дома блог страница 5326

Десет работи кои ги изгубија Либијците со смртта на Гадафи

maddog_1280_thumb_medium500_281

Крајот на Гадафи значи почеток на крај за Либијците. Многу светски медиуми и аналитичари вака ја опишаа иднината на Либија по падот на режимот на лидерот Моамер Гадафи.

Неколку година по убиството на Гадафи Либија не е подобро место за живеење, туку напротив… Десет работи во кои Либијците уживаа во времето на Гадафи:

 

1. Електричната енергија во Либија беше бесплатна.

2. Банките беа во државна сопственост, а каматите многу ниски.

3. Гадафи вети дека секој Либиец ќе има покрив на главата.

4. Образованието и лекарските третмани беа бесплатни.

5. Доколку еден Либиец неможе да добие соодветно образование или медицински третман, тогаш владата тоа му го обезбедува во странство, а платено му е апсолутно се.

6. Доколку еден граѓанин на Либија реши да си купи нов автомобил, државата плаќа половина од цената.

7. За секое родено дете, мајката добива по 5.000 долари.

 8. 40 леба во Либија чинеа неверојатни 0.15 долари.

9. 25 проценти од Либиjците се со завршен факултет.

10. Цената на еден литар нафта во Либија изнесува неверојатни 0,14 долари

Продажба на пет нови парцели во индустриска зона „Прилеп 2“

4

Општина Прилеп нуди на продажба пет нови парцели во новата индустриска зона „Прилеп 2“ кај Сточното пазариште.

2

Градоначалникот Марјан Ристески, уште еднаш ги повика домашните и странски инвеститори да се пријават и да купат една од парцелите во втората индустриска зона. „Електронското наддавање за парцелите во индустриската зона „Прилеп 2“ кај сточното пазариште ќе биде на 6-ти ноември и може сите заинтересирани да се пријават, да отворат можности за нови капацитети од незагадувачките индустрии со што ќе се овојзможи нов развој на прилепското стопанство, изјави Градоначалникот Ристески.

3

Како што објасни Александар Јованоски, од одделението за Локален економски развој, понудените парцели се со намена за сервиси и за мало стопанство. „Пријавите за јавното наддавање може да се поднесуваат до 2-ри ноември. Почетна цена за градежна парцела е 61 денар од метар квадратен. Може да учествуваат сите физички и правни лица, жители на Македонија, но и странски лица, согласно Закон за градежно земјиште кои со комплетна и правилно пополнета електронска пријава со прилози треба да уплатат депозит од 30 отсто од вкупната почетна цена, посочи Александар Јованоски. Општина Прилеп ќе ја уреди населбата со изградба на патната инфаструктура и асфалтирање на улиците, изградба на водовод, канализаиција, осветлување и изградба на тротоари.

Ќе спиеме подолго, но ќе се стемнува порано- почнува зимско сметање на времето

500vo-nedela-pochnuva-zimsk

Во недела на 25 октомври завршува летното и почнува зимското сметање на времето.

Во сабота кон недела, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, со што и официјално почнува зимското мерење на времето.

Но, има и добра и лоша вест- за спанковците тоа е добра вест бидејќи ќе имаат еден час повеќе за спиење, но за оние кои сакаат активен живот, тоа баш и не е добра вест бидејќи ќе почне да се стемнува во 16:30, а денот ќе има еден час помалку.

ДИСКАВЕРИ ТВРДИ: Првата плескавица е произведена во Македонија

pleskavica

Првата плескавица во светот е направена пред 6.000 години во Македонија или, поточно, во Пелагонија, во времето на неолитот. Ова е одговорот на експертите од телевизискиот канал Дискавери, на кои во рубриката „Сакам да знам“ им било поставено прашањето за староста на плескавицата.

Иако ова е стара информација сепак заслужува да се потсетиме на неа.

Станува збор за нешто што е потврдено при испитувањето на неолитските артефакти пронајдени на нашите простори и тука нема место за сомневање,велат експертите. И американската историчарка на уметноста Марија Гимбутас е убедена дека европската цивилизација започнува од Пелагонија. Тврдењето го поткрепува со староста на артефактите пронајдени во овој регион.

СИРИСКИТЕ ХЕРОИНИ ВО ОФАНЗИВА: Погледнете како го ослободија градот Дариа од терористите на ИСИС!

sirija_vosjka_zeni_daria-302e4o10rpfcmt5t2oxz40

Трупите на Сириската армија во борба против милитантите во Дариа, додека владините сили се обидуваат да ги притиснат терористичките групи надвор од Дамаск.

Во саботата, трупите на Сириската армија меѓу кои и специјалните одреди на жени – хероини во армијата, се бореа да го ослободат градот Дариа од милитантите на ИСИС. Во офанзивата жените војници завземале речиси 80% од градот Дариа во последниот напад.

Погледнете ја офанзивата!

Сончево со мала до умерена облачност

111

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура од 4 до 10, а дневната температура од 17 до 24 степени.

Температурата од 9 до 20 степени.

Во наредните два дена ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време со сончеви периоди. Од четврток следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува умерен југоисточен ветер а дневните температури ќе бележат благ пораст.

Уште една успешна презентација на џудистите на Пролетер

4

По повод празникот на Градот Херој 11 октомври во Прилеп се одржа Меѓународен турнир за пионери и кадети. Пролетер на овај турнир настапи со вкупно 38 натпреварувачи кои беа повеќе од успешни на ова такмичење а ова поготово се однесува во конкуренцијата за пионери каде што пионерите од нашиот клуб придонесоа да бидеме прогласени за Најуспешна екипа во пионерска конкуренција. Севкупно ЏК Пролетер освои 29 медали од кои најуспешни (прво место) освоија:
Петрески Мартин, Петејчук Лука, Спиркоски Давид, Ѓеорѓиоски Јордачо, Томеска Марија, Ангелов Борче.
Второ Место освоија :Цаноски Валентин, Спиркоски Дино, Димеска Теодора, Стојческа Симона, Велкоски Давор, Ана Марија Трајческа, Александра Макеска,
Трето место освоија: Гешоски Леонид, Галески Тадеј, Михаил Стојаноски, Павлоски Михаил, Кироваков Марко, Петрески Димитар, Крстески Иван, Натали Димеска, Самарџиоска Марија, Ристеска Симона, Ристески Гоце, Велкоски Дарко, Лашкоски Мето, Гешоски Симеон, Паноски Марко и Петреска Сара.
Членовите на ЏК Пролетер –Прилеп и овај пат беа успешни освоија голем број медали а повеќе радува фактот што кај нив се гледа константниот напредог , нивната работа и квалитет.
Честитки за постигнатиот успех.
Тренери : Димитријоски Славе , Димитријоски Александар

5

3

2

1

Норвешка: Бегалците на острови каде има повеќе поларни мечки од луѓе

norveshka-begalci-1

Норвешките политичари имаат „брилијантна“ идеја како да го решат проблемот со бегалците од Блискиот исток. Тие ќе се сместат на острови каде има повеќе поларни мечки од луѓе.

Норвешките политичари имаат „брилијантна“ идеја како да го решат проблемот со бегалците од Блискиот исток. Тие ќе се сместат на острови каде има повеќе поларни мечки од луѓе.

Имено, тие се досетиле дека може да ги населат на Свалбард, напуштениот архипелаг во северниот Атлантик. И тука не би имало никаков проблем, освен тоа што на тие острови има повеќе поларни мечки од луѓе.

Сепак норвешките политичари се упорни и сто отсто се уверени во исправноста на сопствените идеи. За таа цел веќе е контактиран и гувернерот на Свалбард, кој треба да ја легализира таа идеја, со оглед на тоа што Свалбард не е дел од Шенген зоната и неможе „така лесно“ да ги прими бегалците.

Повеќе од 2.800 жители на островите воглавно се рудари, а проблемот е што најголемата компанија на Свалборд, Сторе Норс, неодамна објави дека ќе подели 150 откази.

– Ќе направиме прифатен центар и ќе смислиме некои работни места. Европа е под силни напади и нашите етички стандарди се под големо искушение, изјави Еспен Клунгсет Ротеватн, лидер на норвешките „Зелени“.

Со идејата за испраќање на бегалците на север се сложија сите освен Напредната партија, која жестоко се бори против имигрантите. Минатиот месец еден член на таа партија предложи 10.000 мигранти да бидат испратени на остров, но само за да им се покаже колку малку место има во Норвешка.

Единствениот проблем во целата приказна е што Свалбард има посебен статус во Норвешка и дека правно е мошне тешко да се наседат луѓето на островите каде има повеќе поларни мечки од луѓе.

Сепак политичарите се надеваат дека тоа ќе биде изводливо и дека бегалците, што цел живот го поминале на работ на пустината, ќе уживаат во вечниот снег и мраз, пренесува јутарњи.хр.

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Загина 24- годишен прилепчанец

13500002737349

Николче Мирчески, роден 1991 година од Прилеп го загуби животот во сообраќајна несреќа што изутрината се случи на патот Прилеп – Крушево.

Според портпаролот на СВР Битола, Сања Таматова несреќата се случила изутрината околу 6 часот и 20 минути, кога возилото „Рено меган“ со прилепски регистерски таблички, од засега непознати причини, излетало од патот кај селото Врбјани.

– Возилото е пронајдено во нивите крај патот полни со вода. Момчето починало на лице место, изјави Таматова.

Полицијата и основното јавно обвинителство направија увид на местото на несреќата. Наредено е да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Според заменик-јавниот обвинител Дамчо Кочоски, на телото на момчето не се пронајдени телесни повреди, автомобилот бил речиси целосно во вода.

Одблиску со младиот и шармантен водител

Димитар Атанасовски е амбициозен ТВ водител со многу реализирани проекти и стекнат огромен респект од македонската публика во ТВ етерот. Постојано позитивен и насмеан, Димитар е една од најсветлите точки на националната телевизија кај нас. За маркукуле.мк раскажува за почетоците на својата кариера, за неговото учевство на “Taнц со ѕвездите”, своите желби и интереси. Од поново време, Димитар работи уште како Маркетинг директор во фабриката за идеи како што ја нарекуваат, Идеа Лаб.

 

За почеток, кој е Димитар Атанасовски?

Димитар Атанасовски е една темпераментна личност, која сака да ги користи 25 од можни 24 часа во денот. Сака многу да работи, сака успешно да работи и да се посветува на работата за да има резултати.

Кој те вовлече во светот на медиумите?  

“Ова ме враќа на 18-годишна возраст, а како да било пред 100 години. Сосема случајно, пријателка на чичко ми којашто работи во МТВ ми кажа дека има аудиција за млади и нови водители во нашата национална телевизија. Јас бев голем противник да се појавам на таква аудиција зашто мислев дека водителството и медиумнот не се нешто што би сакал да го работам. Аудицијата беше закажана во петок во 12 часот, а јас тој петок во 11.30 полагав испит на факултет. А таму ми го одложија испитот за неколку дена. Дали се поклопиле коцките не знам, ама си реков да си ја пробам среќата, па отидоив на аудицијата. Ме застанаа пред камера, ми рекоа да им кажам кој сум, што сум, што правам, си кажав, и во понеделникот ми се јавија да ми кажат дека имаат емисија за мене. Да не беше пријателката на чичко ми, сега можеби немаше да бидам водител”.

Што има поголема магија, телевизијата или радиото? 

“И во двете има многу голема магија, неспоредливо е едното со другото. Пред некој ден разговаравме за тоа во радио, зашто поголемиот дел од колегите исто така работат и во телевизија. Јас телевизијата не би ја сменил за ништо на светот, зашто таму сум почнал и магијата што ја доживувам таму не можам да ја доживеам во радио. Двете имаат различна магија која не може да се споредува, ама двете ме исполнуваат”.

Дали имаш некој идол, некој за кого си сакал да бидеш кога ќе пораснеш?

Кога бев мал многу сакав да бидам полицаец. Идол како личност никогаш не сум имал. Многу гледав странски филмови , гледав филмови со суперхерои, ама од друга страна пак никогаш не сум се поистоветувал со некој таков. Подоцна кога почнав да работам на телевизија имав идоли и имав емисии кои што не престанував да ги гледам, од типот на Џамбазов шоу. За мене човекот е се уште број еден шоумен, како што би рекол он, шоумен без сопствено шоу во Македонија. Секогаш сум сакал да градам свој сопствен став за работите  и свој сопствен стил, кој подоцна ќе направи да бидам препознатлив.

Од каде идејата за ИДЕА ЛАБ , што всушност работи Димитар во ИДЕА ЛАБ и која е неговата главна улога ?

Првичната идеја за ИДЕА ЛАБ беше на Ема Темелковска, која имаше замисла да си започне нешто свое и да го работи тоа што го сака цел живот. Претходно со Ема имавме реализирано неколку проекти заедно, таа во PR-делот, јас како водител, но никогаш не сме седнале за да разговараме за нешто заедничко што може да прерасне во сериозна компанија. По неколку месечното договарање, решивме да започнеме и засега одлично ни оди. А што се однесува до работата на Димитар во ИДЕА ЛАБ, можам слободно да кажам дека е од местење знаменца на бандери до комплетна pr или маркетинг стратегигија. Од работа нема срам, тоа е барем моето мото =)

Беше учесник во втората сезона на Танц со ѕвездите, како дојде до тоа да го прифатиш тоа учество?

Јас ја следев и првата сезона, многу ми се допадна тоа. Втората сезона дојде многу неочекувано, прво, заради тоа што не очекував дека мене ќе ме викнат на такво нешто, второ,  јас никогаш не сум се гледал како танчер или како ѕвезда која би учествувала во такво шоу. Најголемата причина поради која што го прифатив моето учество беше предизвикот, сакав да се видам во таква улога и сакав да видам како ќе се снајдам. Од емисија во емисија се повеќе ми се допаѓаше концептот, се повеќе сакав да се докажувам и затоа со Јована која што ми беше партнерка, вежбавме по 6 до 7 часа дневно. По цел ден бевме во телевизија и се посветивме максимално на тоа и на крај тоа беше резултат да ослабам 10 кила и на некој начин да се заљубам во тоа што се нарекува танцување и подготвување кореографија.

Дали од секогаш те фасцинирала јавноста и дали можеш да се замислиш себеси да работиш работа затворен во канцеларија?

Па искрено, не можев, ама како поминува времето, гледам дека и така можам да се снајдам. Инаку, сум изјавил неколку пати, од водителството јас нема да се откажам зошто ми е првата љубов.

Кога би можел да кажеш дека си успеал во животот?

Јас сум девица во хороскоп, јас сум перфекционист и најверојатно јас никогаш нема да кажам дека успеав и ќе одмарам. Знам да ценам успех, знам да работам напорно за да стигнам до успех, ама од друга страна пак знам да се мотивирам повеќе за да стигнам до нови успешни работи и до повеќе работа која што ќе ми донесе успех. Сега, од денешен аспект, можам да кажам дека сум успешен во тоа што го правам, затоа што сум 9 години на телевизија, 6 години на радио и 2 години сум сопственик на ИДЕАЛАБ која што прилично успешно граби на пазарот. За овој период имам постигнато успеси, но тоа не е мојот максимум и знам дека можам многу, многу повеќе од ова.

Што прво помислуваш наутро кога ќе се разбудиш?

Зошто најчесто се успивам, си помислувам, кој крај да го фатам.

Каде се гледаш себеси за 20 години?

На некоја планина, во многу помирно издание…

Со кој холивудска актерка би снимил жешка сцена?

Со… порано имав список за вакви работи, сега немам некоја посебна желба… Еве оставам на холивудските актерки да одберат.

Објасни ни што е тоа судбина?

Нешто што луѓето ги тера да се откажуваат од работите и да чекаат нешто непостоечко да им ги реши проблемите.

Која историска личност би сакала да бидеш барем еден ден во животот?

Филип Втори.

Да знаеш дека утре е крајот на светот што би правел денес?

Би им кажал на сите, за да прават и тие што сакаат.

Каков е Димитар приватно?  

“Мислам дека сум истиот зашто и претходно бев оптимист и ентузијаст. Можеби само повеќе дојде до израз мојата самодоверба, зашто работата во медиум влева самодоверба.”

Брзи автомобили или мотори? 

“Возам и едно и друго, ама адреналинот на мотор е поголем, а јас сакам адреналин”.

Доколку Димитар Атанасовски не е ТВ лице , водител , ПР , сопственик на ИДЕАЛАБ … што навистина би бил ?

Би си купил 50 овци и како офчар би живеел во село =)