[Best_Wordpress_Gallery id=”283″ gal_title=”NokenzivotPrilep11062016″]
ГАЛЕРИЈА – Палачинкијада на Могила
Традиционално и оваа година пред голем број на посетители, гости и ученици во градот под Марковите кули беше одбележан крајот на учебната година со манифестацијата „Палачинкијада“. Манифестацијата беше збогатена и со изборот за „Нај 5-ка” во организација на неделникот „Зенит” и детската страница „Петка”. Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ја поздрави манифестацијата, посакувајќи им на учениците добро да се одморат и од септември подготвени да стартуваат во новата учебна година.
За „НАЈ“ ученици за учебната 2015/2016 г. беа прогласени: Марко Таневски од ООУ „Гоце Делчев“, Исидора Ангелеска од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, Фросина Николоска од ООУ „Кочо Рацин“, Тамара Мирческа од ООУ „Добре Јованоски“, Ана Плетварец од ООУ „Климент Охридски“, Викторија Дунимаглоска од ООУ „Блаже Конески“ и Бранислав Попоски од ООУ „Рампо Левката“.
[Best_Wordpress_Gallery id=”282″ gal_title=”Palacinki”]
„НАЈ“ наставници се: Александра Андоноска од ООУ „Гоце Делчев“, Сања Кочоска од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, Благојче Ристески од ООУ „Кочо Рацин“, Емил Димоски од ООУ „Добре Јованоски“, Наташа Милеска Михајлоска од ООУ „Климент Охридски“, Бранко Бабаноски од ООУ „Блаже Конески“ и Даница Кирилова од ООУ „Рампо Левката“.
Наградата за „НАЈ“ одделение ја понесоа учениците од 7-3 одделение од ООУ „Блаже Конески“ со наставникот Дејан Ангелески.
Изборот на „НАЈ“ училиште, со најмногу гласови и кош награди, на тронот го искачи ООУ „Гоце Делчев“.
Пригодна програма изведоа учениците од ООУ „Кочо Рацин“ како домаќини и лански победници. А наградите беа прославени со музиката на DJ „Noise killers“ и „Станица 048“.
Палачинкијадата беше збогатена и со настапот на учениците од основното училиште „Климент Охридски“. Манифестацијата насловена како Палачинкијада предизвика голем интерес кај децата.
Како да заведете искусна жена?
Нема маж што во некој момент од својата младост не фантазирал за авантура со повозрасна жена. Врската на мажот со некоја жена што е повозрасна неколку години, па и децении веќе не е табу. Ако ви се допаѓаат поискусни дами еве неколку трикови со помош на кои сигурно ќе ги освоите. Немојте да си играте детски игри со неа.
Треба да бидете свои и да не глумите за да ја импресионирате. Неа најверојатно ја привлекува вашата младост, спонтаност, отвореност, па затоа немојте да се трудите да ја импресионирате со вашиот памет и со мудроста. Сето тоа таа веќе го видела и го слушнала, затоа задржете го свежиот, речиси наивен поглед на светот.
Тоа не значи дека треба да бидете несигурни, затоа што без разлика на тоа колку години има, жената посакува самоуверен партнер што знае колку вреди и не се плаши да го изрази сопствениот став. Одлучноста во комбинација со младоста целосно ќе ја разоружа. Но, треба да внимавате да не претерате. Ако не знаете ништи за некоја одредена тема, немојте да се впуштате во расправа.
Запомнете, таа запознала веќе доволно луѓе за да знае да ја раздвои лажната од вистинската самодоверба. Исто така, немојте да и’ ласкате, но комплиментите се важни и пожелни.
Немојте да си играте детски игри со неа – ако сте кажале дека ќе и’ се јавите, тогаш сторете го тоа. Ако чекате неколку дена за да ја натерате да ве исчекува, ќе завршите во корпата за „отпадоци“, затоа што таа знае што сака, а тоа сигуно не е да губи време со некое детиште.
ВИДЕО: Англиските хулигани од Русите бегаат како од „ѓавол“!
Страстите помеѓу Русите и Англичаните во Марсеј никако да се смират.
Англиските навивачи биле собрани пред еден трговски центар кај стадионот, а кога виделе како една цела толпа на Руси налета на нив, Англичаните изненадени од таквиот налет започнаа да бегаат кој каде ќе стигне.
Полицијата каснеше со интервенција, но на крај сепак успеаја да спречат поголема катастрофа.
Овој човек секој ден купува долар наместо евтини цигари – еве што прави со парите
Драган Коалревиќ од Чачак на необичен начин заштедил за регистрација на автомобилот. Последните шест месеци секој ден купувал по еден долар во менувачница и собрал точно 181 долар, толку колку што му треба за регистрација на возилото.
-Секој ден купувам по еден долар (нешто повеќе од 100 динари) наместо половина кутија од најевтините цигари. На тој начин собрав 181 долар, односно 19.500 динари, точно колку што чини регистрацијата. Кога отидов во менувачница да ги заменам за динари, човекот во менувачницата не можеше да поверува.
Тој вели дека на ист начин оди и на море секоја година, „за инает на премиерот“.
-Купувам по долар секој ден наместо по евро, еврата се монети, а доларот е банкнота. Еврото потсетува на железни динари, тоа го прави евтино, а банкнота во рака е друга работа. Обидете се, нема да се покаете, порачува чачанецот.
#ПрилепНаТочак – Вистински борци за правата на велосипедистите – ВИДЕО
„Прилеп На Точак“ е неформална група граѓани, оформена во месец мај 2014 година, од граѓани кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство и се залагаат за подобар вело-град. Секоја последна среда во месецот, неформалната група „Прилеп На Точак“, вози по улиците на градот и се бори за признавање на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, промовираjќи го велосипедот како урбано, модерно и еколошко превозно средство. Исто така, го актуелизира прашањето за соодветна ифраструктура за непречено одвивање на вело-сообраќајот низ градот.
“Се започна со неколу твитови и постови на Facebook. Се направи првата патека по која ќе возиме (рута), луѓето заинтересирани се појавија во огромен број, имавме и поддршка од #НаТочак – Скопје, не подучуваја како треба да се зачепува т.е. да се затвораат улиците кога се преминува раскрсница и така. Евене 2 години подоцна со голем број учесници и поддржувачи на #ПрилепНаТочак. Продолжуваме понатаму”, изјавуваат организаторите, со препознатливиот точачарски поздрав, Ѕрн ѕрн.
Саботно кафе во Прилеп: Вистинско лето и рој луѓе – 11.06.2016
[Best_Wordpress_Gallery id=”281″ gal_title=”СаботноКафе11062016″]
ВИДЕО – Шокантни сцени во Марсеј пред дуелот Англија – Русија
Непосредно пред дуелот помеѓу Англија и Русија на Еуро 2016 во Марсеј, фановите инволвирани во страшни нереди, кои се активни веќе трет ден.
Насилствата започнале околу 15:00 часот, а и во претходните два дена англиските фанови се постојан судир со француската полиција.
Деветмина навивачи на Англија се досега уапсени, а она што се случува моментално во Марсеј е вистински хаос и црна дамка на штотуку започнатиот европски мундијал во фудбал.
Погледнете ги снимките….
Unclear from video, but fans fighting just behind that teargas #Marseille pic.twitter.com/WgSWHdCA4P
— Nick Eardley (@nickeardleybbc) June 11, 2016
A scene of chaos & destruction in Marseille ahead of England’s clash with Russia tonight.
[via @emmamurphyitv]pic.twitter.com/Xn3AVFTV71— B/R Football (@brfootball) June 11, 2016
https://twitter.com/theawayfans/status/741654105622470657
Non-stop fighting and riots here in Marseille ??? #EURO2016 pic.twitter.com/dUSYwxJaH2
— Steven Bartlett (@SteveBartlettSC) June 11, 2016
England fans clash again with French police in Marseille ahead of #Euro2016 matchhttps://t.co/nSq6f4tcI4 https://t.co/Ybpdx7bScB
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) June 11, 2016
А.Г.
ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОУ “ЃОРЧЕ ПЕТРОВ”
Утре(недела) 12.06.2016, со почеток во 22:00 часот, Младинската организација при СОУ “Ѓорче Петров”-Прилеп, организаира хуманитарна забава во Арт Кафе.
Собраните средства од забавата ќе бидат наменети за малата Исидора Димеска, шестмесечното бебе, за чие лекување итно се потребни 15.000 евра за лекување во странство.Повеќе за тоа прочитајте ТУКА.
Заедно да помогнеме во спасувањето на еден млад и невин живот. Дојдете на забавата и дадете мал придонес за Исидора.
НОВО ЧУДО ВО ОСТРОШКИОТ МАНАСТИР: Кога лекарите немале решение, девојчето било исцелено со молитва
Свети Василиј Островски е еден од најпознатите Светци кој се прославува и се молат дури и католиците и муслиманите. Тоа и не треба да не чуди бидејќи позади овој чудотворец се врзуваат бројни сведоштва за исцелување на различни болести.
Едно од нив е и девојчето Вишна која не зборувала цели шест години.
Според зборовите на семејството, девојчето умеело само да покаже што сака да направи, знаело само да јаде и да се облече, но од нејзината уста не излегувал ниту еден збор.
Родителите ја носеле кај најдобрите лекари, но решение немало. Тогаш се свртеле кон верата и одлучиле да ја однесат на Острог, за да му се молат на Свети Василиј.
Тоа и го направиле – отишле во чудесниот манастир каде монахот прочитал неколку молитви за здравје. Преспале во манастирот на 12. мај на празникот Свети Василиј.
Тој ден се отвара ковчегот со моштите на светецот.
– Кога влеговме, монахот ја стави нејзината рака на моштите, ја спушти својата рака на нејзината глава и, и читаше молитви, раскажала Драгана, мајката на Вишна.
Два месеци подоцна, семејството заминало на море и тогаш се случило чудо.
– Седеше на кревет и рече Мамо, дојди. За малку ќе се шлогирав, се сеќава мајката која не можела да поверува дека нејзината ќерка прозборела.
Во продолжение слушнете го сведоштвото на мајката на Вишна.



































