дома блог страница 5301

ВИДЕО – Неверојатна желба за живот: Роден без нозе, побегнал од Сирија, а сега ги тренира бегалците

Абдула, исто така познат како Белинд или “високо место” на курдски јазик, е еден од бегалците кои живеат во ирачкиот камп за мигранти Гавилан. Али Белинд не е обичен бегалец. Тој е роден без нозе.

abdulah-foto-printscreen-youtube-1464952812-921109

Тој живее со своето семејство во Гавилан од 2013 година, откако побегнал од својот роден град Камишли. Во кампот моментално се наоѓаат 7.500 мигранти, кои се воглавно сириски Курди, кои побегнале од вооружените борби во северна Сирија и побарале засолниште.

Без разлика на неговата состојба, тој храбро поминал долг пат и стрмни ридови, за да дојде до сигурното засолниште.

Во кампот, баш како и во Сирија, тој му пркоси на својот инвалидитет, со инспиративна енергија.

Како бивши шампион во кревање тегови, тој ги тренира младите беглаци во кампот, игра фудбал и пинг-понг, а исто така дава и часови по танц.

Неговиот сон е да замине во САД каде ќе може да добие третман и да го продолжи школувањето. UNHCR работи на неговото поставување на листата за преселување, за да може да се лечи во странство.

A.Г.

ФОТО – Кога пивото е поважно од вода: Во Белгија се гради пивовод од 3 километри!

Идејата изгледала луда, но благодарејќи на самодовербата на 400 љубители на пивото, сонот за создавање за цевковод со пиво во белгискиот град Бриж, се остварува.

4

Сопственикот на еден ресторан Филип Ле Луп за “пивоводот” дал 10.000 евра, вели дека треба да се биде луд и да се влези во еден таков прект, пренесува агенцијата Бета.

“Имав пари затоа и ми се допадна. Па и дадов пари на локалната пивара”, вели тој.

2

 

Пред четири години пиварот Завје Ванесте дошол до идеја да пивото од својата пивара во Бриж, го пумпа преку цевковод, наместо да го носи во стотици тури со камиони до потрошувачите. Тоа што му изгледало како нереален план, се покажа како возможно, кога Ванесте поразговарал со месните љубители на пивото.

На почетокот многумина се шегувале.

Благодарејќи на Ле Луп и други, веќе се гледа почетокот на цевководот кој од есен ќе пумпа 4.000 литри пиво на сат, кон погонот за флаширање, кој се наоѓа на три километри од пиварата.

3

Поставувањето на цевковод долж улиците преку кој муштериите ќе можат да точат пиво, било утописка идеја, дури и за Ванесте, но направил што можел, вовел претплата за пиво, со доживотна гаранција за снабдување.

“Имаме неколку категории на претплата: бронзена, сребрена и златна. Ако уплатите на пример 7.500 евра, секој ден ќе добивате по една флаша пиво, целиот живот”, истакнува тој.

Таа понуда била привлечна, при што со таквиот потег обезбедил 10% од вкупно 4 милиони евра потребни за цевководот. Со тоа Ванесте станал многу популарен.

Властите не само што му дале пари за тој проект, туку и му обезбедиле политичка поддршка, затоа што многу луѓе ја поддржувале идејата за изградба на “пивоводот”.

belgium-is-tunneling-beer-through-a-pipeline-underneath-one-of-its-most-famous-cities

А.Г.

ВИДЕО – Кога организаторот ќе ја утне химната

3_fsc_160605_copa_uruguay_anthem_web_1280x720_699507779562.vresize.1200.675.high.1

Вчерашниот натпревар од Копа Америка помеѓу Мексико и Уругвај, го одбележа едн голем пропуст на организаторите од САД. На почетокот на натпреварот на фудбалерите на Уругвај им беше пуштена химната на Чиле, наместо нивната.

Фудбалерите збунети, публиката со свирежи, но сепак химната на Чиле не беше прекината.

Погледнете го видеото:

А.Г.

ФОТО – Ја заглавил главата во веш машината, го ваделе пожарникари

Пожарникарите во кинескиот град Fuqingu имале полни раце со работа, за да од веш машина извадат еден несреќен човек.
2016-05-30t151411z_69993298

Неименуваниот човек се обидел да го утврди местото на дефектот на својата машина, па притоа се заглавил. Неговиот цимер, кој безуспешно се обидувал да му помогне, бил приморан да ги повика пожарникарите.

Кога помошта пристигнала, човекот веќе бил во тешка состојба поради недостаток на воздух, како и од обидите да се извлечи. На пожарникарите  им биле потребни 40 минути да ја пресечат расипаната машина и да го извадат овој несреќник од внатре.

2016-05-30t151345z_57485792

А.Г.

 

Приказна за човекот кој на злото одговори со љубов, приказна за Абу Лајла

За тие што не знаат Кобане е град на границата на Сирија со Турција и каде од 2014 до крајот на 2015 година, се водеа жестоки борби помеѓу сириската армија и борците на Исламска држава.

12121

Ова е светот каде постојат омразата, лагите и насилството, ова е светот каде на насилството се одговара со уште повеќе насилство, светот каде е потребна премногу љубов и храброст за да се прости.

Ова е приказна за Фејзал Абу Лајла, човекот кој во целата таа злоба и омраза имаше чисто и полно со љубов срце.

Абу Лајла беше командат на Северниот Сончев баталјон кој се бореше против ИСИС при опсадата на Кобане во 2014 година.

Неговиот баталјон беше еден од ретките во Сирија кој беше составен од повеќе етникуми, меѓу кои: Арапи, Курди и Туркмени.

Абу Лајла стекна интернационална слава на 7-ми ноември 2014 година, кога спаси еден припадник на ИСИС заглавен во урнатини во Кобане.

Кога камерманот го праша, зошто спасува непријател, Абу Лајла, кој е муслиман по религија, одговори: “Ние сакаме да му покажеме на светот дека го сакаме човештвото, спротивно на ИСИС кои го мразат и шират смрт на сите страни. Па затоа ќе го извадиме од овде, ќе го лекуваме и ќе го испратиме назат кај неговото семејство”.

Групата на Абу Лајла се бореше рамо до рамо со Курдите, но беа помалку бројни и помалку вооружени од борците на ИСИС. Па до крајот на октомври 2014 година, ИСИС го имаше под контрола поголемиот дел од Кобане и се наоѓаше на 300 метри од турската граница.

Во меѓувреме Абу Лајла продолжи да се појавува низ фронтовите на Кобане со насмевка на лицето.

Сепак настана голем пресврт и ИСИС ги загуби своите позиции во Кобане.

Во одлучувачката битка на 29-ти ноември 2014, борците на ИСИС извршија изненаден напад на Кобане.

Абу Лајла беше во првите борбени редови да го брани Кобане, но беше ранет во таа битка. Иако реши да ја заврши својата војничка кариера на почетокот на 2015 година, сепак го промени своето мислење и се врати кај својот баталјон, повторно со насмевка на лицето.

На 25-ти јуни 2015, ИСИС започна со терористички напади во Кобане, во кои загинаа 200 цивили. Абу Лајла беше во својот дом и се бранеше од балконот на својата куќа. Тој продолжи да се бори до крајот на цела 2015 година, беше победник во многу битки и конечно на крајот од годината го виде ослободен својот град.

Кобане остана во рушевини, но повторно од ново се гради и се појавува нова искра на живот и надеж.

Малку се ваквите луѓе, кои и во најцрните мигови имаат срце полно со љубов, кои сакаат тоа да му го покажат на светот и да не подучат дека и во најтешките мигови и кога мислиме дека дошол крајот на светот, постојат позитивни работи кои треба да го водат човекот.

Пред неколку дена Абу Лајла беше погоден од снајперски оган, при што наредниот ден им подлегна на повредите.

За нас овој човек е херој и вистински пример за тоа како се сака и се гине за својата држава, за својата нација, за својот народ.

 

А.Г.

ФОТО – Како од мајка родени: Илјадници голи луѓе пред колумбискиот парламент

Oколу 6.000 Колумбијци позираа пред американскиот фотограф Спенсер Таник пред парламентот во Богота, со цел да пренесат порака за мир во земјата во која веќе пола век има вооружени судири.
nagi-u-kolumbiji-f2

Учесниците се собрале на плоштадот “Боливар” во центарот на Богота, да би му позирале на славниот американски фотограф, пркосејќи му на ладот.

“Ние и нашата голотија, мирни, спокојни, постоеше момент на мир помеѓу нас”, истакна Kлаудија Барентос, жена на 40 годишна возраст.

1465143525_558150_1465144819_sumario_grande

“Беше одлично. Мислам дека сите се чувствувавме еднакви, сите бевме онакви какви што сме дошле на светот”, наведе 20-годишниот Карлос Белтран.

Таник, кој се има прославено со таков тип на фотографии, објаснува дека сака да пренесе порака на еднаквост, мир и единство.

“Мирот, тоа е рај. Чест ми е што сум  овде во време на промени, во надеж дека мировниот договор ќе биде што поскоро потпишан”, рече тој, мислејќи на преговорите на колумбиската влада и левичарските вооружени групи FARC.

Фотографиите ќе бидат изложени во музејот за современа уметност во Богота.

А.Г.

Иванов ги поништи сите преостанати одлуки за аболиција

Изминаа десет дена откако донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за вкупно дваесет и двајца политички експонирани лица, се вели во писмената изјава на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

 

gjorge-ivanov

-Оттогаш, сите други лица, согласно законските измени, имаа можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Меѓутоа и покрај декларативните најави на дел од нив во јавноста дека ќе го сторат тоа, досега ниту еден од помилуваните не поднесе барање за поништување на одлуките за нивно помилување. Во овие десет дена бевме сведоци на различни толкувања на оваа одлука на поларизираната политичка сцена и обиди да се освојат ситни дневно – политички поени преку оваа одлука за која како и тогаш, така и сега сум уверен дека ќе придонесе за национално помирување и ќе понуди излез од политичката криза во Република Македонија. Поради ова, денеска  донесов одлука да ги поништам и преостанатите одлуки за помилување кои ги донесов на 12 април, се вели во писмената изјава на Иванов.

Тој уште еднаш потсетува дека за разлика од 12 април, денеска имаме нова реалност во Македонија.

-Во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците, вели шефот на државата.

ПРИЛЕПСКИОТ „КРОСРОУД БЛУЗ БЕНД“ СО НОВ АЛБУМ

13322039_10154268630517082_3863319610250504165_n

На 7 јуни во вторник, 2016 година, „Градските прилепски деца“ Crossroad Blues Band ќе го промовираат својот нов албум со наслов „Градско дете“.

Видео промоцијата ќе започне во 20:00 часот, а ќе се одржи во прилепското кино „Мис Стон“. На албумот се поместени десет композиции, сите со авторско влијание и печат од членовите на бендот. Crossroad Blues Band се проверена и докажана блузерска банда која звучи еднакво моќно и на аудио издание, како и во живо (посебно ова второво – нивните свирки се импресивно доживување), па нема причина да се сомневаме во квалитетот и добрата музика која ќе ни ја понудат со нивното ново издание. „Кросроуд блуз бенд“ од Прилеп неодамна завршија со снимање на својот трет по ред албум насловен како „Градско дете“, кој воедно е и прво издание на македонски јазик. Новиот материјал се состои од девет авторски песни, а се снимаше во прилепското студио „Шило“.

Бендот полека се подготвува и за својата летна турнеја, во чии рамки ќе одржи концерти во повеќе земји од регионот.

Се гледаме таму и тогаш – а дотогаш, уживајте во звуците на блузерската екипа и нивната насловна нумера од новиот албум.

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

7F4FCCFCE0E33446A734035C80A1A7D8

Во периодот од 31. мај до 3. јуни во Скопје, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа меѓународен форум на тема ИТ-инфраструктура во централните банки. Форумот беше место за отворена дебата за ИТ-инфраструктурите на централните банки, каде што се разменуваа искуства за тековната поставеност на ИТ-инфраструктурата во централните банки, како и за идните планови.

Форумот го отвори вицегувернерот д-р Фадил Бајрами, по што се дискутираше на повеќе теми поврзани со ИТ-инфраструктурата, меѓу кои би ги истакнале следниве:

– инфраструктурата за висока достапност на две или повеќе локации,

– инфраструктурата за управување со мобилни уреди,

– стратегиите и понудите за инфраструктура во облак (cloud strategy and offer),

– стратегиите за консолидација на инфраструктурата,

– системите за управување со конфигурацијата на ИТ-инфраструктурата (CMDB),

– околините за развој на апликации и

– управувањето со привилегиите на корисниците во ИТ-околината.

На форумот учествуваа 20 претставници од повеќе земји во Европа: Швајцарија, Италија, Франција Германија, Полска, Финска, Турција, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Покрај нив, од страна на Народната банка присуствуваа претставници од Дирекцијата за ИТ, како и претставници на други организациски единици во Народната банка, чиешто работење е поблиску поврзано со ИТ-инфраструктурата.

Младите ученици од ООУ “Кочо Рацин” со прва награда од “Ревијалната вечер” за смотри

13308204_532099650306254_7818782278757088888_o

На “Ревијалната вечер 2016” на смотри за основните училишта во Прилеп, учениците од 1А одделение од ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп, ја подигнаа првата награда. Нивната точка беше насовена  “Спомен на едно време” , и беше доста креативно и интересно осмислена. Идејата за реализација на ваквото мало ремек дело на учениците, беше на наставничката Наташа Мирческа, која на едно врвно ниво ги подготвила децата, да одиграат и да се претстават како вистински професионалци. Реализацијата на “Спомен на едно време” на сцената ја помогна и музичкиот состав “Oктет Прилеп”.

[Best_Wordpress_Gallery id=”274″ gal_title=”Споменнаедновреме”]