дома блог страница 5344

Жално….Вандализмот го уништува убавиот лик на општината!!!

13140729_10207826353191184_291180213_n

И покрај тоа што сеуште не беа завршени Велигденските празнувања, како и покрај сите осуди кои стигнаја од граѓаните и граѓанските организации во Прилеп, продолжи нагрдувањето и уништувањето на општинската зграда од хулиганите на СДСМ.

На трет ден Велигден, вандалите повторно се изживуваа врз новата општина.

Изминатата недела на социјалните мрежи излегоја и фотографии кој се е во првите редови на овие насилни протести. Притоа можеше да се види дека токму вработени на СДСМ во општинската администрација, кои се платени од парите на народот, фрлаат и нагрдуваат нешто што не го создале.

13140557_10207826353231185_1830652138_n

Повторно пренесуваме фотографии од синоќешните уништувања, за граѓаните сами да проценат, дали се за општокорисни проекти, програма и градење на општеството во кое живеат, или ги поддржуваат ваквите вандалски, девијантни појави.

13181077_10207826352991179_384681597_n

А.Г.

Фејсбук со нова опција која секојдневно ќе ја користите

fejsbuk

Ако отворањето на Фејсбук е првата работа која ја правите кога ќе се разбудите наутро, тогаш ќе се воодушевите од новитетот на оваа социјална мрежа.

За корисниците на Андроид и ИОС телефоните сега е достапна новата опција со која покрај нојновите вести наутро, секојдневно ќе ја добивате и дневната временска прогноза.

За сега е достапна само дневната температура, но наскоро ќе биде поставено и ново известување со кое ќе има и илустриран опис на временската прогноза, како и линк со детални податоци кои ги вклучува и максималните и минималните температури.

Имено, ова не е се, гласините укажуваат на тоа дека социјалната мрежа наскоро може да почне да плаќа за нешто што буквално

Кафето помага во борбата со рак на дебело црево

kafe2-640x396

Секојдневното пиење кафе значително ја намалува можноста од враќање на рак на дебелото црево и ги зголемува шансите за оздравување, покажуваат реултатите на дно американско истражување.

Сите пациенти во тоа клиничкото истражување биле подложени на хируршки зафати и хемотерапија поради рак на дебелото црево во трет стадиум, што покажува дека канцерогените клетки ги зафатиле и лимфните јазли близу туморот.

За овие пациенти во истражувањето лекарите велат дека дневно пиеле најмалку четири шолји кафе и тврдат дека кафето имало најголем ефект во намалување на опасноста да се врати карциномот, и тоа за 42 отсто.

Истражувањето се однесувало на околу 1.000 учесници кои одговарале на прашалник за своите прехранбени навики на почетокот на истражувањето, во текот на хемотерапијата, и повтоно една година подоцна.

11 причини зошто е добро да пиете кафе секој ден

Пред да почнете да ја читате оваа листа, најдобро ќе биде да си го подготвите омиленото кафе и да уживате во неговиот вкус, бидејќи нема ниту една причина зошто да не го направите тоа.

1. Кафето содржи најмногу антиоксиданси кои му се потребни на телото. Многу повеќе и од овошјето и од зеленчукот

2. Само мирисот на кафето може да ви го намали стресот значително

3. Пиењето кафе може да ја контролира Паркинсовата болест

4. Секојдневното пиење кафе штити од цироза и помага во намалувањето на штетното влијание на алкохолот.

5. Кафето може да ве направи посреќни и помалку депресивни

6. Кафето го намалува ризикот од самоубиства за 50 %

7. Кафето ги намалува шансите за заболување од рак на кожата, особено кај жените

8. Кафето особено им помага на атлетските спортисти и ја зголемува нивната сила и брзина

9. Кафето ви го буди мозокот и ви ја подобрува концентрацијата

10. Кафето ве прави поинтелигентни

11. Кафето е едно од најдобрите измислени нешта во кои можете секојдневно да уживате каде и да сте, сами или со пријателите. Продолжете да пиете!

Сто и тринаесет години од смртта на Гоце Делчев

goce-delcev-650x356

Во Македонија денеска се одбележуваат 113 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница, Серско.

Неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Регулаторна ја донесе одлуката: Големо поскапување на нафтата во Македонија

pumpa-2 (1)

Бензините поскапуваат за половина односно за 1 денар, а дизелот поскапува за дури 3 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.04.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.

ФОТО – РЕАКЦИЈА НА БИТОЛЧАНИ ЗА НАША ОБЈАВА – Пелагонискиот ривалитет живее !

По објавата на Маркукуле за тоа како битолчани се возат низ прилепските улици (види повеќе тука), стигна реакција од нивна страна за тоа како прилепчани се возат низ Битола.

Во духот на добрососедските односи и не фаворизирање на ниту една страна ја објавуваме и следната фотографија:

13101317_10207823611002631_1183376564_n

 

 

УРНЕБЕСНО ФОТО : КАКО БИТОЛЧАНИ ВОЗАТ ПО ПРИЛЕПСКИТЕ УЛИЦИ

13090383_10207803250493631_1285661453_n

Битолска “лимузина” иташе низ прилепските улици, но не беше побрза за да го избегне објективот на нашиот фотоапарат.

ФОТО – Кога новите возови пристигнуваат во Прилеп – Преубава глетка!

13087856_10206330457400927_2025606094136519092_n

Ваква е глетката на целосно реновираната железничка станица во Прилеп, кога пристигнуваат новите супер модерни возови. Она што не така одамна беше сон и никој не можеше ни да го замисли, денес е реалност. Старите гарнитури на Македонски Железници речиси целосно да ги заборавивме. Мрачната и оставена на времето на заборав железничка станица доби целосно ново руво, како и чекалните, платото, пероните и осветлувањето.

Граѓаните задоволни се повеќе го користат железничкиот превоз, среќни што конечно уживаат во конфор и удобност при патувањето.

Ваква беше глетката вчера кога два нови воза се разминаја на станицата во Прилеп.

13083228_10206330455360876_2850750773394693458_n

13087784_10206330454560856_4014278882238849406_n

13124590_10206330455040868_5774074508820095262_n

А.Г.

ФОТО: Осум фризури што ќе се носат ова лето

friz-2016-4-640x396

Познатите фризери за ова лето препорачуваат лефтерни, романтични и фантастични фризури за престојната летна сезона.

Ако се земат во предвид фризурите на познатите дами и идеите на нивните фризури, може да се каже дека овие осум стилови ќе бидат ин оваа сезона.

Асиметричен паж

friz-2016-1

Доколку досега сте носеле рамна паж фризура, еве една идеја како да ја освежите вашата фризура така што предните краеви ќе ви бидат за нијанса подолги…

Воб (брановита долга боб фризура)

2

Долгиот боб, или Лоб сите го обожаваат затоа што не бара постојано фенирање. Пуштете го ветерот да ви ја замрси косата или оставете природно да се исуши за да добиете ваква фризура.

Разделени шишки

3

Пуштете ги шишките малку да пораснат и направете патец настрана за да ги раздвоите. Освен што изгледаат лежерно, ваквите шишки стојат речиси на секој облик на лице.

Шаг со полни шишки

4

Сигурно некогаш сте слушнале за шаг фризура (слоевито скратена коса) што се носеше во минатото, а годинава доаѓа во ново издание. Баш како Тејлор Свифт можете да ја носите со полни шишки.

Модерен шаг

5

Доколку не сакате густи шишки, можете да ги тргнете настрана како Дакота Џонсон и да уживате во вашата слоевито скратена коса.

Миди

6

Слично како миди здолништата, оваа фризура не е ниту долга, ниту кратка, така што е одличен избор ако сакате да промените нешто на себе си без премногу експериментирање.

Разбушавена пикси фризура

7

Пикси фризурата секогаш е одличен избор за топлите летни денови. Ова лето немојте да ја фенирате рамно, туку пуштете ја да биде колку е можно полефтерна и понемирна.

 

Видео: Во кафуле во Русија се користи тоалетна хартија со ликот на Обама

Во рускиот град Краснојарск отворено е „патриотско“ кафуле , посветено на претседателот Владимир Путин.

 

caffe

Во кафулето јасно е нагласен „судирот“ меѓу Русија и земјите од Западот. На влезот на тоалетот е закачена табла со натпис  „НАТО блок“, а главната сала пак е преполна со фотки од Кремаљ, Путин…

Посетителите на ресторанот можат со маркер фломастери да цртаат по портретите на Обама, Меркел, Тимошенко, Порошенко…

Инаку, во кафулето традиционално во 12 часот се пушта химната на Русија.