дома блог страница 5340

Опасан преседан – Западот во неверување!!! Јапонија и сврте грб на САД: Шинзо Абе во Русија на преговори

Russian President Vladimir Putin, left, and Japanese Prime Minister Shinzo Abe shake hands at their meeting in the Bocharov Ruchei residence in Sochi, Russia, Saturday, Feb. 8, 2014. (AP Photo/RIA-Novosti, Mikhail Klimentyev, Presidential Press Service)

Russian President Vladimir Putin, left, and Japanese Prime Minister Shinzo Abe shake hands at their meeting in the Bocharov Ruchei residence in Sochi, Russia, Saturday, Feb. 8, 2014. (AP Photo/RIA-Novosti, Mikhail Klimentyev, Presidential Press Service)

Посетата на премиерот на Јапонија Шинзо Абе во Сочи ја проби дупката во меѓународната изолација во која се најде Русија после кримскиот референдум пред две години, пишува Blumberg.

Премиерот на Јапонија, кој е клучен сојузник со САД во Пацификот, го игнорира повикот на претседателот Обама да ја откаже посетата на Русија. Тој со ова направи опасен преседан за Вашингтон, и е првиот шеф на држава од групата G7 кој се одлучи да се сретне со рускиот претседател во билатерален формат. Сега, после Абе, Русија ќе ја посети и премиерот на Италија Матео Ренци, кој треба да допатува на годишниот инвестициски форум во Санкт Петерсбург во јуни.

Абе планирал да разговара за решавање на територијалниот спор од времето на Втората светска војна, како и за решение за сириската криза. Премиерот на Јапонија има намера да предложи план за соработка во осум правци за поддршка на руската економија, вклучувајќи енергетски и индустриски развој на рускиот Далечен исток.

“Јапонија не може да си дозволи луксуз како што е “изолација” на Русија, затоа што е нејзините соседи, големите регионални сили Кина и Јужна Кореја, гледаат со сомневање”, наведе експертот на Московскиот центар “Karnegi”, Александар Баунов. По мислењето на аналитичарите, Абе не е толку наивен да очекува брзо решавање на проблемите, но е спремен да ги поттикне јапонските инвестиции во Русија, со цел неговата земја да и биде конкурентна на Кина.

“Јапонија е земја која нема пријатели во сопствениот регион. Затоа односите со Русија е крајно важни”, заклучи јапонскиот премиер.

А.Г.

Ноќен живот во Прилеп – Тhe Gallery House Pub, Caffe Virus & Take 5 – 06.05.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”235″ gal_title=”NokenzivotPrilep_06052016″]

ТРАГЕДИЈА: Познат фудбалер почина на утакмица (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

fudbal (1)

Нов смртен случај го зави во црно фубалот, на утакмица почина фудбалерот на Динамо Букурешт Патрик Екенг за време на мечот со Виторул, каде паднал, за неколку минути подоцна да почина во болница.

Иако сите се надеваа дека ќе успее да победи, срцето на 26 годишниот фудбалер од Камерун не издржа.

Трагедијата се случи во 70 минута кога Екенг се сруши на теренот додека оклу него немаше никого.

Натпреварот веднаш е прекинат, лекарите втрчаа во теренот и несреќниот фудбалер беше пренесен во болница, која е на само две минути од стадионот во Букурешт.

Хуманитарен концерт на КУД„Мирче Ацев“ за Сара Шошеска

12376565_551932144983291_6151343366522683388_n

На 14.05.2016 во домот на култура Марко Цепенков со почеток од  19 часот, КУД„Мирче Ацев“ од Прилеп ќе приреди хуманитарен концерт за помош на Сара Шошеска.

Ги повикуваме сите со срце и љубов да помогнат и да дадат мал дел во спасувањето на млад живот.

11904636_518287295014443_8722343235818221022_n

11904692_517378911771948_8646743839383860377_n

Грција станува недостапна за македонските туристи – драстичен скок на цените

grcka-plaza (1)

Тешката финансиска ситуација во која се наоѓа Грција ги натера властите во оваа земја да смислат нов начин за полнење со пари на буџетот на државата. Најновата мерка, која грчките власти планираат да им ја презентираат на меѓународните кредитори, се очекува да донесе финансиски придонес во државната каса од околу 15 милиони евра. Според медиумите во Грција, сите странски автомобили кои ќе влегуваат во Грција, ќе плаќаат транзитна такса. Секое возило со странски регистарски ознаки кое ќе влезе во Грција ќе добие налепница со чип за која ќе плаќа.

За сега нема информација од кога точно оваа мерка ќе стаи во сила и ќе почне да се применува. Грција на 20 јули, годинава, треба да исплати долг во висина од 2,2 милијарди евра на Европската централна банка. Ако тоа не се случи, на властите во Атина им се заканува банкрот и излез на земјата од еврозоната.

 

Се предвидува да се зголеми и таксата и да се воведе нов данок за хотелите и сместувачките капацитети што значително ќе ја зголеми цената на туристичките услуги во земјата која е една од традиционалните дестинации за македонските туристи.

Покрај ова се најавува и можноста за значително поскапување на горивото преку зголемување на акцизите како и нова нагорна корекција на ДДВ.

“ГРОЗОМОРНИ СЛИКИ-АВТОР СДСМ”

image-b7edca6346f04e3c7f0b28c7e230e86f93240802b08966a4f4a51f803ad6fb12-V

Реакциите и згрозувањето од уништувањето на тоа што не создале не престануваат! Главна тема при секој разговор е вандализмот на СДСМ и прашањето: Дали овие што го уништија градот економски и инфраструктурно, знаат да прават нешто корисно! Дал од тие што уништуваат со своите фирми го градеа и новиот лик на градот. Осуда пристигна и од сите здруженија на граѓани, фирми, економски совет, земјоделци, студенти, пензионери… Најогорчени се верниците кои не можеле да замислат дека и на празник СДСМ може да сквернави. Но, сепак секој си го одбира друштвото…

image-e73978b15e4481450053cf4a4390036d68d4cb273d68df8d5c809553abaf4855-V

image-400aeaa411f60a0001a39ab847d6c12b51422514084ddcfb1661f54a2ccfea5e-V

Овие хороскопски знаци сигурно ќе имаат повеќе од еден брак

brak-1-650x396

Никој не сака односот во кој вложл многу емоции, време и труд да резултира со неуспех, меѓутоа ѕвездите се наклонети кон некои хороскопски знаци кога во прашање е бракот. Откријте во која група на зодијачки знаци се наоѓате вие.

Бик

Секогаш во петта брзина, Биковите целиот свој живот имаат можност да запознаваат интересни личности на најразлични места. Весели и помалку бучни, припадниците на оовј земски знак лесно привлекуваат внимание кај спротивниот пол, и пред бракот имаат многу врски и авантури. Така што успеваат да искристализираат во главата покрај каква личност сакаат да го поминат животот.

За брачен партнер најчесто бираат лица со кои не се предолго во врска, и на тој потег се одлучуваат повеќе наслонувајќи се на интуиција, отколку на рационално размислување. Биковите се добродушни и широкогради, тка што за саканата личност би направиле се’ на светот. Но, Бикот има проблем со љубоморни испади и не сака за неговиот партнер друг да се интресира.

Дури и кога е во брак, Бикот сака да се движи на многу места и често ќе го запоставува домот и семејниот живот. Но, кога ќе види дека бракот му е на стаклени нозе, ќе направи се’ за да ги поправи работите. Сепак, крајот на бракот го доживува како голем животен пораз и ќе сака да самува подолг временски период, а кога следниот пат ќе запознае личност која вреди за внимание, на сосема поинаков начин ќе вреднува дали е тоа материјал за брак.

Девица

Припадниците на овој знак несомнено сакаат да се во центарот на внимание, а тоа лесно им поаѓа од рака бидејќи се исклучително интелегентни, шармантни и духовити. Лицата од спротивниот пол често ги доживуваат како пријателски фигури, а не како материјал за врска, што најчесто е причина зошто немале повеќе врски пред бракот. Секако, има и такви Девици кои заведуваат каде и да се појават, но тоа се повеќе авантури отколку сериозни врски.
Кога ќе запознаат личност за која сакаат да се врзат, ќе се преправаат дека не ги гледаат мааните на другиот и се надеваат дека со текот на времето ќе успеат да го преобликуваат партнерот по своја желба.
Девиците над се’ сакаат заедништво, самотијата ги плаши, па тоа им најчесто главен мотив за брак.
Ќе се занимава со анализа на секоја постапка на брачниот партнер, бидејќи Девиците по природа се склони да ги расчленуваат сите појави во својот живот до најситни детали. Ако брачниот партнер не сака да го премолчи таквото однесување, ете причина за емотивно несогласување, бидејќи
Девицата смета дека секогаш е во право и дека таа знае најдобро.  Кога во брачните односи не оди баш се’ најдобро, често е склона на вонбрачни афери. Кога ќе стане слободна, Девицата не губи време и повторно наоѓа партнер, бидејќи таа не сака да функционира сама.

Вага

Главни адути на овој воздушен знак се тоа што е во состојба секого да маѓепса со својта приказна, со хумор, и што оддаваат впечаток на исклучително смирени и рационални личности, па не им е тешко да го заведат оној кој го посакуваат. Иако физичкиот изглед понекогаш не им е силна страна, тоа го компензираат со својата колоритности многу забавна личност, што ги прави неодоливи.
Не се имуни на кратки врски, но сепак преферираат долги врски и најчесто за брачен партнер го избираат оној со кој поминале долго време.  Но, понекогаш се испоставува дека тој долг период поминат со една личност не е грант за долг брак . Вагите често се некаде помеѓу земјата и небото, помеѓу сопствените желби и можности, па иако се свесни дека можат многу подобро, тие во брак влегуваат со личност која по интелект и по други способности недоволно им одговара.
Во нивна природа е да се неодлучни и константно разислуваат дали нешто можеле подоро да го направат.
Од брак воглавно излегуваат со договор со партнерот, кој е свесен дека емоциите исчезнале и дека е најдобро секој да го фати својот пат. На Вагата и треба време да преболи, но таа никогаш не престанува да верува во вистинска љубов и во состојба е да биде во врска со колку лица и да е потребно за да на крајот ја најде вистинската љубов и со неа да остане до крајот на животот.

Со стап изваде заспана анаконда од вода. Она што ќе се случи ќе ви ја ЗАЛЕДИ КРВТА !

12121

Без оглед на тоа какво е вашето мислење за настанокот на човекот, односно што мислите за теоријата на еволуција, Дарвиновиот закон е очигледно во акција во видеото  кое ќе можите да го видите во продолжение.

Овој човек, да го наречеме “гениј”, во некоја река видел анаконда која спиела и само главата и се гледала од водата. Одлучил да ја разбуди со стап….

Погледнете што се случило:

А.Г.

Прво место за младите репортери oд гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп

drvokradci-na-delo

На конкурсот од Програмата „Млади репортери за животната средина“ за најдобра новинарска статија, првото место го освоија Ивана Дукоска и Верица Христоска од I-3 клас од гимназијата “Мирче Ацев”,под менторство на проф. Весна Михаиловска.

Програмата „Млади репортери за животната средина“ е интернационална програма на Фондацијата (FEE) која се спроведува како составен дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ на Министерството за образование и наука.

И оваа година беше распишан конкурс „Млади репортери за животната средина“ за најдобра новинарска статија, за најдобра фотографија и најдобар видео запис за некој локален еколошки проблем.

Според интернационалните критериуми  во конкуренција од 30 новинарски статии од средните училишта во Р.Македонија новинарската статија на Ивана и Верица „Уништувањето на шумите – уништување на гранката на која седиме“ која го третира проблемот на дивото сечење на шумите во Прилепско, го освои првото место. Оваа статија  ќе  биде испратена и на интернационалниот конкурс од Програмата.

Шеќер и лимон и стриите веќе никогаш нема да се проблем

 

За да се ослободите од стриите овој едноставен и евтин рецепт, кој се подготвува за неколку минути, а може и тоа како да ви помогне.

Потребни состојки:

1 лажица шеќер
1 лажица рицинусово или маслиново масло
Сок од половина лимон
1 капсула витамин Е

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки додека не се соединат, па со кружни движења нанесувајте ја смесата на местото со стрии додека не се впие.

Најдобро е да ја нанесете со четка, бидејќи така ќе се поттикне циркулацијата на деловите од телото каде ви се појавуваат стриите.

Повторувајте ја постапката секој ден, 2-3 минути. Смесата може да стои во фрижидер и до 3 недели.