дома блог страница 5337

Ослободете се и од најсилната главоболка за само 5 минути

bolka-glava-1-600x400-600x396

Главоболките се многу непријатни. Покрај тапата болка, оваа многу честа појава предизвикува нервоза, раздразливост и пад на концентрацијата. Меѓутоа, благодарение на овој стар проверен рецепт од само 3 состојки, ќе можете да се ослободите од главоболката за само 5 минути.

Потребни состојки:

  • Прстофат сол
  • 1 чаша вода
  • 1 лажичка лимонов сок

Начин на подготовка:

Во шолја ставете лажица топла вода. Потоа додадете ја солта и мешајте додека таа не се стопи. Потоа додадете го лимоновиот сок и наполнете ја чашата со ладна вода. Измешајте ги состојките и испијте го пијалакот.

Како делува?

Пијалакот за 5 минути ќе ја ублажи или целосно ќе ја отстрани главоболката. Доколку имате потреба, повторете ја истата постапка по 2, 3 часа.

РУСКИ НЛО ИЛИ ВОНЗЕМЈАНИ: НЛО излегло од морето, Британската авиација во паника, се обидела да го запре

Во новиот неверојатен извештај на руското министерство за одбрана се наведува дека ескадрилата на борбени авиони Eurofighter Typhoon предизвикала паника во северна Англија пред некој ден, бидејќи налетала на мистериозен објект кој излетал од морето, па почнала на пука на него.

nlo-engleska

Според извештајот, неколку сателити и радари, вклучувајќи руски, британски и американски, го забележале овој “мистериозен објект” при излегување од морето на брегот на северна Англија, поради што ескадрилата на Eurofighter Typhoon авиони е испратена да интервенира.

Локалните жители од Лидс, Јорк, Херогејт и Донкастер кои го виделе ова случување одма почнале да паничат, верувајќи дека започнува Трета светска војна, бидејќи слушнале гласни експлозии на небото и виделе воени авиони како прелетуваат.

Само 15 минути после тоа случување, британската влада издала “ДА” наредба (Defence Advisory – Одбрамбено предупредување) за ниедна медиумска организација да не смее да известува за тоа што се случило, а после 7 часа објавила податок дека француски патнички авион предизвикал проблеми со радио комуникацијата и дека затоа дошло до инцидент.

Меѓутоа, експертите на руското министерство за одбрана наведуваат дека сите француски авиони поседуваат повеќе комуникациски системи како и повеќето модерни патнички авиони, кои продолжуваат да работат дури и во вонредни ситуации, во било кои околности, со исклучок на катастрофа, што овде не било случај.

Најинтригантно во сето е што во извештајот се споменува така наречен “мистериозен објект” и што е можно да тој има врска со така наречената “Аномалија на Балтичкото море”.

А.Г.

УРНЕБЕСНО: ВО РУСИЈА СЕ ПРОИЗВЕДУВА СЛАДОЛЕД “OБАМКА”

1039338478

Американските власти се жалат на новата форма на руска “aгресија” како што велат тие, а се работи за сладолед на стапче насловен како ОБАМКА. За Американците тоа е расизам и неопчитување на претседателот Обама.

На производот има мало момче со обоена кожа и обетка. Американците тврдат дека тоа е нова анти-американска агресија и пропаганда, додека пак од компанијата велат дека малото момче не го отсликува американскиот претседател, туку дека името само им звучело возбудливо.

И покрај жалбите, компанијата нема намера да престане со производство на овој уникатен сладолед.

A.Г.

ФОТО: Хулиганите на СДСМ со брутален атак врз симболот на државноста Порта Македонија (ВИДЕО)

Хулиганите платеници на Зоран Заев и СОРОС попладнево извршија брутален атак врз симболот на македонската државност Порта Македонија. Со пиштоли со боја демонстрантите кај кои очигледно не постои здрав разум речиси целосно ја уништија Триумфалната порта во Скопје.

 

gocev-alek-n

Порта Македонија не е било какво спомен обележје, туку сублимат на македонската историја на едно место: антички обележја на македонската култура, македонски дејци и борци, егзодусот на Егејците, заседанието на АСНОМ, 8-ми септември…

ludilo-640x360

Хулиганскиот удар на соросовите платеници помогнати од алабнското движење БЕСА врз ваквите историски и културни обележја е еднаков на удар врз историјата, корените и врз државата.

Од 1 јули поскапуваат сите цигари

Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, од први јули предвидено поскапување по кутија цигари за 3 денари. Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.

cigari

Ова е последно зголемување на цените за 3 денари по кутија. Согласно планот, од наредната година цигарите ќе поскапуваат по 4 денари годишно.

Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, кои се очекува да надминат 2,5 евра по кутија.

Победа – Влазрими за печат на прволигашкиот пласман

13138786_1132989853434899_6307339259134337567_n

Во сабота 14.05.2016 – со почеток од 14:00 часот, на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа го пречекува Влазрими.

Навивачката група МАЈМУНИ го повикува и мобилизира целиот град, целата фудбалска јавност, во уште поголем број од минатиот натпревар, да го проследи натпреварот и да навива со цело срце и душа за црвено-белите бои.

Првата лига е цел која победашите ја издвојуваа уште на натпреварот со Љубанци, а натпреварот со Влазрими ќе биди ќе значи печат на враќањето на старите патеки.

Значи сабота сите на ГРАДСКИ !

НИКОЈ КАКО ПОБЕДА ПРИЛЕП ! ! !

ФОТО – Заедничко полагање за појаси на ЏК Бушидо – Прилеп и ЏК Кожувчанка – Кавадарци

DSC02540

Вчера во ООУ “Добре Јованоски”- Прилеп се одржа спортски настан на полагање за DAN- појаси, oд џудо клубовите “Бушидо” од Прилеп и “Кожувчанка” од Кавадарци.

Настанот се одржа на теренот со вештачка трева во училиштето, а присутни беа голем број млади џудисти и нивните најбилски. Пред комисијата која ја предводеше основачот на македонското и прилепското џудо г-ин Ѓорѓи Чатлески, младите џудисти ги оправдаа појасите, изведувајќи џудо техники и кати.

[Best_Wordpress_Gallery id=”238″ gal_title=”Полагањепојаси”]

Џудо клубот Бушидо од Прилеп е млад клуб кој постојано бележи успеси и е во значителен подем. Со големата мотивација од тренерот Рубин Пеески и посветената работа, младите џудисти се на пат да станат врвни спортисти кои во иднина би ги бранеле и боите на Македонската џудо репрезентација.

13162436_582434301931271_413665373_n

Репертоар на театарот ,,Војдан Чернодрински” – Прилеп

13124966_1023770044370132_2359273000981882671_n

ПЕТОК, 13.5.2016 – почеток 20:00 часот
“ХАМЛЕТ ОД ГОРНО ДУПЕНИ” во режија на Кирил Петрески

САБОТА 14.5.2016 – почеток 20:00 часот
,, ОБЅРНИ СЕ ВО ГНЕВ,, во режија на Кристина Димитрова

НЕДЕЛА 15.5.2016 – почеток 20:00 часот
“АЈНШТАЈНОВИТЕ СОНИШТА” во режија на Слободан Унковски

13139094_1023770834370053_3413695828956715673_n

13133110_1023770657703404_1701513266019188135_n

Влезници на билетарницата на театарот.
Резервации на 428 644 или 076 442 378

Александар Рикалоски oд ППК “Младост 96”, повторно во репрезентација на Македонија

20141115_142506

ППК Младост 96 ја известува целокупната спортска јавност,дека и оваа година како и изминатите 3 години,членот на клубот Александар Рикалоски повторно ќе ги брани боите на Македонската репрезентација. Ова ќе биде негово прво појавување во младинската репрезентација на Македонија, додека претходните години беше член на кадетската репрезентација на Македонија.

Од 10 до 15 мај во Тиват (Црна Гора), ќе се одржи 24 Балкански шампионат во пинг понг, на кое учество ќе земи и Македонската репрезентација во кадети и младинци, како во женска, така и во машка конкуренција. На првенството учество ќе земат 8 држави.

Драмската секција на СОУ,,Ѓорче Петров ” – Прилеп, по вторпат ПРВО МЕСТО

image-7a0c348a1eda64998b0e095a363056449c52eedf8b4e828be01f6efb5a423f0d-V

На Конкурсот објавен по повод “9 Мај – Денот на Европа”, од страна на ЕДРМ, на тема ,,ЕУ во желбите на младите: повратен билет или поинаку”, екипата на Драмската секција од СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп, составена од учениците: Ангела Јагуриноска, Антониј Колески, Константин Василески, Круме Талески, Мики Петрески, Магдалена Димоска,  Фросина Јованоска и Теодора Трајкоска, под менторство на проф. Билјана Тинтоска освои ПРВО МЕСТО.

image-174e90d8a797171715c4128f2f6f9939ba01c2b57690087c081c878f49d8968d-V

image-1c387f2637c41c37f7f89f4bd5d7373cd00c8094658926c88606ab8b95043059-V

Сценариото за претставата го напиша Филип Стојаноски. Натпреварот се одржа на 8 мај 2016г. во фоајето на Филолошкиот и Филозофскиот факултет во Скопје. Жири-комисијата составена од претставници на ЕДРМ и професионални глумци беше воодушевена од изведбата, креативноста и смислата за хумор на учениците, искажани преку сценската игра. Екипата има обврска истава претстава да ја изведе и на сцената на МНТ.

image-c094f33b14a9c694c2dcb7832081a19b2245f651bfb863518e5455820dff4a55-V

image-3052219158c6d3667eb3e4e5efc1d53d84be37df879e3d66b22f6c3d51a9121f-V

“Тоа ќе биде голема чест и задоволство за нас”, велат учениците.