дома блог страница 5336

Навики со кои си го нарушувате здравјето

woman-brushing-her-teeth_fkoqx9-681x383

Го прескокнувате појадокот

Кога ќе се разбудите, обично поминале 10 до 12 часа од последниот оброк. На Вашето тело му е потребна енергија, за денот којшто Ви претстои. Доколку го прескокнете појадокот, започнувате да се прегладнувате, што води кон неминовно прејадување за време на ручекот или вечерата.

Ретко ја менувате четката за заби

Најголемиот дел од луѓето ја менуваат четката за заби дури откако сите влакна ќе се наведнат или барем дел од нив ќе отпаднат од четката. Ова значително може да им наштети на забите и на непцата. Максималниот период на користење на една четка за заби е три месеци.

Често носите високи потпетици

Пред следниот пат да ги облечете високите потпетици, треба да знаете дека тие во голема мера му наштетуваат на Вашиот грб. Иако не мора да се откажете од нив, гледајте да ги носите колку што можете поретко, т.е. избегнувајте ги кога треба да стоите долго време или пак да се движите повеќе време.

Спиете на претерано мек душек

Иако спиењето на мек душек Ви се чини како нешто излезено од бајките, во реалноста, тоа е вистински кошмар. Доколку душекот на којшто спиете не Ви обезбедува правилна потпора за грбот, со текот на времето ќе Ви се појават сериозни болки, несоница, вкочанување итн.

Избегнувате физичка активност

Ова веројатно е една од оние навики со кои најголем дел од луѓето свесно си го нарушуваат здравјето. Сите знаат дека треба да вежбаат, но ретко кој започнува да го прави тоа. Не чекајте да настане некој здравствен проблем за да започнете со вежбање. Направете го тоа превентивно. Од друга страна, не морате да станете маратонец, за да бидете во добра форма – два до три пати неделно вежбање (па дури и само пешачење од половина час), може да биде доволно значително да Ви го подобри здравјето.

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ТРИ УЛИЦИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

1-702x336

Денес започна асфалтирањето на улиците “Никола Карев”, дел од улицата “Македонски Просветители”, како и дел од  улицата “Илинденска” во c. Славеј, во општина Кривогаштани. Овие улици  општината ги асфалтира со средства добиени од АФПЗРР, во висина од 12.000.000 денари.

3

1

2

ФОТО – ГДОМ И 5.000 ПРИЛЕПЧАНИ ПОРАЧАА: МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА ! ! !

IMG_20160510_184246

Прилепчани и понатаму масовно се приклучуваат на собирите организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Вечерва повеќе од 5.000 граѓани достоинствено, со многу песни и патриотски извици, повторно побараа одржување на изборите на 5. јуни и решавање на наметнатата политичка криза.

Се поголем е бројот на граѓани кои бараат престанување на лудилото и хулиганството на СДСМ, враќање на нормалниот живот во државата и враќање на државата на старите патеки, кои ја водеа кон економски просперитет, развој и подобар живот.

 

IMG_20160510_184553

IMG_20160510_182245

IMG_20160510_182438

IMG_20160510_184331

IMG_20160510_184403

Истовремено во центарот на Прилеп започнуваа подготовките за ново нагрдување на општинската зграда, од страна на околу 300 поддржувачи на СДСМ и СОРОС.

А.Г.

 

ВИДЕО – KAДЕТКИТЕ НА ПУТИН: Овие девојки ја одбележаа годинешната парада

00035616_medium

Во Москва вчера се одбележа 71.година од победата над фашизмот, а воената парада е одржана на високо ниво. Секоја година Русија вложува се повеќе пари и напор за на Црвениот плоштад се би изгледало моќно. Така и оваа година Русите направија еден новитет. На воената парада се појавија девојките-кадетки.

Прв пат на Црвениот плоштад се појави парадниот одред на девојките-кадетки од Воениот универзитет на Министерството за одбрана на Русија и воениот институт за материјална поддршка на воената академија Хрулев.

Погледнете го видеото:

А.Г.

 

Субвенции за греење со пелети – Нов мега проект објави Груевски

Греење на пелети за заштита на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните е новата мерка што ја презентираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski-za-peleti-640x379

-Денеска ќе објавам нов проект значаен за граѓаните. Проект кој има еколошка вредност и ефикасност. Ќе обезбедиме поддршка за греење со пелети. Тоа значи дека ќе симулираме и финансиски ќе ја поддржиме замената на печките за дрва, истакна Груевски.

Пелетите се тврдо гориво кое се произведува од пресувани остатоци од дрво. Загревањето со печки на пелети  создава до 20 пати помалку загадување на воздухот со ПМ честички во односот на загревање со стари печки на дрва. Ефикасноста на старата печка на дрва е 55 % , додека на печките на пелети е над 90%.

Тој ја објасни новата мерка низ три сегмени меѓу кои поддршка за набавка на печки за греење за домаќинството,  за кои државата ќе обезбеди субвенции до 70 проценти, по принципот старо за ново за најмногу 30.000 денари по домаќинство. Како втор сегмент Груевски ја посочи поддршката за набавка на самите пелети.

-Имајќи гои во предвид негативните последици врз животната средина кои доведуваат до значајни проблеми врз здравјето на населението ќе финансираме и финансиски ќе поддржуваме замена на старите печки на дрва со печки на пелети.  Ќе се доделуваат субвенции до 70% од трошоците на домаќинствата за замена на печките на дрва со печки и котли на пелети  по принципот старо за ново за најмногу до 30 илјади денари по домаќинство, рече Груевски.

Тој посочи пример дека за набавка на печка од 6 киловати која може да затопли површина до 60 метри квадратни се потребни околу 40 илјади денари, при што со оваа мерка ќе има субвенции од државата од 28.000 денари или пак 70% од вредноста.

-Вредноста на ДДВ за крајните корисници на пелетите и печките кои работат на пелети ќе биде намалена од 18 на 5 проценти. Македонски шуми ќе се специјализира и ќе започне со производство на пелети. Тие ќе бидат понудени по мошне поволни услови на пазарот, ја дообјасни Груевски мерката.

Груевски додаде дека проектот ќе започне од 2017 година и ќе трае во следните три години. Ќе бидат инвестирани најмалку 3 милиони евра годишно, а доколку има интерес ќе има и зголемување на предвидените средства.

Мошне значајно, нагласи Груевски е што и ЈП Македонски шуми ќе се специјализира, ќе направи посебен погон и ќе започне со производство на пелети. Тие производи, тоа производство на македонски шуми ќе биде под мошне поволни услови и тие ќе бидат понудени под мошне поволни услови на пазарот и ќе претставуваат конкурентна понуда, наспроти се поголемиот дефицит на дрвна, огревна маса на регионот и пошироко.

-Третиот сегмент се однесува на субвенционирање на инсталирање на системи за греење со радијатори на пелети во големи станбени објекти и други поголеми потрошувачи при што овде особено спаѓаат градинки, училишта, здравствени домови, јавни претпријатија кои се лоцираат во објекти и во населени места што не се приклучени кон централното градско греење и кои моментално во најголем дел се затоплуваат со дрвна маса или со фосилни горива. За оваа мерка за субвенционирање ќе бидат наменети најмалку еден милион евра годишно., во период од четири години, со што се очекува да бидат оспособени за загревање со систем на пелети околу 40 илјади метри квадратни простор на овие објекти, рече Груевски.

Проектот за поддшка за греење со пелети ќе започне да се спроведува од 2017 година и ќе важи до 2020 година. Значи период од четири години. За овој проект ќе бидат инвестирани најмалку по 3,5 милиони евра годишно или вкупно 14 милиони евра. Доколку има поголем интерес, можно е и одвојување повеќе средства за оваа намена. На годишно ниво за поддршка на домаќинствата  ќе се инвестираат 2,5 милиони евра и еден милион евра за субвенционирање на системи за греење за поголеми потрошувачи.

Во Прилеп ревија на руски филмови за “Денот на победата”

kinopoisk.ru

По повод “Денот на победата”, синоќа на 9-ти мај, во киното “Мис Стон” во Прилеп беше прикажана ревија на руски филмови…

IMG_0076

IMG_0064

 

 

IMG_0074

IMG_0075

Ревијата беше отворена во 19 часот со филмот „Белиот тигар“ во режија на Карен Шахназаров кој говори за Втората светска војна и како еден советски заповедник на тенк завршува во болница со амнезија и тешки рани. Единствено на што се сеќава е белиот тенк, од кој за малку загинува. Советите го крстат Белиот тигар затоа што се појавува од нигде никаде и сака да ги уништи непријателските тенкови.

IMG_0091

IMG_0083

Веднаш по овој филм од 21.30 часот беше прикажан филмот „Нормандија Неман“ извонреден руско француски филм во режија на Жан Древил и Дамир Вјатич – Бержни.

Вечерва, на 10 мај, љубителите на добриот филм ќе можат да го проследат филмот од два дела „Ние сме од иднината 1 и 2“.

Ревијата на руски филмови ЦК „Марко Цепенков“ се реализира во соработка со Амбасадата на Руската федерација во Македонија и Кинотека на Македонија.

IMG_0086

IMG_0098

Интервју со Гоце Ингилизов: Целам кон перфекција во организацијата и максимална продуктивност на секој поединец

Победа е повторно во Прва лига. Црните денови на прилепскиот фудбал се назад. Повторно се зборува со восхит, повторно со нетрпение се очекува натпревар, затоа што овој град е желен и гладен за фудбал. Ранетиот лав се исправи и влегува во колосек, ќе се врати старата слава, Победа ќе биде страв и трепет за противниците. Заслугата за овој пресврт е на сите луѓе во клубот, но секако огромна заслуга има претседателот на клубот, Гоце Ингилизов. Со преземањето на претседателската палка во клубот, започна вистинско менаџирање и координирање на активностите, се поврзаа сите конци, се даде нов мотив, нова желба, и успехот беше неминовен. Неговиот ентузијазам и желба за перфекција, го вратија клубот на старите патеки.

13162112_10208068943192838_109854625_nOткако ја презедовте Победа под свое раководство, клубот едноставно се препороди. Од тој момент започна победничката серија, која ја врати Победа во Првата лига. Кој беше вашиот мотив и со какви амбиции и желби прифативте да застанете на претседателската позиција на клубот?

Победа е Победа, да се работеше за кој било друг спортски колектив, немаше да го прифатам предизвикот, но кога станува збор за клубот на нашето детство, за клубот кој два пати бил шампион на Македонија, кој е препознатлив и надвор од балканските простори, клубот со кој „дише“ цел Прилеп, не мислев многу. Разговаравме со градоначалникот подолг период за таа работа, за проблемите и можните решенија, па на состанок со спонзорите се договоривме да ја преземам претседателската функција од Горан Аџи-Ристески, неколку дена пред почетокот на оваа година.

Кои конкретни чекори ги презедовте со доаѓањето во клубот, за да работите тргнат на добро, на сестрана радост на целата фудбалска јавност во Прилеп?

Во клубот владееше една чудна агонија. Спонзорите, раководството, стручниот штаб, играчите, некако беа крајно демотивирани од односот кон нив, од страна на ФФМ, судиите, публиката, навивачите и атмосферата беше навистина чудна. Во разговорите со сите нив, се чувствуваше страв и неверување во успех, посебно кај дел од поискусните играчи, што ме зачуди. Јас не ги познавав играчите, освен неколку од повозрасните, но не мислев дека може некој првотимец да ми рече: „Ако не донесеме неколку нови играчи, многу поквалитетни од сегашниве, секако испаѓаме!“ Се фативме за работа, почнавме да бараме играчи, но пазарот во јануари во Македонија е многу скромен. Сепак успеавме да се засилиме со неколку фудбалери кои се полн погодок во пролетнава полусезона и да дадеме еден инпулс на костурот на тимот, да го промениме менталитетот и да го подобриме тимскиот дух. Најважно од се, беше враќањето на вербата во своите можности и квалитети, затоа што во подготвителните натпревари бевме страшно подобри од екипите со кои игравме и ми беше чудно што дел од фудбалерите мислеа дека сме кандидати за одпаѓање. Јас не мислев така, разговарав со секој играч поединечно и со помош на спортскиот директор, Јовица, стручниот штаб на чело со Дарко, секретарот Миле, портпаролот Пецо и сите останати од управата, успеавме да им го вратиме победничкиот дух и од седмото место во март, да стигнеме до врвот за два месеци со седум победи во низа.

Покрај ова, многу битен момент е воспоставувањето на одличен однос со навивачката група „Мајмуни“, кои ни беа дванаесетти играч секаде кај што игравме и односот на спонзорите кон клубот и нивната финансиска помош, без која немаше да имаме успех.

Голема улога во целиот овој успех играат сите поврзани актери со клубот. Тука е тренерот Крстески, играчите, медицинскиот тим, другите луѓе во клубот. Дали на клубот му недостасува додатно екипирање во однос на технички кадар, кој би помогнал да се откријат нови квалитетни и млади играчи кои би ги бранеле боите на Победа?

Секако! Припремањето на фудбалерите од физички, тактички и психолошки аспект, се многу битни. Стручниот штаб и Спортскиот директор, одлично си ја вршат работата, а и немавме многу повреди, освен повредата на Влатче Петрески уште на пријателските натпревари. Во наредниот период мора да се доекипираме со кондиционен тренер и неколку технички лица, затоа што првата лига има многу повеќе обврски и бара поголем ангажман од сите.

12742634_10207843595624145_3465703557654666424_n

Како тече работата со младите екипи, постојат ли надежи дека за скоро клубот ќе може да црпи од младите категории?

Прилеп секогаш имал квалитетни фудбалери, репрезентативци и играчи кои направиле кариери во странство. Голем проблем имаме со вакумот кој се створил по изрекувањето на казната и стартувањето од нула во најдолните лиги. Испуштени се неколку генерации на млади фудбалери и сега имаме многу малку играчи кои имаат квалитет да се приклучат на првиот тим. Затоа пак за неколку години, ако се продолжи со напорна работа во помалите категории, ќе имаме доста екстра квалитетни фудбалери, фудбалери кои сега настапуваат за младинските репрезентации.

Сега кога клубот избори пласман во Прва лига, кои се вашите идни чекори како претседател на клубот, кон што се насочени вашите приоритети?

Моја работа е да ги спојам сите битни актери во фудбалот и да ги насочам во корист на Победа. Истото што го правам изминативе неколку месеци ќе го продолжам со засилено темпо, се додека сум на оваа позиција. Градоначалникот,спонзорите, стручниот штаб, играчите, младинските категории, навивачката група Мајмуни, публиката, медиумите, ФФМ, сите поранешни фудбалери, истакнати лица кои дале придонес за успесите на овој клуб и сите останати, мора да се обединиме во помош на клубот, зошто ако фали барем една од овие карики, нема да имаме успех.

13082622_10208504502506404_8226125163280814110_n

Дали играчите можат да спијат мирно, односно дали клубот стои добро на финансиски план и дали можеме да очекуваме нови спонзори кои би го помогнале работењето на клубот?

Уште од минатата недела започнавме разговори со спонзорите, Прилепска Пиварница, Комфи Ангел, Кабелнет и Жито Прилеп, за да осигураме финансиска стабилност на клубот и да договориме основен буџет за наредната сезона. Оваа сезона ни помогна и Витаминка и се надевам дека и тие ќе останат во клубот, а ќе работиме на носење и на нови спонзори. Ова што успеавме да се пласираме во првата лига, ни донесе огромна радост на сите, но и многу поголеми обврски. Тие се свесни за обврските и се желни за нови успеси.

Дали во наредната сезона ќе има поголеми освежувања на играчки план, дали веќе се започнати контактите со конкретни имиња или треба да очекуваме дека главното играчко јадро ќе се задржи без поголеми промени?

Јас верувам во овие играчи, исто како што верував пред четири месеци дека можеме до прва лига, сега верувам дека истиве играчи можат да се носат со прволигашките тимови, секако доколку напредуваат во нивните скилови и во нивната кондициона спремност. Со неколку засилувања, ќе гледаме повеќето да се од прилепскиот регион, сигурен сум дека ќе сме конкурентни во првата лига. Повратникот од Чешка, Зоран Даноски, суспендираниот бивш играч на Металург, Дарко Илиески, како и повредените Влатче Петрески и Филип Мирчески се веќе во клубот, тренираат, закрепнуваат и доколку се спремат како треба, ќе ни бидат огромни засилувања. Костурот на тимот ќе се базира на сегашните играчи кои се во полна натпреварувачка зрелост и со уште три-четири засилувања во средината и нападот, ќе направиме тим кој ќе претставува „проблем“ во првата лига.

13077079_10208561087680998_9013702400914259314_n

Во Прилеп преовладува скептично расположение кога се зборува за фудбалската куќа на ФФМ. Некако е изгубена довербата во главната фудбалска институција, особено после драконските казни за неиграње на домашен терен. Дали се подобруваат релациите и можеме да сметаме на добар, коректен однос од страна на ФФМ?

Од добар однос со ФФМ, може да имаме само добивка. Односот со нив е на високо ниво и постепено го градиме и го унапредуваме. Од контактите со Претседателот на ФФМ, г.Илчо Георгиески и со останатите функционери во „Куќата на фудбалот“, добив огромно искуство и насоки како да се управува со фудбалски клуб и многу ми помогнаа на стартот. Се надевам дека ќе продолжат да ни помагаат во сите фудбалски аспекти.

Кон што ќе цели Победа наредната сезона?

Јас лично би сакал да сме шампиони на Македонија уште наредна сезона! Но од поискусните слушам дека прва лига не е исто како втора, па во првата сезона ќе влеземе резервирано и постепено ќе ги креираме нашите активности со цел, да сме конкурентни и да ја користиме секоја шанса која ќе ни излезе на дофат. Сигурно нема да излеземе со страв и предадени уште на стартот, туку храбро ќе се бориме за секој бод.

Градскиот стадион Гоце Делчев” e во приоритетите на Локалната самоуправа, како течат активностите за освежување на прилепскиот фудбалски храм?

Локалната самоуправа и ФФМ имаат договор за реконструкција на стадионот. Таа реконструкција ќе го претвори овој објект во фудбалски храм на ФК Победа, објект со највисоки стандарди за одигрување на меѓународни репрезентативни натпревари, на кои прилепчани ќе може да се сведоци на идните успеси на клубот. Овие активности, можеби ќе ни претставуваат мал проблем, затоа што некој период ќе треба да се прилагодуваме за одигрување на домашните средби и да бараме алтернативни решенија, но кога ќе завршат реконструкциите, ќе вреди чекањето.

За крај кои се вашите лични желби, каде би сакале да ја видите Победа и со каков успех додека сте на чело на клубот?

Ова е волонтерска работа, во која влетав случајно. Овој успех кој го постигнавме за кратко време ми дава елан за уште повеќе да се ангажирам, па ќе останам во клубот се додека успевам да ја менаџирам поддршката од спонзорите, навивачите и јавноста, во корист на успесите на ФК Победа. Јас секогаш целам кон перфекција во организацијата и  максимална продуктивност на секој поединец, а сакам да сме на врвот на првата лига, што поскоро!

Подготви: Александар Георгиоски

KAKO ДА РЕАГИРАТЕ И ДА СИ ГО СПАСИТЕ ЖИВОТОТ ПРИ УБОД ОД СТРШЛЕН

Убодот од стршлен обично не е фатален, но во некои случаеви може да дојде до опасни алергиски реакции кои може, ако не се реагира навремено, да биде дури и смртоносен.

strljen-foto-wiki

Во некои случаеви може да дојде до анафилактички шок, односно алергиски реакции на отровот, а тогаш целата работа е многу опасна.

Во секој случај, најдобро е да се избегнуваат авантури во природа каде има стршлени. Доколку се занимавате со земјоделие, бидете внимателни и заштитете ги отворените делови на телото. Ако дојде до убод, веднаш извадете го осилото и ставете ладна облога.

До алергиски реакции и шокови доаѓа поради повеќе причини:

  • Поради тоа што личноста е алергична на убод од инсект
  • Поради тоа што убодот е на чувствително место на телото (во пределот на лицето или вратот), каде отокот може да предизвика гушење
  • Ако веќе постои убод од стршлен или оса во претходните неколку недели, па имуниот систем станал преосетлив на алерген и во случај на повторен убод доаѓа до алергиски реакции на организмот.

strsljen-pixabay

Потребно е да се нагласи дека во случај на такви несакани последици треба веднаш да се повика брза помош, со цел да се спроведе антишок терапија. Таа терапија можат да ја изведат само професионалци, кои со следење на симптомите ќе ја одредат дозата на адреналин, антихистаминик и кортикостероид, за да ја неутрализираат алергенската реакција.

Во случај личноста да е во смртна опасност, а во тој момент нема лекар кој би помогнал, алергиската реакција може да се убалжи со адреналинска инекција која е однапред припремена. Затоа, ако сте изложени на опасност од убод на стршлен, а посебно ако сте алергични на убод од инсект, потребно е да имате една таква инекција и таблети антихисаминик за секој случај, а за сето тоа претходно консултирајте се со лекар.

Во случај да нема алергиски реакции, туку во прашање е само обичен оток, местото од убодот треба да се третира со ладни облоги. Меѓутоа во некои случаеви, алергиската реакција може да закасни и 8 до 10 саати, па сепак е најдобро да се обратите кај лекар, посебно ако веќе ве убодил инсект во последните неколку недели.

За крај ви даваме уште еден корисен совет. Некои искусни пчелари велат дека отокот или болката кои настануваат поради убод на пчели, оси или стршлени, можете да ги ублажите и со помош на таблета аспирин или андол. Потребно е една таблета да ја ставите на местото на убодот, да ја држите една минута, а потоа да ја тргнете. Тоа е потребно да го направите веднаш после убодот, па така ќе го смалите отокот или ќе ја намалите болката.

А.Г.

Како да го спасите мобилниот телефон ако ви падне во вода

Ако ви се случи да го намокрите вашиот мобилен телефон, еве неколку корисни совети како да го спасите…

tel-mob

За почеток, немојте да паничите. Иако можеби ви звучи глупаво, но телефонот треба веднаш да го извадите од вода, да го избришете, а потоа затоа што секоја секунда е важна треба да реагирате веднаш.

1.Исклучете го телефонот

Можеби телефонот ќе ви се изгаси сам, но ако тоа не се случи, тогаш исклучете го сами и извадете ја батеријата (ако тоа е возможно, затоа што некои телефони не поддржуваат вадење на батеријата).

2.Извадете ги сим и мемориската картичка

Ставете го телефонот во вакум кеса. На овој начин можете да ја извлечете водата што останала во отворите и во ситните подрачја до кои тешко се доаѓа. Ставете го телефонот во пластична кеса и исшмукајте го воздухот, и на тој начин ќе направите вакум ефект. На тој начин би требало да се извлече течноста од внатрешноста на телефонот.

3.Ставете го во чинија со ориз

Не тоа не е мит! Сушењето на телефоност со шамивче не е решение затоа што неможе да допре до сите делови, а потребно ви е нешто што апсорбира влага, како например сиров ориз. Ставете го телефонот и сите негови делови во чинија со ориз и оставете го да отстои два дена. Можете да користите и кесички со силиконски топчиња, што обично ги има во кутии за чевли и во некои други производи.

4.По два дена – вклучете го телефонот

Мошне е важно да не го вклучувате телефонот два дена додека стои во чинијата со ориз, затоа што ако и најмал дел остане мокар, сите ваши напори ќе бидат залудни.

Стави оцет во казанчето од ВЦ школката, а потоа пушти вода – тоа што ќе се случи ќе ве остави без текст

1 (1)

На ова видео ќе видите неколку едноставни, но исклучителни трикови кои ќе ви помогнат да го исчистите тоалетот. Многу сретстава кои ви се познати за чистење сигурно веќе ги имате по дома, а  ќе ги исчисти и најтврдокорните дамки.

Потребно ви е само бел оцет и вашите дамки ќе бидат во минатото.

Погледнете во продолжение како изгледа тоа…