дома блог страница 5329

ПЛОШТАДОТ ВО КРИВОГАШТАНИ ГО ДОБИВА СВОЈОТ НОВ ЛИК

11-702x336

Се привршуваат градежните активности за изградба на плоштад во центарот на Кривогаштани. Населеното место Кривогаштани добива нов изглед.

 

IMG_20160514_155133-300x225

21-300x200

31-300x200

DSCN9997-300x225

Германија ја очекува ХАОС: Политичарите се кренаа против Ангела Меркел

angela-merkel-got-punished-for-her-refugee-policy-after-the-far-right-soared-in-german-elections

Германските политичари ја обвинија канцеларката Ангела Меркел дека креирала ситуација во која Европа е премногу зависна од Турција, во однос на прашањето за мигрантската криза и, со самото тоа, ранлива на секаков вид на уцена од турскиот  претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Ројтерс.

Турција, која одби  во потполност да ги испочитува барањата на ЕУ во однос на прашањето за анти-терористичките закони, влезе во разидување во однос на безвизниот режим, кој беше ветен во замена на запирањето на мигрантите, кои илегално сакаат да влезат во Европа. Германските политичари сметаат дека е потребно да се најде нов начин на спасување на преговорите, бидејќи тие моментално се во ќорсокак.

Меркел, чија популарност почна значително да опаѓа поради ставот кон мигрантите, а откако Германија прими повеќе од милион мигранти за време на минатата година, ги предводеше преговорите со Турција.

Иако бројот на мигранти кои влегле во Германија од јануари, драстично е намален, германската канцеларка сеуште е под критики за нејзините последни одлуки.

  • Не сум против преговорите со Турција, но мислам дека е опасно да станеме зависни од Анкара – рекол Хорст Зихофер, претеседател на СSU, која е сестринска партија на CDU од Меркел, пренесува Ројтерс.

Sara Vageneht, од крајната левичарска партија Linke, објасува дека Меркел всушност во потполност сама ги водела преговорите, без во нив да ги вклучи своите европски партнери.

Со самото тоа таа е одговорна за тоа што Европа стана ранлива на можни уцени од турска страна – рекла Vageneht.

Покрај споменатите и други германски политичари се приклучија кон критиките.

Додека на ЕУ и е потребен успех на преговорите, се инсистира Турција од своја страна да исполни 72 критериуми, вклучувајќи и регулација на анти-терористичките закони, што Анкара го одби, со напомена дека е во постојана борба против тероризмот.

A.Г.

Повторно протест во Прилеп против самоволието на Ременски

protest-prilep

Во прилепската населба ”Точила” денес по трет пат се одржа протест на граѓани дибитници на социјални станови добиени на електронска аукција пред неколку месеци а кои сеуште не може да се вселат поради тоа што техничката министерка за труд и социјална политика го опструира потпишувањето на конечните листи за распределба на социјални станови.

Во изјава за медиумите присутните изразија револт дека ниту Фросина Ременски ниту ресорното министерството не им  дале задоволителен  одговор на нивните барања и не им го решаваат проблемот, за којшто како што напоменаа, е од нивно животно значење.

“Имаме сознанија дека нејзините луѓе по нејзина наредба не ги потпишуваат Записниците и конечните листи за распределба на социјални станови затоа што сака роднина на висок функционер од СДСМ да добие социјален стан. И сега заради тој нивен симпатизер ние сме оставени на улица на милост и немилост. Наместо Ременски да ги решава проблемите таа ги продлабочува” изјавија присутните.

Револтирано ни посочија дека ако се продолжи со ваквиот однос, немаат друг избор освен  секој ден да протестираат на улица и да штрајкуваат со глад.

“Срам да и е да се засрами мајка е и таа. Има ли совест за нашите деца? Преку нас ли ќе води  тесни партиски интереси и битки. Каде ќе оди душата на оваа жена? коментираше една самохрана мајка.

Протестите беа подржани и од две невладини организации-здруженија од Прилеп.

Џудистите од Сеишин се вратија со 5 медали од Ниш

На 14.05.2016 во Ниш Р. Србија, во организација на ЏК Ниш –Ниш, се одржа меѓународен турнир во џудо за полетарци,помлади пионери и пионери, насловен како “Ненад Цветковиќ Цвеле”.

WP_20160514_11_42_04_Pro

На овој турнир учество зедоа вкупно 250 натпреварувачи од 34 клубови од 5 држави (Србија, Македонија, Бугарија, Грција и Романија). Џудо клубот Сеишин Прилеп зеде учество со вкупно 5 натпреварувачи во сите старосни категории при што се освоени и 5 медали (2 златни и 3 бронзени).

WP_20160514_14_29_07_Pro

Резултати: 1. Марко Тодорчески и Орде Трајкоски 1 во место, како и Кристијан Тошески, Георгиј и Никола Магдески .

WP_20160514_10_46_58_Pro

Екипата ја водеа тренерите Дејан Мицкоски и Давор Пројчески. На ова натпреварување судија беше и Томе Јосифоски интернационален судија, кој беше со највисок ранг на натпреварот, а присутни беа Претседателот на натпреварувачката комисија при Џфм Филип Ковилоски и членот Дејан Џокоски, заради остварување одредена соработка со членовите на српската џудо федерација. Како претставник на иницијативниот одбор на џудо ветераните од Македонија беше Киро Здравески, кој оствари контакти и искуства во врска со џудо ветеранската лига во Србија.

Прво место за гимназијалецот Филип Димоски од натпреварот „Шекспир живее – 2016“

На 12 мај 2016 година, Факултетот за странски јазици при Универзитетот Американ колеџ Скопје во соработка со Амбасадата на Велика Британија и со Британскиот совет во Македонија, го организираше петтиот државен натпревар во читање и говорење на текстови од светски познати писатели. Оваа година, насловен беше како „Шекспир живее – 2016“ и беше во знакот на големиот јубилеј – 400 години од смртта на Вилијам Шекспир.

На натпреварот, од гимназијата “Мирче Ацев”- Прилеп, учествуваа 6 ученици под менторство на професорките Стевка Самарџиска и Кети Ефремоска.

Хамлетовата вечна дилема „Да се биде или не“ во нескромно фасцинантна изведба, на нашиот ученик од трета година Филип Димовски му го донесе првото место во конкуренција од 114 ученици од сите средни училишта во Македонија.

3

1

2

Настапот на Филип пред присутните и пред жирито кое го сочинуваа деканката на Факултетот за странски јазици, проф. д-р Марјана Ванева, професорот-шекспиролог д-р Иван Додовски, предавачите-англисти м-р Дејвид Ламберт, м-р Јованка Јованчевска-Миленкоска и м-р Бетина Џоунс од УАКС и познатиот македонски актер Ѓорѓи Јолевски, кој своевремено со голем успех ја играше улогата на Хамлет, остави најдобар впечаток и предизвика бурни аплаузи од сите во публиката.

4

Ментор на Филип му беше професорката по англиски јазик, Кети Ефремоска.

filip-dimovski-shakespeare5

Ова се најпаметните хороскопски знаци…

pametni-768x513

Да се биде паметен не е само работа на интелигенција. И исклучително паметните луѓе се склони кон моменти на глупост, но, во глобала имаат тенденција да делуваат паметно.

Близнаци

Од мали нозе сакаат да истражуваат и испитуваат. По природа се љубопитни и ги интересира многу работи од различни области, иако најчесто се наклонети кон уметност. Многу се интелигентни, па оттука и произлегува нивната духовитост.

Шкорпија

Ниту еден хороскопски знак не е толку интуитивен како Шкорпијата. Не се обидувајте да манипулирате со нив, бидејќи однапред знаат што им спремате.

Стрелец

Љубопитни по природа Близнаците секогаш имаат потреба да учат што повеќе и повеќе. Добро знаат да ја проценат ситуацијата. Друштвени се и знаат како со луѓето.

Тинејџер одби понуда од 30 милиони долари за неговата генијална идеја

123 (1)

Американскиот тинјеџер Тејлор Розентал доби понуда од 30 милиони долари за откуп на патентот за неговата генијална иновација, но сепак реши да ги одбие парите и да ја задржи идејата за себе.

Имено, додека 14-годишниот Розентал бил на бејзбол натпревар видел едно повредено дете и сакал да му помогне, но не знаел каде се наоѓа најблиската кутија за прва помош. Тогаш му дошла идеја дека на стадионите и на други јавни места би можеле да бидат поставени автомати во кои би се продавале сетови за прва помош.

Розентал досега од инвеститори прибрал околу 100.000 долари со кои би требало да почне со производство на автоматите, кои е предвидено да се продаваат по цена од 5.500 долари.

Иако, производството на автоматите не е почнато, еден забавен парк веќе нарача сто апарати, а со договорот е предвидено Розентал да заработува дополнителни приходи од продажба на огласен простор на нив.

По успехот на идејата, една фармацевтска компанија на Розентал му понуди 30 милиони долари за откуп на патентот за автоматите, но тинејџерот-претприемач ја одби понудата.

Претежно облачно време со локални краткотрајни дождови

dozd-chador-640x396

Претежно облачно време не очекува во текот на денешниот ден. Попладне со локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб, а попладне  умерен западен и северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде од 5 до 12 степени, а највисоката дневна ќе се движи во интервалот од 16 до 25 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време со температура до 20 степени.

ВИДЕО: Нов трејлер за Captain America: Civil War

kapetan

Во „Captain America: Civil War“, како што Капетан Америка и Одмазниците продолжуваат да го штитта светот, владата притиска кон регулација на сите суперхерои – што ќе предизвика конфликт помеѓу хероите, поделувајќи ја групата на два тима. Едните ќе застанат на страната на Капетан Америка, а другите зад Ајрон Мен.

Српско-британска евровизиска љубов

evrovizija (2)

Една од главните теми во британските таблоиди поврзана со овогодишниот Избор за песна на евровизија во Стокхолм е наводната „љубовна приказна“ меѓу српската претставничка на Евросонгот, Сања Вучиќ и еден од двајцата пејачи во британското евровизиско дуо Џо Вулфорд.

Таблодите тврдат дека дека Вучиќ „опасно се загреала“ по Вулфорд, па дури и го поканила во нејзината хотелска соба во Стокхолм.

„Дејли Стар“ повикувајќи се на неименувани извори наведува дека 22-годишната српска пејачка почнала да му се додворува на 21-годишниот Џо уште на првата полуфинална вечер на Евросонгот во вторникот, како и дека тоа додворување станало поинтезивно откако во четвртокот таа успеа да се пласира во синоќешното финале.

– Сања се лепеше за Џо. Опседната е со него, изјавиле истите извори за „Дејли Стар“.

Весникот наведува дека организаторите на Евросонгот во Шведска биле „шокирани од бесрамното додворување“ на Вучиќ, додавајќи дека засега нема информации дали Џо потклекнал на „љубовните напади“ на српската пејачка.