дома блог страница 5330

Мегалитска опсерваторија КОКИНО

Археолошкиот локалитет “Татиќев Камен”, денес повеќе познат како Мегалитска опсерваторија Кокино (според астрономските анализи кои ја потврдија неговата употреба како место од каде се следени и бележени карактеристичните позиции на сонцето и месечината) се наоѓа во близина на селото Кокино (од каде и самото име на опсерваторијата), во рамките на општината Старо Нагоричане, на околу 35 км североисточно од Куманово.

kokino

Просторот кој го зафаќа маегалитската опсерваторија е веднаш под планискиот врв Татиќев Камен со димензии од 90м во насока исток-запад и 50 м во насока север-југ. Гледано во трета димензија, содржините на опсерваторијата се распоредени во две платформи: источна и западна од кои источната е за 20м повисока од западната. Имајќи го во предвид значенњето на карпестите масиви на чии врвови се изработени маркери со археоастрономска вредност, може да се тврди дека древната опсерваторија го опфаќа внатрешниот простор опишан со изохипсата 980 м. Географските координати на локалитетот се 42°15’47’ северна географска ширина и 21° 57’ 32’ источна географска должина.

kokino3

Локалитетот е сместен на еден неовулкански рид (1013 метри надморска височина) кој доминира над својата поширока околина. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

На опсерваторијата Кокино се откриени три камени маркери за од- бележување на местата на изгревање на Сонцето во деновите на краткодне- вница, долгодневница и на рамнодневница. Исто така, постојат четири камени маркери за одбележување на местата на изгревање на Месечината во деновите на најголемиот застој на Месечината во лето и во зима. Во текот на истражувањата во последниве неколку години се покажало дека постојат и два камени маркера кои служеле за мерење на должината на лунарниот месец. Општопознато правило во астрономијата е дека месечината се појавува на најсеверната точка од небото на секои 18, 6 години така што набљудувањата на нејзините положби треба да се следат најмалку во текот на 40 години на 18,6 години. Од камените маркери на Мегалитската опсерваторија Кокино маркерот на летната долгоденица е добро сочуван, маркерот на пролетната и есенска рамноденица малку е оштетен, а најголеми оштетувања претрпел маркерот на зимската краткодневница. Овие оштетувања се должат најверојтно на катастрофалните земјотреси. Месечината има малку покомпликувано движење и обележувањата на местата на изгревање на полната Месечина на хоризонтот се многу тешки. Наједноставно е да се каже дека во текот на зимата таа се движи на небото на места каде што се движи Сонцето летно време, а летно време на местата на небото каде што се движи Сонцето зимно време. Затоа околу маркерите на летната долгодневница и на зимската краткодневница лево и десно треба да има по два камени маркери кои ќе ги означуваат местата на изгревање на полната Месечината во, за неа, карактеристичните екстремни позиции. Овие камени маркери исто така постојат на просторот на древната опсерваторија. За да локалитетот биде опсерваторија треба да е исполнет уште еден многу важен услов. Сите седум маркери треба да се гледаат од едно исто место, или линиите кои поминуваат низ маркерите треба да се сечат во една точка, која всушност е централна точка на опсерваторијата и која исто така е идентификувана на локалитетот. Најстариот откриен маркер на Кокино е од 1917 година пред наша ера. Главен приоритет на околината (Козјачки предел) е развојот на туризмот.

kokino2

иот број цркви и манастири, изобилството на културно – историски споменици и археолошки локалитети се туристички потенцијал на овој предел. Сепак, тој останува недоволно искористен, поради лошо развиената инфраструктура. Интересот на туристите за посета е голем, но кога ќе стигнат до самиот локалитет, тие се препуштени на природата. Тешкотијата по патиштата и отсуството од угостителски објекти се главни проблеми кои треба да се надминат.
Импозантноста на древната опсерваторија (стара околу 4000 години) е потврдена од НАСА рангирајќи го високо на четвртото место на листата од ваков тип. Со тоа, Македонија е промовирана во светот и нејзина должност е да го приближи Кокино до посетителите преку различни туристички проекти.
Со вложување на различни средства: изградба на хотели, планинарски домови, антикварници, поставување на патоказни, информативни табли и подобрување на комуникациските врски, Кокино би станал столб на руралниот туризам.
Кокино како добро развиено туристичко место ќе придонесе за развој на сиромашната и опустошена Козјачија, обезбедувајќи и на Македонија промоција во светски размери.

kokino4

Автор: Рената Костовска

Вакцина против рак пристигна во Србија

Србија е првата земја во Европа која ги набавила вакцините против ракот кои се произведуваат во Куба.

vakcina.jpg-500

-Првите 30 пациенти во Србија кои боледуваат од рак на белите дробови во наредниот период ќе го добијат “cimavaks” кој се покажал како неверојатно делотворен.

Овој вид на терапија дал добри резултати кај 3.500 пациенти кои се лекувале во Куба. Третманите ќе се изведуваат во три болници во Србија.

ВИДЕО: Неодоливо бебенце кое ќе ви го разубави денот

Бебињата се секогаш интересни, особено кога откриваат нови работи за себе. Ова слатко бебенце дефинитивно ќе ви го разубави денот.

babynose

Ова детенце најпрво го открило својот носот и било воодушевено.

Смеењето и возбудата на ова бебенце ќе го разубави вашиот ден и ќе ви докаже дека малите нешта ја сочинуваат среќата.

Ова е уште една предност на родителството.

Заедно со вашето дете можете да го откривате светот одново и да му се радувате на секој ден.

Борба на слонче и 14 лавови – ќе се изненадите од исходот

Замислете борба на 14 лавови и едно мало слонче.

fightanimals

МЕЃУНАРОДЕН СКАНДАЛ: Обама го избегнува Путин (ВИДЕО)

obamaputinn

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Барак Обама се обратија на Генералното собрание на ОН, по што присуствуваа на свечена вечера.

Нивното однесување на вечерата ја заинтересира светската јавност, на која Обама одржал говор. По завршувањето на говорот американскиот претседател дошол до масата на која било предвидено да седи и кога со пијалак во раката почнал да наздравува, целосно го игнорирал шефот на руската држава.

Дали намерно или случајно, Обама во секој случај се однесувал како да не го забележува Путин.

Политичките аналитичари различно реагирале на однесувањето на двајцата лидери. Додека едни сметаат дека Обама намерно го игнорирал Путин од политички причини, други велат дека тој едноставно не го забележал во моментот.

Малку подоцна Обама и Путин сепак наздравиле, но како што може да се забележи на фотографиите американскиот претседател бил „ладен како мраз“, а рускиот лидер со мала, незабележлива насмевка.

ВИДЕО: Ако се плашите од змии, не го гледајте ова!

zmija

Змија успеала да проголта цела свиња. На снимката која кружи на Јутјуб јасно се гледа како ја распараат змијата и од неа го извадиле несреќното животно.

Анакондата е една од најголемите змии на светот, чија просечна должина е околу 5,5 метри.

Министерот без ресор Неждет Мустафа во работна посета на општина Прилеп

1

Денеска во работна посета на општина Прилеп беше присутен министерот без ресор Неждет Мустафа кој оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески, Претседателот на Совет Никола Димески како и со тимот на градоначалникот. Министерот без ресор Неждет Мустафа кој воедно е и национален координатор на Декадата и Стратегијата за Роми, разговараше со Градоначалникот за тековните и идни проекти поврзани со општина Прилеп.

3

Министерот, зедно со Градоначалникот Ристески и претседателот на Совет направија увид на градежните работи за реконструкција на дел на постојна улица Ердован Шабановски и најавија дека при крајот на месец октомври истата ќе биде асвалтирана во должина од 350 метри, а насебата Тризла ќе добие нова канализациона мрежа. Градоначалникот Ристески посочи дека локалната самоуправа во континуитет инвестира во оваа населба во подобрување на патната инфраструктура, осветлувањето, поставување на бекатон плочки, наскоро жителите ќе добијат и нова спортска сала …се со цел за подобрување на условите на живеење на граѓаните од ромска националност, а со истата динамика ќе продолжи и понатаму.

4

Во рамки на проектот “Инклузија на деца Роми во јавни предучилишни установи (детски градинки)”, денеска беше посетена и детската градинка во населба „Тризла“ каде се имплементира проектот за инклузија на децата Роми во детските градинки.

5

Главната цел на проектот е подобрување и поддршка на интеграцијата на децата Роми преку зголемување на бројот на деца Роми во предучилишните установи, една година пред поаѓање во основно образование, а во последните три години зголемувањето на бројот на деца Роми во предучилишните установи од 20 е зголемен на 30. Исто така, се настојува да се подобри пристапот, ставот на родителите на опфатените Ромски деца преку јакнење и поддршка на развојот и образованието на Ромските деца на возраст од 4 години и 5 месеци до 6 години, да се подобрат социјалните вештини, подобрување на владеењето со македонскиот јазик, како и да се зголемат компетенците на воспитувачите и негователите за работа и надминување на предрасудите и стереотипите за Ромите во јавните детски градинки. За потребите на проектот Министерството за труд и социјална политка одобри посебни средства за работно ангажирање на 17 негователки Ромки.

Прилепска тренерска надеж во ракометот, Ице Соколески за маркукуле.мк

Отворено со Ице Соколески, тренер во Ракометен Клуб Прилеп. Опширно за моменталната состојба во ракометот во Прилеп и Македонија. Расположен за разговор, низ насмевка и кафе, како во еден здив, Ице не “бомбардира” со ракомет.
Здраво Ице и добредојде на markukule.mk .

Добро ве најдов и благодарам за поканата.

Ти си млад тренер, на почеток на тренерска кариера, кажи ни нешто повеќе за тебе и како се најде ти во светот на ракометот?

Да, за 3-4 месеци ќе полнам 35 години, а веќе четврта година работам во РК Прилеп. Зборот ракомет има посебно место во мојот живот и слободно можам да кажам дека после фамилијата, ракометот ми е главно мото, движечка сила, енергија. Едноставно, опседнат сум и 24/7 со ракомет преокупиран. Прв пат во универзалната сала на ТУТ-КОМ ме однесе мојот татко. Бев многу мал, а тој штотуку се откажа од активно играње. Ми влезе во крв и тоа трае и трае до ден денес. Ги поминав буквално сите категории во РК ТУТ-КОМ, а прв пат во сениорскиот тим ме повика Богдан Маковеј, чинам тоа беше 1994 година. Таму бев се до последниот ден од неговото постоење и трансформацијата на клубот во Златен Даб, а потоа во РК Прилеп.

Како е поставен во моментов клубот, едноставно, како функционирате?

Пред четири години се јави иницијатива кај градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, кој во една ситуација, рекреативно играјќи фудбал ми рече: – “Ице, ракометот во Прилеп мора да го вратиме на старите патеки , Прилеп е жеден за ракомет ! “
И така почна се. Набрзо се оформи иницијативен одбор, почнавме буквално од нула. Брзо потоа се екипиравме и започнавме со работа. На иницијативата се приклучи Александар Мариновски, претставник од бизнис секторот во Прилеп. Александар во ракометот не бил никогаш, но се вложи себе си со целиот свој ентузијазам и искуство во менаџирање. Го осети вкусот на победата, на поразот и така се зарази на некој начин и тој. На почетокот работев со голманите, водев своја група деца, му бев асистент на тренерот Орде. Првата полусезона се регистрирав и играв, а во меѓувреме бев задолжен и за обавување на техничките и организаторските работи околу клубот. Не сакавме да брзаме и направивме план (програма) по која ќе се движи клубот. Клубот растеше од ден во ден. Се појавија и првите засилувања во името на Боро Чурлевски кој несебично го делеше своето огромно знаење и искуство со мене. За жал тоа не траеше долго. Боро замина во легендите, а јас на сред сезона прифатив огромен товар и одговорност, да го однесам клубот кон висока и амбициозна цел, која се викаше play off. Во мене потајно вирееше мислата : млад си, да не изгориш ! Но, така е тоа во спортот, некогаш треба и луда храброст. Сепак на крај успеавме, дојдовме до зацртаната цел, ги донесовме во Прилеп големите Вардар и Металург, ја наполнивме универзалната сала како некогаш. Денес тука е Томе Петревски, легендарен македонски ракометар кој дојде да пренеси дел од своето ракометно богатство и да помогни клубот да се издигне на уште повисоко ниво. Јас сум тука до него, му асистирам и внимателно учам.

12081419_10206588186094836_909801222_n

Оваа сезона во клубот имате и повеќе интернационалци, можеби невообичаено за Прилеп. Која е иднината и реалната слика на ракометот во Прилеп и Македонија?

Одлично прашање. На оваа тема можам и сакам да зборувам навистина многу. Ќе бидам максимално искрен и реален. Да, имаме тројца ракометари од Србија, еден од Украина и еден од Босна и Херцеговина, како и по еден од Битола и Скопје. Исто така во клубот тренираат повеќе од 120 млади кадри. Имаме талентирани деца тоа е факт, но имаме проблем. За жал во нашето општество на дете кое има индиции да достигне поголема висина, му велат ти си за кошаркар. Детето започнува да тренира кошарка и таму го ставаат на позиција центар, оти е високо се разбира, а тоа високо дете е едвај 191 cm. Сето тоа е трагикомично на некој начин, бидејќи можеби тоа дете е новиот Лазаров, Мојсовски, Миркуловски. Исто така хендикеп ни е и таа лева рака. Апелирам до сите наставници по физичка култура да секое дете кое има појака лева рака и знае да направи колут напред од прва, да го донесат во клубот за општокорисно задоволство.

Во јуни бевте дел од првиот ракометен камп на Кире Лазаров во Охрид. Кажете ни како се случи тоа и споделете некое искуство од таму до читателите на маркукуле.

На мое огромно задоволство добив повик од Барселона, од капитенот, кој морам да кажам дека заедно со Горан Кузмановски Таста ми се најголема поддршка и мотив за работа и докажување. Повикот гласеше : -“ Ице имам проект и те планирам тебе. Не затоа што сме другари, затоа што мислам дека вредиш и заслужуваш “
Во тој момент ова ме остави без зборови. Се случи кампот и ќе го паметам тоа огромно искуство за мене. Имаше повеќе од 150 деца и се работеше два пати на ден по план и програма. Едноставно ќе кажам дека капитенот Лазаров со своите размислувања е 20 години понапред од сите нас. Тој ја замислува во глава секоја идна позиција и генерација на македонскиот ракомет. Да имаше Македонија барем уште еден, два вакви синови, кај ќе ни беше крајот?!

Благодариме за исцрпниот разговор и се надеваме на соработка и во иднина.

Благодарам и на вас што како млад медиум издвоивте простор за ракометот во Прилеп и за поддршката на клубот.

 

12080968_10206588185454820_504767613_n

Подготви: Александар Георгиоски

Сок што ги топи масните наслаги околу половината

sok500

Сокот од домати не е волшебно стапче, но е одлично решение за слабеење, покажува едно истражување направено на медицинскиот универзитет во Тајван. За да почнат да се топат килограмите, доволна е една чаша од овој напиток во текот на денот.

Здрави жени помеѓу 20 и 30 години кои во текот на два месеци го пиеле овој сок а притоа не ја менувале исхраната, изгубиле 2,5 сантиметри во обемот на половината. Им паднало и нивото на холестеролот, и тоа за 10 отсто. Истражувачите од кинескиот медицински универзитет во Тајван тврдат дека овој напиток би можел да биде клучен фактор во борбата со вишокот на килограми.

Сокот од домати е добар извор на ликопен, антиоксиданс што го намалува ризикот од рак и од срцеви заболувања. Интересно е дека има повеќе ликопен во кечапот и во сокот од домати отколку во свежиот зеленчук.

И Кина се вклучува во борбата против ИД

china-s

Кина ќе и помогне на сириската Влада во борбата против Исламска држава со испраќање „воени советници“.

Оваа новина ја обзнаниле сириски воени официјални лица.

Русија, Иран и Ирак веќе се договорија да воспостават заеднички информативен центар во Багдад за да ги координираат своите операции против екстремистите од ИД, наведуваат воено дипломатски извори.

– Кинези ќе пристигнат во следните недели, изјави сириски воен претставник за либански медиум, пренесуваат западни агенции.

Во извештајот се вели дека кинески брод е на пат кон Сирија со десетина „воени советници“ по што Кина планира да испрати војници. Бродот го минал Суецкиот канал во Египет и се движи во Средоземното Море. Според либанските медиуми, кинеските воени советници ќе му се придружат на рускиот персонал во областа Латакија