности за исполнување на стандарди за изведба на меѓународни натпревари, концерти и сл.,…но, паметам како после несреќниот пожар во деведесетите години на минатиот век „креаторите“ на нејзината реконструкцијата му „направија“ на градот спортска сала без погоре наведените атрибути…патем, не мислам дека новоизградената црквичка пред нејзиниот влез е наменета за проштевање на гревовите на креаторите на реконструкцијата, туку нејзината намена е за многу пофункционални духовни потреби на граѓаните на Прилеп.
Слика трета: го паметам градот кога во центарот на градот го имаше малиот трговски центар таканареченото „трло“ со пристоен изглед и функционалност за свое време… но, го гледам сега со таканаречен бизнис центар на којшто ни ликот не му е ни приближен на некоја излитена и руинирана војничка касарна на седумнаесеттиот век, а не пак да личи на модерен бизнис центар кој што е граден на крајот од дваесеттиот век…. Сета среќа на педесетина метри од него, во поново време некој овозможи изградба на катната гаража со изглед и содржини соодветни на потребите на модерен град; на другата страна од таканаречениот бизнис центар алијас касарна до пазарот, тој/тие некои овозможија да се издигне уште еден таков модерен објект и патем почна изградбата на нов трговски центар со модерна инфраструктура на локацијата на стариот пазар за сирење.
Слика четврта: го паметам градот кога водоводната мрежа немаше доволно вода за пиење за своите граѓани… ама среќа Тој, некој, беше мудар да овозможи странски пари (од други даночни обврзници) да ни го решат тој проблем без денар самопридонес на граѓаните од град Прилеп за решавање на тој проблем.
Слика петта: го паметам градот кога на крајот од дваесеттиот и почетокот на дваесет и првиот век беше нечист како Венеција во недела, бидејќи во недела во најтуристичкиот град на северот на Италија-Венеција не функционира службата за градска чистота, пак, замислете што се случува со отпадот што го прават многубројните туристи, а во недела таму никој не го собира ѓубрето….. но, веќе, десетина години наназад градот ни е чист како Венеција во работни денови и тоа секој ден – и во недела.
Конечно, не би се впуштал во набројување на уште слики за Прилеп, затоа што сум свесен дека граѓаните имаат регистрирано уште цело множество на вакви факти и врз основа на својата способност за морално расудување ќе носат вистински, здрави морални судови за тоа кој што направил, кој и што оставил, кој знае а кој не знае да прави функционални објекти, но и за тоа кој е одговорен за она што се случувало и во тој случај припишувањето на вина не е беспредметно и без основа. Но, важно е прецизно да се лоцира лукавиот, да не не понесе инерцијата на нихилизмот и да не дозволиме да се разболи нашата здрава индивидуална и колективна свест.
Д-р Зоран Петрески
Авторот на текстот е доктор на науки по јавна администрација

Покана за големото осветување на црквата Св. Петка

1

Денеска од црквата Св. Петка, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско–новозеландски г. Петар и Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески ги повикаа сите граѓани да присуствуваат на големото осветување на црквата „Св. Петка“ кое ќе се случи на 24 наредната недела. Ова велелепно светилиште кое со својата архитектонска и духовна убавина преставува своевидна потврда за нашиот библиски код започна да се изградува пред шест години, а со малото осветување ја доби и духовната димензија како верски објект во кој можат да се извршуваат различни верски обреди. Иницијативниот одбор кој ја покрена и спроведе идејата за изградба на храмот „Св. Петка“ заедно со Локалната самоуправа, Градоначалникот Ристески и МПЦ ја искористија оваа прилика за да упатат благодарност до сите верници, поединци, фирми и институции кои на различни начини го помагаа нејзиното изградување истакнувајќи дека изградбата продолжува во внатрешноста на црквата каде следи поставување на мермерниот иконостас, сликање на фрескоживописот, вградување на подно греење, камбанарија, како и градење на административна зграда и партено уредување на целиот простор.

2

3

4

5

6

Академијата од гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп работи на иднината на фудбалот

11

Веќе две години во Прилеп во склоп на гимназијата “Мирче Ацев” функционира Спортската академија за фудбал. Дечките од академијата напоредно изучуваат 8 предмети и тренираат фудбал. Сите од нив се селектирани на конкурс од страна на Фудбалската федерација на Македонија и се очекува од нив да излезат нови првотимци за А селекцијата на фудбалската репрезентација на Македонија во иднина.

12

Од понеделник до четврток учениците тренираат во академијата, на супер модерен терен, со одлични услови и одлична опрема, а од петок се враќаат на настапите за своите клубови.

13

Во среда се играат пријателски утакмици со другите академии, каде се мери достигнувањето на секоја академија и се воочуваат најдобрите поединци. Од стручниот штаб кој е во состав: Менде Петлески (професор по физичка култура), Тони Наумоски и Николче Здравески (тренери), Дејан Кебакоски (тренер на голмани) и Сандра Стојкоска (физиотерапефт), велат дека постои огромен потенцијал и дека сигурно би излегле 4 до 5 првотимци за Победа.

14

Исто така во склоп на Академијата тренираат и ги покажуваат своите фудбалски способности и девојки, и тоа 4 во првата генерација и 2 во втората.

15

Екипата на маркукуле.мк беше во посета на еден од нивните тренинзи и преку фотографии ви ја пренесуваме атмосверата од таму, да се уверите во сите услови со кои располага оваа Академија.

16

17

ИЗВЕСТУВАЊЕ

poplava-zemjodelstvo-srbioja-640x336

СЕ ИЗВЕСТУВААТ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ДЕКА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ НА СЕДНИЦАТА ОДРЖАНА НА ДЕН 15.10.2015 ГОДИНА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПРИРОДНА НЕПОГОДА ОД ПОПЛАВА НА ДЕЛОВИ ОД КО ОБРШАНИ, КО КРУШЕАНИ И КО ВОЃАНИ ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ.

КОМИСИЈАТА ЗА ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ БАРАЊАТА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТА ЌЕ ГИ ПРИМА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЗАПОЧНУВАЈЌИ ОД ДЕН 16.10.2015 ГОДИНА ДО 21.10.2015 ГОДИНА ОД 08.00-16.00 ЧАСОТ(СЕКОЈ ДЕН ОСВЕН НЕДЕЛА).

КОН БАРАЊЕТО ОШТЕТЕНИТЕ ГРАЃАНИ ТРЕБА ДА ПОДНЕСАТ КОПИЈА ОД ИМОТЕН ЛИСТ ЗА ЗЕМЈИШТЕТО НА КОЕ СЕ НАОЃА ОШТЕТЕНАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА КУЛТУРА СО ЗАПИШАНО ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ, КОПИЈА ДОГОВОР НА ЗАКУП ИЛИ ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ ЗАВЕРЕНИ НА НОТАР, КОПИЈА ОД ЛИЧНА КАРТА И КОПИЈА ОД ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА.