дома блог страница 5343

Дивеењето во Прилеп продолжува – граѓаните секојдневно реагираат и осудуваат

13162204_10207832176256757_1508484933_n

Осамна нов ден во Прилеп кој отскри ново нагрдување и траги на ново дивеење. Протестите на Шарената револуција  секојдневно го нарушуваат редот и мирот во градот, ги понижуваат граѓаните и уништуваат сечиј имот, имот изграден со парите на сите граѓани, а не само од џебот на тие 200-300 души кои секојдневно дивеат.

Вчерашните протести на СДСМ повторно ја нагрдија општинската зграда. Повеќе туристи кои го следеа овој “ритуал” oстанаа со подзинати усти, со неверување и згорченост прашуваа што се случува?

Ваквите протести не се ни малку наивни и носат опасност што може да предизвика агресија и судир. Истовремено во центарот на Прилеп своето незадоволство го покажаа неколку илјади граѓани организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија, со барање изборите да се одржат на 5-ти јуни. Во еден момент 50 -тина социјалдемократи се обидоа со провокации да предизвикаат судир. За среќа тоа не се случи.

13183008_10207832176296758_775800992_n

Особено осудите пристигнуваат од повозрасните граѓани, од средношколците, но и од самите членови на СДСМ, кои не ја поддржуваат ваквата политика. Ако се земе во предвид дека гласачкото тело на СДСМ во Прилеп брои од 15 до 20 000 гласови на изминатите изборни циклуси, а на протестите се присутни најмногу до 500 луѓе, тогаш и повеќе од јасно е дека насилството во Прилеп не наоѓа на поддршка.

13183065_10207832176376760_1404671846_n

Градот кој пред 10 години беше на работ на заборавот, денес е модерен европски град, уреден и осовремен во секој поглед. Денес некој повторно сака да го врати назад, да ја врати сликата на град кој се наоѓа на дното.

А.Г.

Урнебесно видео: Што ќе прави Обама кога ќе ја напушти функцијата Претседател на САД?

obama (1)

На официјалната страница на Белата куќа е објавено урнебесно видео за проблемите кои ги има актуелниот претседател на САД, Барак Обама (54).

Американскиот претседател на заминување размислува за тоа што ќе прави кога ќе ја напушти функцијата, а не му пружиле утеха ниту советите на потпретседателот Џо Бајден.

Совршена за после Велигден – диета со јајца

По завршувањето на празниците вообичаено добиваме по некој килограм повеќе, па веројатно сите веќе размислувате за диета. Еве како можете најдобро да ги искористите велигденските јајца.

 

vareni-jajca-1-640x421

Диетата со јајца се држи шест дена или пак двапати по шест дена, односно само дванаесет дена. Слабеењето е индивидуално, но во просек се губат по 3 до 4 килограми. За време на диетата треба да се консумира големо количество на течности, природно цедени сокови и вода. Дневната доза на течности кои треба да се испијат е 2 до 2, 5 литри. За време на ручекот дозволена е чаша бело или црвено вино.

Појадокот и ужината се за сите денови исти.

Појадок – Овошен јогурт. Подобро е ако сами може да го подготвите. За тоа е потребно ацедофилен јогурт (половина литар) и сезонско овошје по желба.

Ужина– Ужината се состои од природно цеден сок од јаболка, морков и грејпфрут, 2 до 3 чаши.

Прв ден

Ручек – 3 варени јајца, марула, младо кромитче, маслиново масло, маслинки.

Состојките се мешаат и белковините се сосема доволни за да го заситат организмот. На крај од ручекот може да се напиете бистра супа.

Вечера – 2 варени јајца, шопска салата.

Втор ден

Ручек – Спанаќ се динста со маслиново масло, кромид, лук, домати и морков. Откако спанаќот ќе се издинста се рендаат 2 варени јајца. Дополнително, направете салата од цвекло, морков и зелка.

Вечера – 1 варено јајце со 1-2 лажички немрсна павлака, маслиново масло и младо кромитче се мешаат. Дополнително, направете салата од домати, марула и младо кромитче.

Трет ден

Третиот ден се базира само на овошје и зеленчук. Овошјето се јаде во претпладневните часови, а салатата е разновидна. Може да се напиете и ацедофилен јогурт.

Четври ден

Ручек – Вариво од зеленчуци, по можност брокула, карфиол, кељ и прокељ се динстаат со маслиново масло и малку сол. Потоа се додаваат 3 изрендани варени јајца и 1 до 2 лажички немрсна павлака.

Дополнително, салатата направете ја од марула, младо кромитче и маслинки.

Вечера – 1 варено јајце, кромид и краставица.

Петти ден

Ручек – Издинстана коприва или штавеј со маслиново масло се мешаат со 3 варени јајца, кромид и 3 домати. Може да се напиете и една чаша ацедофилен јогурт.

Салатата направете ја од цвекло, целер и морков.

Вечера – 1 јајце, марула, немрсна павлака, кромид, ацедофилен јогурт.

Шести ден

Шестиот ден е ист како и третиот ден, само на овошје и зеленчук.

ВИДЕО: Допирал девојка во полн автобус, па жените му одржаа лекција за паметење

dopiral (1)

Видеото е снимено во Турција, а на него може да се види реакцијата на помлади девојки и жени на маж кој мислел дека ќе помине незабележително.

На снимката се гледа дека тој полека и се приближува на девојката од зад грб, а на почетокот таа се тргнала мислејќи дека треба да направи простор за тој да помине. Но, тој продолжил да и се приближува и да ја допира, па го пробудил бесот на останатите припаднички на понежниот пол во полниот автобус.

Несреќникот доби ќотек и лекција која ќе ја памети доживотно, а очигледно во обидот да ја постигне својата цел, не забележал колку девојки и жени има во самиот автобус и што може да му се случи.

Браво девојки, така треба да се постапи со сите оние кои мислат дека нивните валкани дела ќе поминат неказнето.

Што говори бојата на вашата коса за вас?

frizurii-1-480x396

Кога станува збор за женскиот род, мошне се чести предрасудите поврзани за бојата на косата. Сепак, еве ги одговорите на прашањето каква порака навистина испраќате и каков впечаток оставате кај другите луѓе врз основа на тоа дали сте русокоса, смеѓа или црвенокоса!!!

  1. Смеѓа или црна боја на косата

kosa-1375374833-9610-640x400

Како ве гледаат другите луѓе?

Вие сте интелегентни, привлечни професионални. Врз основа на голем број студии лицата со темна боја на косата се многу попривлечни од оние со друга боја на косата. Се смета дека се мошне стручни и паметни луѓе, па, според некои статистики, имаат за нијанса подобри бизнис позиции од црвенокосите и русокосите. Од друга страна, голем број луѓе сметаат дека се арогантни.

  1. Црвенокоси

kosa-6

Како ве гледаат другите луѓе?

Успешни, самоуверени и темпераментни. Според истражувањата, црвенокосите дами се сметаат за најмалку срамежливи, но и за најуспешни меѓу останатите бои на коса.

  1. Русокоси

kako-da-stanete-rusokosa

Како ве гледаат другите луѓе?

Пристапни и забавни. Би можело да се каже дека русокосите навистина повеќе и подобро се забавуваат, односно дека другите така гледаат на нив. Според сите, русокосите се поотворени и подружељибиви личности. Според некои истражувања, тие во просек заработуваат многу повеќе од оние со друга боја на косата.

Тоа што другите ве проценуваат врз основа на бојата на косата, тоа значи дека и вие не би требало да го правите истото. Изберете боја на коса што најдобро ви одговара и секако не треба да се грижите за разните коментари.

ВЕЧЕРВА 4000 ПРИЛЕПЧАНИ КАЖАА – СОЗДАВАМЕ – НЕ УНИШТУВАМЕ!

IMG_20160504_184204

Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва во Прилеп организираше народен собир на кој излегоа повеќе од 4000 прилепчани.

На собирот беше повторно изјаснета истата порака, избори на 5-ти јуни за враќање на државата на старите патеки, кои ја водеја кон просперитет и иднина.

Мирниот собир кој помина со пеење на народни песни, со извикување на државното име и патриотски пораки, беше за момент нарушен од 50-тина социјалдемократи, кои се обидоа да испровоцираат судир.

13177193_545424738973559_3450149068245904223_n 13139330_545425712306795_6563641521052871445_n 13164284_545424528973580_2298955719226003137_n 13173890_545424665640233_7205522786552165660_n

Од друга страна хулиганите од СДСМ и вечерва со собир пред општина Прилеп, со околу 200 поддржувачи, повторно го започнаа стандардниот вандалски чин на уништување на фасадата на општинската зграда.

IMG_20160504_184100 IMG_20160504_185953 IMG_20160504_181758

Доналд Трамп е кандидат за претседател на САД од Републиканската партија

Милионерот и бизнисмен Доналд Трамп во ноември ќе учествува во борбата за претседател на САД од редовите на Републиканската партија, откако и единствениот негов преостанат ривал за номинацијата од страна на Републиканците, Џон Кејсик, одлучи да се повлече од политичкиот натпревар.

 

donald-tramp-3

Си-Ен-Ен соопшти дена тој се повлекува од трката, а се очекува попладне (околу 23 часот по македонско време) да даде изјава во која тоа и ќе го потврди.

Претходно Кејсик имаше најавено прес-конференција за денеска, но ја откажа и најави дека подоцна ќе даде изјава.

По големата победа на фаворитот Доналд Трамп вчера во Индијана, вториот во натпреварот, сенаторот од Тексас Тед Круз, се повлече од трката на републиканците. По Круз, се очекуваше и Кејсик, кој многу заостанува зад Трамп, да се повлече од трката.

Одбележан патрониот празник на огранокот на пензионерскиот клуб „Гоце Делчев“

1

Градоначалникот Марјан Ристески, денеска присуствуваше на одбележувањето на патрониот пртазник на огранокот на пензионерскиот клуб „Гоце Делчев“. Градоначалникот им го честита патрониот празник посакувајќи им многу здравје и среќа. Со пригодна програма учениците и вработените во ООУ „Гоце Делчев“ положија свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев со кој се одбележаа 113 години од загинувањето на овој македонски народен херој.

2 3 4 5

Прилеп наскоро ќе добие природен гас

Македонските прилепски компании ќе бидат првите корисници на  природниот гас од новиот гасовод кој ќе се протега од Неготино до Пелагонискиот регион.

marjan-za-gasot-vo-prilep

Првите количества од овој енергент низ гасоводот ќе протечат за две години вели првиот човек на  АД за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурс,  Крсте Миладинов.

Градоначалникот на Прилеп го пофали проектот и нагласи дека компаниите и граѓаните на Прилеп ќе ја имаат таа можност  поекономично и поефикасно да работат и да го користат овој енергенс.

Од Македонски енергетски ресурси, велат дека станува збор за веќе изграден магистралниот гасовод од Клечовце до Штип, што во Македонија го изведува руска компанија, а  набргу  ќе се гради и гасоводна мрежа низ градовите во цела Македонија, при што гасот ќе биде достапен за компаниите и граѓаните.

Приклучокот на едно семејство кон оваа мрежа ќе чини симболично 6.000 денари, а ефектите во заштедата на другите енергенси ќе биде огромна.

За изградбата на сите четири  магистрални делници, гасовод,  Клечовце – Штип, Штип- Неготино, Неготино–Прилеп-Битола и Скопје – Тетово- Гостивар, во должина од 204 км плус 61 км, пари се обезбедени преку кредит од германската Дојче банка и Ерсте групата, во висина од 90 милиони евра.

karta-za-gasot-vo-prilep

Каде се наоѓаше Лестер Сити пред 7 години

57286c03-18a0-4d20-8434-0daa0a0a0a6b-leicester-ranieri-preview

Клаудио Раниери направи вистинско спортско чудо со Лестер, затоа што само за година дена успеа да ја донесе екипата до титулата, во конкуренција на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи, Арсенал, Ливерпул, Тотенхем…

Да се потсетиме на сезоната 2007/08. Тогаш Лестер играше во Шампиошип, притоа беше во најслабите екипи во лигата и испадна во трет ранг.

Потоа клубот го презеде Најџел Пирсон, кој беше на клупата на Лисиците во моментите кога тие беа надвор од првите две лиги во Англија.

 Веднаш го одведе Лестер назад во Шампионшип натпреварувањето, а после промената на тренерската позиција, каде седеја Пауло Соуса и Свен-Горан Ериксон, Лестер се врати во Премиер Лигата во 2014 година.

 

Останатото е историја….

 

А.Г.