дома блог страница 5345

Прилепчанка од Словенија, организираше Велигденски панаѓур во ООУ “Kлимент Охридски”

IMG_0121

Билјана Станковиќ е прилепчанка која живее и работи во Љубљана Словенија од 2001 година. Сопственик е на детски едукативен центар во Љубљана, што нуди дневно чување на деца на возраст од 2 до 10 години. Центарот располага со програми за учење на повеќе спортови, учење на странски јазици, и сето тоа преку игра, музика, креативни работилници и забава. Повеќе за овој Детски центар можете да најдете на интернет страната www.little-stars.eu

Oваа година пред Велигден на 27.04.2016, Билјана организираше Велигденска работилница за децата со посебни потреби во ООУ “Климент Охридски” во Прилеп. Изработените уникатни ракотворби од дечињата се продаваа на “Велигденскиот панаѓур” во истото училиште наредниот ден.

IMG_0117

Посебна чест и големо задоволство ми претставува што можам дел од моите искуства во работата да ги пренесам во својот роден крај Прилеп и се надевам дека оваа соработка ќе стане традиција. Децата се наше најголемо богатство и иднина, затоа вреди да се потрудиме и да ја насочиме нашата љубов и енергија кон нив”, истакна Билјана после работилницата.

IMG_0122

Сите изработки од децата беа продадени на панаѓурот, а соработката ќе продолжи и понатаму.

Моќно видео кое ќе ви разбуди страст, желба и љубов

13089940_10207803420537882_2092155036_n

Мартин Пресилски од Прилеп изработи фантастично и моќно видео за враќањето на прилепска Победа во прволигашките води. Видеото е толку силно и автентично, што ја отсликува целата желба, жар и глад на прилепчани за фудбал, а особено ја отсликува љубовта кон својата миленичка ФК Победа. Натпреварод кој се одигра во саботата на градскиот стадион “Гоце Делчев” против Љубанци во Прилеп, ја промовираше Победа назад во Првата Лига, таму каде што припаѓа, а беше и рекордно посетен со 10.000 публика на трибините.

Уживајте во овие прекрасни кадри:

А.Г.

“ВЕЛИГДЕНСКИ КУЛИ” – Вековна традиција во Македонски Брод

13152801_10207815533480698_781011921_n

Велигденските кули претставуваат традиционална културна манифестација, а воедно и обичај кој се негува во Македонски Брод и датира уште од Османлиското ропство. Maкедонскиот православен народ за време на Османлиското ропоство бил доста угнетуван и не му се дозволувало да ги слави своите православни празници, ниту пак да ги извршува своите вообичаени обреди и обичаи за време на празниците. Длабоко исфрустрирани од овој начин на однесување, најугледните броѓани одлучиле да одат во Цариград кај султанот и со злато да откупат еден празник во годината кога ќе смеат слободно да празнуваат и најпосле да се почувствуваат гордо и среќно поради тоа што се христијани. Како таков празник и голем ден тие го избрале вториот ден од големиот празник Велигден. Начинот на кој тие сакале да му покажат на поробителот колку се среќни на тој ден претставува една фантастична отслика на духовната сила која ја поседувале на овој нивен ден. Броѓани одлучиле да прават кули од луѓе кои се состојат од два реда со кои јасно ќе им покажат каде се наоѓаат на тој ден и буквално ќе стапнат врз вратот на поробителите (Османлиите).

13101561_10207815534240717_871394130_n

Покрсти како дел од Велигденските кули

Пред да се прават кулите, рано наутро се носат Покрсти, кои започнуваат со литургија во градската црква(нешто пред 8 часот), а потоа се прави поворка на чело со свештеникот позади кого доброволните верници носат религиски обележја и икони, додека пак учесник во покрстите може да биде секој што ќе посака без никаква посебна одговорност(носење на икони и сл.) и така собраната поворка го заобиколува целиот бродски атар на сите четири страни. Веднаш по тргнувањето на покрстите се излегува по ридот до местото викано Топола, каде што се врши првото заклинување. Заклинувањето се врши така што еден од верниците зема секира и на еден даб (каде што порано се наоѓала црква) се формира крст во кората и се отвора отвор во кој свештеникот за време на своето пеење го полни со нафора(свето лепче) и вино и ги пее стиховите кои им се добро познати на сите дотогашни учесници на покрстите, а тие звучат: “Христос воскресна од мртвите, Со смртта смртта ја победи и на тие во гробвите животи им даде”.

13141022_10207815534000711_1823448389_n

Овој обичај симболично го демонстрира трнливиот пат на Исус Христос од фаќањето во Гетсиманската градина па се до Голгота, каде што е распнат. Крстот на кората го симболизира крстот на кој е распнат Исус, отворот(дупката) е гробот Исусов, додека пак лебот и виното се телото и крвта Исусова и на крајот дупката се запечатува со клин. Како што во пролет ќе оживее дрвото и на некој начин ќе даде нов живот, така и Христос со воскресението од гробот дава нов живот. Ова заклинување се вржи на сите четири страни од Македонски Брод на различни дабови (кои се точно одредени) и некаде на пладне повторно групата стигнува во градската црква.

13153499_10207815533680703_1919200024_n

Веднаш по враќањето назад, почнува подготовката за Велигденските кули, каде пред издигнувањето на истите се извршува обичајот Каленчицa. Во извршувањето на овој обичај кој според горенаведеното е предвесник на почетокот на правењето на кулите учествуваат девојчиња облечени во народна носија кои прават шпалир и пожелно е сите кои сакаат да бидат дел од Велигденските кули (без разлика дали ќе земат активно учество) да поминат под тој шпалир, додека пак најхрабрите момчиња кои веќе поминале под шпалирот веќе почнуваат да ги прават кулите. Кулите се состојат од два реда на луѓе од кои во секој ред има по петмина. Пет момчиња од долниот дел се фаќаат рамо за рамо и врз нивните рамена стапнуваат уште пет други момчиња кои исто така се држат рамо за рамо, кои го формираат горниот дел на кулата. Кулите исто така мора да бидат 5 на број, симболизирајќи го петвековното турско ропство кое владеело во нашата татковина.

13090459_10207815533120689_1422945339_n

Долниот дел од кулата го претставуваат поробителите- Османлиите, а пак горниот ред ги претставува македонските христијани кои носени од помислата дека ќе дојде денот кога буквално ќе стапнат врз вратот на непријателот( поробителот) и гордо издигнувајќи се јасно им покажуваат на сите присутни дека ќе светне сонцето на слободата и сите празници ќе може да се прославуваат со голема среќа, слобода и бескрајна радост. Додека кулите го изминуваат патот од пред градската црква до местото на поранешното сретсело, оние кои се на горниот ред пеат црковни и македонски патриотски песни и повеќе од јасно ни укажуваат дека храброста и издржливоста на македонецот е непокорна дури и во денови кога бил под туѓо ропство и непрекинати угнетувања. Секоја година на вториот ден од празникот Велигден, овие кули ни потенцираат дека треба нескротливо да ја сакаме и чуваме нашата света православна вера и да ги негуваме сопствените обичаи и празници кои се од непроценлива културна вредност, а од друга страна и му покажуваме на целиот свет дека сме единствени и свои-православни христијани.

13140624_10207815533960710_1964015634_n

„The Jungle Book“ трет викенд на врвот на бокс-офисот

jungle-book-640x320

Филмот „The Jungle Book“ веќе трета недела по ред се наоѓа на врвот на бокс-офисот, со заработка од 42,4 милиони долари во изминатиот викенд.

Целосната заработка на филмот, со буџет од 175 милиони долари, изнесува 252 милиони долари.

На второ место на листата е „The Huntsman: Winter’s War“ со заработка од 9,4 милиони долари. На третото место е премиерата на Keanu, со заработка од 9,3 милиони долари.

Ова се најгледаните филмови во САД и Канада за изминатиот викенд:

1. The Jungle Book – 42,4 милиони долари

2. The Huntsman: Winter’s War – 9,4

3. Keanu – 9,3

4. Mother’s Day – 8,3

5. Barbershop: The Next Cut – 6,1

6. Zootopia – 5

7. Ratchet & Clank – 4,8

8. The Boss – 4,2

9. Batman v Superman: Dawn of Justice – 3,8

10. Criminal – 1,3 милиони долари.

ВИДЕО: Најстарата Турчинка порачува дека тајната на долговечноста е смеата

turcinka.jpg-640

Фајикије Сокер од селото Саманда во провинцијата Хатај на југот од Турција има 112 години и е најстарата жена во нејзиното село, јави агенцијата Анадолија.

Од осумте деца има 120 внуци, а двапати доживеа и раѓање на внуче од внуче.

Според официјалните документи, Сокер е родена на 1 јули 1904 година.

Како што вели, лекар посетувала ретко, а нејзината прилично добра здравствена достојба многумина зачудува.

“Баба” ја нарекуваат и другите жители на селото кои не се во роднинска врска со неа.

Сокер смета дека тајната на долговечноста е во среќата, односно во смеењето. Така, со насмевка, се присетува и на нејзината прва средба со авион. Како што вели, кога прелетал над нејзиното село не знаела од каде доаѓа тој звук. Потоа си рекла дека “доаѓа птица”.

-Бевме деца. Не знаевме што е тоа, па го нарековме птица, низ смеа вели оваа Турчинка.

Нејзината внука Ханифи Сокер вели дека во нивното семејство долговечноста не е невообичаена појава и дека нејзината друга баба починала на 104 години, а дедо и на 100 години.

-Се надевам дека и ние ќе живееме толку. Најважно е да сме здрави. Фала му на Бога, баба немаше здравствени проблеми, па се надеваме дека нема ни да ги има, вели внуката.

Нејзината снаа Фериде Сокер (52) вели дека Фајикрије никогаш не ја сметала за свекрва туку за мајка и дека имаат однос каков што имаат мајките и ќерките.

Четири православни цркви ширум светот зафатени од пожари

123

Во четири православни цркви ширум светот избија пожари за време на велигденските празници.

Српската црква „Свети Сава“ на Менхетен е уништена во пожар, кој избувна само неколку часа, по завршувањето на велигденската литургија.

Пожарот брзо за зафатил црквата, изградена во 1855 година. Црквата во 1968 година е прогласена за знаменитост на Њујорк, а во 1982 година е впишана во американскиот Национален регистер на историските места.

„Њујорк тајмс“ објави дека пожарникарите првата дојава за пожар во црквата, која се наоѓа на 25. улица меѓу Петтата и Шесттата Авенија, нешто пред 19 часот. Во гасењето на огнот, кој брзо се проширил, учествувале дури 168 пожарникари и пожарот по три часа е ставен под контрола.

Портпаролот на противпожарната служба Френк Грибон изјави дека во тек е истрага за причините за пожарот, но дека големата штета, која ја претрпела црквата, би можела да ги искомплицира тие напори.

– Штетата е толку голема, што не може да се најде точката од која избил пожарот. Покривот бил дрвен и повеќе го нема, додаде Грибон.

На Велигден силен пожар целосно ја уништи македонската црква во Сиднеј и при тоа се повредени двајца верници и неколку пожарникари.

Сведоците велат дека пламенот почнал да се шири од кулата на храмот, кој и припаѓа на Македонската православна црква, пред почетокотг на велигденската литургија, во неделата околу десет часот.

Околу 60 пожарникари од 15 станици се повикани за да го изгаснат пожарот, кој траел неколку часа. Околу 60 жители на соседниот дом за старци се евакуирани за време на пожарот, јавија австралиските медиуми.

Во Австралија пожар изби во уште една православна црква, во грчката црква во Мелбурн. кој за среќа е брзо изгаснат.

Во текот на гаснењето се евакуирани 200 луѓе од соседните згради. Во пожарот нема повредени.

Пожарот избувнал само еден ден по велигденската литургија, а полицајците се повикани на лице место, откако минувачите забележале чад од покривот на црквата.

Црквата во источен Мелбурн е најстарата грчка православна црква во австралиската држава Викторија, изградена во 1901 година.

Пожар избувна и во комплексот манастири Валам, на остров во езерото Лагода, во северна Русија.

Чадот и огнот се забележани во неделата изутрината додека православната заедница го прославувала Велигден и зафатил околу 800 метри квадратни од зградата од 19. век, покрај самиот манастир.

Нема информации за повредени, а руските медиуми јавија дека сите присутни биле навреме евакуирани.

Ново поскапување на горивата во Македонија

gorivo (1)

Нов рекорд за 2016 година достигна цената на нафтата во средата на светските берзи. Американската „лесна“ нафта, во средата поскапи за 35 центи на 45 долари по барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија тргувањето го заврши на ниво повисоко за 37 центи односно 46,81 долар за барел.

Ваквото движење на цените на светските берзи значи дека не чека значително поскапување на нафтените деривати во малопродажбата.
Последната корекција Регулаторната комисија за енергетика ја изврши на 18 април, кога бензините поскапеа за половина денар и за 1 денар, додека цената на нафтата остана непроменета. Тогаш просечната цена врз основа на која се вршеа пресметките беше 39,9 долари за барел, а во моментов цената е за скоро 7 долари по барел повисока.
Следната корекција на цените ќе биде на 3 мај, во вторник а новите цени ќе важат од среда на полноќ. Со оглед на движењата на светските берзи се очекува позначително поскапување.

Велигденски ноќни журки во Крушево – 01.05.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”233″ gal_title=”НоќенКрушево01052016″]

Притвор за петмина битолчани за инцидентот во клубот „Расчекор“

policija4

Судија на претходна постапка одреди мерка притвор во траење од 8 дена на Ѓ.Т.(36), Ѓ.Ф.(23), А.А.(36), К.И.(21) и Б.С.(29) сите од Битола, осомничени за сторени кривични дела „насилство“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“, во врска со инцидентот што се случи вчера во битолскиот ноќен клуб „Расчекор“.

МВР денеска соопшти дека во Битола на ул.„Партизанска“, во ноќен клуб „Расчекор“ вчера околу 02,15 часот од страна на поголема група на лица, извршено е насилство на тој начин што со употреба на шипки и стаклени чаши и шишиња почнале да удираат во клубот со што предизвикале чувство на страв и несигурност кај присутните, кои во паника го напуштиле објектот.

Од страна на обезбедувањето од агенција за обезбедување, при обид да бидат спречени, биле физички нападнати од учесниците во насилството со употреба на физичка сила (тупаници и клоци), како и со стаклени шишиња, чаши и метални палки. Со насилството предизвикана е материјална штета од околу 100.000 денари.

Во Дебар велигденска средба на намесникот, муфтијата и градоначалникот

По повод Христовото воскресение-Велигден во седиштето на дебарската парохија, кое се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“, гостин на намесникот Благоја Спироски беше дебарскиот муфтија Рамазан Хаса.

veligdenski-jajca-1

На традицоналната велигденска средба беше и градоначалникот  Ружди Љата.

– Од мое и име на верниците од исламска вероисповест, до намесникот Спироски и до сите православни верници, упатувам најискрени честитки по повод Христовото воскресени-Велигден,најголемиот христијански празник. Посакувам деновите да ги минат во пријатна атмосфера,да продолжиме да живееме во  мир, рабирање, соживот и  благосотојба.  Соживот по што е препознатлив поширокиот дебарски регион посакуваме да биде пример за целиот свет, порача муфтијата Хаса.

Градоначалникот Љата нагласи дека Дебар е препознатлив по вековниот верски соживот и толеранција.

– Така живееле нашите дедовци и прдедовци,така живеме ние така ќе живеат и нашите потомци. И како локална власт не правиме никаква разлика и соработуваме и ги почитуваме сите верски и етники заедници и секогаш се трудиме во рамки на можностите да помогнеме каде е тоа потребно во Дебарската парохија, рече градоначалникот Љата.

Заблагодарувајќи се, намесникот Спироски ја упати речиси идентичната порака, да се живее заедно, да се почитува и разбира.

– Тринаесет години сум тука во Дебар,како намесник на Дебарската парохија, а годинава заминувам во пензија, што значи дека ова е моја последна велигденска средба како старешина. Она што е моја најголема желба е  традицоналаниот соживот, меѓусебното почитување и разбирање меѓу верниците како  и средбите на верските старешини да продолжи и понатаму. Исто така посакувам вакви средби да имаат и верските старешини во другите градови во нашата земја, регионот и пошироко во светот. Само со меѓусебно почитување, доверба, разбирање, помагање можеме да опстанеме, рече Спироски заблагодаруваќи му се на честитките на муфтијата Хаса.

Тој посебно се за благодари на Љата за досегашната соработка,како и најавената помош на општината за уредување на православните градски гробишта.