Премногу тажна приказна: Овие деца знаат само за солзи и сиромаштија

Од пелени знаат само за тага и сиромаштија. Александар имал само две годинки, а неговата сестра неполни 13 кога останале сирачиња. Таткото се самоубил, а веднаш по неговата смрт си заминала и мајка им. Бабата Ковина и дедото Стојан се грижат за нив. И двајцата се без пензија. Децата добиваат по некој денар од социјалните служби, а преживуваат со татковата пензија која ја наследиле.

1

„Ја прашав баба ми дали може да ми купи нов фустан. Побарав од дедо ми телевизор за во соба. Ми рекоа дека тие работи се скапи и дека неможеме да си го дозволиме“, изјавила Катја за српски Блиц.

Впрочем и таа и нејзиниот помал брат Александар разбираат во колку лоша финансиска ситуација се наоѓаат. Сепак, она кое најмногу им недостига е родителската љубов.

Урнатина од куќа

-Колку бев среќен кога за почетокот на учебната година добив нови патики. Но со нив не можам да одам по нивите и игралиштата, па затоа низ селото се движам со гумени чевли. Што ќе правам во зима, кога снег ќе падне? Немам чизми, а немам ни кој да ми купи. До училиштето има цели три километри пешачење, а се уште немам решение за престојната зима, се жали Александар.

Во дворот на семејството има две куќи: онаа старата во која се родил дедото и новата која започнал да ја гради таткото на Александар и Катја, но не ја довршил.

-Пред некој ден, кога врнеше, ни распука ѕидот на стара куќа. Срцето ми се скрши кога ги видов баба ми и дедо ми како се молат на Бога да не ни се сруши домот, да издржи барем до пролет. Сонувам за денот кога ќе ја опремиме новата куќа, кога ќе купиме мебел, кога ќе имам полица со книги и свој шкаф за да ја ставам онаа малку гардероба која ја имам, признала Катја.

2

Таткото се обесил, мајката ги оставила

-Нашиот татко Зоран се обеси во шумата во близина на нашата куќа. Истата година, по неговата смрт мајка ни не остави. Не сакам никогаш да ја сретнам. Да ми дојде на врата нема да ја познаам. А доколку ме исконтактира телефонски веднаш ќе ја спуштам слушалката, вели Катја.

Александар пак вели дека на училиште нема со што да се пофали пред другарчињата.

-Само еднаш сум бил на море. Единствен сум во одделението што нема компјутер. Велат, на интернет има што да се прочита и научи. Немам велосипед за да одам се возам со другарчињата, вели Александар, кој додава дека сака да имаат пари за да си купат чевли, но и машина за перење за да не мора нивната баба да пере на рака.

3

Ќе им се оддолжиме на баба и дедо

-Ќе завршам факултет, ќе се оженам и ќе бидам добар човек. Така најдобро ќе им се оддолжам на баба и дедо за сите овие години внимание и грижа. Само Господ да им даде здравје додека јас и сестра ми го исполниме сонов, додава тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.