дома блог страница 5326

ВИДЕО – Направете аристократски локни без оштетување на косата

12121

За овие преубави локни не ви е потребен ниту фен, ниту фигаро.Со нив можете слободно да преспиете и да не ги растурите. Нема да ви сметаат во текот на спиењето.

Погледнете за што се работи:

А.Г.

 

ФОТО – ГРОЗНИ СЦЕНИ НА ПРИЛЕПСКИТЕ УЛИЦИ !

33

Кога безидејноста ќе кулминира, на виделина излегува вистинската позадина и вистинското сценарио, а тоа кај СДСМ е веќе позната работа, деструкција, уништување, нервоза и револт.

22

Нешто што и е познато на целата јавност, денес се репризира во своето којзнае кое продолжение.

И покрај тоа што започнаа да се исполнуваат желбите, и покрај тоа што нема да има избори, а започна и постапката за повлекување на аболицијата, вандалските чинови продолжуваат.

Грозно и огорчено се чувствуваат прилепчани поради секојдневните сцени, кои продолжија и во вчерашниот ден.

Се уништуваше општинската зграда, сообраќајната сигнализација и коловозите.

Граѓаните, а особено оние кои немаат политичко убедување и не припаѓаат кон ниту една опција, се тие кои се најгласни во своите осуди.

Велат дека на ваков начин нема да се придобие нивната наклонетост и поддршка.

44

Слабиот рејтинг на СДСМ и уште послабиот на нивната организација во Прилеп, дополнително се руши и опаѓа.

Со ваков начин на дејствување не се носат нови инвестиции, не се отвараат нови работни места, не се обезбедуваат повисоки плати, пензии, социјална помош. Со ваков начин на дејствување единствено се руши и уништува нешто што е заедничко, нешто што им припаѓа на сите и на што се гордеат сите граѓани на Прилеп.

55

Нови дела и проекти за уште поубав Прилеп, за уште посовремен и поевропски Прилеп, порачуваат граѓаните кои не се согласуваат со дивеењето на 200-300 поддржувачи на СДСМ.

Габриела Стевановска го освои второто место на Вешта жена

IMG_0651

Градоначалникот Марјан Ристески денеска оствари средба со претседателката, победничката и останатите членови на организацијата „Вешта жена“ од Прилеп. Габриела Стевановска го освои второто место за 2016 година на настанот „Вешта жена“ кој оваа година се оддржа на комплексот кај манастирот во Лешок. Габриела го изрази своето задоволство за освоените награди и посочи дека кулинарските вештини и декорации и претставуваат големо задоволство. Градоначалникот Марјан Ристески ја поздрави организацијата која своите способности во поглед на кулинарството ги изнесува секогаш преку традиционални и модерни јадења, типични за Прилеп и Македонија. Тортата со која победи Стевановска носи наслов: „Итар Пејо на Пиво – фест“.
Оваа година манифестацјата „Вешта жена“ го одбележа своето 25 годишно постоење.

[Best_Wordpress_Gallery id=”248″ gal_title=”PriemnaVestaZena”]

Џонсон Контролс ја започна градбата на новата фабрика во Струмица

Американската компанија „Џонсон Контролс“ почна да ја гради својата нова фабрика во ТИРЗ Струмица.

 

13227911_10207922881844340_2103674181_n

Околу 1.500 нови работни места во Струмичкиот регион и инвестиција од 20 милиони долари планира американската компанија „Џонсон Контролс“ во новата фабрика што почна да ја гради денеска во индустриската зона во Струмица.

-Отворањето на новата фабрика е важен настан. Ова не е само значајна инвестиција од 20 милиони долари, туку истовремено и можност за нови вработувања, кои заедно со оние во фабриката во Штип изнесуваат над 3.000 работни места, вели директорот во „Џонсон Контролс“, Питер Хајфт.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа претседателот на Владата Емил Димитрев, вицепремиерот Владимир Пешевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На поставувањето на камен темелник за најголемата инвестиција во Струмица, уредно беше поканет и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но тој не присуствуваше.

 

Извршена е надоградба на регионалниот пат Прилеп – Тополчани

6

Регионалниот пат Прилеп – Тополчани, се надогради во должина од три километри, а инвестицијата изнесува десет милиони денари. Со овој инфраструктурен зафат им се олеснува животот на жителите, кои сега полесно и побрзо ќе можат да стигнат до Прилеп.

8

1

2

3

4

5

7

Децата од Детската Амбасада во посета на Босна и Херцеговина

IMG_0569

Група од 40-тина деца, која е составена од најдобрите ученици од основно и средно образование во општина Прилеп и општина Долнени, деца од социјално ранливи категории и истакнати деца членови на Детската Амбасада, тргнаа да се дружат и запознаат со децата од Босна и Херцеговина што е уште една потврда за искреното пријателство помеѓу двата народи и пред се помеѓу децата од двата пријателски народи. Градоначалникот Марјан Ристески и градоначалникот на општина Долнени Боше Милошески, ги поздравија присутните дечиња им посакаа сеќен пат и добар престој. Ваквите меѓународни активности укажуваат на сериозноста на целите на реализација како и за значењето и промоцијата на град Прилеп каде што е и седиштето на Детската Амбасада.

IMG_0555

IMG_0527

IMG_0536

IMG_0546

IMG_0547

IMG_0551

Оваа година е единаесетта година откако е започната реализацијата на Проектот „Градиме мостови на пријателство“ кога прв пат децата на Република Србија, ги преминаа државните граници и дојдоа на заедничко дружење со децата од Македонија на прекрасниот Пелистер во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот. Детската Амбасада оваа година ја реализира програмската заложба од овој проект со посета на пријателската Босна и Херцеговина.

IMG_0579

IMG_0559

IMG_0563

Тој заработил 2.000.000 евра, а на работното место ни со прст не мрднал

ricard-rajt-1463572853-908971 (1)

Англискиот голман Ричард Рајт помина четири години во Манчестер, а не одигра ниту еден натпревар.

Рајт пристигна кај Граѓаните во 2012 година и за четири година успеа да заработи 2.000.000 евра, а практично ништо не направи. Тој без ниту еден еден настап си добиваше редовна плата.

Тој ја заврши кариерата на оваа година, на 39 години. А Сити се погрижи да си има убави пензинерски денови

ВИДЕО: Едноставно отстранете ги гребнатините од вашиот мобилен

telefon-grebnatini-650x396

Ова е мошне ефикасен трик, што брзо ќе ги отстрани несаканите гребнатини од вашиот мобилен телефон.

Се што ви е потребно е прашок за печиво, малку вода и сад во кој што ќе ги промешате овие состојки. Промешајте ја смесата додека не се групира, а потоа нанесете ја на парче ткаенина и со кружни движења нанесете на оштетениот дел од телефонот.

Потоа со крпа исполирајте го телефонот. Пробајте го овој едноставен трик и ќе бидете воодушевени од резултатот.

ВИДЕО – Доколку видите жена со вакво мистериозно дугме, тоа би значело…

Coffee-Necklace

Овој накит е дизајниран за да им помогне на жените да останат безбедни каде и да одат, било тоа да е на трчање, на ноќни забави или било кое друго место, и да не станат жртви на насилство. Ланчето се активира со притискање на дугме кога се наоѓате во опасност.

Покрај тоа, со притискање на дугмето, пораката автоматски се испраќа до семејството и пријателите, како и локацијата каде моментално се наоѓа лицето. Одлична работа е што не се забележува, не е впечатлива, туку изгледа како и секој друг моден детаљ.

А.Г.

 

ВИДЕО – Ова е најстрашниот светски ролеркостер: Ќе ви застане здивот додека гледате

1211

Најновиот ролеркостер во забавниот парк во Sandaskij (Охајо) е тројна закана. Валравн е највисокиот, најдолгиот и најбрзиот ролеркостер на светот. Возењето е со брзина од 120км/h. Има 24 седишта, а највисоката точка се задржува 4 секунди пред пад под агол од 90 степени и 214 метри. Валравн значи натприродна птица од данскиот фолклор.

А.Г.