дома блог страница 5320

Поставен споменик на Методија Шаторов – Шарло во Прилеп

1-IMG_1010

Денеска во центарот на Прилеп, беше откриен споменик на македонскиот револуционер и борец за македонската кауза, Методија Шаторов – Шарло (1897-1944). Споменикот на револуционерот пред присутни, го открија градоначалникот на Прилеп, г-н Марјан Ристески, советникот на градоначалникот на Прилеп, г-н Илија Димоски – Шаторо и Балагој Шаторов, потомци на Методија Шаторов – Шарло, Претседателот на ОО на Сојузот на борците на Р. Македонија, д-р Круме Соколоски и претседателот на Друштвото за наука и уметност, д-р Љупчо Попоски.

[Best_Wordpress_Gallery id=”253″ gal_title=”СпоменикнаШАРЛО”]

„Целиот свој живот,  Методија  Шаторов – Шарло го посветил на признавање  на  постоењето на македонскиот народ, горд на секој чекор што е роден во срцето на  Македонија, во градот херој, градот на голем број револуционери и борци за слободна Македонија“, истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, во своето обраќање, нагласувајќи при тоа дека локалната самоуправа и понатаму ќе поставува споменици и спомен обележја на значајни личности во македонската, односно прилепската историја, се со цел да им се одаде почит и да не се заборават луѓето, кои придонеле за слободен и  развоен Прилеп.

Споменикот во бронза на Методија Шаторов – Шарло, поставен во централното градско подрачје, е висок 2,40 м. плус постамент и е дело на скулпторот, Жарко Башески.

По  повод откривањето на споменикот на Методија  Шаторов – Шарло, во градската библиотека „Борка Талески“, денеска  се одржа и Свечена Академија, посветана  живо  и  делото на на  револуционерот.

 

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ЗАСТРЕЛАН ВО СКОПЈЕ

Едно лице е застрелано во престрелка која вчера околу 23 часот се сличила во близина на ресторанот Фурна во центарот на Скопје.

prestrelka

Околу 22.05 час на ул. „М.Т.Гологанов“ бб на паркингот на ресторанот „Фурна“ лицето М.Ј. (1976 ) од Прилеп било застрелано од непознато лице во моментот кога сакало да го вклучи својот џип „ПМВ порше кајен џип“ и да замине. Непознатото лице испукало два проектила од пиштол од засега непозната марка кон возилото, тие го пробиле совозачкото десно стакло, а излегло од возачката врата при што му нанело видлива повреда огреботина на ногата.

Повредениот го напуштил местото на настанот со своето ПМВ, заминал дома и заедно со сопругата по 40 минути од настанот се враќаат повторно на лице место и го пријавуваат настанот во полиција. На местото пронајдени се две чаури од НН калибар.

Причините за сега се непознати…

Џиџи Буфон – МЕГАЦАР! Го истетовира ликот на навивач кој има негова тетоважа – ВИДЕО

14640881031467

Џио го сака фудбалот, а Џанлуџи Буфон го обожава. Толку многу што го истетовирал неговиот лик на својот бут. Веројатно не е единствен со сличен цртеж на своето тело, но сигурно е единствен кој доживеал да го види својот идол, со својот лик на него.

Секако, се работи за промоција на Лигата на шампиони пред одигрувањето на финалето во Милано. Сепак, одлична промоција, која Џио ќе ја памети додека е жив, а на Буфон можеме само да му симнеме капа. Затоа е и НАЈГОЛЕМ!

А.Г.

Фудбалерите на ООУ “Кочо Рацин” трети на државен

Fudbalerite_od_OU_Koco_Racin

Фудбалерите Марио Ачкоски, Леонид Дерменкоски, Бобан Дебрешлиоски, Димитар Паскоски, Леонид Дамкоски, Марио Дебрешлиоски, Александар Златевски, Стево Илиќ, Бојан Шубески, Ѓорѓи Трајчески, Борче Макешоски, Филип Стојкоски, Димитар Недески, Марко Ѓорески, Димитар и Никофор Илиоски од ОУ „Кочо Рацин“ се изборија за третата позиција на државното првенство во голем фудбал. На општинскиот натпревар не само што ги победија сите четири екипи, туку завршија и без примен гол.

На државното финале пресудна била среќата на противничкиот тим. Решавајќи се на пенали, и покрај добрите шутери, некој морал да утне. Заштитник на голот, кој не дозволил ниту еднаш да се протне топката во мрежата, бил голманот Марио Ачкоски. А од стрелците се истакнале Шубески и Златевски. Но, не оставајќи се да бидат последни на табелата, со цврста игра, бодрејќи се еден со друг, зедоа барем бронза, совладувајќи ја екипата на ОУ „Пере Тошев“ од Росоман.

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

Форензичарот во ШОК: “Немаше ниту едно цело тело” – Нови детали од трагедијата

Ostaci aviona EgyptAira

Египетски форензичар, кој сакал да остане анонимен, објави денес дека остатоците од човечките тела, од кобниот лет МS804, јасно укажуваат на тоа дека се работи за експлозија.

Особено ги прегледав телата во мртовечницата. Па немаше ни едно цело тело, рекол експертот, пренесува Daily Mail.

Додал дека експертите добиле околу 80 мали делови на тела, за да ги прегледаат, при што единствениот можен заклучок е дека се работи за експлозија.

Да потсетиме, пет дена откако што исчезна од рутата од Париз кон Каиро, некои делови од авионот, појаси за спасување, лични предмети на патниците и човечки остатоци се пронајдени. Но, и понатаму ги нема црните кутии, кои најдобро би докажале што всушност се случило со кобниот лет.

На почетокот грчкиот министер за одбрана Панос Каменос тврдеше дека авионот при влезот во египетскиот воздушен простор, најпрво завртел 90 степени на лево, а потоа ротирајќи се надесно направил цел круг.

Fhab Azmi, шефот на египетската контрола за летање, изјавил за АP, дека авионот нормално летал на висина од 11.000 метри, пред исчезнувањето од радарот.

А.Г.

ВИДЕО – Коњ во улога на бебиситерка

1212

Видео кое се појави на интернет, ги воодушеви сите. Коњот по име Дон се најде во улога на бебиситерка и одлично си ја заврши работата.

А.Г.

СЕКОЈА ЧЕСТ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ:Иванов ја пречкрта референцата ПЈРМ и напиша Македонија на Самитот во Истанбул

Откако домаќините увиделе дека Иванов на заедничката фамилијарна фотографија од самитот којшто e во организација на Обединетите нации, е заведен како “Претседател на ПЈРМ” тоа предизвикало непријатност, бидејќи и самите тие не очекувале такво нешто.

ivanov-1-640x327

Македонскиот претседател лично ја пречкртал привремената референца ПЈРМ, под неа напишал Македонија и потоа го ставил својот потпис, информираат од кабинетот на Иванов.

Турските домаќини изразиле жалење за овaa непријатност и со аплауз го дочекале ваквиот гест на македонскиот претседател, а како што дознаваме поддршка за неговиот непосреден пристап искажале и дел од присутните лидери.

Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, каде што учествува на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул, во организација на Обединетите Нации.

 

Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители

Во Македонија денеска ќе се одбележи 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

kiril-i-metodij-1

По тој повод делегации на Владата и на Собранието на Република Македонија ќе положат цвеќе пред споменикот на словенските просветители близу Камениот мост во Скопје.

Во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи свечен собир кој се организира заедно со Бугарската академија на науките. На собирот ќе бидат промовирани три заеднички изданија на двете академии, а ќе биде отворена и изложба „Графичка мапа на глаголицата“.

Најавено е обраќање на претседателите на МАНУ и БАН, академик Таки Фити и академик Стефан Воденичаров, а пригодни говори ќе одржат академик Блаже Ристовски за „Кирилометодиевата традиција во Македонија“ и академик Дамјан Дамјанов кој ќе говори за Кирилометодиевите традиции.

ХОРОР: Фудбалер почина откако беше удрен од противникот на терен (ВИДЕО)

Од силни удари од страна на противничките фудбалери, Микел Фавре почина на самото место, за време на фудбалски натпревар.

 

smrt-fudbaler

Имено, по 20-ина минути игра, Фавре бил во дуел со Алехандро Квинтана, но веднаш станал, а потоа на него налетал друг фудбалер од кого примил удар во пределот на вратот.

Од силината на ударот во пределот на вратот, несреќниот фудбалер паднал на тревата и починал на лице место.

-Ударот кој го добил бил смртоносен, изјавила докторката Изабел Гарај.

Летово во Грција на одмор само ако имате подлабок џеб

leto (1)

Грчката влада ќе воведе нови мерки за зголемување на данокот на додадена вредност – ДДВ на храната и комуналиите со цел да заштеди 1,8 милијарди евра, што е еден од предусловите кои ги поставија меѓународните кредитори за дополнителната финансиска помош. Новиот закон на вкупно 7500 страници што грчката влада пред 3 дена го донесе во Парламентот.

Локалните медиуми наведуваат дека ДДВ – ­то на храна и пијалаци, вклучувајќи ги и рестораните и баровите, ќе биде зголемено од 23 на 24 проценти. За истиот износ ќе биде зголемен и износот на ДДВ- ­то на картите за патување на локалните и меѓународни линии. Цените на бензинот и дизелот ќе бидат зголемени за пет, односно за осум проценти. ДДВ- ­то ќе биде зголемено и за цигарите, фиксната телефонија и телевизиската претплата. Цената на ноќевање во хотелите во Грција од 2018 година ќе биде зголемена за две до четири евра. Според наводите на медиумите, нацрт ­законот за новите мерки наскоро ќе биде претставен во парламентот и се очекува дека гласањето ќе биде најдоцна до викендот. За македонските туристи, тоа ќе значи поскапување на туристичките аранжмани.

Пресметките велат дека за едно семејство од 4 члена, 10 дневното летување во Грција ќе стане поскапо за околу 150 евра.