дома блог страница 5342

Вака звучи „Дона“ на сцената во Стокхолм (ВИДЕО)

kaliopi-488x396

Калиопи и евровизискиот тим пред неколку дена пристигнаа во Стокхолм, Шведска, каде годинава ќе се одржи 61. издание на „Евровизија“.

Во „Ериксон глоуб“ арената веќе се одржаа и првите проби за фестивалот кој почнува на 10 мај. Македонскиот тим настапува во второто полуфинале, на 12-ти, а големото финале е два дена подоцна.

И противниците на Асад се свртија кон Путин: Запрете ги терористите и спасете ги децата во Алепо!

putin-2-715x400

Сириската опозициска политичка партија му испратила писмо на рускиот претседател Владимир Путин во кое од него бара да ја запре војната и терористите во Сирија.
Писмото го испратила Сириската национална партија на младите, инаку партија која е против претседателот Башар ал Асад .

Партијата од Путин бара да се запрат воените судири кои моментално се одвиваат во Алепо.

“Десет дена и ноќи со ред, господите претседателе, устите на децата од Алепо се полни со земја, наместо со млеко, додека камења и гранати им паѓаат на главите. Нивните мајки и татковци вриштат од под рушевините. Со солзи на очите тие молат тероризмот, кој човештвото го нема видено во своите 7000 години историја, биде запрен”, пишува во писмото кое го испраќа Барвин Ибрахим.

Во писмото исто така се вели дека ако Русија и САД работат заедно, мирот во Сирија брзо ќе се врати.

https://twitter.com/rs_sputnik/status/727963540909260800/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw

Москва и Вашингтон се договорија дека ќе се обидат да соработуваат со страните на теренот во Сирија, со цел да настане примирје во сирискиот град Алепо, во кој во претходните денови се водат жестоки борби, соопшти Стејт Департменот.

A.Г.

ВИДЕО – Дури и големите мечки уживаат и сакаат гушкање

12121

Запознајте ги Џим и Џимбо. Слични според физичките карактеристики, па можеби и затоа се верни другари и уживаат во заедничките прегратки.

Сепак игра со ваков голем другар, кој истовремено е и предатор не е нешто најпаметно. Се беше игра се до моментот кога мечката дојде до главата на Џим и го гризна неговиот врат.

А.Г.

Зеднички, Велигденски ручек на преставниците од Ромската исламска верска заедница од нас.Тризла и МПЦ

IMG_9282

Градоначалникот Марјан Ристески денеска присуствуваше на традиционалната  средба по повод Велигденските празници помеѓу преставниците на Ромската исламска верска заедница од населбата Тризла и преставниците од МПЦ од прилепското архиерејско намесништво, која се организира по осми пат под покровителство на локалната самоуправа и градоначалникот на Прилеп.

IMG_9273

IMG_9252

IMG_9255

IMG_9263Средбата преставува традиционален ручек кој по повод Велигденските празници го органзира МПЦ заедно со преставницте на Ромската исламската верска заедница од Тризла . Ручекот помеѓу преставниците од Ромската исламска верска заедница и МПЦ и овој пат се одржа во црквата „Св.Благовештение“.

IMG_9236

IMG_9224

IMG_9248

Традиционалниот Велигденски ручек има за цел да го одржи соживотот и толеранцијата помеѓу двете верските заедници.

“Оваа средба е само добра можност за меѓусебно разбирање и почитување, што е клучен сегмент за мир и соживот во градот, кој треба да го негуваат и иднте генерации “, истакна градоначалникот на Прилеп на оваа средба .

Инаку, по повод одбележувањето на Курбан Бајрам , преставници од МПЦ секогаш се поканети на заедничкиот ручек , во огранизира на ромската исламска заедница од Тризла.

Продолжен рокот од огласот за самовработување на АВРМ

agencija1 (1)

Вториот циклус од огласот за самовработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, преку кој граѓаните  можат да аплицираат за неповратни финансиски средства со цел да отпочнат свој сопствен бизнис поради зголемената заинтересираност е продолжен до 20.05.2016 година

Условите за добивање на грантот се лицето да е активен барател на работа и да има одржлива бизнис идеја, лесно изводлив и реален бизнис план.

Бенефитите на лицата се тоа што добиваат неповратни средства кои што можат да ги искористат во опрема и репроматеријали. За отпочнување за секој бизнис потребни се средства и Владата ги субвенционира невработените лица со 185 илјади денари неповратни средства со можносот за вработување на уште едно лице во бизнисот  и дополнителни 92 илјади денари.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете  во Центарот за вработување Прилеп.

Европратеничката Маријана Петир посети сточарска фарма во Мажучиште

IMG_9332

Денеска, хрватската европратеничка Маријана Петир, од редовите на Народните партии, заедно со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, во придружба на  градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, беа во посета на сточарска фарма во селото Мажучиште, во сопственост на  Стеван Јорданоски, долгогодишен фармер и корисник на  владини субвенции за развој на сточарството.

IMG_9323

IMG_9297

IMG_9304

IMG_9309

IMG_9313

IMG_9319

Фармерот Јорданоски е сопственик на 30 грла крави, кои  ги одгледува со сопствено производство на добиточна храна, што пак зачително ги намалува трошоците при производството на млеко.

Европратеничката Петир, се запозна со начинот на стопанисување на македонските сточарски фарми, начинот на исхрана на добитокот за да се добие  поголема продуктивност и можностите која оваа дејност, сточарството, им ја  нуди на едно македонско семејство.

IMG_9331

IMG_9347

IMG_9388

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски  ја запозна европратеничката со државните субвенции што Владата ги дава за поддршка на овој земјоделски сектор.

  • “Општината ги поддржува сточарите,  преку изградба на патна инфраструктура и уредување на населните места, за подобар живот на жителите во населените места”, истакна градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

ФОТО: Постхумно одликувани осуммината припадници на безбедносните сили на МВР

Претседателот Ѓорге Иванов денеска со „Орден за воени заслуги“ ги одликува Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи, а со „Медал за храброст“ посмртно ги одликува и осумтемина припадници на безбедносните сили на МВР кои на 9 мај 2015 година загинаа при антитерористичката операција во Куманово.

received_10208033114057132

– Со овие медали за храброст ние нема да ги вратиме назад. Нема да ги избришеме солзите на нивните родители, сопруги, деца… Нема да ја исцелиме болката на нивните пријатели и другари. Нема да ја вратиме радоста во нивните домови, рече Иванов.

Но, како што посочи, со овој чин јасно покажуваме дека Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ не се заборавени.

– Нивната жртва не беше залудна. Напротив. Тие загинаа за нашите деца да имаат мирен сон, но и за побезбеден живот на нашите сограѓани, а со тоа и за заштита на националната безбедност на Република Македонија, додаде претседателот Иванов.

На 9 мај, на Денот на победата и Денот на Европа, како што истакна Иванов, бранејќи го нашето осумзрачно сонце, осум херои ги положија животите.

– Тажно е што наместо да им се оддаде должна почит, во јавноста се ширеа разни шпекулации, обвинувања и коментари во кои припадниците на полицијата беа омаловажувани и понижувани, рече Иванов.

Осумте херои, додаде, со својата жртва спречија дестабилизација на државата и конфликт што можеше да има несогледливи последици за мирот, безбедноста и стабилноста на Македонија и поширокиот регион.

received_10208033189539019

– Во годината кога требаше да славиме четврт век независност, станавме нација заразена со сомнежи. Се шири недоверба во институциите и страв меѓу граѓаните. Македонското општество е поделено по речиси сите основи. Длабоката политичка криза го намали безбедносниот имунитет на Република Македонија, оцени македонскиот претседател.

Безбедносните сили, како што истакна Иванов, чувајќи го јавниот ред и мир низ нашата татковина спречуваат насилно уривање на државните институции, го заштитуваат животот, личната сигурност и имотот на граѓаните.

Во контекст на тоа додаде дека полициските службеници во овој период минуваат низ троен предизвик. – Врз вашите плеќи, вие и вашите браќа по оружје од АРМ ја носите тежината на мигрантската криза и насилството на границата. Се соочувате со безбедносните закани од тероризмот и од насилниот екстремизам, насилните акти во градовите и последиците од политичката криза, додаде тој.

Шефот на македонската држава оцени дека е крајно време да го отфрлиме духот на поделбите, нетрпеливоста и омразата кон политичкиот противник и конечно, како што рече, да се помириме и  да се сплотиме околу државниот интерес. – Оттука, нивната жртва е влог кон иднината и помирувањето на Македонија, истакна Иванов.

received_10208033191619071

Шефот на македонската држава во оваа пригода ги повика сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, христијани, муслимани, Евреи, атеисти…, како што рече да ги охрабриме и да ги поддржиме безбедносните сили во нивната мисија, но и да ја споделиме нивната надеж и верба во Македонија. – Верба дека Македонија има сила да ги надмине поделбите и одново да се издигне. Верба дека доаѓа нова генерација млади и посветени луѓе кои ќе работат за подобра иднина во Македонија. Со тоа, во вистинска смисла на зборот, ние ќе ја искажеме нашата благодарност кон хероите на Македонија, додаде Иванов.

На доделувањето на ордените присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков, припадници на безбедносните сили и членови на семејствата на македонските херои.

Следуваат огромни врнежи на Балканот: Македонија ја очекува најголемата поплава досега

поплава1

Студен бран проследен со поројни врнежи од дожд го погоди Балканот. Во Србија е вклучен аларм за опасност од поплави во повеќе делови од земјата, а во Словенија има предупредување и за снежни лавини. И за цела Македонија денеска се најавени поројни дождови и грмотевици, кои некаде ќе преминат во невреме.

Во централна, југозападна и источна Србија во текот на ноќта и утре се очекува да наврнат до 50 литри дожд на метар квадратен поради што може да дојде до излевање на реките. Републикиот хидрометеоролошки завод активираше портокалов аларм.

Од таму соопштуваат дека во текот на целиот ден во поголемиот дел од Србија ќе преовладува облачно и врнежливо време. Дождот се очекува поинтензивно да врне во текот на ноќта.

– Портокаловиот аларм ги предупредува граѓаните во југозападна Србија и Косово и Метохија на можност од поплави. Утре во опасност се источна и југоисточна Србија – соопштиле метеоролозите.

Портокаловиот аларм значи и дека дождот може да предизвика материјални штети.

На опасност од поплави предупредила и потпретседателката на српската Влада, Зорана Михајловиќ која ги повикала сите јавни надлежни претпријатија и агенции да преземат превентивни мерки. Во Србија се очекува стабилизација на времето од четврток.

Во Словенија, пак, најмногу е погоден североисточниот дел на земјата каде има невреме и поројни дождови. На Алпите има голема опасност од снежни лавини.

На подрачјето на Марибор, Птуј и Мурска Собота во последните 20-тина часови наврнале 70 литри дожд на метар кавадратен.
Во текот на вчерашниот ден во североисточните делови на земјата пожарникарите и другите служби интервенирале повеќе пати, а и денеска постои опасност од излевање на реките затоа што се најавени поројни врнежи од дожд.

Поради снежните врнежи и понатаму на планините на сила е прогласената опасност од лавини.

Дожд и силен ветер има и во Хрватска. На јадранското подрачје можно е и да дојде до појава на невреме. Температурите во Хрватска денеска се движат од 9 до 14 степени.

Метеоролозите најавуваат дека дождот ќе се задржи во текот на целата недела, но температурите ќе бидат во пораст.

И Македонија ја зафати влажен бран. Најмногу дожд ноќеска и вчера наврнале во Пожаране 40 литри на метар квадратен, во Крушево 34, во Скопје на Зајчев рид 22, во Тетово 20, а во Охруид и Претор по 15 литри на метар квадратен.

Најладно било во Пожар, Крушево и Маврово каде се измерени шест степени, потоа во Ѓуриште, Берово, Тополчани, Претор и Куманово каде било осум степени, а најтопло во Гевгелија, Штип, Дојран – 13 степени.

Дожд со помал интензитет и релативно топло време, како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи имало и во други градови и населени места во земјата, а врнежи ќе има и денеска.

Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Доцна попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни проследени со ретки грмежи и локално се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен.

Температурата ќе се движи од 15 до 19 степени.

ТРАГИЧЕН ПРЕСВРТ: Дресот од Меси му направи пекол од животот

Петгодишниот Муртаза Ахмади, кој светот го запозна откако фотографијата на која го носи дресот на Меси направен од пластична кеса стана вирална, поради љубовта кон аргентинскиот фудбалер ги проживува најлошите моменти во својот живот.

 

mesi-dete-dres33

Семејството на младиот Ахмади било присилено да побегне од родниот Авганистан поради страв дека детето може да биде киднапирано!

Кога се појави фотографијата на ова дете, корисниците на социјалните мрежи ширум светот се здружија за да го пронајдат детето, кое носеше пластична кеса со името на Лионел Меси, бидејќи не можел да си купи оригинален дрес.

dres-od-mesi-640x360

И самиот Меси беше потресен од оваа приказна, па посака на детето да му испрати подароци. После долгата потрага, детето е пронајдено и му се оствари најголемиот сон – доби оригинален дрес! Меѓутоа, изгледа ова му донесе повеќе штета од корист.

„Пред неколку дена добив повик од еден локален мафијаш. Мислел бидејќи мојот син добил дрес од Меси, сигурно сме добиле и пари. Бараше да му дадеме дел од тие пари“ – изјави таткото на Муртаз за „ББС“.

Чувствувајќи дека ситуацијата не е сигурна, таткото одлучил да замине заедно со семејството од ризичната област Газни. Тој моментално живее во Кети во Пакистан.

1dres-od-mesi

УРНЕБЕСНО ВИДЕО – Баба објаснува како порано течела првата брачна ноќ

banjaluka-baka

Урнебесно видео во кое една баба од Бања Лука објаснува како изгледал сексуалниот живот на младите во “нејзино време” и како течела првата брачна ноќ.

Оваа жена го споредува времето кога таа била млада со денешното, објаснувајќи дека таа била “жив оган”.

Говори и за 21.век, а дознаваме и на колку години девојките се мажеле кога таа била млада. Сликовито објаснува зошто некогаш не се носеле гаќи.

Погледајте ја оваа урнебесна изјава:

А.Г.