дома блог страница 5338

Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави настаните поврзани со Денот на Европа

IMG_9930

Градот под Mарковите Kули денеска го одбележува „Денот на Европа“,  9-ти мај со низа свечености и пригодни манифестации во градот. Градоначалникот Рустески заедно со својата делегација, претставници од Руската амбасада, АРМ, Сојузот на борци и останати граѓани денеска положија свежо цвеќе на Могилата на непобедените. Денеска во сите градови ширум Републикава се одбележува  9-ти мај – Денот на победата над фашизмот и денот на европскиот симбол и идентитетот на Европската Унија. На денешен ден во 1950 година Роберт Шуман го презентирал  предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот.

IMG_9939

IMG_9942

IMG_9956

Општина Прилеп со честитка по повод „Денот на Европа“

Општина Прилеп упати честитки до  сите граѓани по повод 9 мај, Денот на Европа. Ова е ден кога се одбележува европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент. Општина Прилеп напорно работи на полето на подобрување на општествено – економските и социјални услови како предуслов за приближување на нашиот град до европските стандарди. Во таа насока слободно можеме да истакнеме дека сме лидер помеѓу општините во државава во искористување на  средствата од ЕУ и ИПА програмата. Нашата општина има голем број успешно реализирани проекти со средства од фондовите на ЕУ, од кои како најголем и најзначаен треба да се истакне проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води и санација на дел од канализационата мрежа, вреден 20 милиони евра кој се реализира со средства од ИПА фондовите, од третата компонента – за Регионален развој кој е во фаза на реализација.

IMG_9993

IMG_9965

IMG_9971

IMG_9977

Општината својата политика ја насочува и кон искористување на фондовите од втората компомента на ИПА за прекугранична соработка и активно учествува во повиците за предлог проекти со Албанија и Грција, сѐ со цел – успешно искористување на средствата од ЕУ и ИПА фондовите и нивно насочување кон достигнување на нашите приоритети. Само на тој начин ќе можеме да ги достигнеме стандардите на ЕУ и да станеме рамноправни со европските општини.

IMG_9982

IMG_9995

IMG_10000

Прилеп ќе се претстави на конференцијата за авантуристички туризам во Охрид

IMG_9876

Од 10 до 12 мај на брегот на Охридското Езеро ќе се случи Првата меѓународната конференција за авантуристички туризам ,,АдвентуреНЕЏТ Балканс“. На конференцијата ќе бидат присутни  околу 300 врвни  туристички експерти како и новинари од цел свет.

IMG_9879

IMG_9875

Градот под марковите кули ќе се претстави со културно историското богатство, природните убавини, традиционалната храна  и туристичката понуда која  ќе биде промовирана низ целиот свет. Во последните години Прилеп станува центар за развој на екстремните спортови, што е реткост за Македонија и за регионот. Околината на Прилеп располага со одлични услови за равој и негување на овие спортови, особено на болдерингот. Специфичните и уникатни карпи на локалитетите Маркови Кули, Баба и Трескавец, се рај за болдеристите ширум светот и го привлекуваат вниманието на стотици болдеристи кои во изминатите години се натпреваруваат во искачување на Болдеринг маратонот “Крале Марко”.

IMG_9882

Прилеп на Меѓународната конференција „Адвентуре Неџт Балкан“ ќе ја има можноста да ги претстави убавините и можностите за развој на авантуристичките туристички потенцијали, а светските тур оператори ќе може да креираат пакет аранжмани. Со оглед на тоа дека алтернативните форми на туризам се едни од најзастапените од странците за време на нивните посети.

IMG_9870

 

Тестенини на 5 начини

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-01-630x396

Но, тоа не мора секогаш да биде така.

Постојат одлични начини на кои можеме да ги вметнеме „малите гревови“ во исхраната и да уживаме и во најомилените оброци.

Еве неколку здрави рецепти со паста:


1. Шпагети со црвен сос

За овој тип на шпагети нема да ви биде потребно многу време. Се што ви е потребно се испечени пиперки кои ќе варите и пасирате за вкусен сос и кој ќе го додадете на шпагетите.

Овој рецепт е одличен за забрзување на метаболизмот.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-1

2. Салата од макарони

Варијациите на овој рецепт се огромни. Доволно е да сварите макарони и да ги оставите да се оладат. Потем што се можете да ставите во салатата зависи од вашата креативност, можности и желба.

Еве еден предлог. Испечете тенко сецкана тиквичка, обарете морков и исецкајте го на ситни коцкички, пресечете чери домати и додадете темен грав.

За час сте готови, а што е најважно и ќе добиете здрав оброк.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-2

3. Примавера макарони

Ова е уште една идеа од која можете да направите вкусна салата со сварените и оладени макарони.

Во нив потребно е да додадете конзервирана пченка, чери домати исецкани на пола, свежи и исецкани на кругчиња моркови и обарен грашок.

По сето ова зачинете со пармезан по желба.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-3

4. Лазања со спанаќ

За овој рецепт нема да ви биде потребно многу време.

Предходно обарете ги парчињата тесто за лазања и започнете со редење на слоевите.

На секој слој лазања ставете свежо исецкан и измиен спанаќ и рендан кашкавал.

Оставете сето тоа да се испече на температура од 220 степени околу 20 минути и готови сте.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-5

5. Шпагети во доматен сос

Потребно ви е токму едно тавче. Да точно така. Нема никаква потреба да се мачите. Едноставно во тавчето ставете ги шпагетите, сецканиот кромид, доматите и босилекот и оставете заедно да се варат.

По 20 минути готови сте.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-4

Една година од кобниот 9 мај: Во Диво Насеље се гинеше за Македонија

Помина една година од кобниот 9-ти мај и антитерористичката акција на македонската полиција во која осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на својата татковина. Акцијата започна рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9-ти мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сè до 10-ти часот во неделата на 10 мај.

kumanovo21-640x418

Хронологија на кумановските настани

Кумановските настани започнаа со инцидентот во караулата Гошинце кон крајот на април минатата година. Тогашниот портпарол на МВР, Иво Котевски во изјава за јавноста истакна дека во два ипол часот по полноќ во селото Гошинце, општина Липково бил извршен државен терористички напад.

Четириесет маскирани и вооружени лица со ознаки на УЧК ја нападнале караулата во која имало четворица дежурни полицајци и ги разоружале. На тројца од нив им ги врзале рацете со лисици, почнале да ги удираат, а сетоа тоа го снимале на камера.

Вооружените напаѓачи зборувале на албански јазик, а еден од нив на лош македонски јазик им се обратил со зборовите: „Ние сме од УЧК, пренесете им на сите дека не може да ве спаси ниту Никола Груевски, ниту Али Ахмети, никој не смее да се качи горе, зошто сите ќе бидат ликвидирани“. Откако си заминале напаѓачите, еден од полицајците на кој не му биле врзани рацете, ги одврзал тројцата колеги и тргнале пеш кон селото.

Настаните со караулата во Гошинце тогаш опозицијата предводена од СДСМ ги оцени како измислено сценарио, а дел од опозициските медиуми потценувајќи ги настаните дури објавуваа и сатирични вести со наслов „Ослободителната војска на Груевски“ ја презеде одговорноста за нападот во Гошинце. Дел од опозициските таканаречени експерти, но и опозициски партии како ЛДП, во јавноста излегоа со ставови дека со настаните во Гошинце власта се обидувала да креира безбедносна криза.

-Вчерашниот филм во Гошинце што власта сака да го продаде како терористички напад е очаен обид со креирање на вештачка безбедносна криза да си ги спасат сопствените изјави на прес-конференција на 22-ри април портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ.

Петнаесеттина дена подоцна следеше 9-ти мај. Полициската акција за разбивање на терористите се одвиваше во кумановската населба „Диво насеље“, дел од градската месна заедница „Тоде Мендол“, во близина на автопатот Е75. Акцијата започна рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сè до 10:00 часот во неделата на 10 мај.

Од страна на македонските безбедносни сили загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени дури 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово.

divo-naselje-policajci-640x360-1

Убиени беа следниве припадници на специјалните единици на македонската полиција:

  • Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово
  • Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар
  • Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово
  • Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје
  • Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
  • Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
  • Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
  • Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

Убиени 10 терористи

На страната на терористите, на лице место беа пронајдени 10 мртви тела во униформи. Според искажаното од надлежните во македонското Министерство за внатрешни работи можеше да се заклучи дека станувало збор за една од најопасните терористички групи, а самиот портпарол на македонското МВР истакна дека групата била закана за целиот регион и која била вклучена во бројни напади, а нејзините членови биле барани со меѓународни потерници.

Според официјалните информации, по извршената обдукција и проверките преку Бирото на Интерпол – Скопје утврдено е дека во престрелката се убиени девет косовски и еден македонски државјанин.

Убиените Kосовци се Мирсад Ндрецај (36), алијас Kомандант НАТО, Бег Ризај (38) познат како Kомандант Бегу, Џафер Зумерај (33), Ваљон Kабаши (30), Тургај Гаши (37), Kастриот Самит (40), Хисен Рушити (50) Фатлун Вишесела (32) и Арбен Реџај (44), како и Нусрет Kаљоши, македонски државјанин.

Ндрецај и Бегу, со Мухамед Kрасниќи, алијас Kомандант Малишева, Сами Укшини, алијас Kомандант Соколим и Дем Шаху, алијас Kомандант Јунику, биле лидери на терористичката група.

komandanti-uck-uapseni-teroristi

Кои беа уапсените терористи?

Дел од 30-мината приведени, при разговорите во полициска станица изјавиле дека оружјето го внесувале преку илегални премини со возила, ранци и торби. Терористите поделени во групи, според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици. Според исказите на еден од приведените една од целите била и Камениот мост во Скопје, а нападите требале да започнат од средината на овој месец.

Дел од приведените терористи се лица припадници и поранешни команданти на ОВК, лица кои учествувале во активности против територијалниот интегритет на Република Македонија, биле вклучени во паравоени структури кои се залагаат за Голема Албанија, а биле дел и од нападот на караулата во Гошинце. На полицијата и се предадоа тројца од лидери на оваа група.

Мухамед Красниќи – командант Малишева роден 4.10.1971 во Косово

Дел од ОВК, командант на 113 бригада, вклучен во обиди за создавање паравоени структури за Илирида. Инволвиран во недозволена трговија со дрога и оружје, организирање криминал и еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Сами Укшини – командант Соколи роден 10.10.1967 во Косово

Поранешен командант на УЧК и заменик командант на 113 бригада, член на илегални организации во бараат создавање на Голема Албанија, член на паравоени и терористички групи кои имаат иста цел. Близок соработник на Мирсад Ндрецај алијас командант НАТО. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Деме Шеху – Јунику роден 18.4.1980 во Косово

Припадник на ОВК, член на единицата „Скендер бег“. Близок соработник и логистичар на терористичката група елиминирана во Бродец во 2007 при акцијата „Планинска бура“. Познат по насилства, изнуди, соработник на командант НАТО и еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Сефа Генци – роден 18.4.1973 албански државјанин кој живее во Урошевац, Косово

Се води како лице со завршена воена академија во Тирана, со чин капетан. Експерт за минско експлозивни средства, инструктор на воената академија на косовските безбедносни сили. Активен член на паравоени формации од 2002 година и вклучен во албанските национални движења за Илирида. Уапсен во униформа.

26-427x654-e1431287637105

Ардијан Бујари – роден 16.12.1975 во Косово

Поранешен припадник на ОВК во единицата на командат Соколи. Дел од терористичката група од Кондово во 2004 и Бродец во 2007. Имал блиска врска со Лирим Јакупи алијас Нацист со кого воделе групи на дрога и оружје. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Ваљдет Закај – роден 9.7.1978

Има висока улога во Бали Комбетар, како и обиди за формирање паравоени вооружени групи.

Насуф Бекири -роден 20.2.1988 Брест

Пријавуван за разбојништва, логистичар на Лирим Јакупи – Нацист. Познат по учество вотрансфер на лица и стоки. Има индиции дека учествувал во нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Лирим Демири – роден 15.4.1992 од Лукаре, липковско

Пријавуван за насилен криминал, разбојништва, тепшки кражби со провалување. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа

Приведени се и Сефер Сефери (1959) и неговиот брат Фитор Сефери (1970)од Куманово кои се познати по учеството во паравоени структури и ОВК од Косово.

Неџбедин Лика – роден 11.8.1978 од Тетово

Припадник на ОНА , се барал и за убиство од 2004

Руфкит Угани  – роден 24.12.1987 од Качаник Скопје приведен во униформа

Меѓу приведените е и еден од сопствениците на куќите во кои биле сместени терористите, кој според непотврдени информации, пукал кон безбедносни сили на Македонија.


Во октомври беа приведени соработници и јатаци на терористите

Седуммина јатаци и логистичари на терористичката група елиминирана во кумановското Диво Насеље се уапсени во акцијата “Молња“ на 15-ти октомври минатата година. Според МВР, во истрагата се собрани доволно докази кои покажуваат дека тие активно биле инволвирани во инцидентите, односно во нападот на караулата кај Гошинце и во Диво Насеље.

Уапсени беа седум лица на возраст од 20 до 74 години, од кои три се од кумановското село Отља, две од скопско Брест и по едно од Арачиново и Матејче.Според неофицијални информации меѓу уапсените се и извесен Ибрахим Муртезани, алијас Командант Харачина, и Рагми Љатифи од селото Отља за кој информациите говорат дека бил заменик на командант Малишева, кој се сметаше за предводник на терористичката група во Куманово.

Акцијата почнала во раните утрински часови со координирани упади и претреси во домовите на осомничените во селата Брест, Отља и Матејче.Во домовите на осомничените се најдени карти на голема Албанија, униформи на УЧК, 13 телефонски апарати, автоматска пушка, седум рамки за автоматска пушка, 127 куршуми со калибар од 7,62 милиметри, две ловни пушки, гасен пиштол, машина за полнење патрони, сачми, околу 60 патрони, два детектори за метал, мапи и ВХС-касети, лисици за врзување, 1400 евра, 45 куршуми со калибар од 7,9 милиметри, фотографии со припадници на УЧК, оптички нишан и други предмети и траги кои МВР ќе ги предаде на надлежниот јавен обвинител.

Од полицијата додоиа дека уапсените главно имале улога на логистичари, односно при нападот на караулата кај Гошинце и во Диво Насеље и помагале на групата во извршувањето и прикривањето. Еден од уапсените се обидел да собере група со која би го нападнал Скопје во моментот кога специјалците на МВР го чистеа Диво Насеље од последните терористи. Оттаму додаваат дека поголемиот дел од осомничените веќе се познати на полицијата и против нив во повеќе наврати се поднесувани разни кривични пријави за кои им се изрекувани и затворски казни од надлежните судови.

Изготвен обвинителен акт, судењето започна

Јавното обвинителство на Република Македонија покрена постапка за приведените во акцијата во Куманото веднаш по самото нивно приведување, откако МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против определен број лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“.

Рочиштата за случувањата од 9 и 10 мај минатата година во кумановската Дива Населба се одвиваат под силно полициско обезбедување, при што 29 обвинети се спроведуваат од повеќе затвори во земјава, каде што ја издржуваат мерката притвор, до Судот во Скопје. Досега се одржани три затворени рочишта поради сослушување на заштитените сведоци. Предложените заштитени сведоци од обвинителството, околу 40, се полициски службеници кои учествувале во акцијата за разбивање на вооружената група.

На рочиштата што беа отворени за јавноста беа изнесени воведните зборови на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и на 29 обвинети и нивните адвокати, а беа сослушани и десетина сведоци предложени од Обвинителството.

Покрај сведочењата на локалното население од Кумановско и сведочењата на роднините на некои од обвинетите, пред судот сведочеа и четворицата полицајци кои беа нападнати во караулата во Гошинце во април минатата година, настан кој, според обвинението, му претходел на целото организирање на нападот на полициските единици во кумановската Дива Населба.

Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичко организирање“ од членот 394 – а и „тероризам“ од член 394 -б од Кривичниот законик.

Бора Чорба се ожени по трети пат – еве која е среќничката

bora (1)

Фронтменот на групата „Рибља чорба“ пред три дена во тајност се венчал со девојката Дубравка во општина, а потоа со пријателите отишле на ручек во еден познат ресторан.

Како што дознава српски Блиц, Бора Ѓорѓевиќ не сакал премногу да зборува за својата венчавка, па така одлучил на интимен начин само пред матично и со кумовите да го изговори судбоносното „ДА“.

corba

– Бора долго време размислуваше да се ожени. Неговата околина не била воодушевена од оваа идеја, со оглед на тоа дека позади себе веќе има два брака, но на крај сепак излезе по негово, разговарал со Дубравка и решиле тоа да биде скромно венчавање во општина, а а потоа заедно со кумовите и неколку блсики пријатели заминале на ручек. Венчавката била пред три дена, открива изворот за српски Блиц.

Пејачот со Драгана беше  во брак 30 години. Тие двајца се разведоа во 2007 година, подоцна таа починала. Две години подоцна се ожени со младата Александара кој ја остави после четири години брак.

ВЕЧНА МИСТЕРИЈА: Каде се погребуваат Кинезите во Србија?

Јавноста со години е заинтригирана како и каде се погребуваат Кинезите кои починале во Србија. Се раскажуваат најразлични митови, затоа што за 20 години откако почнале масовно да се населуваат во Србија, никој нема видено ниту еден погреб на Кизнези во Србија.

11_1000x0-1-620x330

Тоа прашање повторно стапи во интерес после случајот кога во исфрлен кинески куфер на брегот на Дунав, биле пронајдени остатоци на човечко тело.

Според податоците од српските институции привремен престој во Србија добиле 4.080 кинески државјани, дедека според неофицијални податоци, тој број е тројно поголем, бидејќи познато е дека кинеската заедница слабо соработува со полицијата.

Од 1996.година, кога започнало масовното доселување на Кинезите во Србија, според Јавното комунално претпријатие “Погребални услуги” од Белград, само еден кинески државјанин е погребан на традиционален начин, во јули 2009.година, со изложување на телото во ковчег.

Дека Кинезите во Србија тивко умираат и уште потивко се погребуваат, потврдуваат податоците на Републичкиот завод за статистика на Србија. Според нивната евиденција од 2005. до 2014.година на територијата на Србија починале 31 државјани од Кина.

Некои тој “мистериозен феномен на неумирање” на Кинезите го објаснуваат со тоа што во прашање е релативно млада популација, која доаѓа за корка леб. Од друга страна постојат и оние кои сметаат дека Кинезите ваквото значително мало прикажување на смртност го користат како трик за илегален влез на други кинески државјани. Смртта на починатите на ја пријавуваат, затоа што на местото на покојниот доаѓа друг Кинез и ја “пополнува дупката” на претходниот, а луѓето од “мафијата со гробови” откупуваат гробни места на црно, каде ги погребуваат мртвите, а притоа не ставаат никакви обележја, ниту надгробни плочи.

Будисти

Кинезите во најголем број се будисти, па кремирањето не им е единствениот начин за погребување, туку дозволен им е и погреб со исложување на телата во ковчег. Бидејќи цената за авионски превоз на ковчегот е висока, се определуваат за кремирање.

Енигма секаде во светот

И во останатите европски држави прашањата за погребите на Кинезите претставуваат енигма, затоа што, скоро секаде нема погреби на Кинези.

А.Г.

На роденденот на Европа криза на сите страни. Се заканува ли распад на ЕУ?

Денеска во Европа ќе се одбележи 71.година од завршувањето на Втората светска војна и 66.години од покренувањето на иницијативата за создавање на Европската Унија.

eu20200

Својот ден, Денот на Европа, унијата го дочекува соочена со бројни кризи, како никогаш порано.

Се пожестоки и се почести судири во земјите членки, а преовладуваат и спротивставени ставови за заедничките проблеми.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека австриската контрола на границата со Италија, со цел да се спречи приловот на мигранти, беше политичка катастрофа за Европа. Само неколку дена порано изјави дека на ЕУ и недостига заедничка европска визија:

“Идејата едно европско семејство, една визија, била илузија”

Во меѓувреме претседателот на Турција и порача на унијата дека нема да ги промени своите антитерористички закони заради добивање на безвизен режим кој го нуди Брисел.

“Жал ми е, ние ќе одиме по нашиот пат, а вие oдете по вашиот”.

migranti5-640x427

Разидување се заканува и во внатрешноста на унијата. Во Велика Британија наголемо тече камања во очи на референдумот на 23.јуни за тоа дали земјата да остане или да излезе од ЕУ. На сето тоа треба да се додаде и мигрантската, економската и украинската криза, кои сеуште чекаат на решение.

Сепак без оглед на поделените мислења на земјите членки на Европската Унија, регионот работи за пристапување и исполнување на условите за членство. Тука се Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.

Денешниот ден 9.мај во Европа се одбележува во знак на сеќавање на победата над фашизмот и декларацијата на Роберт Шуман кој во 1950. година го најави проектот за помирување и соединување , односно за основање на Европската заедница за јаглен и челик, која подоцна се развила во Европската Унија.

A.Г.

Илија Пајмакоски се врати со медал од “Скопски маратон”

13138990_10208348076412195_771197647668020111_n

Нашиот фуриозен тркач, прилепчанецот Илија Пајмакоски го освои второто место на Скопски Маратон, на трката од 5 км.

Уште една успешна трка е зад него, трка која  е доказ за напорните тренинзи и постојаната фокусираност во маратонското трчање.

Илија е млад маратонец кој постојано бележи успеси, а тоа го потврдуваат неговите резултати: државен првак и најдобро време на 1500 метри во сениорска конкуренција, како и државен првак во крос-кантри трките до 23години.

13177425_10208348076732203_8548970308533756865_n

13102796_10208348078812255_3229657706889296859_n

 

Пресметајте со каква личност сте во врска

numerologija

Тоа го правите со собирање на броевите од датумот на раѓање на личноста.

Пример:

25.06.1989 година.

Ги собирате сите броеви од датумот на раѓање:

2+5+0+6+1+9+8+9= 40. Ако добиете двоцифрен број, продолжувате со собирање.

Во случајот 4+0 = 4

Решение:

Број 1

Овие личности љубовта ја анализираат рационално, промислено и се потпираат на својот интелект. Тешко е да ги задоволите. Ако од нив очекувате да бидат мирни и „послушни“, сè што ќе добиете е одбивност и агресивност. Со нив морате да бидете внимателни и морате доволно да ги мотивирате, бидејќи често се склони на изневерување, ако врската им стане досадна и монотона.

Број 2

Овие личности се пребирливи. Сакаат практични и интелигентни луѓе покрај себе. Често се водат од материјалното, па знаат да одберат личност која може да им овозможи удобен живот. Со нив речиси е невозможно да влезете во расправија, бидејќи се мирни. Ако искрено сакаат, тие се посветени и пожртвувани.

Број 3

Пред сè сакаат искрено пријателство. Тек тогаш кога ќе можат да се релаксираат во врската се покажуваат во вистинско светло. Нивната љубов се темели на почитување и целосна доверба во партнерот. Сите проблеми сакаат да ги решаваат со отворен и искрен разговор.

Број 4

Овие личности сакаат долги и стабилни врски. Го сакаат бракот и често знаат многу рано да стапат во истиот. Во животот знае да им се случи да одберат погрешен партнер. Во љубовта понекогаш знаат да бидат здодевни и да не се препуштаат на фантазиите. Мирниот живот и стабилниот однос им претставуваат единствени цели и подготвени се на компромиси.

Број 5

Овие личности се во потрага по љубов која ќе им трае целиот живот. Секоја лага длабоко ги повредува и тешко ја забораваат. За нив вистинската смисла на животот е да пронајдат љубов. Кога ја немаат – како да не се живи. Маани во односите им се незрелоста и желбата за слобода.

Број 6

Луѓе кои се склони кон промени. Не се за долготрајна врска и постојано се во потрага по соодветен партнер. Знаат да бидат многу меки и чувствителни, но затоа, секогаш имаат потреба да најдат нешто подобро. Често знаат да остварат длабока и долготрајна врска дури во зрелите години.

Број 7

На овие личности животот им поминува со бројни љубовни врски. Уживаат во авантури и флертување. Многу од нив, во текот на животот, имаат и по неколку бракови. На животот и љубовта им пристапуваат активно, па постојано се во потрага по нови возбудувања. Често им се случува да не забележат разлика меѓу љубовта и страста.

Број 8

На овие личности љубовниот живот им се одвива преку постојана акција, промени и повеќе бракови. Желбата за разновидност, постојано одложување на животните одлуки и сериозните животни прашања ги следи во текот на целиот живот. За некои, вистинската, долготрајна љубов знае да се случи после 40-та година.

Број 9

Овие личности во младоста тежнеат да имаат врски со постари луѓе. Секогаш се наоѓаат на работ на раскрсница, некоја противречност и не можат да се одлучат што да прават. Сакаат необични и ексцентрични луѓе покрај себе. Често се разочаруваат, но многу бргу забораваат и простуваат.

TИЕ ЌЕ ПРЕДИЗВИКААТ ГОЛЕМА ВОЈНА: Турција го предводи исламскиот свет !

569640_2016-03-16t132558z-163122853-gf10000347568-rtrmadp-3-turkey-politics_f

Турскиот лидер Реџеп Тајп Ердоган повторно и се обрати на ЕУ, дека Турција нема да ги сменува своите антитерористички закони заради безвизниот режим за турските државјани кој го нуди Брисел, пиштува српскиот портал intermagazin.rs.

Ердоган во турскиот град Малатија рекол дека исламскиот свет се повеќе се врти околу Турција, затоа што таа му “пркоси на светот”.

Eвропа побарала од властите во Анкара да направат реформа во своите антитерористички закони за граѓаните на Туриција да го добијат везвизниот режим за патување во Европа. Претставниците на ЕУ бараат усогласување на турските закони со стандардите на Европската Унија.

Турскиот претседател не сака да ги прифати ваквите барања, затоа што Турција во овој момент, како што тој наведува, е под голема опасност од тероризам, особено од Исламска држава и курдските милитанти.

“Всушност оние кои ја критикуваат Турција заборавија на демократијата и граѓанските слободи и права, бидејќи бомбите експлодираја на нивни терен” – рекол Ердоган.

A.Г.