дома блог страница 5327

Комбинацијата од мед и сусам лечи повеќе од 10 болести

kombinacijata-od-med-i-susam-leci-poveke-od-10-bolesti-01-630x396

Оваа природна смеса е извор на витамини Е, А и Б, минерали и омега 3 и 6 масни киселини.

Се препорачува да се консумира наутро, на гладен стомак од следниве неколку причини:

– го зајакнува имунитетот

– ја намалува желбата за слатко

– ги ублажува стомачните болки

– помага при гастритис, колитис и чир

– ги зајакнува коските

– ги стимулира менталните активности

– ја зголемува физичката издржливост

– го подобрува квалитетот на косата и кожата
Како се подготвува оваа мешавина?

Прилично едноставно, треба само да измешате 1 лажица мед со 1 лажица сусам. Мешајте додека не добиете смеса слична на алва.

Ова е количина за еден ден. Ако однапред подготвувате за повеќе денови, задолжително чувајте ја мешавината во стаклена тегла со капак.

ХЕТ-ТРИК ЗА СЕВИЉА ВО ЕВРОПА ЛИГАТА – ДВЕТЕ ЕВРОПСКИ КРУНИ ОСТАНУВААТ ВО ШПАНИЈА

1364061733129,0

Во третото последователно финале во Европа лигата, екипата на Севиља стигна до третата последователна титула.

Финалниот натпревар против Ливерпул иако требаше да биде неизвесен до самиот крај, Севиља го претвори во убедлив триумф и го совлада Ливерпул со 3:1.

После почетните минути на измерување на силите, Ливерпул прв стигна до водство со голот на Даниел Стариџ во 35-та минута. Сепак последните 10 минути од полувремето и покрај силниот налет на фудбалерите на Ливерпул, не им донесоа зголемување на водството. Дејан Ловрен постигна гол, но беше во офсајд.

И кога сите мислеа дека Ливерпул е тој што повеќе ја посакува титулата и дека го умртви противникот, во второто полувреме гледавме една многу поразлична Севиља.

Па само после 18 секунди во вториот дел, Кевин Гамеиро го започна големиот пресврт, при асистенција на Мариано.

Нападите и акциите на Севиља се нижеа една по една, а Ливерпул како да го немаше на теренот.

Играчот и капитенот на Севиља, Коке, од кого најмалку се очекуваше, со разорен удар надвор од шеснаесетникот, напрвин во 64-та донесе водство од    2-1, а потоа  во 70-та минута го матира Ливерпул и ги сруши надежите на “црвените”, за европска слава по слабата сезона во Премиер лигата.

98404585_coke-sport-large_trans++piVx42joSuAkZ0bE9ijUnGH28ZiNHzwg9svuZLxrn1U

Севиља направи чудо! Tри години е неприкосновена екипа во Европа лигата и се специјализира за ова натпреварувањe, испишвајќи цела една фудбалска историја.

 

А.Г.

 

 

НА ПРАГОТ НА ОТВОРАЊЕ СЕ ПРВИТЕ СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО КРУШЕВО!

11

Викендот кој претходеше, од 13 до 15 мај, беше доста поразличен и продуктивен за некои млади крушевчани. Имено, младите од Крушево, како учесници на едукативната работилница во рамките на проектот “ENTER Social Entrepreneurship” имаа можност за прв пат да слушнат за концептот наречен социјално претприемништво. Крушевчани беа воодушевени од овој иновативен концепт за решавање на проблемот со младинска невработеност во Крушево!

2

Се дискутираше за различни општествени проблеми во овој град и за можностите за нивно решавање преку можностите на социјално претприемништво. Исто така беа иницирани социјални бизнис идеи кои подоцна се развиваа во бизнис планови за на крај да бидат презентирани пред професионална комисија која во следните фази од проектот ќе ги оценува!

4

3

Овој проект, ENTER Social Entrepreneurship е организиран од Младинскиот Сојуз- Крушево и е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, во партнерство со Yunus & Youth. Следните две едукативни работилници ќе бидат одржани во Битола и Прилеп.

6

Стевананџија: СДСМ нема да се спаси од народната казна!

 

Денес во Собранието на Република Македонија се одржа 101-та собраниска седница каде се констатираа оставките на техничките министри и заменици министри од СДСМ и се одложија изборите кои беа претходно закажани за 5-ти јуни.

 

1212

На оваа седница со своја реплика кон Сугарески од СДСМ се обрати и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

-Колега Сугарески, господинот Адеми пред 20 минути ви ја кажа вистината. Крстете се во ДУИ, ве спаси од фијаско, ве спаси од катастрофа, ве спаси од народната казна, од големата народна казна, со овие зборови Стевананџија ја започна својата реплика кон Сугарески од СДСМ.

Во продолжение Стеванаџија додаде дека и после се СДСМ и Заев го имаат најкатастрофалниот рејтинг досега. Но, порача дека СДСМ нема да се спаси од народната казна.

-Единствената причина зошто е тоа така, е поради тоа што удривте по се, буквално по се, по се што сакаа и оправдуваа македонските граѓани, направивте луѓето да се згрозуваат и бегаат од вас, внесовте раздор и немир во нашата држава, по припадниците на МВР, по нашите комшии, по нашите роднини, по новинарите, по децата бегалци од Егејска Македонија, по професорите, по македонската култура и историја односно удривте по се’ во оваа држава, потенцираше Стевананџија.

На крајот, Стевананџија рече дека СДСМ имале една цел која за среќа не успеала, а тоа е да ја крахираат економијата на државата. Тој додаде дека во изминатиов период голем број на стопанственици ја осетија намерата на СДСМ и видоа дека СДСМ работи против интересите на  македонските граѓани.

ФАНТАСТИЧНА РЕКЛАМА – Марадона и ѕвездите на Јуве и Реал во главните улоги

Диего Армандо Марадона одигра главна улога во новата реклама за мексиканското пиво Текате.

image

Бившиот аргентински фудбалер, кој се смета за еден од најдобрите на сите времиња, во овој ТВ проект ја игра улогата на Бог.

Познатиот мексикански бренд, на еден смешен начин, сака да не потсети на голот на Марадона, кој во 1986 година го постигна со рака, во финалето на Светското првенство, против Англија. Овој пат, Марадона  мораше за потребите на својот клиент, да ја затресе мрежата со глава.

Легендарниот фудбалер во рекламата го глуми Бог, кој му говори на Ное да, наместо арка, изгради фудбалски стадион.

Во рекламата се појавуваат ѕвездите на Реал Мадрид: Пепе, Тони Крос и Кејлор Навас, како и фудбалерите на Јувентус: Патрис Евра, Алекс Сандро и Андреа Барзаљи, кои учевствуваат во изградбата на новиот стадион.

Погледнете како изгледа:

A.Г.

Собранието ги прифати оставките на министрите со нула дела и многу скандали

Техничките министри и заменици министри на СДСМ го завршија своето работење со нула проекти, но многу скандали.

 

123

Денес Собранието ги прифати нивните оставки и тие повеќе нема да ги вршат своите функции.

Додека Оливер Спасовски раководеше со министерството за внатрешни работи се случија низа скандали, се кршеа закони, работеше своеволно и во корист на партијата, а не на државата. Првиот проект му беше расипничко трошење на луксузен мебел за својата канцеларија, си најде луксузен автомобил. Потоа веднаш го спроведе сценариото на Зоран Заев и почна да брка професионалци од работа и на нивно место да вработува партиски кадри. Без да ги почитува законот, а ниту правилникот на МВР, Спасовски си вработуваше неквалификувани лица, а унапредуваше лица и за неколку скалила без да се почитуваат процедурите.

Спасовски си ја исполни партиската должност да ја политизира полицијата по партиска директива.

Од самиот старт кога Оливер Спасовски седна во министерската фотелја, предизвика хаос во МВР со одземање на пренесените овластувања на раководните лица во министерството.

Дозволи насилници да го уништат камен-темелникот за православен крст во Бутел давајќи им наредба на полицајците да се повлечат. Друга наредба даде следниот ден кога граѓаните на Бутел излегоа на улица а беа спречени од полицијата нешто да превземат.

Министерот за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, буквално ја измислил аферата за фалсификуваните 70.000 возачки дозволи што ја објави на 14 јануари како негово големо откритие за фалсификување лични документи од страна на владини функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, директно споменувајќи ги поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот премиер Никола Груевски, објавува тогаш ДНЕВНИК.

Ова се само мал дел од скандалите кои ги направи Спасовски за кои редовно ја информиравме јавноста. Проекти и дела-НЕМА.

Дечињата чекаа градинки, самохраните родители социјални станови, корисниците на социјална парична помош и останатите беа во неизвесност и страв само заради самоволието на Фросина Ременски од СДСМ. Додека таа раководеше со Министерството за труд и социјална политика, своеволно кочеше крупни проекти за да одработи партиска агенда.

Не спроведе ниту еден проект, само ги кочеше истите. Ќе ја запомниме како јавен напаѓач и навредувач на новинари, дрзок однос и незаинтересираност за своите обврски.

Во кабинетот без договор за работа држеше партиски кадри на СДСМ, но два месеца Фросина Ременски го кочеше субвенционирањето на вработување на лица во социјален ризик. Таа не ја потпишуваше исплатата на компаниите кои вработиле лице од социјално загрозените категории. Ременски по теркот на Заев “јадеше живи луѓе“ и ги бркаше на улица.

Денес беа прифатени оставките и на дополнителните заменици министри на СДСМ- Љупчо Николовски, Александар Кирацовски и Кире Наумов. Додека ја вршеа функцијата беа само мета на потсмев поради својата некомпетентност. Нивните изјави беа експресно побивани од најрелевантните институции.

Кирацовски  одржа неколку прес-конференции како за веб-адреси на интеренет погрешни анкети и кажуваше невистини за администрацијата. Критикуваше пилот-закон, за кој мислеше дека е веќе донесен закон за оцена на администрацијата. Не беше воопшто информиран за секторот кој го работи.

Николовски постојано се трудеше да отвора скандали, кои секогаш беа негирани. Манипулираше земјоделци, класата на граѓани која не постоеше во време на СДСМ. Затоа од земјоделците на терен беше критикуван.

И Наумов ја заврши работата со  нула проекти, исто како и другите. Се закануваше на банки и се мешаше во нивна деловна политика сакајќи да блокира исплати.

Со констатирање на нивните оставки, лицата од СДСМ веќе нема да имаат функции во македонската Влада.

ОСУДИ ЗА СДСМ ОД СИТЕ СТРАНИ ! ! !

2

Вандализмот на СДСМ е на пат скапо да им наплати на граѓаните, поради немањето на здрав разум кај малкумината поддржувачи и немањето на свест за последиците кои би ги предизвикале.

Поради нередите во градот и секојдневното уништување на општествениот (заеднички) имот на сите граѓани, се поголем е стравот кај странските инвеститори во Прилеп, потенцијални и сегашни.

1

И домашните фирми кои планираат да ги прошируваат своите производствени капацитети во новите индустриски зони Прилеп 1 и Прилеп 2, ги преиспитуваат своите одлуки.

Ако во изминатиот период се направија напори и успешно започна да се реализира одново економското издигнување на Прилеп и намалување на невработеноста, сега СДСМ одново сака да го врати градот назад, на заборавот на времето, исто како што го оставија пред 10 години.

4

Ваквото дивеење веќе предизвикува ненадоместливи штети од кои страдаат сите граѓани, без разлика на сопственото убедување.

Граѓаните стравуваат за своите плати и пензии, додека пак земјоделците, а особено тутунопроизводителите се длабоко загрижени за иднината во исплатата на субвенциите.

Тоа е таа политика на деструктивност и гледање на сопствените интереси, која во минатото од Прилеп направи буквално црна дупка.

3

Сега кога се изгради Технолошко индустриската развојна зона во Алинци, и кога секојдневно доаѓаат потенцијални инвеститори, историјата се повторува, СДСМ од Прилеп повторно сака да направи град без иднина и перспектива.

ФОТО – Прослава на матурантите од гимназијата “Мирче Ацев”

13220084_10207914842123352_361605716_n

Традиционално секоја година гимназијалците највесели за матурската прослава. Со зурли и тапани, со многу песна, гимназијалците го разиграа целиот центар во Прилеп.

Ние им посакуваме успешно полагање на матурските испити, да го одберат вистинскиот пат во животот, со правилен избор на високо образование и секако одлично да се забавуваат за време на прославите.

13235911_10207914841923347_2048332658_n

Над 70.000 евра штета од демолирањето на арената „Филип Втори“

Над 70 илјади евра изнесува штетата од демолирањето на Националната арена „Филип Втори Македонски“  по натпреварот помеѓу фудбалските клубови „Шкендија“ и Работнички“, информира денеска директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на државата  Цветко Грозданов, пренесува МИА.

 

iskrsena-arena-filip-vtori

Во демолирањето што се случи од навивачи на „Шкендија“, дојде откако тој фудбалски клуб го освои националниот куп, се уништени над 300 столчиња,огромен дел од тартанот, кој поради оштетувањето веќе не е во употреба,гардероба, тоалети, тавани, дел од инсталациите.

Грозданов оцени дека хулиганството е  голема дамка  во историјата на македонскиот фудбал и апелира до организаторот, Фудабалската федерација на Македонија (ФФМ), и до учесниците на натпреварите, да не се повторуваат вакви случувања, а од медиумите поддршка, за, како што рече,  стопирање на хулиганството кај дел од навивачките групи со што се уништува државен имот.

– До ФФМ доставивме официјална претставка со укажување и разгледување на можноста дека на одредени фудбалски клубови кои ќе се однесуваат недолично и нивните навивачки групи ќе го оштетуваат државниот имот нема да им дозволиме да играат на арената „Филип Втори“.  Затоа апелирам до управите на клубовите да поведат сметка  во контролирање на нивните навивачки групи, рече Грозданов.

Врз основа на снимките од безбедносните камери,  укажа, ФФМ треба да покрене обвиненија против поединци за нанесување материјална штета на државен имот. Побарано е комесарот за безбедност да преземе поголема и посоодветна мерка на претпазливост при внесување распрскувачки материјали. На натпреварот, наведе Грозданов,  е дозволено да се внесат над 500 парчиња пиротехнички материјали кои се фрлени на теренот.

Грозданов побара ангажман на полицијата, како што рече, до празнење на арената по натпреварите и најави дека ќе иницираат законско зголемување на казните  за да се спречи уништување државен имот на натпреварите.

– Го повикувам министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  во иднина да преземе мерки полицијата да остане не само до свирежот на судијата туку до завршување и празнење на арената за да се напушти безбедно, рече Грозданов.

Натпреварот за националниот куп, посочи, ќе изгледаше величенствено доколку играчите беа поздравени и наградени, а не  навивачката група да се симне на теренот и да го уништи.

При крај се градежните работи на патот до населеното место Волково

IMG_0378

Патот кој води од Прилеп до населеното место Волково наскоро ќе добие асфалт во должина од 3.800 метри.  При крај се подготовките на овој инфраструктурен зафат, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

Со оваа реализација, која е од суштинско значење за стопанството ќе се подобри и квалитетот на животот на граѓаните.
IMG_0402

IMG_0376

IMG_0381

IMG_0382

IMG_0386

IMG_0399