дома блог страница 5341

За сто години никој нема да оди на плажа во Италија и Шпанија!

За сто години, никој повеќе нема да се капе во Италија и Шпанија, туку туристите масовно ќе одат на Балтичко Море, во Летонија и Естонија, тврдат двајца шпански истражувачи.
Како последица на климатските промени, ваквата судбина ќе ја снајдат не само овие две земји, туку и цел медитерански регион, предупредуваат тие, додавајќи дека туристите се повеќе за својот одмор ќе избираат летувалишта во земји од северна Европа.

Во студијата на Салвадор Бариос и Хуан Николас Ибањез за влијанието на климатските промни на европскиот туризам, се истакнува дека од 2100 година порастот на температурите во европските земји од Медитеранот, посебно во Италија и Шпанија, ќе ги избрка туристите од плажите за време на летото.

Сите убави места на северот на континентот, кои денес се сметаат премногу студени, како што се бреговите на балтичките земји, би можеле да доживеат силен развој на приморскиот летен туризам, наведуваат тие, пишува „Кориере дела сера“.

Шпанските истражувачи предвидуваат дека од почетокот на 22 век, приходите од туризмот во земјите од Медитеранот ќе почне да се намалува за 0,45 отсто годишно, додека во земјите од северна Европа ќе расте по стапка од 0,32 отсто годишно.

Страшно предупредување од метеоролозите: Најлошата зима во историјата е пред нас

zima

За неколку месеци Земјата ќе биде на удар на екстремни поплави, големи суши и пожари од невидени размери.

Оваа предупредување го пренесува Дејли Телеграф откако консултирале угледни светски метеоролози.

Метеоролозите предупредуваат дека не чека најлошата зима во историјата, а зад овие катастрофални појави стои климатското пореметување кое овие години ќе биде најекстремно.

Ел Нињо, климатското пореметување, оваа година има шанси да стане климатска Годзила.
Ел Нињо е метеоролошки феномен кој се појавува во период од две до седум години, а НАСА внимателно ги следи температурите на морето на истокот од Пацификот, кои се клучни индикатори за оваа појава.

ФОТО: Ќе успеете ли да ги пронајдете разликите?

Обидете се да ги пронајдете сите разлики на фотографијата во продолжение.

ВИДЕО: Шокантно – вбризгувал нафта и алкохол во мускулите за да личи на Хулк

Ромарио Алвес има 25 години, а неговите мускули изгледаат навистина шокантно и неверојатно.
Тој сакал да личи на Хулк, па затоа почнал да користи синтетички средства кои си ги вбризгувал во рацете.

Верувале или не, тој во рацете ставал нафта и алкохол, со цел да ги „надува“ мускулите.

Но не поминало долго време пред тој да почне да се кае за стореното, откако децата во неговиот роден град почнале да се плашат од него и да го нарекуваат монструм.

– Докторот ме предупреди дека можеби ќе дојде до момент кога ќе треба да ми бидат ампутирани рацете. Можев да умрам затоа што сакав поголеми мускули, а тоа не е вредно, вели Ромарио.

Ромарио повеќе од 2 години не ги користи штетните супстанци, но штетата е веќа направена.

Тој се надева дека ќе остане успешен бодибилдер и дека нема повторно да се врати на оваа бизарна зависност.

Ова се десетте „најскапи“ грешки во историјата

Многу луѓе низ историјата направиле огромни грешки кои биле со трагични последици по човештвото или, пак, ги чинеле невидено богатство.

Ви претставуваме некои од најлошите.

Одбивањето на Џ. К. Роулинг

Дваесет издавачки куќи го одбиле ракописот на Хари Потер, пред конечно да го прифати Блумсбери и тоа по препорака на осумгодишната ќерка на директорката.

Книгите подоцна биле преведени на 60 светски јазици и се проценува дека на Роулинг донеле богатство околу милијарда долари.

Фрлање на хард диск со биткоини

Џејмс Хаусел купил 7.500 биткоини во 2009 година кога нивната вредност била речиси непостоечка. Меѓутоа, до 2013 година еден биткоин вредел 613 фунти, што значи дека неговото богатство вредело 4,5 милиони. Единствен проблем е што тој хард дискот со биткоини го чувал во фиока со години, па потоа го фрлил без грижа на совест.

Кога сфатил што направил, отишол на локалната депонија надевајќи се дека ќе го најде дискот под наталожениот смет. Секако, тоа не му успеало.

Не го купиле Гугл за милион долари

Основачите на компанијата Гугл Лари Пејџ и Сергеј Брин на извршниот директор на Excite Џорџ Бел во 1999 година му рекле дека бараат купувач за интернет пребарувачот вреден милион долари. Тој пак не сакал да се пазари за нивниот производ. Денес нивната фирма вреди околу 355 милијарди долари.

Не го убил Хитлер

Британскиот војник Хенри Тенди кој бил еден од најодликуваните луѓе во Првата светска војна, во 1914 година наишол на повредениот и невооружениот командир Адолф Хитлер во еден ров, но наводно се одлучил да не го убие. Ова можеби не е најголема грешка во историјата, од едноставна причина бидејќи вистинитоста на приказната е многу сомнителна.

Продал 610.000 акции наместо една

Еден јапонски трговец ја чинел компанијата Мизухо Секјуритис 263 милиони евра, откако продал 610.000 нејзини акции за еден јен (0,0078 евра), наместо да продаде една акција за 610.000 јени како што требал да направи. Наспроти повеќекратните барања да ја откаже продажбата, Токиската берза ја одбила жалбата и компанијата морала да ги предаде акциите.

Рекол не на Џингис Кан

Џингис Кан, владетел на Монголоското царство сакал да отвори дипломатски и трговски врски преку Ала ад-Дин Мухамед, шах на соседното Хорезмијско царство (денешни Ирак и Иран), во текот на 13 век.

Меѓутоа, шахот ја одбил понудата и го обезглавил монголскиот емисар, поради што Кан се разгневил и испратил 200.000 војници во Хорезмија. Нивното царство било целосно уништено.

Ги одбиле Брајан Ектон и Јан Коума

Фејсбук ги одбил програмерите Брајан Ектон и Јан Коума на интервју за работа во 2009 година. Неколку години подоцна Фејсбук го купил WhatsApp, компанија која тие ја основале, за 19 милијарди долари.

Порачале прешироки возови

Француската државна железница СНФЦ потрошила 15 милијарди долари на нова флота на возови оваа година. За жал, тие биле прешироки за 1.300 станици во земјата. Таа грешка го оштети буџетот на државата за 50 милиони евра.

Потпишале договор со Брајан Пула и Тремелос

Продуцентската куќа Дека барала млади бендови во 1962 година на кои би им понудила снимање на албум. На аудицијата присуствувале две групи, од кои договорот бил понуден на Брајан Пула и Тремелос. Одбиена била групата од Ливерпул Битлси.

Погрешно напишано име на компанија

Поради само една буква, британската влада морала да плати 9 милиони фунти. Имено, над 250 милиони луѓе изгубиле работа, бидејќи во регистерот на компании, фирмата со традиција од 124 години Тејлор енд Сонс била погрешно напишана како Тејлор енд Сон, фирма која поднела барање за банкрот во 2009 година. 

ВИДЕО: Ова е неверојатен јапонски трик за множење

Во ова видео се објаснува како Јапонците множат, а за многу кратко време стана ултра популарно низ целиот свет.

Снимката покажува како со замената на броевите со линии, комплексната ментална аритметика станува навистина едноставна.

На пример, доколку сакате да ги помножите броевите 13 и 21. Првата цифра е еден и затоа треба да нацртате една права дијагонална линија. Следната цифра е 3 и затоа паралено со првата линија треба да нацртате уште три линии.

Истото се прави и со бројот 21, а за подетално и визуелно објаснување погледнете го видеото.

ФОТО: Вака се разладуваат пензионерите во автобус

Меѓу скопјани се раскажуваат разни приказни и доживувања со пензионерите во автобусите, а овој човек смислил малку необичен начин како да се разлади од жештините.

ВИДЕО: Борба на слонче и 14 лавови – ќе се изненадите од исходот

Замислете борба на 14 лавови и едно мало слонче.

Можете ли да погодите кој ќе се извлече како победник?

Ако веднаш помисливте дека лавовите лесно ќе го победат слончето, се излажавте.

Погледнете го видеото и видете како малото слонче ги надмудри силните и крволочни лавови.

Предвидувања на Бил Гејтс кои излегоа прецизни и точни

Најбогатиот човек на светот уште во 1999 година предвиде многу технолошки напредоци кои во меѓувреме се остварија.

Прочитајте што тогаш најавувал, некогаш не е лесно да се предвиди што ќе се случи утре, а не пак за толку години. Но, Бил Гејтс очигледно знае како се прави тоа. Неговото предвидување на технолошкиот развој и услуги од 1999 година излезе неверојатно прецизно и точно. Прочитајте што предвидел пред 16 години визонерот и најбогатиот човек на светот.

1. Веб страници за споредба со цени
Вака Бил Гејтс пишувал во 1999 година:
Ќе дојде до развој на автоматизирани споредби на цени кои ќе овозможат луѓето на едно место да видат цени од многу други веб страници, па така да изберат најевтин производ. Независно за каков вид на производ се работи.

Она што го имаме денес: Постојат многу страници за споредување на цени, на Гугл и Амазон можете да најдете различни цени за ист производ.

2. Мобилните уреди се предвидување на Гејтс: Луѓето ќе одат наоколу со мали уреди кои ќе им овозможат да останат во постојан контакт и електронски да ја вршат работата каде и да се. Ќе можат да читаат вести, да го следат статусот на своите летови кои ги купиле, да следат информации од финансиските пазари и да прават многу други нешта на тие уреди.

Она што го имаме денес: Имаме смартфони кои сето тоа го прават.

3. Моменталното плаќање преку интернет, подоброто онлајн здравство се предвидувања на Гејтс: Ќе плаќаме сметки и ќе се грижиме за своите финансии на интернет, а со своите лекари ќе комуницираме онлајн.

Што можеме да видиме денес: Технологијата сепак се уште целосно не го променила здравствениот систем, но во Америка на пример постои веб страна ZocDoc која може да олесни да се најде лекар и да се порачаат лекови. Другото е многу точно, онлајн плаќањето веќе со години е во употреба и едноставно е за користење, како и префрлување на пари онлајн и следење на финансиските пазари и своите сметки.

4. Личните асистенти и интернет нештата се предвидувања на Гејтс: Ќе имаме лични пријатели, асистенти. Тие ќе се поврзуваат и ќе ги синхронизираат нашите уреди на паметен начин, без оглед дали сте дома или на работа и ќе овозможат размена на податоци меѓу уредите. Ќе ги проверуваат вашите меилови и нотификации и ќе го презентираат она што ви треба на вас. Кога ќе одите во продавница со личниот дигитален асистент ќе можете да кажете кој рецепт сакате да го направите, а тој ќе ги излиста намирниците кои треба да ги купите.

Што имаме денес:Најблиску до тој изум е сервисот Google Now, паметна онлајн услуга на смартфоните која следи каде сте и ви помага во сообраќајот и цела лепеза на услуги кои можат да ви асистираат во вашиот избор и потребите. Уредот како Неста ги снима вашите навики и автоматски ја подесува температурата во вашиот дом. Сервисот Бејконс во Америка на корисниците праќа купони од продавниците, според она што инаку го купуваат.

5. Видео дома е предвидување на Гејтс: Постојан видео пренос од вашиот дом ќе биде нормална појава, па ќе знаете кога некој ќе ви дошол на гости, а вие не сте дома.

Што имаме денес: Надзорните камери веќе со години се во широка употреба. А денес тие се се помали и не толку впечатливи. Паметните камери поврзани со телефони можат лесно да ни пратат слика или видео кога некој ни е пред врата.

6. Социјалните мрежи се предвидување на Гејтс: Приватните веб страници за пријатели и семејството со кои ќе можете онлајн да разговарате и да планирате настани, ќе биде редовна работа.

Што имаме денес: Фејсбук и другите социјални мрежи го прават тоа, а социјалните мрежи станаа сеприсутни во животите на многу луѓе.

7. Автоматизирана промо понуда е предвидување на Гејтс: Откако ќе купите некое патување, веб страниците ќе ви нудат препораки а активностите на таа дестинација, а ќе пуштат и се она што би ве интересирало за местото кое ќе го посетите.

Што имаме денес: Страници за патувања како Експедија или Кејака нудат најповолни понуди според вашите претходни патувања. Гугл и Фејсбук ве следат со огласи според вашата локација и интересите.

8. Спортски дискусии во живо е предвидување на Гејтс: Додека гледате некој спорт на ТВ ќе можете во живо онлајн да разговарате за тоа што се случува на натпреварот, како и да се гласа во анкета кој ќе победи.

Што имаме денес: Безброј спортски страници го нудат ова, а на Твитер масовно се коментира она што се случува на популарните настани во живо.

9. Паметно огласување е предвидување на Гејтс: На дигиталните уреди ќе имаме паметно огласување. Гаџетите ќе знаат она што ве интересира и ќе ви прикажуваат огласи кои се скроени според вашите преференци.

Што имаме денес: Повеќето онлајн огласувања така се однесуваат, огласувачите можат да целат корисници според она што го кликаат или покажуваат интерес.

10. Линкови на страници за време на пренос на ТВ е предвидување на Гејтс: Телевизиски пренос ќе вклучува и линкови на соодветни веб страници и содржини кои ќе го надополнуваат она што го гледате во моментот.

Што имаме денес: Речиси секој спортски настан го следат линкови на веб страни со повеќе информации. Исто така се објавуваат и Твитер профили на вклучена екипа.

11. Онлајн форумите се предвидување на Гејтс: Граѓаните ќе имаат интернетски форуми на кои ќе можат да разговараат за што ги интересира за нивниот кварт, локалната политика, развојот на градот или безбедноста.

Што имаме денес: Многу страници со вести нудат можност за коментирање на натписи. Исто така, многу страници имаат и форуми за расправи каде граѓаните можат да поставуваат специфични прашања. Твитер и Фејсбук имаа и големо влијание на политичките промени во Либија, Египет и Тунис.

12. Интернет страниците се предвидување на Гејтс: Онлајн заедниците нема да бидат кроени според локацијата, туку според интересите на корисниците.

Што имаме денес: Постојат страници со разни вести и онлајн заедници фокусирани на поединечни теми и интереси. Многу веб страни нудат специјализирани содржини.

13. Софтвер за водење на проект е предвидување на Гејтс: Проект менаџерите ќе можат онлајн да ја организираат својата работа, да го опишат проектот, да соберат тим, да примат препораки за потенцијалните вработени.

Што имаме денес: Постојат многу софтвери за работни процеси, се револуционизира процесот на регрутирање и основање на тимови, како и начинот на распределба на работата внатре во тимот.

14. Онлајн вработување е предвидување на Гејтс: Тие кои бараат работа ќе можат да ја најдат на интернет пребарувачи каде работните места се нудат според нивните интереси, потреби и вештини.

Што имаме денес: Популарниот Линкедин овозможува на корисниците да ги објават своите автобиографии и да најдат работа според своите интереси и потреби. Можат да пребаруваат и според своите вештини кои ги специјализирале.

15. Бизнис софтвер е предвидување на Гејтс: Фирмите ќе можат да конкурираат за нови деловни проекти онлајн, без оглед дали се работи за градежништво, режија на филм ли огласувачки проект. Големите фирми ќе можат онлајн да рекламираат делови од проекти на други фирми.

Што имаме денес: Многу деловни софтвери се фокусираат на општествениот спектар и овозможуваат спојување на проекти или подобра комуникација меѓу различни дејносто и фирми.

ВИДЕО: Зошто не смеете да му покажете среден прст на мајмун?

Случаен минувач му покажа среден прст на еден мајмун.

Зошто тоа беше лоша одлука, погледнете во видеото во продолжение.