дома блог страница 5325

Јувентус подготвува фантастично засилување вредно 40 милиони евра

573eeeca-02c0-479b-9cc9-76a40a0a0a6b-cavani-preview

Старата дама ја освои петтата последователна титула во Сериа А, а спортскиот директор Марота ќе има многу тешка задача да ги задржи главните играчи во тимот и за наредната сезона.

Флорентино Перез најверојатно, уште првиот ден од прелазниот рок ќе ја активира повратната клаузула во договорот на Алваро Мората и ќе го врати детето на Реал Мадрид за 30 милиони евра.

Па според тоа, Јувентус се сврти кон алтернативни решенија, а прв пик е сјајниот Уругваец Едисон Кавани. Неговата цена е околу 40 милиони евра.

А.Г.

Кабинет на Виктор Орбан: Обама сака што повеќе муслимани во Европа

121204_barack_obama_ap_605

Американскиот претседател Барак Обама и САД се залагаат за илегалната миграција, затоа што сакаат што повеќе муслимани во Европа, порачаа денес од кабинетот на унгарскиот претседател Виктор Орбан.

Шефот на кабинетот на Орбан, Јанош Лазар рече дека американскиот милијардер Џорџ Сорос ја предводи миграциската политика на Обама за Европа и додаде дека одредени групи во САД сакаат на тој начин да ја натераат Европа што повеќе да соработува со САД.

Тој додаде дека Сорос е шеф на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и на фаворитот на Демократите за претседател Хилари Клинтон.

Исто така нагласи дека американската администрација е спремна да отпочне кампања против Виктор Орбан.

Обама и Клинтон во повеќе наврати го критикуваа Орбан поради авторитарност и обидите да ги запре граѓанските групи кои се залагаат за правата на ромите и хомосексуалците.

Унгарскиот претседател ги нарече таквите активисти, странски платеници.

А.Г.

Спасов и Мисајловски експресно го решија проблемот со социјалните станови во Прилеп

Министрите за труд и социјална политика и транспорт и врски, Диме Спасов и Владо Мисајловски за само еден ден го надминаа проблемот со социјалните станови кои ги засегаше најранливите категории.

spasov-misajlovski-640x427

-На мое задоволство и на сите граѓани кои беа ставени во милост и немилост да ги добијат социјалните станови во Прилеп, Ресен и Демир Хисар, сакам денеска да ги известам сите граѓани и да упатам голема благодарност до министерот Диме Спасов и Министерството за труд и социјална политика, што за еден ден се реши ова прашање, овој горчлив проблем за многу граѓани. Комисијата вчера ги потпиша записниците, истата комисија. Тоа значи дека опструкцијата што се правеше за само едно лице по секоја цена да го добие станот, а да не ги исполнува условите се надмина и можам да кажам дека сите граѓани кои се на конечната листа ќе може да си ги добијат своите станови, рече министерот за транспорт и врски Мисајловски.

Тој нагласи дека тоа е многу важно прашање за тие граѓани, за тие социјално ранливи категории. Стануваше збор за три градови, за три нови социјални згради што ги изгради Владата, а техничката министерка Фросина Ременски и даде забрана на комисијата да ги потпишува записниците.

soijalni-640x427

-Записниците се потпишани експресно за еден ден, решенијата се подготвени. Ќе им стигнат на сите граѓани по пошта во рок од 15 дена согласно законот и потоа ќе потпишат договор со ЈП за станбен и деловен простор. Уште еднаш сакам да се заблагодарам на Министерството за труд и социјална политика, бидејќи кога има координација на Владата, кога помеѓу еден и друг министер има соработка, веднаш се завршува работата. Најважно е овие граѓани тоа да го видат, да го почувствуваат и наместо да чекаат со месеци што ќе се случува со Владата, да си ги добијат овие станови. Ние ги градиме овие станови токму за нив. Со среќа нека се становите за овие социјално ранливи категории. 119 семејства ќе добијат станови, сите вие ќе можете денеска да ја погледнете на нашата веб страна конечната листа кој ги има добиено становите и во кој град. Мора да биде транспарентна оваа политика и така ќе биде во иднина, нема да дозволуваме некој да добие стан што не заслужува, рече Мисајловски.

socijalni-1-640x427

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов изјави дека експресно, само за еден ден, се надмина повеќемесечен проблем, се надмина застојот во МТСП, конкретно за овој случај, за доделувањето на становите во Прилеп и се реши едно животно прашање за 119 семејства од најранливите категории на граѓани, лица кои се приматели на социјална и постојана парична помош, лица со инвалидност, еднородителски семејства или самохрани родители со малолетни деца, лица со социјален ризик.

socijalni-2-640x427

-Мило ми е што можеме да им помогнеме на овие наши сограѓани, наша должност како носители на функција е да работиме во интерес на граѓаните на Република Македонија. Би сакал да му честитам на министерот за транспорт и врски за неговата посветеност и борбеност во изминатиот период за да се избориме овие наши сограѓани од ранливите социјални групи да ги добијат заслужените станови. Исто така и на директорот на Акционерското друштво за изградбата на овие станови. Владата на Република Македонија и понатаму ќе продолжи со реализација на проектите за подобрување на животот на граѓаните. Ќе продолжиме со грижата за социјално-ранливите групи на граѓани со реализација на голем број мерки, проекти и поволности, меѓу коишто е изградбата на социјални станови за решавање на едно од најзначајните животни прашања. Овие луѓе добиваат свој дом, нови ставои во нови згради и тоа претставува големо задоволство, рече Спасов.

Подгответе лазања со печурки

lazanja-pecurki-1-627x400-627x396

Еве една идеја како да подготвите нешто невообичаено, а вкусно. За оваа лазања со печурки ќе ви бидат потребни неколку вида печурки.

Состојки:

500 грама тесто за лазањи

350 грама шампињони

200 грама буковка

150 грама шитаке печурки

100 грама вргањ

1 врзоп листови од магданос

1 црвен кромид

4 главици кромид

250 грама гауда сирење – полномасно

200 грама кисело млеко (20% малсеност)

3 лажици бело пченично брашно

1 литар кравјо млеко, полномасно

2 лажици путер

Мускантно оревче

Маслиново масло

Сол

Мелен бибер

Подготовка:

  1. Кратко пропржете го брашното на путер, па полека додавајте го млекото со постојано мешање со миксер. Зачинете со сол, бибер и мускантно оревче и варете 15 минути на среден оган. Кога сосот делумно ќе се олади вмешајте го и киселото млеко.
  2. Исечкајте ги ситно црвениот кромид, кромидот и магдоносот. Ако имате сув вргањ прелејте го со врела вода, а пред употребата процедете ги од вишокот вода. Изрендајте го сирењето.
  3. На маслиново масло пропржете го кромидот, додадете ги печурките и динстајте 10-тина минути. Изгасете го огнот и измешајте го кромидот и магдоносот.
  4. Дното на садот каде што ќе ги печете лазањите премачкајте го со путер и прекријте го со слој бешамел сос. Ставајте еден ред тесто, бешамел, динстани печурки и нарендано сирење, се додека не ги искористите сите состојки. Последниот слој завршете го со бешамел и изрендано сирење.
  5. Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.
  6. Кога ќе бидат готови, оставете ги лазањите 15-тина минути да се оладат па послужете ги си крцкава салата.

Што се можете да добиете бесплатно во хотелите?

hotelski-sobi

Интернетот и чоколадните бомбони на перницата не се единствените бесплатни работи што хотелите во светот ви ги нудат.

Одредени хотели во својата понуда имаат и бесплатни тренинзи, комплетна опрема за плажа и за лична хигиена, со цел на гостите да им пружат единствено и незаборавно искуство.

Поголемиот дел хотели за посетителите имаат на располагање и антиалергиски перници. Тие обично не влегуваат во сотавниот дел на постелнината, но затоа на гостите им е овозможено дури пред доаѓањето да си резеревираат.

Доколку гостите на хотелот не сакаат дополнително да плаќаат за изнајмување лежалки и чадори или едноставно заборавиле да земат крпа за плажа, голем  број хотели со 4 ѕвездички на гостите им нудат комплетно бесплатна опрема за плажа.

Хотелите и одмаралиштата со теретани, покрај бесплатниот пристап до теретаната нудат и бесплатни часови по јога, зумба, како и целодневни третмани, за сите оние што сакаат да останат во топ форма.

Љубителите на велосипеди може да бираат помеѓу големиот број хотели во Европа што нудат целосно бесплатни услуги за изнајмување на овие превозни средства, за на необичен начин да го разгледаат градот и да уживаат во него.

Во некои други хотели можете да позајмите книги додека престојувате во нив.

Албанците се дигнаа: Масовна тепачка во затвор

1 (1)

Масовна тепачка се случила меѓу затвореници Албанци и Британци заради контрола на продажба на дрога во еден британски затвор.

– Филмските сцени, земени од безбедносните камери од затворот Вандсворт,во јужниот дел на Лондон, се брутални. Тепачката се случила во перидот кога затворениците се пуштаат на воздух, во дворот на затворот. Групите меѓусебно се удирале со тупаници и клоци едни со други, каде што едната група се гледа дека значително е побројна, пишува електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“, повикувајќи се на британскиот таблоид „Дејли Меил”.

Еден од повредените во масовната тепачка бил транспортиран со хеликоптер во болница.

– Тепачките меѓу затворениците во британските затвори се се почести. Само во текот на минатата година регистрирани се илјадници случаи на насилство во британските затвори, каде присутна е загриженост од се помасовното присуство на дрога во затворските ќелии.Таму дрогата се доставува со дрон, што покажуваат и направени снимки, наведува Експрес.

Во британските затвори секој десетти затвореник е странец, а еден голем број, според Експрес, како што изјавил британскиот министер за правда Мајкл Гоув, се Албанци.

Нов светски рекорд: Брусен дијамант продаден за 31,5 милиони долари

 

Дијамантот “Oppenheimer Blue” е продаден за 31,5 милиони долари, што претставува нов светски рекорд за дијамант продаден на аукција.

dij

14-каратниот камен, опишан како најголемиот син дијамант кој некогаш бил ставен на аукција, на предпродажбата бил проценет помеѓу 38 и 45 милиони швајцарски франци. За него се бореле двајца по телефонската линија, пред 150 конкуренти присутни на аукцијата во еден луксузен хотел во Женева.

Дијамантот е во правоаголен облик и се наоѓа на прстен, окружен со два помали дијаманти во трапезоиден облик. Името го добил по покојниот Filip Openhajmeru (1916-1995.), долгогодишен раководител на фирмата De Beerse која поседува рудници за дијаманти.

“Бојата и сјајот во комбинација со својот традиционален стил на резбарење, му дава на овој син дијамант навистина неверојатен изглед”, рекол Tom Mosis, потпретседател на гемолошкиот институт во САД.

А.Г.

ВИДЕО – Вака ги казнуваат проститутките во Русија: Ги тераат голи да одат низ градот

34570cb100000578-3597043-image-a-18_1463585770557

Единаесет проститутки и нивните клиенти биле приморани да прошетаат голи по центарот на Санкт Петербург откако полицијата извршила рација во бордел.

 

Шокантните фотографии кои се направени во рускиот град прикажуваат голи мажи и жени кои се обидуваат да се сокријат со рацете. Многумина од нив завршиле не само голи туку и со солзи кога полицијата влегла во борделот, во вториот најголем град во Русија, пренесува Bulevar.

 

А.Г.

Нов стенд ап на Марјан Ѓорѓиевски: Ќе ве насмее до солзи

121212

Битолчанецот Марјан Ѓорѓиевски со ново стенд ап видео насловено како Трауми. Трауматично ќе ве потсети на некои доживувања од детството на повеќето од вас и ќе ве насмее до солзи.

Соработката на Марјан со емисијата “Еден на Еден” на Жарко Димитриоски, продолжува и понатаму. Најавуваат ново видео веќе наредната среда.

До тогаш прегледајте го неколку пати овој готов производ:

НАЈДОБРИОТ НАЧИН: Вака ќе го спасите вашиот автомобил од град – ВИДЕО

Возачите знаат колку “боли” кога ќе започне невреме, па автомобилот им е изложен на град. Поединци се молат да помине со што помалку оштетувања, а други пак имаат совршени методи на одбрана.

profimedia-0247183983_1000x0

Постојат луѓе кои кога ќе видат дека почнува да врне град, трчаат до улица и го прекриваат својот автомобил. Меѓутоа, една Русинка од Севастопол отиде чекор понапред, таа автомобилот од градот го бранеше со сопственото тело.

Госпоѓата легна на автомобилот и го прекриваше со своето тело, а потоа почна да мавта со рацете и нозете, скоро да заплива. Не знаеме дали со ова го спречи оштетувањето, но едно е сигурно, хаубата остана не чепната.

А.Г.