дома блог страница 5319

Специјализарана едукација – Семејството и правата на детето како клучен фактор во образованието

1-IMG_1148

Денеска во ОУ „Кочо Рацин“ беше одржано предавање на тема „Семејството и правата на детето како клучен фактор во обрзаованието“. Предавањето имаше цел да дадеме придонес во процесот на образованието на децата и зголемувањето на нивото на знаења на наставниот кадар кој игра значајна секундарна улога во воспитно-образовниот процес. На предавањето стана збор и за традиционалниот брак кој повеќе не уживал монопол, туку добива конкуренција во новите форми на заедници на живот   (поради кои се појавуваат нови модели на семејства ), вонбрачни,     монородителски,  рекомпонирани и др. Настанот беше посетен од страна на градоначалникот Марјан Ристески и советникот за образование Марјан Матракоски кои, освен што ги поздравија присутните, посочија дека општина Прилеп секогаш дава поддршка на образованието и правилното воспитување на децата. На настанот беа присутнии наставници од другите основни училишта од градот.

1-IMG_1169

1-IMG_1150

1-IMG_1156

1-IMG_1157

1-IMG_1164

1-IMG_1165

По стапките на својот татко, младиот Давор Шокоски созрева во нова ракометна икона

Давор Шокоски е наследникот на врвното име на прилепскиот ракомет Боро Шокоски. Истото презиме повторно се појави овој пат на дресот на РК Прилеп, сега зачинето со младоста на Давор, брзината и врвниот талент кој одново оживува. Квалитетот е веќе препознаен, откриен и од ден на ден созрева во ново ракометно име, кое ќе биде предводник на теренот и жестоко ќе го гази паркетот во ракометните сали.

12184126_1668868840019747_1184837190493166035_o

Здраво Давор и добредојде на маркукуле.мк

Давор ти си млад ракометар со многу потенцијал и светла иднина пред тебе. Кажи ни повеќе за твоите запознавања со овој спорт, позицијата на која играш и развојот на досегашната кариера?

Мојата љубов кон ракометот датира од мали години кога мојата мајка ме носеше редовно на ракоментните натпревари во тогашната сала на Тутунски Комбинат да го следиме мојот татко. Активно почнав да се занимавам со ракометот на 11 годишна возраст и од 13 годишна возраст станав член на првата екипа на РК Прилеп на позиција лев бек.

Како се снаоѓаш во РК Прилеп и дали постои шанса за напредок и докажување во клубот за младите играчи?

Клубот е склоп од  постари-поискусни играчи,странски играчи и ние младите. Тоа ни дава можност на нас младите да учиме од нив и да се надоградуваме. Сеуште не добивам доволна минутажа, но моја обрска е со редовни тренинзи да се докажам и да се подобрувам, бидејќи мојата цел е еден ден да играм за првиот тим на клубот.

11141218_10203263363779649_2087440583261714430_n

Од неодамна си повикан за младинската репрезентација на Македонија до 18 години. Како дојде тој повик и какви се првичните впечатоци за тебе, да се игра за црвено-жолтите бои на репрезентацијата?

Играјќи во младинската и кадетската екипа во нациналното првенство дојде до израз мојот квалитет, кој беше забележан од селекторите на младинската репрезантација. Бев изненаден, а во исто време и многу среќен дека мојот труд вроди со плод. Да се игра за црвено-жолтиот младински  тим е едно големо искуство, во исто време направив споредба со моите врсници од другите репрезентации до каде сум и тоа ми дава мотив за напорна работа.

12983316_1051912128199375_4298855271794045036_o

Постојат ли други клубови кои се заинтересирани или го следат твојот напредок како играч, и дали воопшто би заминал од Прилеп со првата укажана шанса?

Прва и основна цел ми е да станам стандарден првотимец на РК Прилеп и сметам дека со самото играње и докажување ќе дојдат и можните трансфери во поголемите клубови.

Како ја темпираш својата форма, што е потребно за постојано движење во нагорна форма кај младите спортисти?

Обврската на секој тренер е да ја темпира формата на играчите во клубовите, благодарение на нив во нашиот  клуб ја одржуваме таа форма во нагорна линија.

12593728_1714800068759957_2316855442608074964_o

Кои се твоите ракометни идоли од домашниот и светскиот ракомет?

Најдобрите играчи во  историјата на македонскиот ракомет кои оставиле белег се  Пепи Манасков, Кирил Лазаров, Стефче Алушевски. Но тука не заостанува и мојот татко Боро Шокоски. Ја имав таа прилика лично да се запознам со повеќето од нив и да се дружам. Дефинитивно, идол од домашната ракометна сцена е мојот татко. Сепак, постои и идол од светскиот ракомет, најдобриот играч кој ја играл оваа игра, Никола Карабатиќ.

Кажи ни нешто повеќе за твоите желби, аспирации, за она што сакаш да го добиеш од ракометот и до каде би сакал да стигнеш со овој спорт?

Една од моите најголеми желби, да оставам белег во македонскиот ракомет исто како мојот татко дури и повеќе од тоа. И се разбира, како и мој така и сон на секој ракометар е да игра за еден од најдобрите ракометни клубови во светот.

10481136_1714796065427024_4266381327995582074_o

Што би било особена гордост за тебе?

Гордост би било, пред полна сала, да ги бранам боите на мојата татковина, каде цела сала го извикува моето име.

Што друго го преокупира твоето слободно време?

Се разбира, јас сум ученик во С.О.У Гимназија “Мирче Ацев”. Времето го поминувам во учење, дружба со моите другари, моите најблиски, прошетки, т.е како и сите други млади луѓе.

За крај кое е твоето мислење за моменталната состојба на младите кадри во ракометот во Прилеп и државата? Дали доволно се вложува во млада крв, дали доволно се работи со младите ракометари и колку се вложува во вас?

Моментално, најдобри два клубови во Македонија се Металург и Вардар, со свои академии, сепак не заостануваме и ние од Прилеп, кога во 2015-та година, на Финал 4 на младинската лига го освоивме второто место на ниво на Македонија, победувајќи ги во полуфиналето Металург. За жал, во финалето се сретнавме со екипата на Вардар, каде повеќе од очигледно, загубивме и го освоивме второто место.

Порака до читателите на маркукуле.мк

Би им препорачал на сите читатели на маркукуле.мк редовно да го следат сајтот, ако сакаат да се информираат за секојдневните настани во градот.

 

А.Г.

ШОК ЗА РЕАЛ: Роналдо се повреди, го пропушта финалето?! (ФОТО)

Кристијано Роналдо по пауза од неколку дена се појави максимално рехабилитиран на утринскиот тренинг, но само два часа по крајно оптимистичката порака, стигнаа доста загрижувачки вести од Валдебебас тренинг комплексот.

 

1

Мадридските медиуми „Марка“ и „Ас“ будно ги следат сите случувања во Реал, а сега токму напладне пренесоа вест и која како го навлече стравот меѓу фановите на „кралскиот клуб“ во пресрет на финалниот натпревар со Атлетико во Лигата на шампионите.

Како што пренесува „Марка”, Роналдо по дуелот со Карвахал паднал врз Касилја, а потоа го напуштил тренингот.

2

Роналдо изреагирал доста панично и се пожалил на силен удар во мускулот на левата нога, експресно побарал помош од физиотерапевтите и лекарите на Реал и веднаш потоа со болна и сериозна гримаса на лицето се упатил кон соблекувалните и предвреме го завршил тренингот.

Како да го отстраните забниот камен во домашни услови?

nasmevkazabi-650x396

Кафеавите или жолтите наслаги на забите можете да ги отстраните сами дома. Забниот камен е чест проблем и современата стоматологија предлага голем број начини за негово отстранување. Но, постои една метода што одлично го решава овој проблем, а ќе заштедите и пари.

Темелната хигиена на усната шуплина е мошне важна: ако не се води грижа за забната глеѓ и на време не се отстрани забниот камен може да се развие воспалитечлно заболување – пародонтопатија, кај која што инфекцијата стасува преку коренот во самиот заб, а која предизвикува и воспаление на мекото ткиво.

За среќа постои природно средтство за превенција на оваа непријатна болест.

Состојки:

  • 4о грама лушпи од ореви;
  • 250 мл вода;

Подгответе ги лушпите во вода околу 20 минути. Тргнете ги од оган и поклопете. Оладете и процедете.

Натопете ја четкичката за заби во овој растор на 10-тина минути.  Потоа со неа темелно исчистете ги забите, повремено натопувајќи ја во растворот. Оваа процедура можете да ја повторувате и до три пати дневно.

Подготвената вода можете да ја користите два дена, а потоа подгответе нова. Веќе по неколку дена резултатите ќе ве израдуваат.

Лушпата од ореви е моќно антибактериско сретство што исто така, помага и во чистењето на забната глеѓ од непријатните наслаги. Оваа процедура е корисна и за оние што страдаат и од крварење на непцата, а воспалението брзо исчезнува.

Мешавина која треба да ја ставите во утринското кафе за да ги стопите килограмите

Освен тоа што мешавината ќе го подобри вкусот на кафето, комбинацијата ќе ви го забрза метаболизмот и ќе ви го олесни губењето на вишокот килограми.

mesavina

Утринското кафе е ритуал без кој не можеме да си го замислиме денот, па затоа овој рецепт е лесно изводлив.

Се работи за додаток од следниве состојки:

  • ¾ шолја кокосово масло
  • ½ шолја мед
  • 1 лажица цимет
  • 1 лажица чисто какао


Начин на подготовка:

Соединете ги сите состојки и мешајте додека не добиете паста. Претурете во чиста тегла со капаче.

Секое утро кога ќе го сварите кафето, додадете 1 до 2 лажички од смесата додека е уште жешко. Мешајте 5-10 секунди и потоа може да уживате.

ВИДЕО: Тргна да ја тепа девојката но се појави светската шампионка во таеквондо

tepacka (1)

Русинката Олга Иванова во 2013 година освои златен медал на светското првенство во таеквондо во тешка категорија, кое е одржано во Мексико. Истата година таа шетајќи по улиците на Чељабинска налетала на маж кој се карал со жената, ја буткал и влечел.

Таа дојде да помогне, а кога момчето тргнало кон нејзе, Олга со еден одлучен удар го натера како фетус да легне на земја.

Иако многу се сомневаа во веродостојноста на снимката, Иванова потврди дека е вистинска. Градоначалникот на Чељибанска ја награди за овој потег.

Изел 20 чоколади и испил 6 литри газирано – на Ургентен збунети од обидот за самоубиство

brza pomos (1)

Лекарите во Ургентниот Центар во Лесковец останале шокирани откако момче од Србија се обидело да се самоубие со слатки и газирани сокови. Се работи за 30-годишно момче кое изело 20 чоколади и испило 6 литри газирани сокови, сакајќи да си го одземе животот.

Пациентот паднал во состојба на хипергликемија, а лекарите брзо морале да пронајдат начин како да му го стабилизираат организмот.

– Не се умира така лесно од покачен шеќер во организмот, но се создаваат други проблеми. Најлошо што можело да се случи е да падне во кома. Ова е прв ваков случај, велат од болницата.

Најбизарниот случај на обид на самоубиство во овој град се случил кога едно момче во ист ден три пати кренало рака на себе.

Пустош во Јагодина: Еве што остави зад себе торнадото (ФОТО+ВИДЕО)

Невремето почнало околу 13:30 и траело околу половина час. Веднаш потоа над градот од западната страна се појавил црн облак во вид на пијавица.

 

2

Потоа од небото се спуштило торнадо, појава која е несвојствена за овој регион.

1По торнадото останал пустош. Летале покриви од куќите, а многу од куќите претрпеле и материјална штета.

3

 

ВИДЕО – ДА СЕ НАЕЖИТЕ: Голем Град во Преспа врие од змии

1212

Голем град или змиски остров во Преспанското Езеро е предизвик за многумина, од туристи, па до авантуристи. Островот има долга историја и крие доста мистерии и богато културно наследство. Сепак овој природен резерват е популарен и по големата популација на рептили.

Охриѓанецот Зоран Брдаровски направил еден голем подвиг. Поминал еден ден на островот и снимил кадри на кои се гледа огромна бројка на змии.

Секоја чест за огромната храброст да се биде очи во очи со страшните животинки.

Погледнете….

А.Г.

Денот на сесловенските просветители одбележан со велосипедска трка во Прилеп

1-IMG_1037

По повод 24 –ти Мај, Денот на сесловенските просветители, денeска во Прилеп, стартуваше  традиционалната велосипедска трка насловена како  „Сите на велосипед“.

Велосипедската тура, која се возеше во должина од 11км, односно 20 км, започна од центарот на Прилеп и се возеше до  населното место М.Коњари, па назад во центарот на Прилеп. На неа  учевство зедоа над  500 велосипедисти,  љубители на велосипедизмот, од најмала до највозрасна категорија, односно сите оние кои возат и го сакаат велосипедот. Воедно, на  трката се вклучија и велосипедисти од општина Кривогаштани, кои тргнаа од нивната општина  и  заедно стасаа на целата до аеродромот во М .Коњар, со прилепските велосипедисти.

1-IMG_1043

1-IMG_0935

1-IMG_1042

Велосипедската трка  „Сите на велосипед“, која е во организација на Сојузот на училишни спортови на Прилеп и општина  Прилеп, имаше ревиален карактер, но сепак на неа беа наградени учесниците. Награди добија најмалиот и најстариот учесник од двете општини.

1-IMG_1113

1-IMG_1091

1-IMG_1097

„Цел на велосипедската трка  „Сите на велосипед“,  е да се промовира велосипедот како најеколошко и најприфатливо средство за патување, кое не ја загадува околината “, истакна градоначалникот на  Прилеп, Марјан Ристески, која  ја отвори трката и им посака успешно пристигнување до целта на сите учесници.

1-IMG_1071

1-IMG_1067